Првиот сеопфатен официјален извештај на американските безбедносни власти за фаталното пукање врз американскиот државјанин Алекс Прети во Минеаполис покажува дека двајца полицајци пукале кон него, објавија американските медиуми. Медиумите, вклучувајќи ги „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-ЕС Њуз “, објавија дека агент на американската гранична патрола првично отворил оган врз Прети, а потоа и службеник на Царинската и граничната заштита (CBP), се ...

Дивоградбите со години се тивка, но длабока рана во македонските општини. Дивоградби насекаде – од Галичник до Река, од Чаир до Галичица. Уривање или легализација? Повеќе од 200 илјади нелегални објекти – куќи, згради, хотели, па дури и градби во заштитени подрачја. Владата најавува неселективна борба и постапување според закон. Полицијата влегува во општините, обвинителството отвора предмети, а јавноста очекува конкретни резултати. Едни ...

Товарниот сообраќај и натаму останува блокиран поради протестот на транспортните превозници од Западен Балкан кои во понеделникот поставија камиони на граничните премини кон шенген зоната барајќи од ЕУ да се измени правилото за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена. Првичните проценки на коморите се дека штетите од блокадите дневно изнесуваат 100 милиони евра за регионот од кој во протестот ...

ССМ денеска излегува на протест. Ги повикаа сите работници да им се придружат во борбата за повисоки плати и повисок минималец. „Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ кажа претседателот на ссм, Трендафилов. За притисоци врз работниците да не дојдат на протестот ќе објават во текот на неделата. Од владата порачаа дека секој има право на протест, но и дека минималецот ќе се зголеми согласно законот, односно за 1.600 денари од ...

Собранието денеска треба да гласа за изборот на новите тројца членови на комисијата за спречување и заштита од дискриминација кои го поминаа комисискиот филтер. Пред пратениците се кандидатурите на Лимко Бејзароски, Наташа Амдију, а Џихан Ахмед ја повлече својата апликација по бројни реакции на јавноста , особено во делот кога од неа беше побарано да образложи на кој сегмент од истанбулската конвенција ќе се посвети во нејзиното работење како ...

По речиси две децении во бегство, уапсен е 52-годишниот Бесим Ш., кој се бараше со меѓународна потерница за едно од најсвирепите злосторства во скопско. Во акција на албанските специјални единици во Тирана, македонскиот државјанин е лишен од слобода во рамките на полициската операција „Оперативна полиција“. Бесим Ш. е главниот осомничен за крвавиот настан од 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога со огнено оружје беа ликвидирани ...

Данска има намера да „направи сè“ што може за да постигне договор со САД за Гренланд, освен да се откаже од територија, изјави премиерката Мете Фредериксен. На прашањето дали територијата на Гренланд може да им биде предадена на САД, Фредериксен рече дека таков потег е незамислив. „Не, никој не може да го замисли тоа“, рече таа за време на интервју. Откако инсистираше дека САД треба да имаат сопственост врз во голема мера автономниот дански ...

Малцинската влада на Франција денеска преживеа уште две гласања за недоверба во Националното собрание кои беа предизвикани од спор околу буџетот. Од 577 пратеници, 267 гласаа против поддршка на центристичкиот кабинет на Себастијан Лекорну на првото гласање и 140 на второто. На опозицијата ѝ беа потребни 289 гласови за мерката да помине. Лекорну веќе се соочи со две гласања за недоверба во три наврати, најново минатата недела. Не се очекуваше ...

Две компании од Технолошко-индустриските развојни зони водат арбитражен спор со ТИРЗ. Компанијата „Дура“ го затвори погонот, а „Аптив“ каде работат повеќе од 400 работници треба да затвори до крај на годинава. Но, од ТИРЗ утврдиле и прекршување на договорите и бараат да ги вратат парите. Ова е само дел од кажаното во вчерашната „Топ тема“ на колешката Наташа Стојановска и директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски. Две компании од ...

Премиерот Христијан Мицкoски вечерва се обрати на свечената Светосавска академија, порачувајќи дека овој настан со својата духовна и културна димензија нè потсетува на трајните вредности што не поврзуваат. „Денешниот ден посветен на светителот Сава ги истакнува просветата и духовното единство на српскиот народ, вклучително и на граѓаните кои живеат тука во Македонија, но во исто време е еден од камен темелниците на балканското духовно и ...

Минимум еднаш годишно правиме ревизија на секоја компанија која има државна помош. Целта ни е да утврдиме дали од нивна страна ги почитуваат сите обврски кои произлегуваат од тој договор. И за „Аптив“ и за „Дура“ беа побарани такви ревизии и за „Дура“ се утврди дека имаат прекршување на договорот за државна помош, изјави Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Од наша страна беа преземени мерки и ...

Технолошко-индустриските зони на локации како Виница, Делчево, Берово, Ранковце, Радовиш не се атрактивни за странските инвеститори од причина што демографијата таму не е иста како пред 10-15 години кога почнале да се формираат и градат, изјави Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Идејата ни е, согласно законските прописи, да ги трансформираме во индустриски зони. Бидејќи ТИРЗ зоните, согласно ...

Договорот на ТИРЗ со приватна агенција за времени вработувања се склучува веќе неколку години, не се склучува првпат, рече Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, за вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Се склучи и во 2025 година и во 2024 година, меѓутоа дефинираната вредност не значи дека ќе се исполни целата, односно искористи. Тоа е ако има потреба за нови вработувања на дирекцијата за ТИРЗ во иднина. Знаете, ние се шириме со нови ...

Очекувам дека Европската комисија, во периодот што следува, ќе изнајде некое соодветно решение за визни форми за оние професии кои имаат висока мобилност, меѓу кои се и камионџиите, односно возачите, рече Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Во постојана комуникација сум со претставници во владата и со претставници на компаниите во Технолошко-индустриските развојни зони“, рече Димовски. С.Д. ...

Ќе имаме сериозна штета врз економијата ако блокадите на камионџиите на граничните премини продолжат и не се изнајде решение, предупреди Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Не само на економијата во Македонија, туку и во целиот регион. Се работи за сериозно прашање кое го засега регионот, односно земјите од Западен Балкан, меѓутоа ги засега и земјите членки на Европската Унија“, смета Димовски. ...

-Сега ќе направиме кратки вежби во седечка положба, со метален глас се обраѓа робот до штитетниците на старечки дом во Германија, кои ги следат неговите вежби. Хуманоидниот робот кој се вика Амека е еден од новите негуватели во старечки дом во германскиот град Леер. Покрај гимнастички вежби, Амека помага и со песни, читање на глас. Жителите на домот ја прифатија Амека и таа станува омилена меѓу нив. Роботот е висок 2 метри, составен од челик, ...

Над 35 300 единки од 44 различни видови на водни птици беа попишани за време на зимското пребројување на птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво кај нас се случува секој јануари од 2010 година наваму како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. Птиците се одличен биолошки индикатор за состојбата на живеалиштата кои ги населуваат и користат. Преку зимското пребројување што се ...

Локалната власт на Љубљана реши да го ограничи паркирањето и да почне да наплаќа паркинг пред зградите во најнаселените населби во главниот град на Љубљана. Пишани се веќе и првите казни по одлуката на градоначалникот Јанкович. -Замислете, се враќате дома секој ден и нема паркинг место за Вас. И добивате казна од 30 евра. Па, нема да преживеете еден месец, вели граѓанка на Љубљана. Жителите се решени на борба до крај за паркинг место и нема ...

Синдикати од образованието, културата, индустријата, трговијата, полицијата утре, 28 јануари, од 17 часот се приклучуваат на протестот на Сојузот на синдикатите, чие зборно место е токму пред зградата на ССМ. -28 јануари е денот кога зборуваат работниците! Овој протест не е за ‘ако имаш време’, па ќе дојдеш, не е ниту за ‘чекај сега, кај најдоа да протестираат во 17 часот., ќе биде темно и ладно, може и ќе врне, може друг ќе протестира па ќе ...

Транспортерите остануваат на границата со Грција. Упорни се и веруваат дека преку блокадите ќе се слушне нивниот глас заедно со колегите од други земји засегнати од одлуката на Европската Унија. Втор ден протест на македонските транспортери на граничниот премин Богородица. Од синоќа од 19.00 часот затворен е и преминот за влез во државата. Вчера беше затворен преминот само за излез. Овие блокади треба да останат во текот на седум дена. За ...

Долгите врнежи во Струмичко ги наполнија речните корита во регионот, но и нивите на земјоделците. Долга ноќ имаа пред себе земјоделците од селата Муртино, Моноспитово, Костурино. Реката што минува низ село Муртино се излеа на неколку места од коритата при што мораа да интервенираат земјоделците од селото со своја механизација, но и од струмички Комуналец. Се правеа насипи, се одлеваа поплавени ниви и пластеници. Од рано утро жителите на ...

Камионските превозници од Македонија, Србија, Босна и Црна Гора втор ден ги блокираат товарните гранични премини кон ЕУ, протестирајќи против правилото 90/180 дена и новиот систем за идентификација. Тие бараат посебен професионален статус што ќе им овозможи континуиран влез во ЕУ без ограничувања, додека ЕУ засега останува на ставот дека правилата не се нови. Поддршка на блокадата дојде и од македонските институции, а стопанските комори ...

Протестот на товарните превозници, кој започна како предупредување, сега веќе има последици кои чинат милиони евра и со кои се нарушени синџири на снабдување, а се става во ризик и нормалното функционирање. Реакции и од Србија и од Бугарија, Западен Балкан губи 100 милиони евра дневно поради блокадите на камионџиите, вели претседателот на Стопанската комора на Србија -Еве денес, имајте во предвид дека овде на овој прелаз каде што се наоѓаме ...

ССМ утре излегува на протест. Ги повикаа сите работници да им се придружат во борбата за повисоки плати и повисок минималец. „Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ кажа претседателот на ССМ, Трендафилов. За притисоци врз работниците да не дојдат на протестот ќе објават во текот на неделата. Од Владата порача дека секој има право на протест но и дека минималецот ќе се зголеми согласно законот, односно за 1.600 денари од мартовската ...

Во врска со реакциите дека заради технички проблеми во функционирањето на системите на Управата за јавни приходи, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период, Ве известуваме дека Управата за јавни приходи тековно превзема активности во рамки на своите надлежности, со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски. Во таа насока, користејќи ги сите расположливи официјални ...

Неколку десетици граѓани пред УЈП во Тетово со протест поради издадените решенија за плаќање данок за заработеното во странство. Тврдат дека тоа што биле повеќе од 183 денови во странство и дека стануваа даночни нерезиденти и затоа не треба да платат персонален данок. Се барат одговорност од државната зошто ги праќа овие решенија за плаќање данок по неколку години. Сите овие решенија што ни се издадени да се стопираат. Бидејќи сите ние имаме ...

Превозниците втор ден на блокади, бизнис секторот под притисок. И денеска професионалните превозници од Македонија, Црна Гора, Србија и БИХ ги паркираа своите камиони на граничните премини и бараа ЕУ да најде ново решение со кое нема да се сметаат како туристи во земјите од шенген зоната. Од друга страна од бизнисот тврдат дека ваквите блокади ќе предизвикаат сериозни штети и големи загуби за стопанството. Ги подржуваат превозниците во ...

Седницата на собраниската комисија за избори и именување за утврдување на кандидатската листа за нов државен обвинител најверојатно ќе биде наредната недела, изјави за Телма претседателот на комисијата Ѓорѓи Сајковски. Досега се пријавени 5 кандидати, а еве дел од нивните биографии. Конкурсот е завршен, но Собранието ќе почека уште неколку дена за евентуална кандидатура за нов државен обвинител испратена по пошта. Досега се пријавиле 5 ...

Едно од најпознатите млека во прав за доенчиња Аптамил се повлекува од пазарот бидејќи во него се пронајдени токсини. Вкупно 912 пакувања со потекло од Ирска биле пласирани на пазарот. Во нив според инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство имало присуство на Цереулид, кој предизвикува повраќање, гадење и болки во стомакот. „Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња, ...

Во Охрид на повеќе локации со години се граделе куќи и хотели без дозволи и без да се плати надоместок за уредување на градежно земјиште. Иако во 20 населени места воопшто немало урбанистички планови, градежните работи си оделе без пречки, па дури и во заштитени подрачја. Ова го утврдиле државните ревизори во извештајот за 2024-та година. Констатирале дека илјадници дивоградби, а некои и во националниот парк „Галичица“ и на крајбрежјето, и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
80%
1029
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
7.72
62%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
74%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
86%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.37
82%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
78%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
6.69
72%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
78%
1033
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
2.24
65%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Злато

164352.04

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Бакар

11.57

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Платина

68931.20

Сребро

2696.16

Паладиум

52052.06

Родиум

374556.20

Иридиум

231355.22