Популарниот шпански бренд Манго во своите колекции редовно нуди модни парчиња кои ги задоволуваат правилата за деловно облекување, во моменталната понуда, во делот наречен Office Looks, ќе најдете неколку есенцијални парчиња за во канцеларија. Класична кошула, добро скроено сако, мантил, тенко плетена блуза, сако од букле, панталони со фалти, се некои од есенцијалните облеки за деловен стил. Има и соодветни обувки како мокасини, чевли со блок-потпетици и класични салонки, големи чанти и футроли за мобилен и лаптоп. Имајте предвид дека стајлинзите на фотографиите од фотосесиите на Манго понекогаш не се соодветни за деловно облекување (на пример, кога содржат бициклистички, мини здолниште, груби патики), бирајте ги само оние парчиња што одговараат на дрескодот на вашето конкретно работно место.
Нема коментари