
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Оваа година официјален моден бренд за мажи на веќе традиционалниот настан „Мажи на годината“ е Dan John. Станува збор за италијански бренд за машка облека кој има повеќе од 100 продавници низ светот, а пред брзо време пристигна и кај нас, благодарение на Fashion Group Macedonia. Брендот Dan John има високо реноме и е вистински синоним за елеганција и машкост. Тој е спој на традиционалната мода и модерните трендови, комбинација од ...
Ова е Zara Atelier, новата линија на популарниот бренд, која стартува со ексклузивна капсулна колекциа на прекрасни капути кои личат како да се дел од високата мода. Првата колекција на Zara Atelier се фокусира на шест модели на капути со врвен дизајн и извонедна изработка. Зара формира посебен тим кој двапати годишно ќе претставува две лимитирани колекции на линијата Atelier, а кои ќе се фокусираат на реинтерпретација на базичните парчиња од ...
Виолетова, сина, пурпурна или лаванда?! Како би ја опишале Very Peri, бојата што институтот Пантон ја прогласи за боја на 2022 година?! Пантон вели дека е „динамична сина нијанса со виолетово-црвени тонови“, ќе биде тренд следната година, но се чини дека варијации на оваа боја веќе се популарни кај славните и на модните писти кај познатите дизајнери. Оваа нијанса ја има во колекциите на Ланвин, Валентино и Сен Лоран за пролет 2022, ...
Колку модни комбинации смислуваме чекајќи повод за посебна забава за да можеме да ги облечеме? Пред нас се празничните денови и ноќните забави, можеби на моменти е неизвесно дали ќе се случат, но секако си посакуваме убави моменти во кои ќе ги носиме посакуваните вечерни модели. Новогодишни и празнични креации најдовме кај модниот бренд Манго, кој во новата кампања Dazzling Night (Блескава ноќ) претстави набрани фустани, светкави креации и ...
Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември. Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти Од 10 – 11.12.2021 сите фанови на гејмингот имаат шанса да бидат дел од единствениот А1 Game Fest 2021 во Ист Гејт Мол, како најголемиот е-спорт настан во Македонија и ултимативно гејмерско доживување. Богатата ...
Добредојде Macedonia Welcome Centre ве поканува да го посетите DMWC Christmas Bazaar, 2021/ ДМВЦ Божиќен Базар 2021 кој ќе се одржи на декември, сабота, во период од 11 часот до 18 часот во Мериот Хотел, втори кат. Ова е програмата на настанот: 11:00 Детски хор ПИКОЛО ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, диригент Весна Димчевска 11.00 –18:00 Продажба на призводи од македонски уметници, дизајнери, занаети како и производи од ...
Една од најуспешните жени во светот на маркетингот, Маријан Салзман претстави 22 тренда за следната година Потпретседателката на одделот за глобални комуникации во тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл, Маријан Салзман, која е една од најпознатите „трендсетерки“ во светот ги сподели своите видувања за новите трендови кои ќе обликуваат како ќе се одвиваат работите во 2022 година и понатаму.Салзман е авторка и коавторка на дури 17 ...
Малиот црн фустан е модна класика, безвременско парче облека кое го носиме во разни пригоди и скоро во секое годишно време, но сепак зимата и студот го трансформираа во нова трендовска верзија – фустан кој подолг, подебел и плетен. Впрочем плетените и трикотажни модели на фустан се одлика на оваа есен-зима 2021. Модели на зимски црн фустан ќе најдете во Massimo Dutti, Mango и H&M Црниот плетен џемпер има голема улога во женскиот ...
She’s Back! Сара Џесика Паркер и нејзиниот познат лик Кери Бредшоу се враќаат во новато телевизиско продолжение на „Сексот и градот“ именувано како „И едноставно така…“, кое ќе почне да се емитува денес, 9 декември, на HBO. Вчера Сара Џесика заедно со останатите глумци од серијата се појави на премиерата во Њујорк, на црвениот килим таа носеше модна комбинација на Оскар де ла Рента во која се насетува стилот ...
Секогаш кога Pantone ја објавува бојата на годината, како што компанијата за стандарди за боја тоа го прави секоја година од 2000-тата, нурнва во својата богата архива со нијанси за да најде нешто што претставува културна прогноза за годината што следи. Но, за 2022 година, направи нешто малку поинаку – лансираше сосема нова боја, наместо да одбере од постоечката палета – PANTONE 17-3938, позната и како Very Peri. Пантон ја опишува ...
Трета година по ред, мајките Елена (@elenagagic) и Симона (@moe_dete) преку својата мисија на хуманиот проект „Да бидеме хумани“ подаруваат искрени насмевки и радост за новогодишните празници. Токму тие како активистки на социјалните мрежи потикнаа многу граѓани заедно да донираат за децата од социјално загрозените семејства да ја почувствуваат новогодишната магија, во соработка со здружението „Љубезност” и здружението ...
Компанијата Pirelli го објави својот годишен календар, кој овојпат е посветен на легендарните претставници на музичката индустрија. Фотографиите се направени од канадскиот музичар и фотограф Брајан Адамс, кој со својо објектив ги улови ѕвездите како Шер, Иги Поп, Грајмс, Џенифер Хадсон, Рита Ора, Бохан Феникс… Фотоприказната го доби името On The Road („На пат“), што е симболично, бидејќи музичарите мора постојано да се движат ...
На 10 декември 2021, петок, во 20 часот, во МКЦ, е отворањето на изложбата на уметникот Бојан Ковски, кој прославува 5 години од почетокот на неговото творештво на полето на сликање на тело (боди пеинт/ боди арт). Изложбата со наслов „Метаморфоза“, има за цел да ја прикаже психата на луѓето и како секоја промена ги прави различни од она што биле во минатото, што би било доколку секоја наша промена и самата се отсликува на нашето ...
Проектот на компанијата „Божиновски часовници и накит“ за создавање на македонска верзија на познатиот Swatch часовник, резултираше со ангажирање на уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула кој го изработи дизајнот на часовник инспириран од ликот на Дениција. Креирани се само 30 парчиња од Дениција часовникот, кои понатаму ќе се продаваат на аукција. Сега имате уникатна прилика да станете сопственик на првиот македонски ...
Супермоделот Џери Хол чија ѕвезда блесна во далечните 1970-ти, денес ретко се појавува во рекламни кампањи или на модни ревии, па затоа секоја нејзин моден ангажман привлекува големо внимание. Тоа е случајот со новата кампања за славната париска модна куќа Сен Лоран (порано Yves Saint Laurent, сега само Saint Laurent). Пред објективот на Дејвид Симс, таа позира во клучните моменти од новата колекција за пролет- лето 2022 на брендот дизајнирана ...
Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои вкупно 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз. „Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за ...
Овааа година традиционално по четврти пат ќе се одржи настанот „Мажи на годината 2021“. Секоја година настанот се одржува последната среда од месецот ноември кој е месец на машкото здравје, но поради тргичната автобуска несреќа која што се случи во Бугарија, овогодинешниот избор на најуспешните мажи во Македонија ќе се одржи на на 14-ти декември, 2021 во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје со почеток од 20:00 ...
Оскаровката Џенифер Лоренс после подолго време се појави во јавноста, поради бременоста ги избегнуваше официјалните настани, но не можеше да ја пропушти премиера на својот последен филм Don’t Look Up. Џенифер е веќе во поодмината фаза од својата бременост, но сепак се појави на премиерата во Њујорк во друштво на своите колеги од филмот Леонардо ди Каприо и Мерил Стрип. View this post on Instagram A post shared by the catwalk life ...
Музичката ѕвезда Адел гостува во видео-интервјуто на понататата бјути-јутјуберка Ники де Јегер, позната како Ники Тоторијалс, пејачката е нашминката само на едната страна на лицето, за да се покаже моќта на шминката, со што Ники се навраќа на најзиното најгледано видео The Power of MAKEUP од пред шест години,ж кое досега има 42 милиони прегледа. Во серијалот за моќта на шминката на Ники претходно гостувале Ким Кардашијан и Дру Баримур. Во ова ...
Конечно, дојде месецот во кој сè што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме. Дојде декември и го означи почетокот на празниците! Празничните базари ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и весела празнична атмосфера, а оваа година во Скопје се случува една нова приказна. Со почеток во сабота, на 4 декември, ќе блесне новата, голема елка во Skopje City Mall, што ќе го ...
Со доаѓањето на зимата ја облекуваме најтоплата облека и горниот дел секогаш е јакна полента со пердуви или капут. А кога сме кај капутите, оние обоените во бежови и светлокафени тонови се модна класика. Никогаш нема да погрешите со беж капутот, секогаш е во мода и се вклопува во различни стилови. Се носи со ролки и кошули, со црни комбинации, со фармерки или елегантни панталони, врз фустани или здолништа, одлично се вклопува со црвени или ...
Модниот бренд Зара е подготвен за новогодишните празници и лансира колекција на елегантни црни стилови, мини фустани, креации со голи рамења и блескави парчиња со пулејки. Палетата на бoи содржи црни, црвени, розови и цветни нијанси. Клучните парчиња вклучуваат фустани со светки, здолништа, панталони и кошули, палта со машки крој, сако од кадифе, халтер-фустан со ракавици, блејзер во вид на наметка, сако-фустан, свечен накит и лимитирана ...
Фустанот на преклоп се смета за најласкачкото модно парче во женскиот гардеробер, бидејќи најдобро ја нагласува силуетата – ги сокрива колковите, а ја акцентира половината. Во модата го воведе Дајан вон Фурстенберг во 70-тите и со децении се смета за популарна женска облека, особено во летните месеци. Но, есенско-зимската сезона не значи дека не треба да го носите омилениот модел на фустан. Во студените месеци бирајте фустан со подолги ...
Младата и успешна Зендаја едноставно не прави грешки на црвениот килим и во останати прилики, како современа модна икона брилираше со уште еден стилски избор – на фудбалскиот настан Ballon d’Or во Париз се појави во сензационален фустан со интересен детаљ на грбот. Имено Зендаја избра да носи модел на Роберто Кавали, на кој интервенираше Фаусто Пуљиси, сегашниот креативен директор на брендот, односно тој го позајми златниот детаљ ...
Од 26 ноември 2021 година, брендот Lush глобално им сврти грб на Instagram, Facebook, TikTok и Snapchat, сè додека тие платформи не преземат чекори за обезбедување на безбедна средина за нивните корисници. Оваа политика станува активна во сите 48 земји во кои работи Lush. Според нив, на ист начин како што доказите за климатските промени беа игнорирани и минимизирани со децении, се игнорираат и сериозните последици од социјалните медиуми. ...
Вирусите не дискриминираат, луѓето да! Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни“ Скопје, како организација на самите лица засегнати од овој вирус, и оваа година организира активности за намалување на стигмата и дискриминацијата поврзани со ХИВ. Кампањата ги содржи следниве елементи: 1. Концептуален перформанс / флеш-моб со цел подигнување на свеста за ХИВ, предизвикување на митовите и поттикнување ...
Во пресрет на празничниот период побарајте ја Holiday колекцијата и сетовите за подарок во M·A·C продажните места во Скопје (City Mall и Fabu East Gate), достапни од утре, 1 декември Колекцијата Hypnotizing Holiday има хипнотизирачки добри пакувања и преполна е со омилените бестселери, но и никогаш досега видени производи. Покрај тоа, тука се и незаменливите сетови кои може да си ги подарите себе и на другите. Колекцијата содржи ...
Британскиот моден совет вчера во салата Ројал Алберт Хол ги додели наградите за најголеми достигнувања во модата (British Fashion Awards), гала настанот се одржа после една година пауза и го водеше ексцентричниот Били Портер. Наградата за најдобар дизајнер ја понесе Ким Џонс кој креира за Фенди и за машката колекција на Диор, Алесандро Микеле е награден како пионер за своите постигнуваа во Гучи, Томи Хилфигер ја доби наградата за животно дело, ...
Трендот на грижа за животната средина зема замав секоја година, тоа секако се одразува и на модната индустрија која е еден од најголемите загадувачи на платенава. Последниве години во модата се појавија бројни иницијативи за одржлива мода и еколошки процеси на производство на облека, една тенденција е комплетно отстранување на природното крзно од модните колекции, на која од сезона во сезона се вклучуваат големите луксузни брендови. Оваа ...
Младиот грнчар Мартин Митрешкоски од Вранештица, изработувачите на рачен накит Ангела Мојсоска и Благојче Секулоски, уметникот Тео Герасимоски, Зоран Илиески изработувач на дела од старо железо и останати уметници успешно се претставија на првото „Кичево одржливо експо“ во организација на Здружението Еко-свест автентично во кафулето Винтиџ, Кичево. - Среќни сме што опстојуваме како грнчарска фамилија со традиција од 80 години која ...