Општински фудбалски сојуз Струмица објави јавен повик до сите млади момци и девојки кои ја сакаат фудбалската игра и сакаат да бидат дел од неа на поинаков начин – како фудбалски судии. Од ОФС Струмица ги повикуваат сите љубители на фудбалот да ја искористат можноста да станат директни учесници во натпреварите, но од судиската страна. Повикот е наменет за млади и амбициозни лица кои имаат желба за личен развој, стекнување нови знаења и ...

Овој викенд беше искористен за да се одиграат пријателските натпревари, а веќе следниот стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Второлигашите имаа доволно време за одмор, за подготовки, одигрување на пријателски натпревари и секако за засилувања односно промени во ростерите. Едно е сигурно, претходно како што пишувавме листата на „отпишани“ второлигаши ја сочинуваат Големо Коњари, Слога Виница и Преспа кои ...

Мулти Есенс со висока и убедлива победа ја отвори 2026 година откако со 22:46 славеше над Шампион, лесно стигајќи до трумф. Од самиот почеток тимот од Автокоманда ја полнеше мрежата на Шампион, кој беше инфериорен да парира и да го запре барем на моменти налетот на Мулти Есенс. Давид Јовчевски со седум погодоци беше прво име кај Шампион, додека пак кај Мулти Есенс Дарјан Ѓоќески беше прв стрелец со девет гола, а пак Јован Петрески имаше осум. ...

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа убедлива победа од 13:38 над Јехона во Гостивар во рамки на 14. коло или прва пролетна рунда. Уште од самиот почеток беше јасно дека домаќинот ќе се соочи со висок пораз, бидејќи на полувреме резултатот беше 4:18. Во вториот дел „лавиците“ играа на рутина и стигнаа до убедливата победа. Со пет погодоци Алтина Хасани беше прво име кај Јехона, кај Ѓорче Петров 2 прво име беше Мирјана Наумоска со пет гола, ...

МЗТ Скопје уште еднаш потврди зошто е водечка сила во македонската кошарка, откако во финалето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“ убедливо го совлада домаќинот МКК Куманово со 70-96. Со овој триумф, аеродромци стигнаа до четвртиот куп-трофеј во низа и вкупно 14-ти во клупската историја. Пред околу 3.500 гледачи во Куманово, неизвесност имаше само во воведните минути, кога резултатот беше израмнет (18-18). Потоа следуваше ...

На едно коло пред крајот на регуларниот дел од Супер лигата, Тиквеш обезбеди место во плеј-офот каде се разигрува за титула и излез во Европа, откако вечерва во „Јасмин“ славеа над Куманово со резултат од 33:26. Пред верната публика во Кавадарци и верните „лозари“ Тиквеш одлично го отвори натпреварот и имаше предност од два до три погодоци, кога при 10:6 успеа да се одлепи и на плус пет, а на полувреме резултатот беше 15:11 и плус четири. Во ...

Третолигашите Лопате и БВК Коњаре денес одиграа пријателски натпревар на кој беа постигнати шест погодоци, но немаше победник – ефикасно реми од 3:3. Натпреварот понуди многу погодоци, шанси и добра игра од двете екипи како проверка за појасна слика пред стартот на пролетниот дел. За Лопате кој е нов третолигаш овој контролен меч беше јасен сигнал дека тимот има одличен напредок и дека во пролетниот дел ќе цели кон што е можно повисок ...

Пелистер го заокружи преодниот рок со ангажман на млад и перспективен фудбалер од Србија. Ново име во зелено-белиот табор е 20-годишниот офанзивен играч за врска Михајло Петровиќ, кој доаѓа на позајмица од ОФК Београд до крајот на сезоната. Петровиќ важи за фудбалер со сериозен развоен пат. Тој е производ на младинската школа на Партизан, каде што ги мина сите возрасни категории, а стигна и до сениорскиот состав. Во досегашниот тек од ...

Второлигашот Каменица Саса загуби на „генералката“ со третолигашот Борец во Велес со минимални 1:0. „Рударите“ имаа шанси кои не успеаја да ги претворат во погодок, стручниот штаб ротираше и пробуваше комбинации како последен тест пред стартот на пролетниот дел бидејќи резултатот беше во втор план. Каменица Саса на стартот од пролетниот дел ја очекува тешко гостување во Кочани дерби на Истокот против Осогово. Од друга страна, Борец ќе има ...

Второлигашот Тетекс за пролетниот дел се засили со осум ново играчи, со кои го подига квалитетот во сопствените редови за остварување на целта во пролетниот дел – опстанок во Втора лига. „Штофарите“ имаа интензивни и успешни подготовки, од управата на клубот и стручниот се задоволни од досегашната работа, како и од одиграните пријателски натпревари, со кои се доби јасна слика за тимот. Нови има во тимот се Амар Хаџибулуќ, Или Зибери, Максим ...

Во сабота (21 февруари) започнува пролетната полусезона во Втората фудбалска лига со натпреварите од 16. коло. Борбата за место во Првата лига, како и за опстанок ќе биде исклучителна неизвесна. Околу битката за опстанок Охрид кој е лидер ќе сака потврда на првото место, Шкендија Арачиново, Брегалница, Беласица и Скопје сакаат директен влез, но само првиот има директен влез, а вториот и третиот ги очекува потешка битка бидејќи треба да играат ...

Викендот започнува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварите од 16. коло. Зимската пауза завршува, до сабота второлигашите ќе имаат можност за последни проверки, откако викендот што измина се одиграа „генералките“ со што тоа беше последен тест за да се провери формата. Во рамки на првото пролетно коло во Струмица ќе се одигра дербито на колото меѓу Беласица и Охрид, Детонит Плачковица во Радовиш го чека ...

Денес се одигра пријателски натпревар во Ношпал меѓу третолигашот Напредок и Големо Коњари, а конечниот исход од истиот беше триумф од 1:2 за второлигашот. Ова беше „генералка“ за Големо Коњари бидејќи веќе следниот викенд започнува пролетниот дел во Втора лига, а Големо Коњари ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица. Александар Кочишки беше единствениот стрелец за Напредок, а пак за Големо Коњари двоен стрелец беше Беким Алими. Успешна ...

По едногодишна пауза, повторно се враќа Меѓународниот летен голмански камп „Пријателство“, кој оваа година ќе се одржи по четврти пат и веќе важи за еден од најреномираните специјализирани кампови за голмани во регионот. Летното издание за 2026 година ќе се реализира од 19 до 25 јуни во Крупањ, Србија, во современ тренинг-центар кој располага со фудбалски терени, базен, теретана и сопствен ресторан. Условите овозможуваат комплетна спортска ...

Фудбалерите на Силекс приредија вистински подвиг во 18. коло од ПМФЛ, откако на гостувањето кај Струга Трим Лум славеа со 2-3 по драматичен пресврт во самиот финиш. Домашните двапати водеа, но бодовите заминаа за Кратово. Стружани први зададоа удар во 22. минута. По одлична акција, Марјан Радески со прецизен удар од дистанца ја погоди мрежата на Џеков и донесе предност од 1-0. До паузата домаќините ја контролираа играта, но не успеаја да ја ...

Со мечевите од 14. коло беше отворен пролетниот дел во Првата женска ракометна лига, а каде беа постигнати две убедливи гостински победи. Непоразениот лидер Атлетик лесно стигна до победата во Свети Николе каде со 18:28 го доби Овче Поле СУ. Домаќинот имаше катастрофално прво полувреме во кое постигна скромни пет погодоци. Атлетик мечот го отвори со неверојатна серија од 0:6, домаќинот се обидуваше да се разбуди од „зимскиот сон“, но не ...

Вардар со висока победа во Штип го отвори пролетниот дел во Супер лигата откако славеше со 31:43 над Астибо во рамки на 14. коло. Натпреварот понуди возбудливо и израмнето прво полувреме, со игра гол за гол и менување на водството. Астибо со голот на Анчева го отвори резултатот во „Тошо Арсов“, потоа Вардар дојде до водство од 2:4. Во 18. минута од натпреварот Астибо дојде до предност од еден гол 11:10, а имаше и водство и при 14:13 во 25. ...

Лидерот во ПМФЛ, Вардар, продолжува со сигурните изданија сезонава, откако во рамките на 18. коло како гостин го совлада градскиот ривал Работнички со убедливи 3-0. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ и целосно мина во знакот на „црвено-црните“. Вардар тргна офанзивно уште од првиот свиреж. По една течна акција по левата страна, Азер Омерагиќ испрати топка во петерецот, а Горан Закариќ во 8. минута ја смести ...

Струга Трим Лум со пораз ја отвори пролетната полусезона во Првата лига, откако загуби во дербито од Шкендија во Тетово. Младинскиот репрезентативец Меметриза Хамза вели дека добро го анализираше Силекс и се надева дека ќе ги освојат трите бодови. „Подготвени сме и за овој натпревар, исто како и за претходните. Силекс го анализиравме доволно и се надеваме дека на крајот ќе ги освоиме сите три бода. На почеток сме од пролетниот дел од ...

Работнички е во тешка ситуација за опстанок во Прва лига, а пролетниот дел го отвори со тежок пораз од 4:1 во Битола од Пелистер, а веќе денес го очекува тежок меч со Вардар. Капитенот на Работнички, Бесир Демири вели дека продолжуваат на секој натпревар да се борат за својата цел, а притоа вели дека натпреварот со Вардар ќе биде мотивација да одиграат најдобро што можат. „Продолжуваме да се бориме и на секој нареден натпревар ќе даваме ...

Лидерот во ПМФЛ, Вардар денес игра градско дерби со Работнички, а мечот ќе се игра на стадионот на ФФМ. Вардар по одличното отварање на пролетниот дел против Арсими со 5:1 ќе цели кон нов триумф. Играчот за врска, Димитар Тодоровски, очекува нова добра претстава од својот тим и триумф, иако секогаш има посебни емоции кога игра против Работнички. „Секако дека кога играм против мојот некогашен клуб буди некакви емоции. Во Работнички пораснав, ...

Второлигашот Детонит Плачковица за пролетната полусезона се засили со големиот талент Емир Шаботиќ, кој доаѓа од школата на скопски Вардар. Станува збор за 18-годишен везен фудбалер, кој ги има поминати сите младински категории на Вардар, а кој веќе имаше настап за радовишкиот второлигаш на пријателскиот натпревар со Кожуф во Валандово. Стратегот Горан Здравков во ростерот добива млад и талентиран фудбалер, кој ќе биде вистинско освежување за ...

Силекс денес покрај Охридското Езеро ќе се соочи со Струга Трим Лум, каде и двете екипи ќе целат кон прва победа во пролетниот дел, откако Силекс ремизираше со Башкими, а пак Струга загуби на дербито во Тетово со Шкендија. За тимот од Кратово овој меч е последна шанса за да фати приклучок кон првите три места, а токму и дефанзивецот Ѓорге Џеков вели дека се надеваат дека во Кратово ќе се вратат со бодови. „Одиме во Струга да се надигруваме, ...

По убедливата победа на Охрид против Дукла Прага со 30-21 во „Билјанини Извори“, вниманието веќе се свртува кон реваншот во Прага. Домашната победа им даде силна предност на „гладијаторите“, но тренерот Борис Ројевиќ е свесен дека вториот натпревар ќе биде сосема нов предизвик. Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, искрено ја оцени играта на својот тим и потенцира дека и покрај резултатот, постојат области кои бараат подобрување, особено со ...

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров со убедлива победа над Спартак од 35:21 го отворија пролетниот дел во Супер лигата. По петнаесет минути игра „лавиците“ имаат предност од 8:5, а потоа Спартак дојде до минус два при 12:10, по тоа Ѓорче Петров до крајот на првиот дел направи плус седум односно серија од 5-0 за 17:10 на полувреме. Во вториот дел разликата постојано растеше до конечните 35:21 за висока победа над Ѓорче Петров. Прв име кај ...

И покрај убедливиот триумф на Охрид со 30-21 во „Билјанини Извори“, во таборот на Дукла Прага не изостанаа пофалбите за домашниот состав и атмосферата во салата. Чешкиот тим се соочи со расположен голман, цврста одбрана и мотивиран противник, што беше пресудно во првиот осминафинален дуел од Европскиот куп. Пивотменот Кристијан Дуда, кој постигна четири гола на натпреварот, во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, истакна дека очекувале тежок ...

Беласица загуби на меѓународната „генералка“ од екипата на Септември Симитли со резултат од 0:1. Бугарскиот тим беше подобар во Струмица благодарение на голот на Симеон Димитров. Двете екипи имаа свои шанси, но само еден погодок го реши натпреварот кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“. Тренерот на Беласица, Панче Стојанов, како и тренерот на Септември Симитли, Петар Костурков добија јасна слика за формата на екипи пред продолжението од ...

ГРК Охрид направи огромен чекор кон четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, откако во „Билјанини Извори“ убедливо ја совлада Дукла Прага со 30-21 и обезбеди високи плус девет пред реваншот во Прага. Охриѓани одиграа зрело, трпеливо и доминантно во текот на целиот натпревар. Од самиот старт ја наметнаа својата игра, поведоа со 6-0 и ја диктираа динамиката, додека блескавата форма на Пилиповиќ беше дополнителна сигурност меѓу стативите. И покрај ...

Ракометарките на Драчево Јуниор со убедливи 37:29 славеа над Аеродром во рамки на првата пролетна рунда во Првата ракометна лига. Играта гол за гол беше карактеристична некаде до 15. минута од мечот, кога Драчево Јуниор започна да гради резултатска предност односно плус четири при 14:10, а на полувреме предноста беше 17:13. Во вториот дел Аеродром го губеше резултатскиот чекор и немаше сили за изненадување, па го загуби мечот со осум разлика ...

Денес во струмичко Куклиш се одигра пријателскиот меч меѓу Тиверија Брера и шампионот Љуботен кој заврши со резултат од 1:3 за тимот од Тетово. Натпревар со четири погодоци и можност за стручните штабови да добијат појасна слика околу формата за пролетниот дел на двете екипи. Тиверија Брера ќе цели кон што повисок пласман на самата табела, а пак Љуботен го очекува борба за одбрана на шампионската титула. За Љуботен двапати погоди Улза ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
5.19
37%
1009
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
65%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.21
50%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.75
55%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.85
51%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
2.39
74%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.58
51%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.66
40%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.46
66%
1010
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
60%
1008
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
3.58
46%
1009
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
1.5
59%
1008
Currency

61.6417

Currency

53.9926

Currency

72.1543

Currency

37.4974

Currency

38.1354

Currency

66.8745

Currency

7.954

Currency

0.70759

Currency

0.33258

Currency

0.52535

Currency

1.15339

Currency

0.56551

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.15

Паладиум

38323.69

Иридиум

234700.45

Калај

53.10

Платина

50380.22

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Сребро

1881.32

Бакар

12.25

Злато

129927.60