Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Женскиот фудбалски клуб Пелистер интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона во Првата женска фудбалска лига, во која ќе настапува со ново име и засилен играчки кадар. Битолскиот тим минатата сезона, настапувајќи под името ЖФК Конзули, без поголеми проблеми ја освои титулата во Втората женска фудбалска лига и обезбеди промоција во домашната елита. Од сезоната 2026/2027, која стартува на 23 август, клубот официјално ќе се ...
КК Пелистер продолжува со формирањето на тимот за сезоната 2026/27, а клубот претстави уште две нови засилувања. Иван Сапунџиев е четвртото, а Виктор Златевски петтото ново име во ростерот на битолскиот состав. Сапунџиев се враќа во Пелистер, каде што настапуваше во периодот од 2022 до 2024 година, играјќи во домашното првенство и во АБА лигата. Искусниот бек, роден на 13 мај 1995 година во Скопје, е висок 197 сантиметри и зад себе има богата ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Љупче Дориев продолжува да игра во фантастична форма во дресот на Согдиана. На вчерашниот натпревар против Машал тој беше најзаслужен за победата на својот тим, постигнувајќи хет-трик во триумфот од 3:1. Дориев го отвори резултатот уште во 5. минута, носејќи ѝ предност на Согдиана. Во второто полувреме, во 48. минута, сигурно реализираше пенал за својот втор погодок, а само дванаесет минути подоцна уште ...
Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица од Радовиш врши упис на нови членови за генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и најмладите родените 2020 година. Тренинзите во ФК Детонит Плачковица се бесплатни, а сите заинтересирани може да се пријават на 078 247 081 или пак да дојдат директно на стадионот. Тренинзите ги водат лиценцирани фудбалски тренери со долгогодишно искуство во фудбалот, со што сите деца ќе имаат средина каде правилно ќе се ...
Еден од најзаслужните фудбалери за историскиот успех на Камјани, Рефет Синани, официјално се раздели со клубот по сезоната во која тимот испиша историја. Камјани најпрво ја освои шампионската титула во Третата лига – Запад, а потоа преку бараж натпревар ја совлада Победа Валандово и за првпат обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига, каде ќе дебитира во сезоната 2026/2027. Дваесетгодишниот Синани беше еден од клучните фудбалери ...
Македонскиот стратег Југослав Тренчовски на најдобар можен начин ја започна својата авантура на клупата на Олимпија Љубљана. На своето деби, тој го предводеше словенечкиот клуб до минимална победа од 1-0 против Алуминиј, а решавачкиот погодок беше постигнат во третата минута од судиското продолжение. Олимпија во текот на целиот натпревар ја имаше контролата врз играта и беше далеку поопасен противник. Домаќините доминираа со 63 проценти посед ...
Иако Вардар и Силекс ги завршија своите настапи на европската сцена, двата македонски клуба ќе добијат значителни финансиски средства од УЕФА како дел од солидарната програма за клубовите кои беа елиминирани во квалификациите за европските натпреварувања. Според распределбата на Европската фудбалска асоцијација, вкупно 75 клубови од 35 земји ќе поделат 40,635 милиони евра, а средствата се распределени во четири категории, зависно од фазата ...
Поранешниот шампион на Македонија и освојувач на Купот, ЖФК Каменица Саса, интензивно се подготвува за новата натпреварувачка сезона, во која клубот има јасна цел – враќање во самиот врв на македонскиот женски фудбал и напад на шампионската титула. Избраничките на тренерот Зоран Златковски со подготовките започнаа на 20 јули, а тренажниот процес се одвива во Македонска Каменица, каде, според клубот, се обезбедени одлични услови за работа. ...
Струга Трим Лум продолжува да инвестира во младите таленти, а најнов доказ за тоа е дебито на Агон Демири за сениорскиот тим. Младиот фудбалер на само 16 години и шест дена го запиша својот прв настап за првиот состав на стружани и со тоа стана еден од најмладите дебитанти во историјата на клубот. Демири својата шанса ја доби на пријателскиот натпревар против второлигашот Охрид, кој Струга Трим Лум го доби со 3-1. Талентираниот фудбалер во ...
Познати се термините за второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Познат е терминот за големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, а во Штип ќе се игра фудбал под рефлектори. Втората рунда се отвара со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс, натпревар закажан за 7 август од 17 часот на стадионот Чаир. На 8 август ќе бидат одиграни два натпревари. Од 17 часот во Куманово е се игра мечот меѓу Башкими и Тиквеш, додека пак во 19 часот ќе се ...
По повеќе од две недели возбудливи натпревари, вечерва ќе биде спуштена завесата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“, кој традиционално се одржува во штипската населба Чардаклија и важи за еден од најпрестижните меморијални турнири во Источна Македонија. На Денот на Републиката – 2 Август, љубителите на малото фудбалско игралиште ги очекува богата програма исполнета со емоции, спорт и почит кон ликот и делото на Влатко ...
Новото засилување на прволигашот Башкими од Куманово, талентираниот играч за врска Клаудио Мартинез, денес ги имаше првите минути за новиот клуб на пријателскиот меч против второлигашот Камјани. Мартинез за Опен ТВ истакна дека е многу среќен за неговите први минути во дресот на Башкими. „Ова беше мојот прв натпревар овде и многу сум среќен поради првите 15 минути што ги одиграв со екипата. Веќе две недели сум тука и можам да кажам дека ...
Македонскиот вицешампион Шкендија ги дозна официјалните лица кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар против шкотски Хибернијан во рамките на третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја довери арбитражата на судиска екипа од Кипар. Главен судија на натпреварот ќе биде Менелаос Андониу, а негови помошници ќе бидат Павлос Георгиу и Ираклис Комодромос. Улогата на четврти судија ќе ја ...
Еден од фудбалерите со најдолг стаж во Осогово, Драган Паунов се раздели со „жетварите“, со што 35-годишниот фудбалер ќе бара нова средина каде да ја продолжи кариерата. Паунов во објава на социјалните мрежи истакна дека секогаш играл со срце за Осогово, притоа надополнувајќи дека матичен клуб може да биде еден. „Дојде денот кога после една голема фудбалска ера со мојот матичен клуб се разделувам. Клуб што ми одзел повеќе отколку што ми дал. ...
Македонскиот интернационалец Константин Чешмеџиев има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Италија, каде во новата сезона ќе ги брани боите на Санремезе, член на Серија Д. Триесетгодишниот дефанзивец пристигнува во италијанскиот клуб по успешниот период во исландски Вестри, со кој настапуваше и на европската сцена. Пред преселбата на Исланд, Чешмеџиев беше дел од Радник Бијелина во Босна и Херцеговина. Интересно е што спортски директор на ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига Камјани славеше минимална победа (0:1) над прволигашот Башкими во Куманово. Стрелец на единствениот гол кој го реши победникот на средбата беше Бесарт Реџепи. Инаку, екипата на Камјани за првпат ќе заигра во Втората лига, а сезоната ја отвара против Пелистер во Битола. Тимот на Башкими кој со висок пораз од Силекс (6:0) ја отвори сезоната на домашен терен против Тиквеш ќе бара рехабилитација. ...
Денес на СЦ „Пандев“ во Струмица беше одигран пријателски меч меѓу второлигашите Брера и Кожуф од Гевгелија, а тимот ланскиот прволигаш од Струмица забележа голем триумф од 4:1. Овој тест-меч беше уште еден во низата на контролни средби каде стручните штабови и на двете екипи имаа нова прилика за проверка на формата, но и да се види со каков ростер располагаат пред стартот на сезоната во Втора лига закажан за 15 август. Новата сезона Брера ...
Второлигашот Пелистер минимално славеше на пријателскиот меч против прволигашот Шкендија Арачиново во гости со резултат од 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Кире Ристевски кој погоди во 59. минута од средбата. Инаку, токму Шкендија Арачиново во баражот славеше над Пелистер и со тоа битолчани испаднаа во Втора лига, а тимот од Арачиново обезбеди историски влез во елитата. Пелистер новата сезона ја отвара против Камјани на домашен терен ...
Денес на Градскиот стадион во Радовиш се одигра пријателски натпревар меѓу второлигашите Детонит Плачковица и Беласица, каде струмичани беа подобри со голот на Рон Адеми постигнат во самиот финиш од мечот за конечни 0:1. По првите 45 минути мрежите мируваа, а на полувреме тренерите Горан Здравков и Мартин Алаѓозовски одлучија да прават промени со цел да им се даде шанса на сите играчи и да се провери нивната форма. За Беласица ова беше трет ...
Вчера во Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига со што е познат распоредот за новата сезона која започнува на 23 август. Шампионот Скопје одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Кочани, првото коло носи дерби во Скопје меѓу Вардар и Истатов. Љуботен сезоната ќе ја отвори на домашен терен против Каменица Саса, Тиверија Брера на домашен терен ќе игра ...
Амбициозниот третолигаш Илинден денес го одигра првиот контролен натпревар против младинците на Вардар и на истиот загуби со резултат од 1:3, мечот се играше на теренот во Илинден. Стрелец за екипата на Илинден беше Давид Ристов кој погоди во 4. минута од средбата. Следните контролни средби за тимот на Илинден кој го води Горан Симов ќе бидат против Македонија ЃП закажан за 7 август, против второлигашот Санта Луција од Малта на 12 август во ...
Македонскиот второлигаш Новаци одигра меѓународен контролен натпревар за проверка на формата против албанскиот второлигаш Орику, кој заврши со триумф од 2:1 за тимот кој го предводи Иван Варадиновски. Натпреварот се играше на стадионот во Новаци, а по првите 45 минути резултатот беше 0:1 за тимот од Албанија. Во вториот дел Новаци го сврте резултатот на конечни 2:1, а заслужни за победата беа Талески и Стојановски за триумф на Новаци. Новата ...
Женскиот ракометен клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а како што објави Спортска Димензија, нов член на битолскиот суперлигаш е една од најталентираните млади македонски ракометарки, Еџе Сејадин. Станува збор за ракометарка која зад себе има одлична сезона и важи за една од најголемите надежи на македонскиот женски ракомет. Сејадин беше најдобар стрелец во кадетската лига со 86 постигнати погодоци, додека во Првата ...
Второлигашот Кожуф од Гевгелија продолжува со екипирањето за новата сезона, а како најново име е промовиран повратникот Христијан Бејков, кој одново ќе го облече дресот на Кожуф. Бејков во Кожуф доаѓа од редовите на третолигашот Победа Валандово, а во минатото 28-годишникот настапуваше и за Вардарски, Беласица, Металург и СЦ Истатов од каде и ја започна кариерата. Според информации на Спортска Мрежа ростерот на Кожуф во следните денови ќе ...
ЖФК Вардар продолжува да гради квалитетен ростер за следната сезона, а најново име кое е промовиран во скопскиот тим е Викторија Недева. 23-годишната Недева во Вардар доаѓа од редовите на Љуботен, а низ кариера настапуваше и за Тиверија Брера и Габер од каде и ја започна кариерата, а пак во странство настапуваше за Хајдук Сплит во Хрватска. ЖФК Вардар минатата сезона беше дебитант во Првата женска фудбалска лига, а за новата сезона е решен да ...
Ракометниот клуб Илинден продолжува со формирањето на стручниот штаб во пресрет на новата сезона, во која клубот за првпат ќе настапува во Првата ракометна лига на Македонија. Ново име во редовите на дебитантот е поранешниот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски, кој ќе ја извршува функцијата помошник тренер. Пецаковски зад себе има богата и успешна играчка кариера, настапувајќи за неколку од најреномираните македонски клубови, меѓу кои ...
ЖФК Вардар продолжува да гради квалитетен ростер за следната сезона, а најново име кое е промовиран во скопскиот тим е Викторија Недева. 23-годишната Недева во Вардар доаѓа од редовите на Љуботен, а низ кариера настапуваше и за Тиверија Брера и Габер од каде и ја започна кариерата, а пак во странство настапуваше за Хајдук Сплит во Хрватска. ЖФК Вардар минатата сезона беше дебитант во Првата женска фудбалска лига, а за новата сезона е решен да ...
Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, денес кажа „да“ за трансфер во Ѓорче Петров 2, каде ќе ја продолжи својата богата кариера. Искусната 32-годишна ракометарка, која настапува на позицијата лев бек, неодамна се раздели со Астибо, откако штипскиот клуб поради финансиски проблеми се откажа од настапот во ...
Денес на стадионот „Алумина“ во Скопје се одигра контролен натпревар меѓу второлигашите Работнички и Осогово, кој заврши со триумф за „романтичарите“ од 2:1. Стрелци за „романтичарите“ беа Мисердовски кој беше стрелец на првиот гол и Кудијан кој го постигна вториот гол за тимот од Дебар Маало. Работнички кој лани испадна од Првата лига, новата сезона во ВМФЛ ја отвара против Кожуф на домашен терен, а пак Осогово ќе стартува од Струмица каде ...
Второлигашот Детонит Плачковица се засили со Леонид Кофиловски за сезона 2026-2027. Најново засилување на радовишани доаѓа од редовите на Охрид, а својата кариера ја започна во матичната Победа. 21-годишниот стопер од Прилеп бележи шест настапи во Првата македонска фудбалска лига, а има и два настапи во младинската Лига на шампиони со тимот на Победа од Прилеп. Кофиловски веќе е дел од тимот на Горан Здравков, а утре ќе има можност и да ...