
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Покрај вечната женска дилема „што да облечам денес“, ќе ја додадеме и онаа „која чанта да ја изберам за на работа“, знаејќи дека треба да го следиме деловниот дрескод, да избереме модел што ни се допаѓа и кој ќе ги собере сите нешта потребни за во канцеларија. Општите насоки се дека деловната чанта треба да е еднобојна, најдобро во неутрална нијанса, да е со средна големина, да е ослободена од непотребни украси и да има ...
Тукушто се навикнавме на транзицијата од летна во есенска модна сезона, овие последни октомвриски недели веќе се подготвуваме за следниот преоден период од есен во зима, но последните сончеви денови ги користиме да носиме облека која е комбинација од есенски и први зимски парчиња. Тие комбинации може да содржат и есенско сако и зимски џемпер, лесен мантил и дебели сомотски панталони, нежни кошули и цврсти кожени панталони. ЏЕМПЕР + КОЖЕНИ ...
Анџелина Џоли на премиерата на својот нов филм, Марвеловиот Eternals, дојде во друштво на своите деца, а на настанот во Лос Анџелес таа се појави во кафена креација од долг корстетиран горен дел и широки панталони, дел од последната ресорт колекција на Балман. Актерката ја подели модната критика околу тоа дали е ова добра креација достојна за на црвен килим, но сепак доби пофалби за накитот и интересниот прстен на усната. Накитот е винтиџ со ...
Во мноштвото монохроматски модни комбинации во кои доминира црна, беж, кафена или некоја друга боја, често ја занемаруваме темносината, односно тегет нијансата. Фотографиите од уличната мода за време на последните модни недели, открија дека стилските ѕвезди не ја игнорираат оваа боја и се појавија во многу шик стајлинзи во кои тегетот ја има главната улога. Капутот во тегет боја можеби не е новост во модата, но повторно се враќа во мода, заедно ...
Изминативе сезони една од главните есенско-зимска тенденции се чизмите на платформа, модел на обувка која и во следниот период е тренд. Со груб изглед, војнички референци, по малку го допираат стилот на Dr.Martens чизмите, кои се актуелни од нивното лансирање во 60-тите, па сѐ до денес. Ако ги следиме популарните трендсетерки и ѕвездите на уличната мода, ќе забележиме дека овој вид на обувки се вклопува во секаков стил – во лежерни ...
Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови. Ист Гејт Мол се отвора за јавноста на 29 октомври 2021 година и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за ...
Производите со докажан квалитет на познатиот бренд Слога Пром, во продавниците ширум земјава наскоро ќе бидат во ново, модерно дизајнирано пакување. Секој производ од широката палета на внимателно замрзнатото месо сега имаат нов визуелен идентитет, со амбалажа специфична по боја и дизајн. Со тоа секој потрошувач лесно и брзо може да одбере производ кој му е потребен. Новата амбалажа согласно стандардите за пакување на овој тип производи е со ...
Модниот бренд Зара ја претстави колекцијата од линијата Studio за есен-зима 2021/22, линија која е малку поскапа, но изгледа како да е дизајнерска и од модните писти. Клучните парчиња од колекцијата Studio за оваа сезона ни ги откриваат трендовите за овој период и ни покажуваат како да ги комбинираме. Во прв план се фустаните и впечатливите капути, потоа има вечерни парчиња со светки, креации од топли материјали како твид и кадифе, кошули со ...
Поради најавеното врнежливо време второто издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи во Домот на АРМ, во сабота на 16 октомври, со почеток во 19 часот, а во организација на Баги Комуникации. За оваа година се најавени настапите на македонската fusion група Zulu 3.4, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom. -Ќе беше ...
Марамите се едни од најинтересните модни додатоци, во постудените месеци носиме подебели марами или ги заменуваме со шалови. Тие ја разигруваат стилската комбинација, но не треба да доминираат, затоа што понекогаш можат да го „уништат“ стајлингот. На некои им тешко да комбинираат шал со палто или некога јакна што ќе ја носат на отворено – дали да се бираат марами и шалови според текстура и боја? Како да ги врзете? Што да ...
Студените месеци во годината се период кога посегаме по топлата облека, џемперите во сите свои верзии се парчето облека што најмногу го носиме во есен и зима. Оваа сезона плетивото е тренд, а џемперите ги има во различни стилови, потенки или подебели, со текстура или со линии, со ролка или како кардиган со копчиња. Најмногу ги нодиме моделите во бела, беж и црна боја, но и оние во појаки и дречлеиви бои. View this post on Instagram A post ...
Второто издание на Скопскиот градски фестивал ќе се одржи на Школка во Градски парк, во сабота на 16 октомври, во организација на Баги Комуникации. Исто како и минатата година, и ова второто издание на Скопски градски фестивал донесува возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите балкански и европски музичари. Со промоција на својот нов албум насловен „Fragments“ ќе настапат Zulu 3.4 – најдобрата македонска ...
Како спротивност на вообичаените есенски загасити и кафени тонови во природата, обоете ја есенската мода со јаки живописни бои. За пример погледнете го стилот на трендсетерките од уличната мода кои смело носат комбинации со интензивни нијанси – црвени и жолти здолништа, кожени парчиња во портокалова боја, мантил во боја на циклама, жолти и зелени панталони, комбинации во виолетови тонови, тиркизни чизми, чанти и обувки во интензивно ...
Самопрегледот за рак на дојката трае исто колку и облекувањето на хулахопките кај жените, токму со ова пораката македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама, а во соработка со здружението Борка, ја започнува општествено одговорната кампања за борба против ракот на дојката. Од денес на Светскиот ден без градник, па се до 13-ти ноември, за секој купен пар Ла Дама хулахопки, ќе бидат донирани по 1 денар на Здружението за борба против рак Борка – ...
Под слоганот „Beyond the Fields”, се одржа 24. Моден викенд, кој годинава се пресели на локации надвор од Скопје. Кружна економија во модниот бизнис е акцентот кој годинава организаторката на Моден викенд Скопје, Света Богова-Јовановска го стави во фокусот и им даде простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. - Со затворањето на изложбениот салон во Битола и модниот перформанс на ...
Во модерниот свет нашиот карактер прво се евалуира преку појавата, ни се допаднало тоа или не, првата импресија се гради од изгледот. Ова особено важи во деловните кругови кога заклучоци се донесуваат и на основа на облеката, следењето на деловниот дрескод, уредноста, прифаќањето на идејата дека изгледот е дел од професионалноста. Комуникацијата се гради и преку гардeробата, која во одредена мера може да ја нагласи (или уништи) вашата ...
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте. Познато е дека старите навики умираат бавно, а нивното менување е процес кој има неколку фази. Понекогаш е потребно време за промените да прераснат во навики, а на патот сигурно ќе се соочите и со пречки. Но, ако се држите до нив доволно долго, ...
Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек. И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот ...
Музичката икона Адел е првата личност која истовремено се најде на насловните страници на Vogue и Vogue UK, но со различни фотосесии и интервјуа за американското и британското издание на списанието. Адел се враќа на сцената по пауза од пет години и го промовира новиот албум наречен 30. Стивен Мајзел ја фотографираше за британски Vogue, додека за американското издание фотосесијата ја направи Алистер Меклелан. Во разгoворите за Vogue таа зборува ...
Музата на новиот скандинавски стил создаде колекција на основни модни парчиња, достапни по цена, но луксузни на изглед Данската стилсистка, креативка и мега-инфлуенсерка Пернил Тејсбек неколку години учествува во модните кампањи на брендот Манго и е една од првите таканарачени Манго девојки, сега повторно соработува со брендот, но на поинаков начин. Таа дизајнира капсулна колекција од 20 парчиња изработени од одржлии материјали како органски ...
Ресторанот „Нома“ во Копенхаген, во кој главен готвач и косопственик е славниот Рене Реџепи, Данец по татко со потекло од Македонија, повторно е прогласен за најдобар во светот по изборот на The World’s 50 Best Restaurants. На доделувањето на гастрономските оскари во Антверп, Белгија, Реџепи емотивно се заблагодари за наградата и посочи дека ништо не би било можно без неговиот борбен тим кој се труди да ја заврши работа најдобрата што може. ...
Пушти микс, уживај во животот и почести се со нешто од Митра! Македонската онлајн продавница Митра го слави вториот роденден и по тој повод овторно го организира виртуелниот фестивал Митрафест 2, музичко патување со домашни артисти на електронската сцена. Единаесет диџеи за оваа пригода снимија роденденски миксови, на овој ЛИНК можете да го слушате музичкиот избор на Зоки Бејбе, Мирко Попов, Роботек, Дарко Јорданов, Виолета Качакова, Божидар ...
Британската куќа за мириси, Jo Malone London, е позната по елегантните мириси, луксузни свеќи и козметика за нега на телото. Од лансирањето на пионерските Lime Basil & Mandarin, Jo Malone London влезе во првите редови во парфемскиот свет со неговата употреба на неочекувани и фасцинантни состојки. Сите креации на Jo Malone Londonсе мириси со потпис на софистицирана едноставност. Филозофија за комбинирање мириси значи секој мирис е дизајниран ...
Една од најпознатите француски инфлуенсерки Камил Шарие од моден аспект есента ја почна со неколку комбинации со базични парчиња како идеален избор за денско излегување, но со модели кои ги откриваат некои од трендовите на сезоната. Како и секоја парижанка таа поседува и носи твид-сако во стилот на Шанел, парче облека што Коко Шанел го вовела во модата пред стотина години, а денес претставува дел од француското модно и културно наследство. ...
Париската модна недела деновиве имаше неколку необични гости, на пистата на модната куќа Баленсијага продефилираа Хомер и Марџ Симпсон и другите ликови од анимираната ситком серија „Симпсонови“. Ова е уште еден пример како поп културата е ставена во служба на модата, а во десетминутната епизода на „Симпсонови“ гледаме како ликовите доаѓаат во Париз на покана на креативниот директор на Балеснијага, Демна Гвасалија, и како се појавуваат на ревија ...
Француската актерка и пејачка Шарлот Генсбур, ќерка на легендарните Серж Генсбур и Џејн Биркин, харзматична парижанка со ненаметлив стил, направи соработка со шпанскиот моден бренд Зара на колекција што содржи клучни модни парчиња во кои се спојуваат женственост, безвременост и мала доза на француски сексапил. Резултатот на соработката меѓу Зара и Шарлот е облека која го одразува модниот израз на актерката, но и облека во која може да се ...
Есенските дождливи денови ја нагласија потребата од облека и додатоци кои му пркосат на дождот, наместо лесна облека, блузи, сакоа и сандали, веќе почнуваме да носиме гардероба соодветна на студеното време и дождот. Кога времето е врнежливо, првиот елемент на заштита е чадорот, шапката или марамата заврзана околу главата како старо-нов тренд, потоа мантилот, кој освен од габардин може да биде направен од винил или пластифициран материјал, а за ...
Минатата вечер очите на филмската јавност беа насочени кон Лондон и Ројал Алберт Хол каде што, конечно, се одржа светската премиера на последниот филм за Џејмс Бонд, No Time To Die („Не е време за умирање“). После неколку одложувања поради пандемијата, 25-от по ред филм за познатиот таен агент 007 ќе се прикажува по кината ширум светот, кај нас доаѓа на 7 октомври. Ова воедно е последниот пат како актерот Даниел Крег го глуми Бонд. Режисерот ...
Модните ревии се вратија во својот класичен формат на одржување во живо и пред публика, тоа повлече враќање на уличната мода за време на модните недели во Копенхаген, Њујорк и Лондон, последната доза уличен стил доаѓа од Милано. View this post on Instagram A post shared by Street Style Gallery (@streetstylegallery___) View this post on Instagram A post shared by Doros Theodorou (@_iamdorostheodorou) View this post on Instagram A post shared ...
Моден викенд Скопје во соработка со Македонската модна асоцијација креира нова иднина за модата и свежи перспективи под темата „NoWasteMK“ Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво. Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Моден викенд им дава простор за промоција на ...