Модниот тандем Долче и Габана деновиве во Венеција претставија колекција од форматот ‘алта мода’, организираа неколку пропратни настани и на едно место ги собраа ѕвездите Џенифер Лопез, Шерон Стоун, Моника Белучи, Хелен Мирен… Модната ревија за новата колекција се одржа во волшебно опкружување – плоштадот Св. Марко, пред 400 гости од целиот свет, а за претставувањето беа користени и познатите венециски гондоли. View this post on Instagram A ...

Црвен кармин, големи очила со црна рамка, неколку крупни ѓердани околу вратот и бројни алки наредени на рацете, палто со пердуви и облека во интензивни бои – Ајрис Апфел е непогрешлива во овој изглед. Модна икона, дизајнерка на ентериери, поранешна професорка на Универзитетот во Тексас, соспственичка на компанија за текстил, стислка инспирација и модел, Ајрис наполни 100 години. Ајрис самата посвети објава на Инстаграм на овој голем датум: „Не ...

Првите врнежливи постудени денови на крајот на август како да ја навестуваат есенската модна сезона и облекувањето во потопла облека. Еден стилски предлог за есенва е блузата со морнарски пруги, парче на кое постојано му се навраќаме, но секогаш го носиме во модернизирана верзија. Тесна блуза или широк џемпер со црно-бели линии, изборот е ваш, а според популарните трендсетерки, може да се комбинираат со бели фармерки, миди здолниште, бермуди, ...

Македонската модна етикета „Лудус” ја објави новата кампања за колекцијата за есен-зима 2021/22 насловена како „Пост-родовост IV”. Кампањата е направена со фотографката Кристина Велковска и моделот Филип Бојковски. Колекцијата беше промовирана со виртуелен шоурум на крајот на март годинава, по што беше претставена на интернационалниот пазар, а сега е достапна во продажба во концептуалните продавници со кои брендот соработува, интернет ...

Спој на модерната уметност со античкиот свет На 18 септември (сабота), во 18 часот, на античкиот локалитет „Стоби“ ќе биде отворена голема изложба на дела од реномираниот македонски скулптор Петар Хаџи Бошков (1928 – 2015). Проектот е насловен „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“, а куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои ...

Модната куќа Bottega Veneta и нејзиниот креативен директор Даниел Ли последниве неколку сезони не престануваат со бранот на ултра популарни чанти и чевли. Ботега Венета се чини има уште еден погодок во делот на модни додатоци, сега хит на Инстаграм и во уличната мода е новата верзија на моделот Point – чанта со нагласена текстура, во комбинација на циклама и розова боја и со триаголен отвор кој служи како рачка. После чантите Pouch и Cassette ...

Портокаловата како една типично летните бои не само што ја носиме во топлите месеи, туку може да биде моден избор и во доцен август и секогаш кога сакаме да ја освежиме и подмладиме предесенската гардероба. Портокалов фустан, комплет од портокалова кошула и бермуди, есенски костим или само широко портокалово сако, но и модни додатоци во интензивно пртокалова, овие парчиња нека бидат и ваш избор и со нив проектирајте животна радост. Бојата што ...

Во новата кампања на Tiffany & Co. наречена „За љубовта“ во која се појавува познатата музичка двојка Бијонсе и Џеј Зи, акцентот е ставен на историскиот 128.54-каратен тифани-дијамант и на уметничкото дело на Баскијат во тифани-сина боја која е препознатлива за познатата компанија за накит. Бијонсе на фотографиите од кампањата го носи 128.54-каратниот жолт дијамант на „Тифани“, ископан во јужна Африка во 1877 година,. Претходно само три ...

По повод 10-годишниот јубилеј на унисекс етикетата „Celebrate Life“на графичкиот дизајнер Горан Костовски – ind.o.g, деновиве излезе новата ограничена серија Don’t forget to dance (Не заборавајте да танцувате). Оваа серија е посветена на моментите кога танцуваме и славиме убави нешта и е инспирирана од сите случувања од последнава година, а воедно е навраќање на првата серија реализирана во 2011 под името Dance around (Танцувај наоколу). За ...

Манекенот на модната агенција „Моделс Ин Менаџмент“ кој гради интернационална кариера, Андреј Пајмакоски, неодамна сликаше кампања во Белград за новиот српски бренд „Филозофи“ ( Philosophy ). -Ова секако не му е ново искуство на нашиот модел, пред да почне светската епидемија со Ковид 19, Андреј одлично работеше во Барселона за агенцијата Two Management. Неговата кариера и богатото портфолио му донесоа голем број на ангажмани, вклучително и ...

Парижанките се вечна инспирација за стил – епитом на шик изглед, избежбани за ноншалантно спојување на облеката, ја знаат моќта на класичните парчиња како малиот црн фустан, мантилот и белата кошула, одлично се негуваат и не се маскираат со многу шминка, уживаат во јадењето и пиењето вино… Од Кетрин Денев, Брижит Бардо и Лулу де ла Фелаз, до Клеменс Поези, Инес де ла Фелаз и Каролин де Мегре, француските модни икони ни се стилска инспирација, а ...

Модниот бренд Mango ја комплетира интеграцијата на својата плус-величина линија Violeta by Mango и облеката со поголеми конфекциски броеви ја вклучи во својата главна колекција. Со ова Mango ја продолжува својата заложба за инклузивност, па голем број на модели достапни во линијата Violeta by Mango, со големина до 54 и 4XL, ќе станат дел од главната женска колекција. Компанијата одлучи да го прошири опсегот на конфекциски броеви на остатокот од ...

Нов македонски бренд на крафт ракија од гевгелискиот регион започна со освојување на домашниот и на странските пазари. Гордион амбер е висококвалитетна ракија која се одликува со мирис на автентично македонско грозје, неодолив префинет вкус и маркантна килибарна боја. Се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино, по прецизно дефинирана и нијансирана рецептура. Следејќи ги стандардите на врвните производители на ваков тип ...

Инстаграм веќе не е простор само за 20-годишни блогери, на мрежата има безброј инфлуенсерки над 40 години кои се исто толку влијателни. Долго време модната индустрија, модните кампањи и ревии ги исклучуваа зрелите жени, но дојде доба кога конечно препознавме дека стилот не признава возраст, а жените и над петтата деценија се стилска инспирација. Една од тие жени е Грес Ганем од Канада, модна икона која покажа дека и на 56-годишна возраст можете ...

Модниот бренд Зара ја претстави својата Dot колекција во која главен мотив се точките. Овој принт се очекува да биде хит, бидејќи „туфните“ со децении се еден од најпосакуваните трендови и нема причина да не ги носиме и сезонава. Облеката со точки е истовремено едноставен за комбинирање, особено во минималистичката црно-бела варијанта, но во исто време и ефектна и впечатлива. View this post on Instagram A post shared by ZARA Official (@zara) ...

Кога Даниел Ли ја претстави колекцијата Bottega Veneta Wardrobe 02, она што најмногу нè импресионираше беше присуството на пердуви – дизајнерот со нив ги покри панталоните, блузите и фустаните, но ги вметна и во овој пар сандали кои веќе станаа популарни на социјалните мрежи, и покрај фактот што колекцијата штотуку почна да се продава низ целиот свет. Кјара Ферањи и Емили Синдлев веќе се фоографираа во овој модел на Ботега Венета, Кјара избра ...

Лубеница и шампањ ама како пијалак! Ви нудиме предлог за едноставен и освежителен коктел на база на сок од лубеница и шампањ, совршен за летните топли денови. Додека е сезоната на лубеница исткористетете ја за да подготвивите лесен коктел, а еве како. Измешајте 5 дл сок од лубеница, кој ќе го добиете откако лубеницата ќе ја изблендирате. На тоа додадете 8 дл шампањ – што е околу едно шише од некое ваше омилено пенливо вино. Послужете во оладени ...

Зелената боја е главна за престојната сезона есен-зима 2021/22, ја забележавме во дизајнерските колекции, а повеќе нијанси на зелена видовме и во стилот на скандинавските трендесетерки за време на последната модна недела во Копенхаген. Модната недела во овој дански град редовно привлекува внимание и со уличната мода, а следејќи ги светските трендови, стилските ѕвезди зелената боја ја вметнаа во своите комбинации. Најприсутна е интензивно ...

Летото е вистинско време за носење фустан кој го открива грбот, модел кој може да биде елегантен, секси и иновативен, а овој стил е популарен и кај познатите трендсетерки. Еден бренд се издвои со понудата на вакви модели на фустани – Bazilika, модели кои се омилени кај голем број на стилски ѕвезди како Пернил Тејсек, Роузи Хантингтон-Вајтли и Грес Ганeм. View this post on Instagram A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) View ...

Полека и вниматено се подготвуваме за есенската модна сезона, ги проверуваме првите колекции на омилените брендови со цел да креираме есенска гардероба во согласност со нашиот стил, еве еден прв поглед на новата колекција на Масимо Дути. За есен 2021 овој бренд кој негува елеганија и квалитет, понуди неколку насоки – фустани и здолништа со егзотични принтови, безвременски мантили, панталони со ефект на кожа и џемпери во неутрални тонови. ...

На 15 август, во Куршумли Ан, со почеток во 20:00 часот, нашиот најдобар џез гитарист Тони Китановски ќе одржи концерт заедно со извонредните музичари Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов. Концерт ќе биде фузија на world музика со jazz елементи, изведена од врвни мајстори на музичката сцена. Концертот на Тони Китановски е во рамки на проектот „МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ...

Првите модели на модниот бренд Манго за есен 2021 најавуваат неколку клучни трендови за претстојната сезона, кои ќе ни помогнат во организирањето на есенската гардероба. За секојдневни комбинации, за деловни или вечерни пригоди, Манго претстави четири клучни стилски насоки – враќање на хеланките, со лента околу стапалата, ѕвонести или со изрез. Потоа дел од есенската гардероба се елеците – од тенко плетиво како дел од слоевито облекување, ...

Во последните неколку години Копенхаген стана важна рефенренца во светот на модата, веќе некое време вниманието е насочено кон тамошната модна недела и секако на уличната мода која редовно ја следиме. Деновиве се одржува Copenhagen Fashion Week, после две години повторно во реален формат со физички модни ревии. Ова значи не само интересни презентации, туку и потполно враќање на скандинавските стилски ѕвезди присутни во уличната мода во градот. ...

Додека е актуелно модното навраќање на 90-тите години, носталгично се потсетуваме на уште едно парче препознатливо за таа декада, популарно и ова лето – слип-фустанот, сензуален модел од свиленкаст материјал, со едноставен крој и тенки прерамки. Потсетува на долга облека, но храбро се носи како горна, главна облека, а сезонава повторно ги истражуваме начините на комбинирање на овој модел на фустан. Модели од колекциите на Mango, H&M, ...

Широки фустани со едноставен крој, ленени ларчиња како беж широки панталони, кошули од лесен материјал кои можат да се носат раскопчани, прозначни материјали, лежерни модели во стилот на кафтани и кимона, ова се дел од модните парчиња шти ги бираме во летните месеци кога сакаме да постигнеме удобност и лагодност. Кога температурата е над 40 степени, бираме покомотна облека која не го допира телото и е направена од ткаенина која „дише“. View ...

Еклектични модни комбинации и корисни стилски трикови се одлика на оваа жена која на апликацијата TikTok го споделува својот стил – Карла Рокмор од Далас, Тексас, има преку 540.000 следбеници на мрежата и е дизајнерка на накит и креатор на содржини. Обожава смели бои, необични комбинации на шари и неспоиви парчиња, дизајнерски чевли и екстравагантност во секоја форма. @carlarockmoreStudio 54. Late 70’s. Let’s go. ##fashiontiktok ##fashionhacks ...

Во колекциите на брендот Манго секогаш можеме да најдеме солиден избор на модели кои имаат доза на лежерност, но можеме да ги носиме за летни вечерни излегувања, како гостинка на свадба и за разни други свечености. Неретко во летните месеци ги избегнуваме строгите, свечени креации, претпочиаме полежерни и лелеави фустани кои понекогаш се опција за некоја летна свеченост. Еве неколку идеи на Манго – долги, еднобојни или шарени футани со ...

Склопете удобни модни комбинации основани на едноставни формули, но со доза на шик изглед, комбинации во кои ќе го поминете овој викенд. Топлото време повлекува лесни материјали, светла палета на бои и летни парчиња како бел фустан, бермуди и шорцеви, ленена кошула, краток шарен фустан… View this post on Instagram A post shared by Jessie Bush (@wethepeoplestyle) View this post on Instagram A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa) View ...

Новата генерација на аерикански модели кои ја менуваат индустријата е темата на септемврскиот броја на американски Vogue. Најважната насловна во годината е токму оваа за септември, а познатото модно списание после повеќегодишна критика дека не e инклузивно и разновидно, заедно со главната уреднича Ана Винтур прави промени. И на двојната прва страница стави осум модели кои го илустрираат диверзитот во модата: познатите супермодели Бела Хадид и ...

Класичната кошула со долги ракави можете да ја носите и во лето, но на малку поинаков начин – широка и расопчана и во склад со летната гардероба. Се носи над фустан со тенки прерамки, врз кроп-топ, а понекогаш и со бикини како дел од комбинацијата за на плажа. View this post on Instagram A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) View this post on Instagram A post shared by Leonie Hanne (@leoniehanne) View this post on Instagram A ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
76%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.05
82%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
90%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
0.89
63%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
72%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
82%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
79%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
78%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
77%
1015
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63