Основното јавно обвинителство Скопје, по доставено известување од СВР Скопје, издаде наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од Општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска. „Доколку градоначалничката, како службено лице, има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното ...

Околу 15.000 матуранти претпладнево го полагаа првиот екстерен тест (македонски јазик и литература) од државната матура во средните училишта. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за годинашната матура се пријавени точно 15.004 кандидати од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. Денешниот тест, кој е задолжителен за сите матуранти, го полагаа 9.969 ...

Над 100 камиони на Светската програма за храна на Обединетите Нации (ОН) со брашно биле ограбени во областа Кан Јунис на југот од Појасот Газа, објавија палестинските медиуми. Израелскиот сајт Ynet објави дека група луѓе нападнале околу 110 камиони натоварени со брашно, чија дистрибуција требало да започне утре. Како што објави „Тајмс оф Израел“, на видеото до кое дојдоа медиумите, може да се слушне пукање, но нема непосредни извештаи за ...

За новата одбранбена стратегија ЕУ ќе потроши 150 милијарди евра за вооружување и за инвестиции во воената индустрија. Може ли Македонија да земе залак од колачот? Дали неконкурентноста на македонската економија и бавната пазарна интеграција со Унијата ќе ја смести земјата надвор од радиусот на рестартирањето на воената економија на Европа. Дебата со Ана Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА и Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана. ...

Издвојувањето на 5 отсто од БДП за одбрана ќе зависи од рокот што ќе биде поставен. Ако е на периодот поголем од пет години, мислам дека нема да биде оптоварување за Македонија, рече Славјанка Петровска, поранешна министерка за одрбана и актуелна пратеничка во собранието од редовите на СДСМ, во вечерашнбата „Топ тема“ на ТВ Телма. „Седум години до 10 години е прифатлив рок, за Македонија би било остварливо. Ако се направи или продолжи оној план ...

Различни држави во регионот имаат различни односи, различна амбиција да станат дел од Европската Унија. Исто така имаат и различна внатрешна ситуација, односно различно ниво на потенцијал да се вклучат текови или да искористат, смета Ана Крстиновска, претседателка на Естима, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Да ги земеме на пример Србија и Босна и Херцеговина. Од почетокот на војната во Украина, во тие две држави се бележи ...

ЕСМ ги направи пресметките за новата цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи и веќе доставени се до Владата. Ова за Телма го потврдија од компанијата. Според, досегашната пракса сега овие анализи на владина седница треба да се разгледуваат. Потоа, понудата за новата цена по која ЕСМ ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач во следниот период на 4 јуни ќе треба да ја достави на повикот на ЕВН ХОУМ. Од Регулаторна ...

За жал немаме капацитети, како воена индустрија, да учествуваме на европскиот пазар, меѓутоа со поддршка од државата која ќе биде неопходна, мислам дека ќе може да се создадат и да земеме дел од колачот, рече Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана и актуелна пратеничка во собранието од редовите на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на Фондот на Европската унија од 150 милијарди долари за одбрана. ...

Градоначалничката на Град Скопје денеска пред Финансиската полиција дојде откако оттаму службеници денес во утринските часови отишле кај раководителката на Секторот за уредување и планирање на Град Скопје Ивана Бајкова-Шаља и ја повикале да дојде да даде исказ за одреден предмет од пред неколку години. Арсовска рече дека на ваквиот начин функционерите на „Вреди“ кои се власт ѝ вршат притисок и ја заплашуваат Бајкова-Шоља, бидејќи таа изјави дека ...

Швајцарското село Блатен е под вода. Поплавени се домови каде што живееја околу 300 жители, а низ новоформираното езерце од урнатион глечер можат да се забележат остатоци од кровови и делови од потопените живеалишта. Свлечиштето дигна облаци прашина и го покри со кал речиси целото алпско село, кое властите го евакуираа претходно како мерка на претпазливост од уривање, а се уште се трага по едно исчезнато лице. Глациолозите изразуваат загриженост ...

„Како да се спаси Амазон“ беше една од главните водилки кои новинарот Дом Филипс ги имаше пред да биде застрелан во Амазонија. Во неговото долгогодишно искуство британскиот новинар се стремеше да ги открие најтемните страни на прашумата Амазон, но и да пронајде решение како да биде сочувана и заштитена. Во 2022 година откако исчезнаа заедно со туризмологот Переира, тие набргу беа пронајдени од Бразилската федерална полиција, убиени и оставени во ...

Во едно тивко ќоше на Општина Гази Баба се наоѓа место полно со љубов, трпение и грижа – СОС Детско Село. Место каде што секој ден започнува со прегратка, а завршува со спокој и надеж. Во ова мало место живеат и растат мали херои, но и оние кои стојат зад нивниот спокој – згрижувачките родители. Силвана Тушевска веќе 14 години е згрижувач во СОС селото. Со топлина во гласот вели дека оваа работа не ѝ е обврска, туку исполнување. „Во моментот се ...

Најбогатиот човек на светот, основачот на Тесла и Спејсекс, Илон Маск денеска се повлекува од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и новото министерство кое беше креирано само за него. Маск не можеше да биде дел од администрацијата преку политичко назначување поради судир на интереси, но одделот за ефикасност на владата го предводеше во својство на специјален вработен и како таков можеше да работи за администрацијата само ...

Обвинителството истражува, полицијата истражува, двете институции чекаат Град Скопје да им достави докази, а Арсовска бара итна реакција, бидејќи доказите ќе се уништат. Пријави за бесправна градба или за нарушување на Законот за јавна чистота засега нема. Во Обвинителството веќе две години трае предистрага за предмет кој во февруари во 2023 година Антикорупциската комисија го достави со барање за поведување на кривична одговорност за ...

Новиот извештај за имплементација на акциските планови за дигиталната област и зелената агенда на Институтот за демократија покажува дека постои голема усогласеност. Има напредок, но при зелената транзиција, главен проблем останува јагленот, а климатските и енергетски цели се утврдени и во согласност со целите на енергетската заедница. Од Институтот за европска политика, кои прават мониторинг на реформската агенда и планот за раст, пак, ...

Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварување на европската перспектива и на зачувување на стабилноста во регионот. Ова му порачал премиерот Христијан Мицкоски на неговиот унгарски колега Виктор Орбан на средбата во Будимпешта. На својот профил на Фејсбук, Мицкоски напиша дека во фокус на разговорот била одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и можностите за нејзино натамошно ...

Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во „Пулс“ за „Тешки дела против општата сигурност“. Колкумина ќе седнат во обвинителна клупа, ќе се знае кон средината на јуни за кога се најавуваат и обвиненија за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62-ца млади луге, а, речиси, 200 беа повредени. Во меѓувреме, одбраната треба да направи увид во доказниот материјал и да предложи свои докази. Тимот од 13 обвинители сослушал околу 400 ...

Трајко Славески ја презеде функција гувернер од неговата претходничка Анита Ангеловска-Бежоска на официјална церемонија што се одржа денеска во Народната банка. Славески истакна дека функцијата гувернер носи голема одговорност за водење на една од најважните институции во земјата. „Ќе се залагам за натамошно зајакнување на стабилноста на макроекономското и финансиското опкружување, со политики коишто се темелат на професионалност, аналитичка ...

Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто, соопшти Народната банка. Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти. Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто и намалена е на ...

Сериозни слабости во системот за евидентирање на деца кои се корисници на дрога и ограничени услови за нивни третман и рехабилитација, покажува последното истражување на Народниот правобранител. Најмладиот корисник на дрога има помалку од 6 години и бил евидентиран во 2023- та година на Универзитетската клиника за детски болести. Различните податоци на различни институции се помалку збунувачки за да имаме јасна слика за состојбата, смета ...

По повикот на премиерот да лобираат за извештајот за Македонија во европскиот Парламент, претседателот на СДСМ веќе почнал разговори со дел од сестринските европски партии и добил ветување за поддршка. Смета дека секој конструктивен предлог за обединување на капацитетите на сите политички фактори е за поздравување, но има и прашања до Мицкоски на кои чека појасен одговор. „Јас веќе вчера зборував со секретарот на Партијата на европски ...

Старите теми повторно актуелни пред избори. Еден ден откако претседателот на Владата повторно го отвори прашањето за една изборна единица преку измени на Изборниот законик, денеска стигна одговор од опозицијата. „Подготвени сме за разговори“, дециден е лидерот на социјалдемократите. Според Филипче, не само една изборна единица туку и други прашања поврзани со изборите треба да се најдат на маса и да почекаат на меѓупартиски консензус. ...

Независни граѓански иницијативи предложија неколку барања до Министерството за правда, до Собранието и други институции за итни измени во Изборниот законик за независните кандидати и независните листи за претстојните локални избори во земјава. Еве ги ставовите на Јана Белчева група избирачи и на Горјан Јовановски, Зелен хуман град. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во ...

Претседателот на СДСМ веќе почнал да лобира кај сестринските европски партии да биде изгласан Извештајот за Македонија во европскиот Парламент. Изјави дека, по повикот на премиерот, веднаш се јавил на дел од нив и добил ветување за поддршка. Сепак, има и прашања до Мицкоски, на кои чека појасен одговор. Од Институтот за демократија, пак, велат дека иницијативата за ваков Извештај не е нова, очекуваат отпор, но веројатноста да биде изгласан е ...

Новиот извештај на Институт за демократија за имплементацијата на акциските планови за дигиталната област и залената агенда покажува дека постои голема усогласеност. Има напредок, но при зелената транзиција главен проблем останува јагленот, но климатските и енергетски цели се утврдени и се во согласност со целите на енергетската заедница. Од Институтот за европска политика, кои прават мониторинг на реформската агенда и Планот за раст, пак ...

ЕСМ ги направи пресметките за новата цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи и веќе доставени се до Владата. Ова за Телма го потврдија од компанијата. Според, досегашната пракса сега овие анализи на владина седница треба да се разгледуваат. Потоа, понудата за новата цена по која ЕСМ ќе ја продава својата струја на Универзалниот снабдувач во следниот период на 4 јуни ќе треба да ја достави на повикот на ЕВН ХОУМ. Од Регулаторна ...

Кочанското обвинителство ја заврши истрагата во врска со пожарот во „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена одлука за кого ке има обвинение, информираа од обвинителтвото. Истрагата ја водеше тим од 13 обвинители собирале докази, сослушале околу 400 сведоци и ...

Апокалиптични сцени осамнаа утрово во центрот на Струмица по вчерашното целодневно рушење на дивоизградените објекти на струмичките кафулиња. Заградените тераси на јавните површини доброволно си ги отстрануваа дел од угостителите, а тие што правеле отпор ги рушеше екипа со механизација на комуналното претпријатие во присуство на општинска градежна инспекција и полиција. Вчера се срушија десетина објекти долж струмичкото корзо и на леблебиџиската ...

Секој пушач треба да сфати дека откажувањето е процес вели д-р Митов во гостување на утринската на Телма но тој истакна дека се уште не се доволно истражени последиците од пушењето на електронските цигари бидејќи има случаи во медицината на ненадејно откажување на белите дробови. Ваквата негова изјава доаѓа во контекст за одбележувањето на Светскиот ден на борбата против пушењето. Дел од граѓаните со кои што разговараше Телма сметаат дека е ...

Пушењето е тивок убиец во домот. Но, не ги убива само пушачите, туку и нивните најблиски, децата, родителите, партнерите… Што можеме да направиме за поздраво општество. Како да ги заштитиме децата и зошто е важно да се каже НЕ на тутунот? Зошто кај нас не се почитува законот за пушење? Анкета: Дали пушењето во присуство на деца треба да се казнува? Да /Не © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
26%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.09
31%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
1.54
37%
1015
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
17%
1014
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
0.16
13%
1012
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
2.06
51%
1016
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
6.17
24%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
31%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
22%
1014
weather icon

Букурешт

38ᴼ / 35ᴼ
3.13
21%
1013
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.79
36%
1014
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
9.77
100%
1013
Currency

61.535

Currency

52.6621

Currency

71.2087

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14953.50

Рутениум

25334.79

Калај

33.65

Сребро

1251.41

Злато

107918.47

Бакар

11.21

Паладиум

39031.01

Платина

46572.27

Родиум

183259.26

Цинк

2.74