Екипата на Илинден сериозно го отвара трансфер пазарот откако го договори потписот на искусниот Дарио Десниќ, кој беше промовиран во дресот на третолигашот кој ќе има амбиции да обезбеди влез во Втора лига. Десниќ доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново, претходно 32-годишниот фудбалер настапуваше за Куманово, Вардар, Скопје, Борец, Кадино, Тетекс, Силекс. Со тимот од Арачиново обезбеди промоција од Трета лига – Север во ...

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во редовите на „гладијаторите“ е искусниот лев бек Филип Талески. Триесетгодишниот ракометар стави потпис на договор за сезоната 2026/27, со можност соработката да биде продолжена и за уште една година. Во охридскиот тим ќе го носи дресот број 28. Талески во Охрид пристигнува од унгарска Татабања, а зад себе има богата интернационална кариера. ...

Раководството на ФК Пелистер го потврди ангажманот на искусниот фудбалер Мартин Мирчевски, кој по неколку години повторно се враќа во матичниот клуб каде што ги направи своите први фудбалски чекори. Дваесет и деветгодишниот офанзивец зад себе има богата домашна и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Беласица, Вардар, Брера Струмица и Силекс, додека во странство го носеше дресот на српскиот ТСЦ Бачка Топола и на босански ...

ФК Арсими продолжува со активностите на трансфер-пазарот и го потврди новото засилување за сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот од Чегране е искусниот играч за врска Ибрахим Олаосебикан. 26-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на Вардар, каде минатата сезона запиша 20 настапи. Олаосебикан претходно остави добар впечаток и во македонскиот шампионат со дресот на Брера, каде имаше две успешни сезони. Нигерискиот ...

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Камјани се засили со Веби Ислами, кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на прволигашот Струга Трим Лум. Минатата сезона Ислами настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Кожуф од Гевгелија, а во сезона 2026/2027 ќе го носи дресот на Камјани. Ислами кариерата ја започна во тетовска Шкендија, а потоа премина во редовите на Струга Трим Лум, од каде минатата сезона ...

Прволигашот Скопје кој обезбеди враќање во Првата македонска фудбалска лига ги започна подготовките за новата сезона со првиот тренинг на стадионот „Железарница“ во Автокоманда. „Пиратите“ кои минатата сезона го освоија второто место во Втората лига преку бараж совладувајќи ја Брера Струмица обезбедија промоција во елитата. Од клубот истакнаа дека со максимална посветеност и напорна работа влегуваат во новите предизвици. „Со максимална ...

Добри вести за ЖФК Љуботен. Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија повеќе не се наоѓа под забрана за регистрација на нови фудбалерки, откако ФИФА ја укина блокадата за трансфери. Со ова, тетовскиот клуб во целост е тргнат од „бан листата“ и повторно може слободно да регистрира нови засилувања во летниот преоден рок, со што добива можност да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона. Според ...

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а најновите потврдени потези се продолжувањето на соработката со тројца фудбалери кои и понатаму ќе го носат зелено-белиот дрес. Искусниот Христијан Грозданоски останува дел од битолскиот клуб и во наредниот период, носејќи дополнителна сигурност и искуство во составот. Од Пелистер истакнуваат дека неговиот квалитет, професионален однос и долгогодишно искуство ...

Второлигашот Новаци денес ги започна подготовките за новата сезона која ќе започне на 15 август, откако новиот шеф на стручниот штаб Иван Варадиновски денес ја имаше првата прозивка со која се означи почеток на летните подготовки. Клубот досега официјално се засили со Петар Гугуљанов и Кирил Стојков кои во пакет пристигнаа од Кожуф, а во следниот период се очекува уште некое засилување. Носителите на играта односно костурот на тимот е ...

Македонскиот футсал шампион Проект ги доби противниците за настапот во прелиминарната рунда од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, по денешната ждрепка што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион. Тимот од Јосифово ќе игра во исклучително силна група, каде за ривали ќе ги има шампионите на Словенија – Врхника, Австрија – Атлетик Грац и Израел – Макаби. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 25 до 30 август. Од клубот ...

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го започна формирањето на тимот за новата сезона со ангажманот на првото летно засилување. Нов член на „сино-белите“ е македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, кој официјално го стави потписот на договорот со клубот. За 26-годишниот бек-шутер ова е враќање во добро позната средина, откако претходно беше дел од МЗТ Скопје во сезоната 2018/19. Во продолжение на кариерата настапуваше за Академија ...

Нови предизвици, нови европски возбудувања и големо враќање на меѓународната сцена за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Клубот официјално потврди дека во сезоната 2026/27 повторно ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, со што по пауза од две ипол децении се враќа во ова европско натпреварување. Покрај настапите во АБА2 лигата и домашното првенство, „сино-белите“ ги очекува и европска авантура во која ќе се соочат со квалитетни противници од ...

Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола одбележа значаен јубилеј – 11 години од своето основање, период во кој клубот од скромен почеток прерасна во препознатлива спортска приказна во која место имаат повеќе од 120 млади фудбалери и фудбалерки. Клубот својата приказна ја започна во 2015 година со дваесетина деца и само еден тренер, а денес функционира со четворица тренери кои работат на развојот на новите генерации. Јубилејот беше одбележан на ...

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките на Женскиот ракометен клуб „Струга 2024“, кои зад себе имаат успешна сезона, крунисана со освоеното трето место. На приемот, градоначалникот им честиташе за одличниот резултат и им посака уште поголеми спортски успеси во периодот што следува, истакнувајќи дека нивниот успех претставува гордост за Струга и пример за младите спортисти. Во разговорот со ракометарките, ...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирањето на составот за новата сезона, а во своите редови ги доведе Божидар Илиески и Кристијан Симоноски. Најново засилување на тимот предводен од Ангеловски е средниот бек Божидар Илиески, кој во досегашната кариера настапуваше за Прилеп и Алкалоид. Во битолскиот клуб веруваат дека станува збор за ракометар со голем потенцијал, кој во иднина би можел да се избори и за место во првиот тим ...

Машката јуниорска репрезентација на Македонија со победа ги започна контролните натпревари во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни обврски. Во првиот тест, одигран во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ја совладаа селекцијата на Косово, иако по првата четвртина имаа негатива од 20 поени. Гостите отворија одлично и по десет минути игра поведоа со убедливи 34:14. Нашата ...

Фудбалерите на Силекс ги работат последните подготовки во Бугарија, каде утре ќе го одиграат првиот меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА против белоруски Динамо Минкс. Избраниците на Александар Васоски се подготвуваа во Охрид, каде одиграа и пријателски меч против Динамо Тирана. Силекс веќе е на бугарско тло каде ги има последните подготовки утре првиот европски предизвик. Мечот против Динамо Минкс е закажан за утре од 19 ...

Пелистер Битола продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално потврди дека четворица фудбалери ќе ја продолжат соработката со битолскиот состав. Нов договор со Пелистер потпишаа Кире Ристевски и Стефан Спировски, кои со своето големо искуство треба да имаат значајна улога во тимот во новата натпреварувачка сезона. Покрај нив, верност кон зелено-белите бои продолжија и младите фудбалери Јован Мрмачовски и Натаниел ...

Вардар не успеа со позитивен резултат да ја започне европската авантура во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион на Арената „Тодор Проески“ загуби со 0:2 од финскиот првак КуПс, кој со оваа предност ќе патува на реваншот. Пред околу 4.000 гледачи, Вардар имаше неколку обиди преку Горан Закариќ и Бобан Николов, но не успеа да ја најде мрежата на противникот. Клучниот момент се случи во финишот на првото полувреме, кога КуПс поведе по ...

Охрид ќе ја започне одбраната на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп од второто квалификациско коло, а противникот ќе го дознае по ждрепката, кога ќе биде јасно кој ќе му се најде на патот меѓу победниците од првата рунда и екипите што директно се пласирани во второто коло, но не се носители. Како актуелен освојувач на трофејот, македонскиот претставник ќе има статус на прв носител на ранг-листата за новата сезона, што значи дека до осминафиналето ...

Еурофарм Пелистер ќе биде македонскиот претставник во групната фаза од Лигата на Европа во новата сезона, додека ГРК Охрид ќе ги продолжи настапите во ЕХФ Европскиот Куп. Битолскиот тим ќе биде сместен во првиот шешир пред ждрепката за групите, која е закажана за 17 јули. Првите натпревари во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се играат на 29 и 30 септември. Местото во Лигата на Европа му припадна на Еурофарм Пелистер откако ...

Третолигашот БВК Коњаре ќе има високи амбиции за следната сезона, откако клубот го промовираше Јусуф Алиу, а ја продолжи соработката со Руфат Чилафи. Се работи за искусни фудбалски имиња со кои значително се подига квалитет во сопствените редови, потврда дека БВК Коњаре ќе цели на прво место и шампионски пехар во Трета лига Регион 1 и обезбедување на бараж за Втора лига. Алиу кој има 25 години кариерата ја започна во Шкупи, од каде потоа ...

Бутел Скопје продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најнови засилувања во редовите на суперлигашот се младите ракометари Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев. Двајцата имаат по 19 години и потпишаа договори со клубот на две сезони, со што ќе го носат дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година. Ѓорѓески игра на позицијата лев бек и пристигнува од Алкалоид, додека Аксентиев настапува како десен бек и доаѓа од Мулти Есенс. Со ...

Новиот шеф на стручниот штаб на Беласица, Мартин Алаѓозовски за утре (8 јули) ја закажа прозивката, со што струмичкиот второлигаш ќе ги „запали моторите“ и ќе започне со подготовки за новата сезона. Подготовките ќе се реализираат во Струмица, а планирано е да се одиграат пет до шест пријателски натпревари за проверка на формата, а противниците за истите дополнително ќе бидат објавени. Засега Беласица се засили само со Димитриј Димитриевски и ...

22-годишниот централен напаѓач Аљбан Мемеди се раздели со штипска Брегалница, а со тоа ќе има нов клуб за следната сезона. Фудбалерот кој зимава пристигна во Брегалница стана шампион со „сините“ во Втора лига и обезбеди влез во Првата македонска фудбалска лига со штипјани. Низ неговата кариера го носеше дресот покрај за Брегалница и на Кожуф, Башкими, Воска Спорт, Детонит Плачковица, Шкендија, Милано од Куманово, а меѓународна кариера градеше ...

Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски клуб ја продолжи соработката со уште три фудбалери. И во новата сезона дресот на Ржаничино ќе го носат Петре Тасевски, Симеон Здравковски и Халил Калач. Претходно како што објави Спортска Мрежа, клубот кој ќе се натпреварува во Трета лига Регион 1 ја продолжи соработката со Огнен Здравковски и Иван Мицевски, а се засили со Стефан Богдановски. ...

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во редовите на прволигашот од Чегране е младиот и перспективен напаѓач Иван Глигоров. 22-годишниот напаѓач доаѓа од редовите на второлигашот Охрид, каде беше најдобар стрелец со постигнати 20 погодоци овозможувајќи им на „рибарите“ и историско полуфинале во Купот на Македонија. Глигоров стави потпис на двегодишен договор со Арсими, со што одлучи да го ...

Пелистер продолжува со промените во играчкиот кадар пред почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Битолскиот клуб официјално потврди дека по истекот на договорите завршува соработката со шестмина фудбалери. Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим. Во своето обраќање, клубот им се заблагодари ...

Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот период ќе одигра повеќе контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона. Првата проверка за кавадаречкиот прволигаш е закажана за утре, кога силите ќе ги одмери со ФК Балтика, клуб кој се натпреварува во руската Суперлига. Од клубот информираат дека натпреварот ќе започне во 17:00 часот по македонско време, односно во 18:00 часот по локално време во ...

Прволигашот Арсими продолжува со засилувањата за новата сезона, а денес беше претставен Ѓорѓи Дошев како најново име кое доаѓа во клубот од Чегране. Се работи за дефанзивен играч за врска кој доаѓа од редовите на Брера Струмица, а во текот на својата кариера има настапувано и за Македонија ЃП и Вардар. Досега има забележано 42 настапи во Првата македонска фудбалска лига, со еден меч во Купот на Македонија или вкупно 2031 минута поминати на ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
37%
1012
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
6.9
56%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
86%
1015
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
41%
1013
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.5
41%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
85%
1015
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
1.34
50%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 29ᴼ
1.03
44%
1013
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
37%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
74%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
8.75
62%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
73%
1010
Currency

61.4661

Currency

52.552

Currency

71.7053

Currency

37.6693

Currency

38.1517

Currency

65.6009

Currency

7.81878

Currency

0.63563

Currency

0.33059

Currency

0.5228

Currency

1.09392

Currency

0.54913

Иридиум

252383.36

Сребро

2217.98

Алуминиум

3.25

Калај

56.16

Паладиум

42792.64

Цинк

0.00

Злато

147970.60

Рутениум

53852.50

Родиум

282926.57

Кобалт

56.29

Платина

60346.95

Бакар

13.22