Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново засилување. Се работи за искусен фудбалер со големо домашно и меѓународно искуство и треба да биде главен адут на БВК Коњаре, клуб кој ќе цели кон влез во Втора лига. 38-годишниот фудбалер последно настапуваше за Рамалиа од Куманово, а беше дел од Шари во Косово, Борец, Вардар Неготино, Локомотива, Беса од ...
Со реорганизацијата на Третата македонска фудбалска лига беше воведен шести регион, кој всушност е скопски регион со екипи кои гравитираат од главниот град на државата. Официјално сите екипи и натаму не се познати, би требало во следниот период да биде познато кои екипи ќе се натпреваруваат, но оние екипи кои минатата сезона беа дел од Трета лига – Север и сигурно ќе настапат во Регион 1 за следната сезона веќе активно работат на трансфер ...

