Во тек е Миланската недела на машка мода, модната куќа Прада за прикажувањето на колекцијата за есен-зима 20022/23 повика неколку познати имиња меѓу кои познатите актери Кајл Меклахлан и Џеф Голдблум, да учествуаат на ревијата како манекени. Ревијата ја отвори Кајл облечен во црн капут, потоа следеа модели со кроеви со волумен, нагласени XXL раменици, кожени мантили, современи интерпретации на работничко одело, долги панталони насобрани околу глуждот, креации дефинирани со ремени. Колекцијата која здружно ја дизајнираа Мијуча Прада и Раф Симонс ја затвори Голдблум.
-Работата е состојба на реалноста – витална компонента на животот. Во идеализираниот, фантазиран естетски народен јазик на модна ревија, реалноста се прекинува. Земајќи ги театарот и филмот како огледала на реалноста, во машката колекција на Прада за есен 2022 на Миуча Прада и Раф Симонс, Deposito-галеријата во Фондацијата Прада е замислена како сцена за акција. Актерите се толкувачи на реалноста, вработени да ја одекнуваат реалоста преку нивните портрети. Кастингот вклучува 10 светски познати холивудски ѕвезди: Томас Броди-Сангстер, Аса Батерфилд, Џеф Голдблум, Демсон Идрис, Кајл Меклахлан, Том Мерсиер, Џејден Мајкл, Луис Патриџ, Ештон Сандерс и Филипо Скоти. Вистински мажи, признати фигури, тие носат нов аспект на реалност – стои во соопштението на Прада.
Нема коментари