Краткото, но силно невреме што го зафати Скопје предизвика значителни материјални штети и повреди. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, до 22 часот биле евидентирани 117 оштетени возила, 35 оштетени кровови, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 15 повредени лица. Оштетени се и повеќе државни институции и објекти од витално значење, меѓу кои ОЈО ГОКК, комплексот „Вила Водно“, Министерството за финансии, ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека штетите предизвикани од силното невреме што синоќа го зафати Скопје ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури и досегашната практика, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека Владата располага со механизми за помош во вакви ситуации и нагласи дека граѓаните нема да бидат оставени сами да се справуваат со последиците. -Оваа Влада никогаш не ги оставала ...
Невремето што вчера го зафати Скопје беше од категоријата ураган.Во еден момент, ветерот достигна брзина од 130 километри на час.Штетите беа речиси неизбежни, а денес низ целиот главен град се расчистуваа улиците од остатоците што ветерот ги разнесе насекаде. Во Чаир, како и во многу други делови на Скопје, имаше паднати дрвја кои оштетија автомобили и околните објекти. Во Карпош, еден стан остана без покрив, откако силниот ветер го откорна. ...

