Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Српскиот гигант Партизан е во потрага по нов тренер откако му врачи отказ на Срѓан Благојевиќ. Според црногорските медиуми, главен и изненадувачки кандидат за “жешкото” столче во Белград е едно добро познато македонско име, Виктор Треневски. Но, за нашите помлади читатели, кој е Виктор Треневски? “Мајсторот” кој го обожаваа “Гробарите” Роден во Скопје во 1972 година, Треневски важи за еден од технички најпоткованите и најинтелигентни ...
На 2 ноември се наврши една година од отворањето на современото игралиште на ФК Аеродром, место што за само дванаесет месеци стана срцето на младинскиот фудбал во општината и симбол на спортскиот дух, дружбата и љубовта кон фудбалот. Од првиот ден по реотворањето, теренот на ФК Аеродром пулсира со младешка енергија. Секојдневните тренинзи, натпреварите, турнирите и бројните спортски настани ја претворија оваа зелена површина во расадник на ...
Историјата на Манчестер Сити е како самата приказна на градот – изникната од прашливи работнички улици, оформена од пожари, потонати надежи и постојано раѓање одново. Она што денес е глобален фудбалски гигант, започнало во 1880 година како мала црковна иницијатива и тим создаден од парохијата Свети Марко во Вест Гортон, предградието на Манчестер. Од црковен тим до Ардвик Фудбалот бил само една од многуте активности организирани за да се ...
Лука Дончиќ повторно покажа зошто е меѓу најдоминантните играчи во лигата. Словенецот запиша трипл-дабл со 29 поени, 11 скока и 10 асистенции, а ЛА Лејкерс ги совладаа Мајами Хит со 130-120, продолжувајќи ја својата победничка серија на три натпревари. Остин Ривс беше фантастичен со 26 поени и 11 асистенции, додека Џејк Ларавија влезе од клупа и донесе енергија со 25 поени и неколку спектакуларни забивања. Иако Лејкерс настапија без Леброн ...
Милан ја издржа бурата: Мањан јунак, Дибала трагичар во дербито! Голема победа за Милан на „Сан Сиро“. Минимални 1-0 против Рома во дербито на колото, но со огромно значење за битката на врвот. Страхиња Павловиќ го постигна единствениот погодок на мечот во првото полувреме, по брз продор на Рафаел Леао и асистенција низ срцето на одбраната. „Росонерите“ потоа се бранеа со дисциплина и трпение, а драмата кулминираше во последните десет минути. ...
Барселона се врати на победничките патеки во Ла Лига. Тимот на Ханси Флик славеше со 3-1 над храбриот Елче на „Олимпискиот стадион Луис Компањс“, со головите на Ламин Јамал, Феран Торес и Маркус Рашфорд. По поразот во „Ел Класико“, Каталонците тргнаа во офанзива уште од првиот свиреж. Деветтата минута донесе ерупција на трибините – младиот Јамал доби топка од Балде и со прецизен удар ја погоди мрежата за 1-0. Само две минути подоцна, Фермин ...
Ерлинг Халанд повторно ја пронајде мрежата – и тоа двапати, за да го врати Манчестер Сити на победнички пат и на второто место во Премиерлигата со триумф од 3-1 над Борнмут на „Етихад“. По поразот од Астон Вила минатиот викенд, со кој ја прекинаа серијата од десет натпревари без пораз, тимот на Пеп Гвардиола одговори на вистински начин со голови, самодоверба и позната ефикасност. Борнмут дури и поведе по само 46 секунди преку Ели Жуниор ...
Трите победи по ред беа брзо заборавени. Њукасл Јунајтед доживеа непријатен пораз од 3-1 на гостувањето кај Вест Хем, ставајќи крај на добрата серија на тимот од северот на Англија. Иако Џејкоб Марфи донесе рано водство во 4. минута, „Чеканите“ направија целосен пресврт. Лукас Пакета израмни (35’), пред несреќниот автогол на Свен Ботман (45’) да донесе водство за домаќините. Томас Соучек (90+7’) го потврди триумфот во судиското надополнување. ...
Италијанецот Јаник Синер го подигна својот прв трофеј на „Ролекс Париз Мастерс“, совладувајќи го Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6-4, 7-6(4) и потврдувајќи дека моментално е човекот кого сите сакаат да го победат. Со оваа победа, Синер не само што стигна до својот петти Мастерс 1000 трофеј, туку и се врати на првото место на АТП листата, позиција што ја загуби претходно во сезоната од Карлос Алкараз. Италијанецот одигра перфектна недела во ...
Вистинска драма на „Бентегоди“! Интер ја продолжи потерата по врвот во Серија А, но мораше да чека буквално до последниот напад за да ја скрши Верона со 1-2. Мечот беше полн со возбудувања и две вистински „магии“. Пјотр Зиелински донесе водство за Интер во 16. минута со спектакуларен волеј по корнерот на Чалханоглу, сместувајќи ја топката под пречката. Верона одговори со слично ремек-дело. Во 40. минута, младиот Жиоване одлично го „измести“ ...
Она што навивачите го пееја, сега е официјално: Вулверхемптон му врачи отказ на својот менаџер, Витор Переира. Катастрофалниот пораз од Фулам (3-0) беше последната капка. Португалецот, кој и самиот го нарече тој настап „најлош“ откако е во клубот , беше испратен со гласни скандирања „утре добиваш отказ“ од сопствените навивачи. Бројките не лажат: Историски најлош старт Агонијата на „Волците“ е тешко да се опише. Тие се апсолутно „заковани“ на ...
Љупче Дориев продолжува со неверојатните настапи во Узбекистан. Македонскиот офанзивец повторно беше човек на одлука за својот тим Согдијана, водејќи ги до убедлива победа од 3-0 на домашен терен против Кизилкум. Струмичанецот го отвори шоуто уште во 14. минута, кога беше прецизен од белата точка за да го отвори резултатот. Тоа не беше сè. Во 34. минута, Дориев влезе во улога на асистент, кога одлично го проигра Рубин Хебај за 2-0. Со овој ...
Големата тројка во Бундеслигата беше сигурна овој викенд. Баерн Минхен рутински го доби дербито со Баер Леверкузен, РБ Лајпциг беше подобар од директниот конкурент Штутгарт, а Борусија Дортмунд минимално славеше на гости кај Аугсбург. Најголемата победа на колото ја забележа Борусија Менхенгладбах, која конечно ја прекина црната серија и тоа со четири гола на гости кај Ст. Паули. (Видео) Баерн Минхен 3-0 Баер Леверкузен Баерн Минхен рутински ...
Саботната вечер ги комплетираше натпреварите во најсилните европски лиги. Реал Мадрид беше апсолутно доминантен, Ливерпул конечно ја прекина лошата серија во Премиер лигата со јубилеј на својата ѕвезда, а Лучијано Спалети имаше успешно деби на клупата на Јувентус. Реал Мадрид 4-0 Валенсија Реал Мадрид не дозволи никакво изненадување и ја декласираше Валенсија со 4-0, останувајќи сигурен на врвот на Ла Лига. „Кралевите“ ја завршија работата ...
Натпреварот од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) меѓу ФК Победа и ФК Шкендија Арачиново, кој заврши со победа на гостите од 0-1, доби грдо “трето полувреме”. Веднаш по завршувањето на мечот, настана хаос кога едно лице се обиде насилно да влезе во соблекувалната на гостинскиот тим. Веднаш подолу следува видеото од инцидентот, кое содржи вознемирувачки и насилни сцени. На снимката се гледа како лицето удира и го крши прозорецот од ...
Килијан Мбапе игра во неверојатна форма, добивајќи сега признание и за изминатата сезона. На крајот од сезоната 2024/25, ѕвездата на Реал Мадрид ја освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец во европските лиги, во избор на „Marca“ и Европските спортски медиуми (ESM). Со 31 гол во Ла Лига, Мбапе го остави зад себе Виктор Ѓокереш од Спортинг (сега веќе од Арсенал) и Мохамед Салах од Ливерпул. Французинот одигра 34 натпревари и помина 2.915 ...
Македонската ракометна репрезентација е поразена од Јапонија со 31-32 во вториот контролен натпревар од ЕХФ неделата. Во полната сала во Куманово, публиката виде вистински ракометен спектакл, кој на крајот им припадна на гостите во драматичен финиш. Ова беше втора проверка за тимот на Кирил Лазаров пред Европското првенство, по првиот меч (од затворен тип) во Скопје, кој Македонија го доби со 29-27. Натпреварот беше полн со осцилации. ...
Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим денес се пласираше на финалето на Мастерс турнирот во Париз откако во тежок меч се избори за победа над Казахстанецот Александер Бублик. Младиот тенисер оваа сезона игра одлично, па успеа да дојде до своето прво финале во Париз, откако победи со 7(7)-6(3), 6-4 во сетови. Но, сега пред него стои најголемиот предизвик, расположениот Јаник Синер. Италијанецот изгледа одлучно да се врати на првата позиција на АТП ...
Саботната програма низ најсилните европски лиги донесе неверојатни возбудувања, одлучувачки голови во судиското надополнување и јубилеј на еден од најдобрите напаѓачи. Имавме драма во Париз, „блицкриг“ на Виљареал и херојски одбранет пенал во Неапол. (Видео) ПСЖ 1-0 Ница Каква драма на „Паркот на Принцовите“. ПСЖ се мачеше против Ница и кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши 0-0, следуваше шок во 90+4. минута. По корнерот на Хвича ...
Во еден од најзначајните потези за заштита на интегритетот на спортот во поновата историја, Данска воведе нов, строг закон со кој се забрануваат реклами за спортско обложување десет минути пред, за време на, и десет минути по преносот на спортски натпревари во живо. Оваа одлука, позната како “забрана од свирче до свирче”, претставува огромен чекор напред во борбата против агресивниот маркетинг на обложувалниците и растечката зависност од ...
Домагој Дувњак, име што е синоним за издржливост, лидерство и врвен ракомет, одамна ги надмина границите на теренот. Неговата кариера е приказна за постојаност на највисоко ниво, со неверојатни индивидуални и клупски успеси кои го вбројуваат меѓу најголемите ракометари на сите времиња. Патот на Дувњак во германскиот ракомет започна пред 16 години, кога како 21-годишен талент пристигна во ХСВ Хамбург. Таму брзо се докажа, освојувајќи ја Лигата ...
И кога надежите по трите последователни победи се зголемија за веќе славниот фан на Манчестер Јунајтед кој рече дека нема да се исшиша дури не победат на пет последователни мечеви, тие денес со нерешениот резултат против Нотингем Форест повторно го вратија од почеток… Сега тој ќе мора да го рестартира бројчаникот и да се врати на нула, иако многумина мислеа дека Нотингем Форест ќе биде лесна пречка на патот, откако имаа лош почеток на ...
Текст на Горан Талевски Јувентус долго време се мачи да ја најде својата ДНК и да се врати на славата што некогаш ја имаше. Во последните години може да се посочат неколку клучни моменти: периодот по пандемијата, но и контроверзниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус, кога почнаа сериозни проблеми што на прв впечаток не беа очигледни, освен ако не се задлабочите во случувањата околу „Старата Дама“. За некои тоа прво предупредување ...
Саботната програма во 10. коло од Премиер лигата донесе многу возбудувања, победи за фаворитите како Арсенал и Челзи, но и драматично реми на Манчестер Јунајтед кај Нотингем Форест. Во петте натпревари од 16:00 часот видовме вкупно 14 голови, пред вечерното дерби во Лондон да ја заокружи програмата со минимална, но исклучително важна победа за гостите. (Видео) Тотенхем 0-1 Челзи Во големото лондонско дерби, Челзи успеа да освои огромни три ...
Првпат по легендарната сезона 1996/97, во срцето на ерата на Мајкл Џордан, “биковите” ја започнаа НБА сезоната со пет победи по ред. Ниту “Бејби Булс” од почетокот на 2000-тите, ниту тимовите предводени од Дерик Роуз, ниту пак поновите состави со Зах Лавин… никој не успеал да ја повтори тој легендарен старт на сезона сè до вечерва. Во славјето од 135:125 над Њујорк Никс, прв триумф за Чикаго во НБА Купот, блесна Џош Гиди со најдобрата партија ...
Лука Дончиќ се врати на паркет по пауза од три натпревари поради повреда и веднаш потсети зошто е еден од најдобрите на светот. Со 44 поени, словенечкиот ас ги предводеше ЛА Лејкерс до победа над Мемфис Гризлис со 117-112. “Чувството е одлично, но победата е најважна”, рече Дончиќ по натпреварот. “Понекогаш тоа значи да постигнувам поени, понекогаш да правам други работи. Целта е секогаш иста – тимот да победи”. Со оваа партија, Дончиќ стана ...
Младиот српски талент Василије Костов, офанзивен играч на средината и еден од најперспективните фудбалери во регионот, го продолжи договорот со Црвена звезда до 2028 година. “Голема чест ми е што го продолжив договорот со ваков голем клуб. Ова е само мотив плус да продолжам со уште подобри игри. Им благодарам на сите во клубот и на стручниот штаб за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам на терен”, изјави Костов по потпишувањето. Тој ...
Во ноќта пред Виз Ер Скопскиот маратон, кога градот е само малку потивок, а стартната линија веќе го чека утрото и илјадниците чекори што ќе ја испишат утрешната приказна, решивме да споделиме една инспиративна маратонска приказна. Приказна што доаѓа од другата страна на светот, но зборува за нешто што секој тркач го носи во себе. Таа почнува во жештината на Токио, каде една млада жена по име Хулија Патернаин ја минуваше целната линија на ...
Последниот километар ја покажа одлучноста, истрајноста и шампионскиот менталитет на нашиот Дарио Ивановски кој успеа да триумфира на овогодинешното издание на Скопскиот маратон! Дарио беше пречекан на финишот со бројни аплаузи и овации, а на сцената по победата тој изјави: “Ова е за Македонија! За сите млади и за сите Македонци. Да покажеме дека и од Македонија има таленти”. Ивановски го истрча маратонот за 2 часа 14 минути и 50 секунди, а во ...
Главниот град денес повторно пулсираше во духот на спортот, а токму во денот кога се одржува Скопскиот маратон, улиците на градот изгледаат како вистинска метропола. Насмеани лица, упорност, лични рекорди, многу внатрешни победи за себе, многу позитивна енергија… токму онака како што заслужува да изгледа нашето Скопје. Оваа година на Скопскиот маратон истрчаа над 14.000 учесници, број кој претставува рекорд и поттик за уште поголемо издание ...