
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Статусот на невработеноста во Република Северна Македонија е предизвикан од сложен сет на фактори, според изјавите на Сељатин Бељули, директор на Агенцијата за вработување. Во август 2024, евидентирани се 99.142 активни баратели на работа, но работодавачите се соочуваат со потешкотии во наоѓањето квалификувани работници. Околу 61% од барателите се без образование или со само основно образование, што ги прави тешко вработливи. Бељули истакна и ...
В сабота (19.10.2024) во просторот на Центарот за култура ќе се одржи вистинскиот показател за спортската култура. Ќе се одржи третиот по ред натпревар за боди-билдери „ Паљо Класик“. Натрепварот е со отворен и меѓународен карактер, може да се пријават и мажи и жени, а фондот на наградите е најголем досега. Зоран Лазаревски – Паљо повторно организира голем спортски настан, единствен по својот карактер во градот. За идејата. Идејата ја носел во ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими заменик извршната директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, UN Woman, Њараѕаи Гумбонзванда. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, биле разменети мислења за постигнатиот напредок во земјата во однос на родовата еднаквост, ефикасноста на стратегиите за борба против родовото насилство, можностите за економско зајакнување на жените и ...
Силно невреме го зафати северот на Италија, што предизвика значителни проблеми, вклучувајќи лизгање на земјиштето и поплави. Во регионот Лигурија, најпогоден од невремето, железничкиот сообраќај е запрен, а некои училишта се затворени. Два лета кон Џенова беа пренасочени за Пиза и Торино, додека летовите од Рим и Пиза беа пренасочени за Катанија или откажани. Во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја е прогласен портокалови аларм, што ...
Околу 80 студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, ја посетија општина Битола во рамките на нивниот предмет Урбанистичко обликување 2, а градот Битола е предмет на работа за оваа година. Предметот има за цел да им обезбеди на студентите пристап до знаењата неопходни за обликување на типични урбани простори, во кои со примена на различни морфотиполошки решенија, се добиваат ...
Во Брисел се одржа средба меѓу службениот заменик-министер за транспорт и врски Бисер Минчев од бугарска страна, македонскиот државен секретар во Министерството за транспорт -Стефан Волкановски, директорот за железничка инфраструктура -Синиша Ивановски, како и претставници на Европската комисија, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Секретаријатот на Транспортната заедница. Во официјалното соопштение на ...
Централниот регистар го укина бесплатниот пристап на новинарите до јавни податоци, додека не се донесат законски измени. Од 2017 година, со одлука на владата, новинарите имаа бесплатен пристап до базата на Централниот регистар за да ги обезбедат потребните податоци за темите што ги истражуваат. Оваа услугa им помагаше на медиумите во истражувачките проекти. Сега новинарите, мора да плаќаат за информации, што го отежнува нивното работење. Од ...
Минимални измерени температури утрово: 0 Берово, 5 Лазарополе, 6 Крива Паланка, Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 7 Штип, Демир Капија, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крушево, Куманово, Велес, 9 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Охрид, Претор, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб променлив ветер. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a ...
На 16 oктомври се одбележува светскиот ден на храна. На 17- светскиот ден за борба против сиромаштијата. Ова се денови кога се зборува за гладните во светот. Според сознанијата на ООН, 733 милиони луѓе во овој момент се соочуваат со глад во светот. Сите ние сме уверени во нашата хуманитарна природа, особено ако од време на време поѕвонуваме на посебните телефони за помош некому. Денеска е светскиот ден на храна. Дали фрлате храна? Ова беше ...
Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година. Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%, соопштија денеска од ...
Kачи се на точак, оди по клима уред или дограма, па барај мајстори. Вака некако би бил некој логичен тек на нештата, а како ќе се одвиваат, едни внимателни, други со критики, трети не знале зошто толку доцна, но знаат дека се конструктивни за да не биделе деструктивни. Одиме по ред. Зошто толку доцна се дава можност граѓаните да се греат со клима уред. Распишаниот повик беше до денеска. А, друго е прашањето за заштитата од надворешните влијанија ...
Во акцијата под кодно име „Премин“, спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, уапсени се 15 цариници и еден полицаец. Оваа акција е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, иницирана по пријава од граѓанин против три лица. На денешната прес-конференција, Министерството за внатрешни работи информираше дека биле извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион, при што пронајдени се ...
Денес се навршуваат 17 години од трагичната смрт на легендарниот македонски пејач Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Со само 26 години, Тоше успеа да остави неизбришлив траг во срцата на обожавателите низ целиот Балкан. Тоше, со неверојатен музички талент, ја започна својата кариера со победа на фестивалот Мелфест во 1997 година. Неговите хитови како „Тајно моја“, „Во коси да ...
Израел денес изврши воздушен напад врз општинското седиште во Набатие, главен град во јужен Либан, при што загинаа градоначалникот и уште најмалку пет други, јавува Ројтерс. Нападот ги зголеми стравувањата дека проширената воздушна кампања на Израел, дизајнирана да го уништи Хезболах поддржан од Иран, може сè повеќе да вклучи јавни службеници и згради, кои досега беа поштедени. Привремениот либански премиер Наџиб Микати го осуди нападот врз ...
На денешната седница на Владата, премиерот Христијан Мицкоски најави формално завршување на процесот на селекција на проектите од општините за користење на средствата од заемот од Унгарија. Тој изрази уверување дека до крајот на месецот ќе бидат потпишани договорите со општините, што ќе означи почеток на имплементацијата на овој историски проект. Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, истакна дека околу 90 проценти од ...
Анализата на потрошувачката на струја од 2021 до септември 2024 покажува дека до крајот на 2023 година не се очекуваат услови за враќање на евтината тарифа. Во првите девет месеци од годинава, најниските цени на струјата биле забележани од 12 до 16 часот, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, истакнува дека не се исполнети условите за дополнителни часови евтина струја. „На пазарот, цените од 20 до 24 часот ...
Утрово, нешто пред 10 часот, источна Турција беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, недалеку од градот Баскил. Епицентарот беше сместен на 44 километри источно од Малатија и на 26 километри југоисточно од Баскил, реон кој минатата година веќе доживеа силен потрес. Земјотресот се случи на длабочина од 9 километри. Потресот беше силно почувствуван во источна Анадолија, југоисточна Анадолија и централна ...
Најновите податоци од истражувањето на „Пајпер Сендлер“INSTA откриваат интересни трендови во користењето на социјалните мрежи меѓу тинејџерите. Според истражувањето, Инстаграм и ТикТок се на врвот, привлекувајќи најголемо внимание кај младата публика. Истражувањето, спроведено на повеќе од 13.000 тинејџери во САД, покажува дека Нетфликс ја надминува Јутјуб во дневната потрошувачка на видео-содржини. Иако ТикТок сега е најпопуларната социјална ...
Измерени температури утрово: 1 Берово, 3 Лазарополе, 5 Битола, Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Струмица, Тетово, 7 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, 8 Штип, Дебар, Охрид, Претор, 9 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, 10 Куманово, Велес, Кавадарци, Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Утрото постудено, преку денот сончево ...
Вечерва колони возила на сообраќајниците кои водат кон кружниот тек на Дулие. Таму се изведуваат градежни работи, што пак предизвика и застој во нормалното одвивање на сообраќај. Нервоза кај возачите кои се движеа низ овој дел. Екипи на „Стентон градба“ работат на овој кружен тек, односно, како што објаснуваат од фирмата изведувач за да може да се направи приклучна лента која води до новопроиектираната улица за пристап до тамошниот трговскиот ...
Ниту едно прашање, ниту едно барање за појаснување, ниту извесен предлог, буквално ништо, само презентација. И ова вака не е само на комисијата за безбеност. Слична е ситуацијата и на други комисии, читање, гласање, читање гласање. Најсилни и најаки се советниците на комисијата за финансии. Но, да се вратиме на таа за безбедност, каде претседавачот ја отвори и го покани претставникот на полицијата да го презентира извештајот. Поволна и стабилна ...
Во чест и спомен на големиот Тоше Проески, Стефан Житошански започна амбициозна велосипедска тура од Крушево до Нова Градишка. Како што секоја година по повод смртта на Тоше 16.10. маратонци од Хрватска доаѓаат во Крушево за да му оддадат почит на неговиот лик и дело, оваа година, во обратен правец Крушево – Нова Градишка и со велосипед, Стефан ќе му оддаде почит на овој наш великан и ќе положи цвеќе на неговиот споменик. Овој подвиг не е само ...
Постојат бројни записи за развојот на Битола низ историјата и нејзиниот напредок на многу полиња.Таа била важен воено-политички и административно-културен центар во овој дел на Балканот, но по ништо не заостанувала ни во развојот на медицината и иновативностите во оваа област . Од 1895 година, лекарите во Европа започнале со користење на ренген апаратот, проучувајќи ја на овој начин човечката внатрешност, без хирушки интервенции. Во 1908 година ...
Бројните коментари дека во Европа многу се користи зелената енергија не соодветствуваат со анкетата којашто Европската Комисија ја направи во 83 градови на европскиот континент. Автомобилите пак најмногу се користеле. Преференциите за транспорт значително се разликуваат низ европските метрополи и градови. Во просек, возењето е најчестиот начин на транспорт во 83 европски градови, проследено со градски јавен превоз, како што се автобуси, трамваи ...
Утрово, Премиерот Мицкоски имаше работен појадок со Германската стопанска комора во Берлин.Тој на својот фејсбук профил објави: „Имав работен појадок со Германската стопанска комора во Берлин. Зборував за нашите приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката. Германија е нашиот најголем трговски партнер и остануваме посветени да ги искористиме потенцијалите за да го подобриме ...
Утрово 1 Берово, 4 Лазарополе, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Маврови Анови, 7 Прилеп, Дебар, Куманово, Велес, Попова Шапка, 8 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крушево, Кавадарци, 9 Виница, 10 Гевгелија. Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец. Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе ...
Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември. Албанија и Северна Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел. Европската комисија очекува почеток на преговорите за ...
Од денеска па во следните десет работни дена, односно до 28 октомври, екипи на Центарот за јавно здравје од Битола ќе ја спроведуваат втората есенска фаза од превентивната систематска дератизација, односно поставување отровни мамци за уништување на глодари ( глувци). Со дератизацијата ќе бидат опфатени подземниот канализационен систем, прифатниот канализациски систем во околината на објекти од јавен интерес како што се детски градинки, основни, ...
Во склоп на програмата на Интефест, во Народниот Театар во Битола, беше изведена театрската претстава „Вујко Вања“, во режија на Софија Ристевска Петрушева. „Вујко Вања“ зборува за стареењето и преиспитувањето на сопствениот живот проследено со безбројните прашања дали правилно сме го изживеале нашиот живот. Преставата е за загубените луѓе кои упорно се борат да бидат лојални на себе. Главната улога во „Вујко Вања“, ликот на вујко Вања, го ...
Фотографката Ивона Кочов го овековечи моментот на заоѓање на комета до врвот Пелистер. „Она шо ме израдва најмногу е бесценетиот момент кој го фатив, заоѓањето на кометата до врвот Пелистер (Антената)…навистина од срце му се израдвав! 14.10.2024 од 18:45-19:11 ч“ напиша траа на својот фезбук профил. Незината фотографија ја сподели и Скопското астрономско друштво. „Кометата Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС ја „удира“ Пелистер над Битола. Фотографирано ...