Модни комбинации во една интензивна или пастелна боја се во фокусот на првата колекција на бредндот Манго за оваа 2022, колекциа која проектира доза на оптимизам и живост во новата година. Оваа ведра колекција содржи различни базични и трендовски парчиња облека, од класични кошули преку ватирани јакни и ѕвонести панталони до плетени џемпери. Но, акцентот е на боите – розова, црвена, жолта, потокалова, сина, зелена, како и виолетова која ...

Модниот бренд Масимо Дути ја претстави кампањата A New State of Mind заовој дел од зимата, снимена на улиците на Њујорк во манир на улична мода со манекенката Андреа Диакоку и фотографот Кристијан Мекдоналд. Дел од кампањата е снимена во студио. Сите фотографии ги илустрираат трендовите за овој зимски период, а дел од модните парчиња може да се носат и во преминот од зима во пролет. Гледаме микс на елеганција и урбан стил со ретро референци ...

Етаблирани на македонската модна сцена моделите Ивана Караџова и Андреј Пајмакоски тргнаа да го освојат кинескиот моден пазар Караџова ја паметиме кога стана Лице на годината во 2016, а од тогаш не престана да го гради своето портфолио и да биде дел од сите позначајни македонски модни случувања. Од неодамна нејзината матична агенција ‘Models In Management’ во договор со белградската ‘Fox Models’ решија да ја пласираат на ...

Итното формирање на Фондот за животна средина треба да претставува еколошки приоритет на македонските власти во 2022 година. Тоа е и една од главните желби на Еко-свест за во Новата 2022 година. Преку формирањето на Фондот за животна средина, Еко-свест смета дека ќе се постигнат долгорочните резултати во заштитата на животната средина, борбата со климатските промени, односно ќе се придонесе кон систематско и одржливо решавање на најголем дел од ...

Одборот за буџет на италијанскиот Сенат пред самиот крај на 2021 година изгласа амандман за затворање на преостанатите десет италијанските фирми за нерц, во следните шест месеци трајно ќе се забрани одгледување на животни наменети за крзно. Организацијата Human Society Internationаl Europe во Италија ја поздрави историската победа, после повеќе дискусии во кои претстави практично решение за затворање на злогласните фарми за крзно и претворање ...

Ниските температури често значат дека во зимската облека преовладува практичноста, со што се истиснува тренд компонентата. Сепак, повеќе од можно е да се воспостави рамнотежа помеѓу удобноста и елеганцијата. Тоа го потврдуваат и ѕвездите на уличнaта мода, кои практикуваат класичен стил и бираат да носат безвременски палта, фармерки џемпери во неутрална боја, кои се клучни состојки за едноставен, лежерен изглед полн со практичност. Класичниот ...

Постојат повеќе начини како да ги разубавите овие празнични денови, од украсувањет на домот, изборот на свечена облека и шминка, до украсувањето кое можете да го направите и во последен момент – на ноктите. Новогодишниот маникир може да ги содржи карактеристичните новогодишни бои – црвена, зелена и бела, потоа да биде со светки, во сребрена и златна боја, со референци на празникот како суптилно насликани елки, ѕвезди и снегулки или ...

Раскошено и отмено, истовремено и меко и удобно, кадифето повторно се врати во зимските и празничните колекции и секако е најубавата ткаенина за славење на Новата година. Ништо не пренесува празнично расположение како убава модна комбинација од кадифе, која ќе биде соодветна и за вечера, за корпоративен настан и за најзабавната журка во годината. За време на празничната сезона, кадифето станува совршена опција кога е во прашање изборот на ...

Празничните, новогодишни и божиќни денови во италијанското гратче Локоротондо имаат посебно значење, во овој период жителите посветено ги украсуваат малите шармантни улици и плоштадите со светилки, венци, машни и разни лампиони. Живописно украсените улици го прават овој град една од најинтересните празнични дестинации во светот. Магијата ја дополнуваат божиќните пазари и штандовите на кои покрај локални ракотворби, ќе најдете мирисни колачи и ...

Ако ви треба инспирација за празничен изглед, погледнете ги следниве видеа од You Tube и Instagram во кои бјути јутјуберите и познатите шминкери нудат предлози за новогодишна шминка. Црвен кармин, очи нагласени со туш и шимер-сенки, многу светки и хајлајтери, се класика во празничначната шминка. Но, сепак не претерувајте, шминката нека не биде многу нападна и оставете простор да блеснат вашето лице и енергија. View this post on ...

Светкавата и шљокаста облека секогаш асоцира на новогодишен изглед, златната и сребрената облека доликува на празничниот стајлинг, но таа секогаш треба умешно да се избалансира со останатите модни парчиња, за да се избегне кичестиот и невкусен изглед. Едно примамливо светкаво парче се овие златни панталони со потпис на Зара, со широки ногавици и со висок струк, кои комбинирани со смирен горен дел се доволно свечени за новогодишен изглед, со бел ...

Во пресрет на зимските месеци доаѓа и новата зимска колекција на брендот #AngieM. насловена ‘Miss Warm’, тренди линија која пред сè има за цел да ве стопли и да направи да се чувствувате пријатно во својата кожа, а веднаш потоаи да ви помогне да го заокружите вашиот извонреден стил со уште едно уникатно модно парче со потпис на овој бренд зад кој стои Ангела Младеноска. -Модерни дизајни, интересни плетки, елегантни кроеви и ...

Оваа модна сезона хеланките се едни од најтрендовските парчиња облека, во зимски прилики најчесто ги носиме со џемпер за да добиеме топла, удобна и истовремено модерна комбинација. Спојот на хеланки и џемпер истовремено го следи модното правило за пропорција – хеланките се тесни, а џемперот широк. Тренд се хеланките со ленти околу стапалото и оние со изрез во долниот преден дел. Џемперот со кој се комбинираат може да биде шарен или ...

Оваа предновогодишна сезона дизајнерката Силвија Михалјовска од модниот бренд „Алшар“ претстави зимска колекција со елементи на драма и свеченост, серија на креации кои се движат од бела кошула до топол капут, a некои од нив во моментов се на попуст во нејззниот продажен простор на „Ленинова“ во центрот на Скопје. Меѓу креациите од оваа Black Label колекција се издвојуваат зимски фустани со асиметрична должина, ...

Беспрекорните црвени усни може да ја направи секоја облека да изгледа празнично Со доаѓањето на дочекот на новаа година нашата шминка станува попразнична и ниту една друга шминка не е толку празнична како црвениот кармин. Црвената е секогаш класика, иконична нијанса на кармин што може да ја дефинира секоја шминка и да ја нагласи секоја модна комбинација. Козметичките компании имаат разни верзии на црвен кармин во својата понуда, со желба да ги ...

Втората сезона на „Џентлмен магазин“ започнува со една многу интересна личност. Лазар Гечевски, поранешен директор на Агенција за енергетика, и комесар за натпревари во КФСМ. Лазар Гечевски е човек, џентлмен кој зборува за масонеријата, за тајните друштва. Интересна тема која со сигурност многумина од вас ќе сакаат да ја слушнат. Според Лазар Гечевски, сите ние треба да оставиме траг во животот, по кој ќе не паметат. И таа ...

Во креативниот центар МАЛА то тек е самостојната изложба на Елена Поповска, „Срцето на воинот“, која сите љубители на уметноста ќе можат да ја посетат до крајот на годината. Во МАЛА на Илинденска 65 се развиваат нови соработки, настани од областа на дизајнот, перформанси, инсталации и други креативни активности кои поттикнуваат аинтересираност кај посетителите. Елена Поповска е родена во Скопје и е самоук сликар, а по професија ...

Кои се најтрендовските шалови оваа сезона? За да создадете модерен зимски изглед, покрај горна облека и чизми, ќе ви требаат и стилски додатоци, како што се топлите шалови. Оваа сезона, одлучете се за дебели кашмирски модели, џамбо шалови со реси и со монограми на брендови, марами кои потсетуваат на ќебе кои ќе ги обвиткате околу вратот за да се стоплите што е можно повеќе. Од колекциите на Stradivarius, Mango и Zara Зимава најпопуларниот модел ...

Со голем концерт на битолчаните „Фолтин“, од утре 23 декември па сѐ до новогодишниот дочек на 31 декември, платото пред неодамна реконструираниот Офицерски дом ќе биде претворено во празничен плоштад на кој 9 денови под отворено небо ќе се случува програма насловена како „Зимска приказна“. 57 различни проекти, во кои ќе настапат музички групи, редица ДЏ, театарски претстави, учесници на детски музички фестивали, а ќе се ...

Актерката Кери-Ен Мос пристигна на премиерата на Тhe Matrix: Resurrections во Лос Анџелес облечена во спектакуларен фустан со потпис на Оскар де ла Рента со необичен детаљ со референци на познатиот филмски серијал The Matrix. Во четвртот дел од серијалот таа се враќа во улогата на Тринити, а враќањето на црвениот килим беше во знакот на овој црн фустан во кој се мешаат висока мода и висока технологија со кој нѐ маѓепса. Фустанот на Мос е од ...

Уредите за загревање на тутун и електронските цигари смеат да се користат во затворени јавни простории согласно важечките законски прописи На вeчерашната седница на Владата беше прифатено мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушењето, каде несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, како и електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за ...

Покрај сите трендовски и хит чанти на сезоната, жените се навраќаат на класиката и елеганцијата, особено деловните жени кои бираат безвременски чанти налик на познатите модели „кели“ и „биркин“ на Hermes. Елегантна чанта соодветна за на работа, ама и за сите други пригоди и стилови, најдовме во понудата на Манго, како на пример оваа црна чанта со класичен изглед и коцкеста структура. Направена е од имитација на ...

Македонскиот бренд за хулахопки Ла Дама денеска прославува 29 години од постоење и по тој повод подготви изненадувања за потрошувачите на нивната новоотворена онлајн продавница ladama.mk. - Во изминатите 29 години постоење, како македонски бренд, ги следиме потребите на нашите големи и мали Ла Дами, токму за нив континуирано креираме квалитетни и удобни производи. Голема благодарност до ФИТР кои ни дадоа поддршка за отворањето на нашата онлаjн ...

Свечениот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“, на кој ќе бидат промовирани реобјавени пет значајни дела од великанот на македонската книжевност, ќе се одржи вечерва (16 декември, четврток), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет. Во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ ги реобјави стихозбирките ...

На 18 декември (сабота), со почеток во13 часот, во Музејот на современата уметност — Скопјесе отвора меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“. Куратори на изложбата сеМира ГаќинаиЈованка Попова. Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова ...

Фини линии, брчки, акни на зрела кожа, старечки пеги и подочници се некои од најчестите појави кои бараат посебен третман кога станува збор за нега на кожата кај жена постара од 40 години. За да знаеме кои производи се најефикасни во третманот на овие појави, да ги послушаме советите на дерматолозите. СТАРЕЕЊЕТО НУЖНО НОСИ ПРОМЕНИ. Ако на феноменот стареење гледате од правилна перспектива, влегувањето во петтата деценија од животот може да биде ...

Во месецот декември преку облеката што ја носиме сакаме да направиме рамнотежа помеѓу удобноста и стилот, тогаш ги бираме најтоплите парчиња од нашиот плакар, но внимаваме да постигнеме убава и шик стилска комбинација. И покрај ниските темџператури, одреден дел од денот го поминуваме надвор, на отворено, тогаш се стоплуваме со помош на капути, јакни, емпери, шалови, чизми и останати зимски парчиња облека, а како идеја предлагаме неколку зимски ...

Одржлива мода и свечен изглед се спојуваат во новата празнична колекција на брендот H&M. Тргнувајќи од ставот дека сите стилови можат да бидат одржливи, дури и гламурозните, и следејќи ги принципте на сопствената програма за одржливост во рамкуие на H&M Innovation Stories, брендот претстави колекција која има минимално влијание врз планетата. Во оваа колекција има забавни дизајни со многу волумен, набори, точки, игра со текстура ...

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ на 21 декемвриво 20 часот во Македонскиот народен театар ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт со кој ќе ја заокружи успешната 2021 година. Иако во услови на пандемија, кои го условија ансамблот задоцнето да ја започне концертната сезона, „Танец“ реализираше богат концертен циклус со спектакуларни концерти на отворено и затворено низ повеќе градови ...

Младата Зендаја повторно потврди дека е модна икона на новото време, низата на успешни комбинации на црвениот килим ја продолжи со модниот избор од вчерашната премиера на новиот филм за Човекот-пајак, Spiderman: No Way Home. За да му оддаде чест на филмот Зендаја носеше слип-фустан на Валентино на кој со црна мониста е извезен мотив на пајакова мрежа. Фустанот специјално за неа го креираше дизајнерот Пјер Паоло Пичоли, кој е креативен директор ...

Nintendo победи

7 часа - USB - +1
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
82%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
76%
1014
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
86%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 11ᴼ
0.51
45%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.86
55%
1016
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
96%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.45
59%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
73%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
70%
1016
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
86%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
88%
1017
Currency

61.535

Currency

52.3098

Currency

70.8688

Currency

34.5577

Currency

37.8834

Currency

65.9346

Currency

7.33712

Currency

0.62805

Currency

0.35707

Currency

0.52482

Currency

1.26743

Currency

0.59343