Во сабота, 5 март, со почеток во 13:00 часот, на платото пред Младински Културен Центар, ќе се одржи матине-промоција на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена „Џезтетика“. Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани ...

Овој здрав напиток наречен „17 на ден“ ја ја содржи потребната доза на витамини, минерали и други хранливи состојки, а го јакне имунитетот и штити од сезонски настинки. Во последните години ја прифативме тенденцијата на здрава исхрана и конзумирање зелени напитоци, нека и овој напиток ви стане честа практика. Напитокот им се препорачува на оние што се опоравуваат од сезонски грип и настинки, но секако и на сите оние што сакаат да ги ...

Инспирирана од филмот „Сенки“ на режисерот Милчо Манчевски, креативката и модната стилистка од Битола Надица Бицева-Димитровски ја создаде новата колекција накит „Коски“. Таа создава парчиња колекции накит дизајнирани под нејзиниот бренд „Ателје Креација“, спој на уметничко творештво и културата. - Колекцијата „Коски“ е визуелно олицетворение на кревкоста наспроти цврстината. Во модата поимите ...

Со целовечерен концерт и гала настан во Скопје Мериот хотел, Нокаут ќе ja започне турнејата за одбележување на својот 25-годишен јубилеј и присуство на македонската музичка сцена, овозможувајќи единствена и неповторлива вечер. Препознатливиот вокал на Никола Перевски Пере и бендот кој изминативе декади беше заштитен знак на нашата сцена, ќе понуди исклучително доживување и музичко патување низ 25 години творештво, исполнето со многу емоции, ...

Првата сезона на Скопски моден фестивал ќе се одвива во трговскиот центар Скoпје Сити Мол од 4 до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата Цел нареден месец градот Скопје ќе пулсира во ритамот на модата. Епицентар на случувањата е трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде од овој петок (4 март) започнува првото издание на ...

Една моја пријателка всушност ме викаше панда заради темните дамки околу очите, устата и различните делови на телото. Да! Но, тоа што ме натажува не е дека луѓето ми кажуваат нешто, туку како јас се чувствувам во определени ситуации. Мислам дека имам пигментни дамки, веројатно уште откога бев во градинка. На пример, забележав дека кога се запознавам со нов човек почнувам да се грижам што тие мислат за мене. Дали во мене ја гледаат само мојата ...

На својата вчерашна ревија во рамките на Миланската модна недела, славниот дизајнер Џорџо Армани одлучи презентацијата да ја одржи во тишина, без музика, во знак на почит и солидарност со луѓето кои поминуваат низ тешки моменти за време на руско-украинскиот конфликт. „Мојата одлука да не користам музика на ревијата беше донесена како знак на почит кон луѓето погодени од трагедијата што се одвива“, гласеше изјавата на дизајнерот пред ...

OUTLET цени – со OUTLET попусти за сите и секаде!!! Сезоната на одлични цени во Сара Фешн започнува со мега акцијата Оutlet цени која од компанијата ја најавуваат како најголема до сега. Од 28 февруари до 8 март оutlet цените се селат во буквално сите 64 продажни места во Македонија и на интернет e-продавницата sarafashion.club. - Ако досега нашите пребирливи купувачи кои сакаа екстра попусти мораа да ги посетуваат нашите outlet продажни ...

Пролетната колекција на Kiko Milano, козметички бренд кој од неодамна е достапен и кај нас, е во знакот розовата боја и проиводи кои нудат сјаен ефект. Во пролетната шминка обично тоновите стануваат многу помеки и посветли, брендот одговара на потребите за поделикатна и поромантина шминка во пролетните денови. Blossoming Beauty е името на оваа нова колекција на шминка на Kiko Milano која ќе нè пренесе во тајна градина која блеска со роса ...

Креативниот директор на Фенди, Ким Џонс, инспирација за новата колекција за есен-зима 2022 пронајде во архивата на оваа италијанска модна куќа, во дизајните на неговиот претходник Карл Лагерфелд од колекциите за пролет-лето 1986 и есен-зима 2000, правејќи своја интерпретација на на старите принтови и стилови. На современ начин ги сопроставува мекото и тврдото во материјалите и облиците и вели „Тоа ја прави жената моќна“. ...

Кравиц е новата Жена мачка во новиот филм за Бетмен Во Лондон се одржа премиерата на новата филмска верзија на „Бетмен“, со Роберт Патинсон во насловната улога, но и со Зое Кравиц која ја глуми Жената мачка. Со својот изглед на црвениот килим актерката ја најавува својата улога облечена во црн фустан на Сен Лоран, дизајн кој се рабови на околувратникот и исечоци на долниот дел од градите во облик на лилјак (поточно препознатливиот ...

Лондон деновиве беше центарот на светската мода, додека траеше Лондонската модна недела погледите и фотообјективите беа насочени и кон уличната мода. Лондон секогаш проектира доза на ексцентричност, бунтовност, уникатност, што се отсликува како во колекциите на британските дизајнери, така и на улиците на градот. Денови забележавме весели стилови во јаки бои, неспоиви комбинации, лични интерпетации на актуелните трендови, стајлинзи кои веќе ...

Германската модна блогерка открива како да носите колоритни модни комбинации во зима и во пресрет на пролетта, таа својот личен стил и во тмурните денови го разведрува со јаки бои како зелена, сина, жолта, виолетова и црвена. Леони светли нијанси носеше и за време на неодамна одржаната Њујоршка модна недела, како на пример жолт капут, црвен фустан, сино сако и чанти во разни бои. Своите модни комбинации ги објавува на Интаграм профилот, да ...

Младата и талентирана актерка и пејачка Зендаја која важи и за модерна модна икона, се појавува во пролетната кампања на италијанската модна куќа Валентино, чие заштнитно лице е од пред две години. Во видео и фотокампањата за пролет-лето 2022 наречена Rendez-Vous, осмислена од креативниот директор на куќата Пјерпаоло Пичоли, таа позира во студиото на Ворнер Брос во Лос Анџелес, облечена во вибрантни комбинации во интензивни нијанси на магента, ...

Модните недели и уличната мода ги развиваат модните трендови кои се сега актуелни и ќе важат целата оваа година, прикажувајќи облека и додатоци кои ќе ги носиме во 2022. Се враќаат карго панталоните, сѐ уште носиме штеповани јакни, но сега со ромбоидни штепови, една колекција на Версаче ги најави чевлите со висока платформа, актуелни ќе бидат и плисираните мини здолништа и изрезите на облеката. ЈАКНИ СО ШТЕПОВИ View this post on Instagram A ...

„Немам намера повеќе да се кријам“, вели Линда Евангелиста за People Една од најпознатите супермоделки, ултра популарна во 90-тите, минатата година откри дека се повлекла од јавоста после козметичкиот третман CoolSculpting, кој бил неуспешен и „бруталноја обезличил“. Таа со години се криеше и ги избегнуваше камерите, но сега екслузивно за магазинот People одлучи да ја сподели својата приказна и да за првпат да се ...

Модниот бренд Манго е доста популарен кај нас, после повеќе години на домашниот пазар се нудеше само женската колекција, од неодамна брендот ги носи машката и детската колекција. За модерните мажи и момци за претстојниот период предлага колекција која е спој на традиционална машка облека и современи трендови во спортски дух. Спакувана во кампањата наречена Neutral Goodies, во колекцијата забележуваме класични и модерни стилови со доза на ...

Познатата супермоделка Наоми Кембел (51) ја открива својата мајчинска страна во мартовскиот број на британски Vogue и со својата ќерка позира на насловната страница на познатото модно списание. Иако не го открива нејзиното лице, како ни деталите за нејзиното раѓање, Наоми сепак изјави „Не е посвоена, таа е мое дете“. Таа одбива понатамошна расправа на оваа тема, само признава дека во тајност го држела патот до мајчинството, дека ...

Секоја компанија има свои правила на деловен дрескод, ама некои принципи се универзални – никако длабоко деколте, задолжително избегнувајте тенки прерамки, мини здолништата не се за канцелариска работа, а жените на високи позиции не треба да носат проѕирни ткаенини и кроеви кои го отцртуваат телото. Вашето деколте никогаш не треба да биде пониско од 10 сантиметри во однос на клучната коска Блузите без ракави треба сепак да бидат до ...

Одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со алтернативите без чад. Дознајте повеќе за испарувачите, електронските цигари и производите што не согоруваат 1. Дали алтернативите без чад се различни од цигарите? Алтернативите без чад не го согоруваат тутунот, што значи дека доколку се научно поткрепени и регулирани со соодветен стандард, тие се подобра алтернатива од продолжување на пушењето цигари. Она што е важно е дека не се без ...

Во светот на шминката црвениот кармин е она што малиот црн фустан е во модата – совршен за секоја пригода и одговара со секаква облека. А козметичките куќи лансираат нијанси на црвена која ќе одговара на сечиј тен. Црвениот кармин е секси и е соодветен за вечерно излегување со партнерот, но во исто време зрачи моќ и самодоверба и може да се носи и во канцеларија. Тој на жената ѝ овозможува со минимален напор да постигне максимален ефект ...

Секоја година, во првиот месец најчесто одмораме од “новогодишната еуфорија”, уживајќи во зимската атмосфера и комфорот, но вториот, најкраток месец од годината, е сѐ повеќе популарен за потсетување и посветување на грижа кон себеси, исто колку и кон саканите. Месец февруари е очигледно месец на специјални нешта, а февруарското искуство во Ист Гејт Мол се очекува да биде и повеќе од специјално. Новиот месечен календар на активности ...

Модниот бренд H&M ја претставува Studio колекцијата за пролет-лето 2022 наречена Press Play („Стисни плеј“), инспирирана од Gen-Z музичките музи кои имаат необичен стил со истакнат личен печат. Колекцијата се базира на неконвенционалната мода од 1980-тите и 1990-тите години. Со моќна палета на бои, електрични фузија принтови, како и елегантни додатоци, колекцијата носи целосна инспирација за облека инспирирана од ...

Модернизирани верзии на малиот црн фустан, враќање на мини здолништето и модели со изрези и гол грб се некои од трендовите во пролетната колекција на модниот бренд Манго. Дополнително во колекција за пролет-лето 2022 се претставени класичен мантил како константа во пролента мода, елегантни панталони, добро скроени сакоа и костими, волуменозна бомбер јакна, базични парчиња како фармерки и кошули, а од боите забележавме црна, беж и маслинесто ...

Вежбањето денес стана неизбежен дел од секојдневниот животен ритам на многумина. Ваквата специфична активност се разбира условува посебен изглед, однесување и употреба на специјлна фитнес облека. Следниве неколку совети може би можеле да ви помогнат да се избегнат можните непожелни ситуации, а со тоа да ви го направат вежбањето и фитнесот многу попријатно. Избегнувајте памучна облека Иако на прва памукот се гледа како совршена опција за ...

Над 40% од посетите на дерматолози се поврзани со сува кожа. Може да се појави било каде на телото, но најчесто се засегнати рацете, стапалата, колената, лактите и лицето, бидејќи овие области почестo се изложени на надворешни фактори кои можат да ја влошат нивната состојба (како студеното време). Сува кожа има и на лицето. Сувата кожа може да ја чувствуваме затегната и груба. Кога кожата на телото е многу сува и дехидрирана, таа може да ...

Од необичната модна визија на Скапарели до Шарлот Казираги која што ја отвори ревијата на Шанел качена на коњ, одата на рачна изработна на Диор и прославата на женската форма на Валентино, Париската недела на висока мода ги претстави колекции на haute couture за пролет-лето 2022. Видеата од ревиите најдобро ги илустрираат раскошните модни креации со предзнак висока мода. еве еден видео прелед. VALENTINO DIOR SCHIAPARELLI CHANEL ELIE SAAB ...

Модната куќа Версаче ја објави рекламната кампања за сезоната пролет-лето 2022, во која главни ѕвезди се сестрите манекенки Бела и Џиџи Хадид. Донатела Версаче, креативната директорка на брендот, исто така се појаува на некои од фотографиите, а како заштитно лице фигурира и пејачката ѕвезда Малума. View this post on Instagram A post shared by Bella (@bellahadid) -Сакам оваа кампања да биде топла прегратка на глобалната Версаче фамилија на ...

Анксиозноста претставува природна реакција на вашето тело на стрес, која се манифестира на различни начини. На пример, едно лице може да доживее чувство на немир во стомакот, друго лице може да има напади на паника, кошмари или пак црни мисли. Анксиозноста се третира со когнитивна бихевиорална терапија, одредени лекови како антидепресиви и седативи, но постојат и неколку начини каде самите можете по природен пат да си помогнете во борбата ...

Страдивариус го освежува својот визуелен идентитет. Со креирање на фонт специјално за брендот, логото се здоби со помодерен, попрефинет и индивидуален идентитет. Имиџот со кој што е креиран Stradivarius во 1994 година претрпе промени, но тој отсекогаш бил верен на своето женско и трансформациско јадро. Новото лого и фонт на Stradivarius ја претставуваат таа модернизирана женственост за која брендот силно се залага, овој пат се појавуваат со ...

Nintendo победи

4 часа - USB - +1
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
72%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 17ᴼ
1.03
80%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.98
51%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
93%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
61%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
73%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
65%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
88%
1016
Currency

61.535

Currency

52.3098

Currency

70.8688

Currency

34.5577

Currency

37.8834

Currency

65.9346

Currency

7.33712

Currency

0.62805

Currency

0.35707

Currency

0.52482

Currency

1.26743

Currency

0.59333