Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за клучниот дел од сезоната. Битолчани го ангажираа хрватскиот репрезентативен кружен напаѓач Никола Граховац, со што ја пополнија празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на стартот од годината. 27-годишниот пивотмен стави потпис на договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување и за наредната. Граховац во Битола пристигнува од германскиот бундеслигаш ...
Фудбалската инфраструктура во земјава ќе добие ново освежување откако Фудбалска федерација на Македонија најави конкретна поддршка за домашните клубови преку подобрување на условите на стадионите. Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за набавка на 15.000 до 20.000 нови столчиња за стадионите низ државата. Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на Општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати ...
Ракометарите на ГРК Охрид успешно ја одработија обврската во Супер лигата меѓу двата европски предизвици и запишаа сигурна победа над Бутел Скопје со 33-28. Со новите бодови охриѓани остануваат во ТОП 3 со 35 освоени бодови, задржувајќи го ритамот во згуснатиот распоред кој ги очекува овој период. Иако без Ѓукиќ и Лиапис, „гладијаторите“ не дозволија изненадување. Бутел подобро го отвори натпреварот и во првите петнаесетина минути диктираше ...
Општина Охрид со силна финансиска поддршка и за кошарката, со што се потврдува силната заложна на општината и во овој спорт. Градскиот кошаркарскиот клуб Охрид доби финансиска поддршка од 5 милиони денари, силна поддршка за клубот кој се бори за влез во кошаркарската елита на Македонија. Кошаркарскиот клуб Колибри доби 120.000 денари финансиска поддршка од општината. На овој начин се дава голем стимул на кошарката и на младите кошаркари. ...
ГРК Охрид продолжува да чекори во одличен ритам во машката ракометна Суперлига, откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 33-28 во рамките на 21. коло. За охриѓани ова беше седма последователна победа во домашниот шампионат, со што дополнително ја потврдуваат фантастичната форма во која се наоѓаат. Иако натпреварот дојде меѓу двете европски пресметки, заморот кај избраниците на српскиот стратег Борис Ројевиќ речиси и да не беше ...
Македонска Каменица на 21 и 22 февруари ќе биде центарот на женската кошарка, откако ќе се одржи финалниот турнир од националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција. Само четири дена нè делат од почетокот на најпрестижниот турнир во домашната женска кошарка, натпреварување кое повеќе од три децении ја гради својата традиција. Купот за првпат се одигра во 1993 година во Скопје, кога трофејот го освои Симекс Скопје во ...
Општина Охрид уште еднаш потврди дека останува цврст партнер на спортот, издвојувајќи значителни финансиски средства за развој на фудбалот. Со вкупна поддршка распределена на повеќе клубови, локалната самоуправа инвестира во младите генерации, спортската култура и иднината на охридскиот фудбал. Најголем дел од средствата, 12.000.000 денари, се наменети за ГФК Охрид Лихнидос, кој зад себе има одлична полусезона. Охридскиот второлигаш е есенски ...
Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, во четврток со почеток од 14:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година. Настанот ќе го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, а на негова покана во Скопје ќе престојува и шефот на судии на УЕФА, Роберто Росети. Росети, кој воедно е и одговорен за делегирање судии во рамки на УЕФА, ќе ...
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе повеќе значајни одлуки поврзани со функционирањето на фудбалскиот систем, натпреварувањата и развојот на инфраструктурата. Поради грубо прекршување на одредбите од Статутот, ОФС Кичево доби суспензија во времетраење од две години. Во овој период, на сојузот му мируваат членските права, вклучително и правото на учество на делегати на Собранието на ФФМ. Сепак, ...
Екипата на Башкими освои значајни три бода пред својата публика во Куманово, совладувајќи го Пелистер со минимални 1-0 во рамките на 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Со овој триумф кумановчани ја прекинаа сопствената лоша серија, а воедно му нанесоа и удар на Пелистер, кој беше во позитивен ритам во изминатите кола. Натпреварот започна претпазливо, со многу игра на средината од теренот и без изразени шанси во првите триесетина ...
Второлигашот Беласица претстави уште две нови засилувања за пролетната полусезона. Нови имиња во таборот на струмичани се Мите Цикарски и Мартин Шаренкоски. Цикарски доаѓа од Вардар. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива крилните позиции и носи големо искуство. Во својата кариера настапуваше за Македонија ЃП, Работнички и Брера Струмица, а беше дел и од У-19 тимот на Партизан (Србија). Меѓународна кариера градеше настапувајќи во Грција ...
Неверојатно возбудлив меч се одигра вечерва во битолската сала „Боро Чурлевски“ меѓу Пелистер и Куманово, а кој заврши со среќен крај за гостинскиот тим, откако славеше со 29:31 во рамки на првата пролетна рунда од Супер лигата во женска конкуренција. Мечот започна со резултатска егал и игра гол за гол, а прва посериозна предност за Пелистер беше на плус четири при 9:5, а потоа и плус пет при 14:9 и 10:15, а предноста се зголемува и на ...
Општина Охрид е пример за конкретна и силна поддршка за спортските клубови со финансиска средства од буџетот на општината за 2026 година. Ракометот е гордост на Охрид, а општината силна дава поддршка на одличните резултати. ГРК Охрид доби финансиска поддршка од општината во висина од 30.000.000,00 денари, додека пак одвоени се 595.000,00 денари за 5. Меѓународен турнир Крсте Андоновски од ГРК Охрид. Општина Охрид одвои финансиски средства во ...
Познати се сите четвртфиналисти во футсал Купот на Македонија, кој ќе се борат за пласман во полуфиналето. Бранителот на Куп титулата Форца е во полуфиналето, потоа Проект, ланскиот финалист Осогово од Крива Паланка, Балкан, Клими, Бутел, Кеги Моби и екипата на Јувентус Серава. Меѓу овие осум екипи се води битка за пласман меѓу најдобри четири односно ќе се бара место во полуфиналето. Познати се сите четвртфиналисти во футсал Купот на ...
Ракометниот клуб Кичево ќе се „пресели“ во Охрид, каде во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ги игра домашните натпревари, додека се создадат услови клубот да се врати и домашните натпревари да ги игра во својата сала „Христо Узунов“ во Кичево. Поради обилните врнежи од дожд Кичево беше силно погоден од поплавите, по што спортската сала „Христо Узунов“ беше претворена во пункт каде се сместени погодени семејства од поплавите и истите ќе бидат сместени ...
Ланскиот финалист Осогово лесно стигна до четвртфинале во футсал Купот на Македонија откако со 6:2 го доби Железарец во Крива Паланка, а со тоа Осогово е последниот патник во четвртфиналето. Во првиот дел од мечот резултатот беше 3:0 и веќе беше јасно дека некогашниот шампион на Македонија, екипата на Железарец ќе нема сили за изненадување во вториот дел, па домаќинот само ја потврди победата и ја оправда фаворитската улога. Никола Спасовски ...
Третолигашот Тиверија од Струмица ги промовираше последните две зимски засилувања за пролетниот дел од сезоната во Трета лига – Исток. Струмичани го вратија голманот Никола Трајков, а го претставија и Мартин Шутевски. Трајков кој има 23-години покрај за Тиверија има настапувано и за Спартмани, Василево, а ги има минато младинските категории на Академија Пандев. 22-годишниот Шутевски во Тиверија доаѓа од третолигашот Аеродром, претходно беше ...
Пелистер со убедливи 4-1 против Работнички го отвори пролетниот дел од сезоната во Првата лига и најави амбициозен настап во продолжението од шампионатот. Битолчани прикажаа ефикасна и организирана игра, а стартот им носи дополнителна самодоверба пред новиот предизвик кој следува веќе утре. Шефот на стручниот штаб Милан Стојаноски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека триумфот радува, но потенцираше дека тимот има простор за напредок. ...
Ракометната федерација на Македонија продолжува со својата мисија за популаризација на ракометот меѓу најмладите, а следната станица на Ракометниот караван е Богданци. Под мотото „Ракомет – нашата игра, нашиот свет“, на 21 февруари 2026 година (петок), во спортската сала „Млаз“, од 13:00 до 15:00 часот, дечињата ќе имаат можност да бидат дел од вистински ракометен празник. Влезот е слободен. Караванот носи игра, насмевки и дружење, а ...
Беласица ги промовираше Ерион Шуку и Бујар Иљази како засилувања за пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига. Ерион Шуку е централен офанзивен играч кој во Струмица доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи. Низ неговата кариера 21-годишникот настапуваше и за Скопје, Арсими, Слога од Виница, а кариерата ја започна во Шкупи. Иљази е крилен играч кој доаѓа од редовите на Шкендија Арачиново, се работи за квалитетен, а 25-годишниот ...
Брера Струмица освои огромни три бода на жешкото гостување кај Арсими 1973, славејќи со 0-2 во рамки на 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичани одиграа дисциплиниран и тактички зрел натпревар, а казната за домашните стигна во клучните моменти од двете полувремиња. По внимателен почеток со многу борба на средината од теренот, гостите го зададоа првиот удар во 23. минута. Леонардо Петровиќ проби по левата страна, влезе во ...
Екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедлива победа од 3-0 над Шкупи стави крај на резултатската криза и ја запиша првата пролетна радост во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ од самиот старт покажаа дека трите бода остануваат во Ѓорче Петров. Веќе во 10. минута Хамзиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот и го отвори резултатот, најавувајќи сигурно попладне за домашниот состав. Само неколку минути подоцна следуваше уште поубав ...
Македонија Ѓорче Петров освои бод против АП Брера на стартот на пролетта, а сега ќе треба тоа да го завери и со триумф против Шкупи на домашен терен. Ѓорчепетровци ја имаат улогата на фаворити, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Шкупи, но ќе треба и да ја потврдат на теренот. Искусниот голман Ристе Јанков верува дека Македонија ЃП ќе стигне до триумф, но апсолутно не потценува ниеден противник. „Шкyпи има променет ростер, со млади ...
По европската победа над Дукла Прага и чекорот кон четвртфинале, ракометарите на ГРК Охрид, се враќаат на домашните обврски. Во рамки на 21. коло од Супер лигата, охриѓани во вторник во „Билјанини Извори“ го пречекуваат составот на РК Бутел Скопје, во меч кој доаѓа меѓу двата европски предизвици против Дукла. И покрај густиот распоред и краткото време за подготовка, во таборот на Охрид владее максимална концентрација. Левиот бек на охриѓани, ...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни поплави во Кичево, поради што денеска немаше услови за одигрување ракометен натпревар. Средбата меѓу РК Кичево и РК Вардар Неготино е одложена и ќе се одигра во дополнително утврден термин. Наместо спортски возбудувања, спортската сала „Христо Узунов“ беше ставена во функција на помош за граѓаните. Околу 200 лица кои беа евакуирани поради поплавите се привремено сместени во салата додека трае ...
Прволигашот Бутел лесно се пласираше во четвртфиналето од Футсал Купот на Македонија откако со 7:2 славеше над второлигашот ССК. Во листата на стрелци за домашниот тим се запишаа Никола Илијоски, Андреј Јаневски, Давид Манџуковски, Филип Јаневски, Иван Крстевски и Владимир Трендафиловиќ. За гостинот во првиот дел погоди Борјан Цветановски, кој си постигна и автогол, а во вториот дел стрелаше Несим Сулејман. Возбудлив меч одиграа прволигашот ...
Утре во Гостивар ќе се одигра натпреварот меѓу Арсими и Брера Струмица од 18. коло на Првата македонска фудбалска лига. Играчот од средниот ред на Арсими, Малиќ Белули вели дека високиот пораз од претходното коло е минато, сега фокусот е на мечот со Брера Струмица, додава дека целта е јасна – победа и три бода против струмичани. “Станува збор за квалитетен противник, но екипата е максимално подготвена и фокусирана со јасна цел освојување на ...
Општински фудбалски сојуз Струмица објави јавен повик до сите млади момци и девојки кои ја сакаат фудбалската игра и сакаат да бидат дел од неа на поинаков начин – како фудбалски судии. Од ОФС Струмица ги повикуваат сите љубители на фудбалот да ја искористат можноста да станат директни учесници во натпреварите, но од судиската страна. Повикот е наменет за млади и амбициозни лица кои имаат желба за личен развој, стекнување нови знаења и ...
Овој викенд беше искористен за да се одиграат пријателските натпревари, а веќе следниот стартува пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Второлигашите имаа доволно време за одмор, за подготовки, одигрување на пријателски натпревари и секако за засилувања односно промени во ростерите. Едно е сигурно, претходно како што пишувавме листата на „отпишани“ второлигаши ја сочинуваат Големо Коњари, Слога Виница и Преспа кои ...
Мулти Есенс со висока и убедлива победа ја отвори 2026 година откако со 22:46 славеше над Шампион, лесно стигајќи до трумф. Од самиот почеток тимот од Автокоманда ја полнеше мрежата на Шампион, кој беше инфериорен да парира и да го запре барем на моменти налетот на Мулти Есенс. Давид Јовчевски со седум погодоци беше прво име кај Шампион, додека пак кај Мулти Есенс Дарјан Ѓоќески беше прв стрелец со девет гола, а пак Јован Петрески имаше осум. ...