По убедливата победа над РК Тинекс Пролет со 39-23 во последното коло од регуларниот дел на Супер Лигата, голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески, кој зад своето име запиша 13 одбрани, во разговор за Спортска Мрежа, го анализираше натпреварот, завршницата од домашниот шампионат и европскиот предизвик што следува. За мечот со Пролет Блажески потенцира дека и покрај густиот распоред и заморот од европските обврски, смета дека тимот одговорил на ...

Тиверија Брера денеска забележа голема победа од 2:1 над актуелниот шампион Љуботен во натпревар од 16. коло на Првата женска фудбалска лига. Голема заслуга за триумфот имаше голманката Викторија Панчурова, која ја носи и капитенската лента на тимот од Струмица. По натпреварот, Панчурова, која го чува и голот на македонската репрезентација, истакна дека по поразот од Каменица Саса во претходното коло, успеале за само два дена да се издигнат ...

Забавна рубрика „На полувреме со…“ на Спортска Мрежа има за цел да ги запознава спортистите на еден поинаков начин односно преку повеќе забавни прашања. Овој пат на „полувреме“ дојде Томче Трајчевски, ракометар на Радовиш, со кого зборуваме за многу теми… Томче низ неговата кариера настапуваше за повеќе клубови, во моментот го носи дресот на Радовиш, а претходно беше дел од Преспа, Металург Јуниор подоцна Јуниор Кисела Вода и Прилеп. Одиме со ...

По европската приказна и обезбедениот пласман меѓу осумте најдобри во ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на ГРК Охрид покажаа дека формата не е случајна. Во последното коло од регуларниот дел на Суперлигата, охриѓани убедливо славеа на гостувањето кај РК Пролет 62 со 39-23 и испратија силна порака пред стартот на плеј-офот. Уште во првото полувреме беше јасно во кој правец ќе се движи натпреварот. Охрид ја презеде контролата од самиот почеток, ...

Вонредното 16. коло во Првата женска фудбалска лига го донесе големото дерби во Струмица, каде Тиверија Брера успеа да го „сруши“ актуелниот шампион со 2:1, а со тоа и да се искомплицира битката за одбрана на титулата на тетовскиот тим. По првото полувреме без голови, вториот дел донесе вистинска драма. Розита Пецева во 69. минута го отвори резултатот за домаќинките, но радоста траеше кратко – Улза Максути во 78. минута израмни на 1:1. ...

Уште една историја денес се испиша во Купот на Македонија откако второлигашот Охрид обезбеди полуфинале совладувајќи Вардар преку пенал рулетот, откако во регуларниот дел беше 1:1. Бранителот на Куп трофејот Вардар е исфрлен од Купот на Македонија, „рибарите“ направија сензација пласирајќи се во полуфиналето за голема клупска историја. Едно е сигурно – Македонија ќе има нов освојувач на Купот на Македонија. Резултатот го отвори Вардар преку ...

Второлигашот Шкендија Арачиново испиша историја откако успеа да обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија откако со 3:1 го совлада прволигашот Работнички. Тимот од Арачиново кој го води искусниот стратег Љупчо Марковски – Калц уште еднаш ги исфрла „романтичарите“ од Купот, откако минатата сезона уште во првото коло од Купот беше исфрлен Работнички, а тогаш Шкендија беше третолигаш. Натпреварот се играше во Куманово на стадионот ...

Ракометарите на ГРК Охрид го добија својот противник во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп. По денешната ждрепка одржана во Виена, јасно е дека охриѓани ќе се соочат со грчкиот претставник Олимпијакос во борбата за место меѓу најдобрите четири во ова натпреварување. Првиот натпревар ќе се игра во Атина на 27 или 28 март, додека реваншот е закажан за 4 или 5 април во салата „Билјанини Извори“, каде што охриѓани ќе имаат шанса пред својата ...

Од овој викенд стартува плеј-аут сегментот каде ќе се разигрува за опстанок во ракометната Суперлига. Тука една работа е речиси јасна и сигурна, а тоа е дека Радовиш кој без бодови го отвара овој сегмент е прв кандидат за испаѓање, а и со фактот што тимот не донесе значајни засилувања и реши да се потпира на млади ракометари кои немаат искуство, веќе се „предава“ во битката за опстанок. Битката ќе биде за да се избегне претпоследното место ...

По 19 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига Вардар останува непоразен лидер со 51 бод на своето конто, плус шест повеќе во однос на актуелниот шампион Шкендија кој е втор со 45 бодови. Струга Трим Лум е трета со 42 бодови, а пак Силекс останува на четвртото место со 42 бодови. Веднаш следува драстичен пресек на табелата и надолу ниту една екипа не е сигурна со опстанок. Башкими е петти со 26 бодови, а пак Арсими е шести со 25 ...

По комплетирање на десеттото коло или првата пролетна рунда го имаме и конечниот изглед на табелата во Првата футсал лига. Непоразениот лидер Проект останува перфектен со учинок десет од десет и максимални 30 бодови на своето конто. Некогашниот шампионот од Јосифово има плус шест во однос на Кеги Моби кој е втор со 24 бодови и како и што најавувавме претходно, шампионската титула речиси сигурно патува кон Јосифово. Шампионот Форца сега е на ...

Екипата на СЕЕ Университи славеше над Фудбал Старс во Кочани во рамки на 11. коло на Втората футсал лига со резултат од 4:6 со што трите бодови одат на контото на тетовскиот тим кој сега избива на второто место кое го дели со Каршиака, а благодарение на триумфот на Кратово над Црна Река. Дефинитивно се „разгорува“ битката за првите две позиции кои водат кон Првата македонска фудбалска лига. Во првиот дел беа постигнати три гола за водство на ...

Вечерва се комплетираше 10. коло на Првата футсал лига, со два меча. Бутел на домашен терен прокнижи три бодови, откако го доби Клими со 2:0 и победнички го отвара пролетниот дел. Стрелци во победата за скопскиот тим беа Владимир Трендафиловиќ и Андреј Јаневски, со што целиот „плен“ останува дома. Големо изненадување вечерва се случи во Крива Паланка каде Шкупи со 4:6 славеше многу важен триумф над Осогово во тешката битка за опстанок во ...

Утре се играат натпреварите од вонредното 16. коло на Првата женска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата мечевите. Дербито ќе се игра во Струмица каде Тиверија Брера ќе игра против шампионот Љуботен на теренот со вештачка трева со почеток од 13 часот. Главен судија на овој меч ќе биде Доне Ристовски, а негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров, а пак контролор ќе биде Ѓорги Карајанов. Речица на ...

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судии за четвртфиналето од Купот на Македонија. ФК ВАРДАР – ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС ФФМ- Терен на Фудбалска Федерација на Македонија (Скопје) | 24.02.2026 | 14:00 часот Судија: Пилешков Димитар (Штип) Прв помошен судија: Ѓурковски Александар (Куманово) Втор помошен судија: Дејаноски Мартин (Скопје) Четврти судија: Стојанов Стојанче (Штип) ВАР: Илиоски Влатко (Прилеп) АВАР: Трајков Борис (Прилеп) ...

Второто коло од ТОП 8 фазата во Првата македонска лига донесе убедливи победи за фаворитите и целосно израмнување на самиот врв на табелата. По осум одиграни кола, дури четири екипи имаат идентичен ефект од 5 победи и 3 порази. Струмица 2001 сигурна против Водно санс Струмица 2001 славеше над Водно санс со 102:80, иако гостите го добија првиот период со 24:21. Домашните направија пресврт до полувремето (52:43), а со одлична трета четвртина во ...

Тиквеш ја продолжи позитивната серија оваа пролет и со победа се врати од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров (0-1) во рамки на 19. коло од ПМФЛ. Кавадарчани со новите бодови се искачија на седмото место на табелата и направија значаен чекор во борбата за опстанок. Гостите беа поагресивни и поиницијативни во првото полувреме, но не најдоа начин да го совладаат расположениот Ристо Јанков, кој интервенираше во неколку наврати и ја одржа ...

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, беше донесе одлука за мечот меѓу Вардар и Башкими, каде казна доби Вардар. „Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и ...

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, се разгледуваше и натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Преспа од 16. коло на Втората лига. „Дисциплинската комисија отвора постапка против делегатот на натпреварот ФК ШКЕНДИЈА Арачиново – ФК ПРЕСПА поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со ...

По големата победа над чешка Дукла Прага и обезбедениот пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на ГРК Охрид повторно го насочуваат фокусот кон домашниот шампионат. Во рамки на 22. коло од Супер лигата, охриѓани му гостуваат на РК Пролет 62 во салата „Македонско сонце“, во последното коло пред стартот на плеј-офот. Натпреварот доаѓа во специфичен момент – веднаш по европскиот успех, но и пред завршниот дел од сезоната во ...

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица нема да може да го одигра четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против прволигашот Силекс на Градскиот стадион во Радовиш. Причината е тоа што стадионот нема ВАР-технологија, која согласно пропозициите е задолжителна од оваа фаза на натпреварувањето. Во Втората лига ниту еден стадион нема ВАР-технологија, бидејќи истата не се применува во второлигашкиот шампионат. Од таа причина и второлигашот ...

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната, во просториите на Ракометна федерација на Македонија беа извлечени броевите за плеј-оф фазата во машката Суперлига. Битката за титулата и местата што водат во Европа започнува на 28. Февруари, а уште првото коло носи сериозни возбудувања и дерби-пресметки. Според бергеровиот систем, сезоната ќе кулминира со неколку големи дербија, а најголемото – меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер – е закажано ...

Шкендија успеа да слави во рамки на 19. коло во Првата лига, откако го совлада Силекс во Кратово со 1:2. Тамба (17’) и Зејнулаи (89’) ги постигнаа головите во победата на Шкендија во Кратово, додека домаќините реализираа преку Бутуровиќ на крајот од првото полувреме (45’). Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири по мечот за клупскиот сајт зборуваше за мечот во Кратово, победа која е многу важна во трка за титулата, теренот и предизвиците кои ...

Ивана Кметовска е најкорисната кошаркарка на финалниот турнир во Македонска Каменица. Актуелната македонска репрезентативка одигра два одлични натпревари, и апсолутно заслужено ја доби главната индивидуална награда на турнирот. Иако предвреме го напушти финалето, поради пет лични грешки, македонската репрезентативка го заслужи главното индивидуално признание. Во финалниот меч, реализираше 24.поени со висок процент на реализација во обидите за ...

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте повторно се поврзува со трансфер во Македонија. Според информациите на специјализираниот ракометен портал „Handballia“, искусниот десен бек би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Алкалоид. Како што наведува словенечкиот медиум, во македонските ракометни кругови се шпекулира дека Алкалоид бара засилување во бековската линија – ракометар со искуство и силен шут, а Цехте се вклопува во тој ...

Кошаркарките на Баскет Кам стигнаа до нов историски успех, откако во финалето од Купот на Македонија славеа над Крива Паланка со 74-68 и го подигнаа четвртиот трофеј во ова натпреварување. На 34. издание од завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“, одигран во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, домаќинот уште од стартот покажа дека е решен да го одбрани домашниот терен. Со цврста одбрана и сигурен напад, Баскет Кам по првите ...

Фудбалскиот клуб Победа продолжи со натпреварување во Втора македонска фудбалска лига, иако претходно преку официјално соопштение информираше дека поради очајната финансиска состојба не е во можност да ја продолжи сезоната. Ваквата ситуација го вклучи „црвениот аларм“, по што целиот фудбалски Прилеп се крена на нозе. Во изминатиот период се одржаа јавни собири на кои прилепчани се мобилизираа за спас на клубот и негово продолжување со ...

Младиот фудбалер Исмаил Бектеш го направи првиот меѓународен трансфер во неговата кариера, го напушта македонскиот фудбал и се пресели во Косово, каде ќе настапува за екипата на Трепча. 21-годишниот десен бек во Трепча доаѓа од редовите на второлигашот Вардар Неготино, а низ неговата кариера има настапува и за Победа, Новаци, Каменица Саса, Тетекс, Македонија ЃП и Работнички. Се работи за млад и талентиран фудбалер, кој треба да биде големо ...

Денес во Свети Николе се одигра пријателски натпревар меѓу третолигашите Овче Поле и Брегалница од Делчево, на кој имаше два погодоци, но немаше победник, реми од 1:1. Овој меч беше можност за тренерите на двете екипи да видат како оди подигањето на формата. Стрелец на голот за тимот од Делчево беше новото засилување Христијан Крстов кој го имаше деби голот за новиот клуб. За тимот од Свети Николе стрелец на голот беше Роберто Андов. Во рамки ...

ГРК Охрид продолжува да ја живее својата европска приказна од соништата. Со две убедливи победи над Дукла Прага (30-21 и 30-24), охриѓани изборија место меѓу осумте најдобри во ЕХФ Европскиот куп – најголем клупски успех на меѓународната сцена. Тимот на Борис Ројевиќ во Прага покажа зрелост и карактер, не дозволувајќи драматичен пресврт и рутински го потврди пласманот. Со вкупна предност од +15, „гладијаторите“ испратија силна порака дека не ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
6.32
30%
1008
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
66%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.23
48%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.85
36%
1010
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
8.27
47%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
2.27
76%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
4.02
52%
1009
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.54
38%
1011
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.42
40%
1009
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
59%
1008
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
42%
1009
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 26ᴼ
0.77
52%
1008
Currency

61.6417

Currency

53.9926

Currency

72.1543

Currency

37.4974

Currency

38.1354

Currency

66.8745

Currency

7.954

Currency

0.70759

Currency

0.33258

Currency

0.52535

Currency

1.15339

Currency

0.56551

Паладиум

38323.69

Цинк

0.00

Алуминиум

3.15

Бакар

12.25

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Иридиум

234700.45

Платина

50380.22

Калај

53.10

Злато

129927.60

Сребро

1881.32

Рутениум

49029.89