Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Иако не успеа да ја продолжи својата авантура во квалификациите за Лигата на шампионите, Вардар останува на европската сцена. По драматичната елиминација од фински КуПС, „црвено-црните“ европскиот пат го продолжуваат во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, каде за противник ќе го имаат шампионот на Летонија – Рига. Летонскиот претставник исто така пристигнува во ова натпреварување по елиминацијата од квалификациите за ...
Денес второлигашот Еуромилк ГЛ и прволигашот Шкендија Арачиново одиграа пријателски натпревар во рамки на летните подготовки за проверка на формата, кој заврши без победник со по еден гол за конечни 1:1. „Лисиците“ први стигнаа до предност од 1:0 на полувреме со голот на Хусеин Демири, кој погоди во 27. минута од средбата, а потоа во вториот дел тимот од Горно Лисиче се одлучи да има даде шанса и на помладите играчи, кои како што посочуваат ...
Второлигашот Новаци продолжува активни да се засилува за новата сезона, а најново име во тимот на Иван Варадиновски е 19-годшниот Андреј Сиљаноски, кој доаѓа од редовите на Пелистер. Сиљаноски е повратник во Новаци, откако го носеше дресот на овој клуб во период од септември 2025 до јуни 2026 година. Потекнува од Форца Спорт каде настапуваше три години. Новаци претходно се засили со Кирил Стојков и Петар Гугуљанов кои во пакет пристигнаа од ...
Прволигашот Арсими од Чегране продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во „жолто-црното“ семејство е дефанзивецот Фисник Зука, кој доаѓа од редовите на Башкими од Куманово. Се работи за 30-годишен фудбалер кој покрај за Башкими настапуваше и за Гостивар, Македонија ЃП, Ренова и Шкупи, а меѓународна кариера градеше во Албанија настапувајќи за Фламуртари. „30-годишниот фудбалер потпиша едногодишен договор со ...
По подолг период, фудбалот повторно ќе се игра во село Зубово. ФК Струмешница и официјално се реактивира и од претстојната сезона ќе се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Струмица, со што се враќа долгогодишната фудбалска традиција во ова струмичко село. Повторното активирање на клубот е овозможено благодарение на поддршката од Општина Ново Село, како и на локалните компании и општествено одговорни луѓе кои ја препознаа важноста ...
Македонскиот шампион Вардар со победа се прости од квалификациите за Лигата на шампионите, откако во реваншот славеше со 2:3 против финскиот КуПС, но тоа не беше доволно за пласман понатаму. По поразот од 0:2 во Скопје, „црвено-црните“ успеаја да ја надополнат негативата во регуларниот дел, но по драматичните продолженија финскиот првак со вкупни 4:3 обезбеди место во следната рунда. Избраниците на Кристијан Фабијани од самиот старт покажаа ...
Спортска Мрежа повторно беше во право. Трансферот на Валентин Кочоски во редовите на второлигашот Охрид, кој ексклузивно го најавивме пред неколку дена, денеска доби и официјална потврда од клубот. Охрид продолжува да гради сериозен и конкурентен ростер со кој ќе атакува на пласман во Првата македонска фудбалска лига, а 29-годишниот Валентин Кочоски претставува уште едно големо засилување за составот предводен од Ромео Кочоски. Офанзивниот ...
Второлигашот Кожуф продолжува да го засилува играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување е искусниот напаѓач Сашо Дуков, кој по една сезона повторно се враќа во таборот на гевгелискиот клуб. Триесет и едногодишниот голгетер минатата сезона го носеше дресот на Детонит Плачковица, каде беше прв стрелец на радовишкиот состав со 14 постигнати голови и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на тимот. Дуков веќе добро ја ...
Женскиот ракометен клуб Вардар ги дозна противниците за новата европска сезона, откако денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше одржана ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На враќањето на европската сцена, „црвено-црните“ ќе се соочат со италијанскиот претставник Бриксен Судтирол, во двомеч кој ќе одлучува за пласман во следната рунда од натпреварувањето. Првиот натпревар е закажан за 3 или 4 октомври ...
Ракометниот клуб Тиквеш го дозна својот прв противник во новата сезона од ЕХФ Европскиот куп. По денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, кавадаречкиот состав за ривал го доби тимот на Еш од Луксембург. Македонскиот претставник ќе го започне европскиот настап уште од првото квалификациско коло, а првиот натпревар ќе се одигра во Кавадарци на 12 или 13 септември, додека реваншот е закажан за 19 или 20 ...
Македонскиот шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров, го дозна противникот во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. На денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, скопскиот тим за ривал го доби чешкиот состав Баник Мост. „Лавиците“ во ждрепката влегоа како носителки, а европската сезона ќе ја започнат во квалификациската рунда, во која ќе се борат за место во следната фаза од натпреварувањето. ...
Фудбалскиот клуб Силекс ќе има максимална поддршка од своите навивачи на реванш натпреварот против Динамо Минск во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. Кратовци соопштија дека сите билети за натпреварот се целосно распродадени, па на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје се очекува одлична атмосфера и исполнети трибини. Екипата на Силекс ќе влезе во реваншот со гол предност, откако на првиот натпревар славеше ...
Брегалница интензивно започнува од денес да го гради ростерот за новата сезона, откако изминатиот период се водеа интензивни преговори за нови засилувања. Како што објави Спортска Мрежа откако Брегалница го претстави Мартин Стојанов како прво летно засилување, во тимот на „сините“ и во следната сезона останува Ристе Темелков, Бојан Рајков и капитенот Стефан Коцев. Ова е исклучително важно за Брегалница бидејќи шампионатот започнува на 25 ...
Голманот Антонио Шемкоски и официјално ќе продолжи да го носи дресот на Кожуф и во новата натпреварувачка сезона. По постигнатиот договор меѓу двете страни, 21-годишниот чувар на мрежата останува дел од второлигашот од Гевгелија. Шемкоски и во претстојната сезона ќе биде дел од тимот кој ќе се обиде да оствари подобар резултат во Втората македонска фудбалска лига, а неговото останување претставува значаен потег во задржувањето на костурот на ...
Прилепчанецот Христи Бикоски е нов кондиционен тренер на Брера Струмица, тој ќе работи во стручниот штаб на Ѓорѓе Стојчев во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига која ќе стартува на 15 август. Бикоски претходно работеше како кондиционен тренер во ракометниот клуб Прилеп, но работеше и индивидуални тренинзи со фудбалери од прилепскиот крај. Ангажманот во Брера Струмица како кондиционен тренер е голема можност за Бикоски, кој е ...
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница, официјално го претстави своето прво летно засилување. Нов член на штипскиот клуб е искусниот 27-годишен офанзивец Мартин Стојанов, кој пристигнува од редовите на Тиквеш и повторно ќе го носи дресот на „сините“. Стојанов добро ја познава средината во Штип, бидејќи и претходно беше дел од Брегалница. Во својата кариера настапуваше и за Кит Го од Пехчево, додека интернационално ...
Второлигашот Кожуф вчера официјално ги започна подготовките за новата сезона 2026/27, со првиот тренинг означувајќи го стартот на новиот натпреварувачки циклус. Во гевгелискиот клуб владее позитивна атмосфера, а амбициите се јасни – подобар пласман од минатата сезона и сигурен опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Клубот го задржа костурот на тимот, а во новата сезона екипата ќе ја предводи Благој Дуганов, кој ќе биде нов шефот на ...
Второлигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за новата сезона, откако шефот на стручниот штаб Ѓорѓе Стојчев ја имаше првата прозивка. Тимот се собра на теренот во вештачка трева во Струмица и го одработи првиот тренинг. На првиот тренинг се појавија сите фудбалери на кои стратегот Стојчев ќе смета во подготвителниот период но и за наредната сезона. Брера ќе се подготвува во Струмица, планирани се шест пријателски натпревари низ ...
ГФК Охрид Лихнидос продолжува да го засилува играчкиот кадар со јасна цел – враќање во Првата македонска фудбалска лига. Ново големо засилување на охридскиот второлигаш е искусниот десен бек и поранешен македонски репрезентативец Горан Силјановски – Шаро. 36-годишниот Силјановски пристигнува од редовите на Брегалница, со која минатата сезона ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди пласман во фудбалската елита. ...
Шпанскиот дефанзивец- Ориол Реј Моралес ја заврши својата успешна епизода во ГРК Охрид и кариерата ќе ја продолжи во полскиот гигант Висла Плок. По потврдата за трансферот, Реј во краток разговор за Спортска Мрежа зборуваше за новиот предизвик што го очекува, за целите кои сака да ги оствари во новата средина, но и за емоциите со кои се разделува од Охрид. „Моите очекувања се да го дадам максимумот од себе и што побрзо да се вклопам во ...
ГРК Охрид останува без еден од најважните ракометари во дефанзивната линија. Шпанскиот специјалист за одбрана Ориол Реј Моралес ја заврши својата епизода во охридскиот клуб и во новата сезона ќе настапува за полскиот вицешампион Висла Плок. Македонскиот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп преку официјално соопштение потврди дека разделбата не била во плановите на клубот, но по барање на ракометарот била активирана излезната клаузула од договорот. ...
Македонскиот ракомет останува без уште еден долгогодишен член на Суперлигата. Ракометниот клуб Пролет 62 официјално потврди дека во сезоната 2026/27 нема да настапува во елитното натпреварување, туку ќе се пресели во Првата лига. Причината за ваквата одлука е завршувањето на соработката со долгогодишниот генерален спонзор „Тинекс“, поради што клубот не е во можност финансиски да го издржи настапот во Суперлигата. Од раководството истакнуваат ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува со комплетирањето на играчкиот ростер за новата сезона во Супер лигата, а најново засилување на битолскиот состав е Александар Стојков. Стојков, кој настапува на позициите десно крило и десен бек, ќе биде нов адут на тренерот Ангеловски во претстојниот шампионат. Со своето искуство стекнато во домашното првенство се очекува да придонесе за поголема конкуренција и квалитет во тимот. Во досегашната кариера новиот ...
Прволигашот Арсими го претстави дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски како најново засилување. Се работи за 21-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде што ланската сезона во дресот на „лавовите“ запиша 34 натпревари во Првата лига, со да гола и две асистенции и три натпревари во Купот на Македонија. „21-годишниот фудбалер имаше бројни понуди од домашни и странски клубови, но одлучи да му верува на жолто-црниот ...
Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува да се подготвува за реваншот со Динамо Минск, кој ќе се игра на 16 јули во Скопје. На првиот меч од првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА екипата на Силекс со минимални 0:1 беше подобра од белорускиот тим, а кој меч се играше во Бугарија. Пред Силекс сега е предизвик да се извлече нов позитивен резултат, со поддршка од верните „кратери“, поддршка од сите ...
Повратникот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Еуромилк ГЛ продолжува со засилувања за новата сезона. Клубот промовираше уште четири нови засилување, се работи за Марко Стојчески, Филип Смиљков, Филип Дамевски и Марио Маркулев. Стојчески доаѓа од екипата на Тетекс и носи второлигашко искуство, се работи за 25-годишен фудбалер кој беше дел и од Вардар Неготино, Скопје, Каменица Саса, Академија Илинден, Охрид, Кадино, Македонија ...
Она што претходно го најави Спортска Мрежа, денес доби и официјална потврда. Женскиот ракометен клуб Астибо во сезоната 2026/27 нема да настапува во Супер женската лига на Македонија, туку ќе се натпреварува во Првата женска лига. Иако штипскиот клуб минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво, финансиските околности не дозволуваат продолжување на настапите во најквалитетната конкуренција. Така, Астибо ќе направи чекор ...
Третолигашот БВК Коњаре продолжува да гради силен ростер со кој ќе атакува на пласман во Втората македонска фудбалска лига. Ново име во тимот на Алиса Виши е Бурим Алиев, кој доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса. 26-годишниот покрај за „рударите“ од Македонска Каменица настапуваше и за Шкендија Арачиново, Слога Виница, Борец, Кораб од Дебар, Работнички и Вардар од каде ја започна кариерата, а во странство настапуваше за Кутјево во ...
Амбициозниот третолигаш БВК Коњаре го промовираше Алиса Виши за нов тренер, кој ќе има за задача да обезбеди промоција во Втора лига. Од клубот посочуваат дека пред новиот тренер е јасна мисија – да се изгради победнички тим, да се создаде шампионски менталитет и да се обезбеди пласман во Втората лига. „Кога амбицијата е прво место, потребен е лидер кој знае да победува. Денес го претставуваме новиот тренер на нашата екипа, човекот кој ја ...
Второлигашот Еуромилк го Горно Лисиче го претстави Филип Лазаревски како ново засилување меѓу стативите кој доаѓа од редовите на второлигашот Осогово од Кочани. Лазаревски е повратник меѓу „лисиците“, бидејќи дресот на Еуромилк ГЛ го носеше во период од февруари до јуни 2017 година. „Со неговото искуство, квалитет и победнички менталитет, веруваме дека ќе биде големо засилување за екипата во новите предизвици што нè очекуваат во Втората ...