
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



И по четврти пат оваа сезона ќе гледаме финале меѓу двајцата најдобри тенисери во светот, Јаник Синер и Карлос Алкараз и тоа во Синсинати. Имено откако Италијанецот прв се избори за завршниот меч, тоа го стори и Шпанецот откако славеше во полуфиналето против Александер Зверев со 2:0 во сетови во меч кој траеше 1 час и 45 минути. Карлито и тоа како си искажа својата класа во двата сета. Првиот го доби со 6:4 а вториот со 6:3. Германецот колку и ...
Се врати Лео Меси во тимот, Интер Мајами им се врати на победите. Најдобриот на сите времиња се врати на терен после повредата и веднаш постигна гол и помогна неговиот тим да победи. Тимот на Интер Мајами успеа со 3:1 да слави против ЛА Галакси. Првиот гол беше дело на Алба. Лео мечот го почна од клупата, за да ори резултат 1:1 во 84.минута за да Суарез пет минути подоцна стави точка на победата на Интер Мајами од 3:1. Ова беше 875 гол на Меси ...
Шампионот со 1:3 на гости кај Македонија ЃП успеа да дојде до својата втора победа сезонава во вториот меч, па така како и Вардар, Силекс и Струга ТЛ, има максимални шест бода по 2.коло во ПМФЛ. Иако тренерот Јетон Беќири комбинираше со составот, ако се знае дека во четврток тетовци ги чека меч од плеј – офот во ЛЕ против Лудогорец, Шкендија едноставно одигра колку што треба за нови три бода. Стрелци на головите беа Адеми, Красниќи од ...
Ракометарите на Охрид се новите победници на традиционалниот Струшки ракометен турнир. Охрид во вечерашното финале славеше над Бутел со 30:24 во меч кој поради лошите временски услови на отвореното игралиште, се одигра во салата „Тими“. Иако Бутел одигра одличен меч, Охрид со целокупниот перформанс на овој турнир потврди дека е најдобрата екипа. Охриѓани со вечерашната победа им се приклучија и на Вардар, Е. Пелистер, Металург, Тиквеш и ТК ...
Возачот на Теч 3, Маверик Виљалес, ќе пропушти уште најмалку две трки од оваа сезона во Мото ГП. Вињалес се повреди на Големата награда на Германија минатиот месец. Претходно го пропушти Гран Прито на Чешка, а сега ќе се обиде да се врати на трката во Австрија. Шпанецот го заврши петочниот тренинг и дури учествуваше во квалификациите, но на крајот одлучи да се повлече од спринтот и трката, бидејќи сфати дека неговата физичка состојба нема да му ...
Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва го освоија својот 11-ти Суперкуп на Германија откако го победија Штутгарт со 2:1. Шампионот на Германија немаше премногу проблеми да слави практично на гостински терен против „швабите“, а натпреварот го одбележа и дебито на скапото засилување од Ливерпул, Луис Диаз. Хари Кејн со голот во 18-тата минута ги доведе баварците во водство од 1:0. Во второто полувреме видовме доминантна партија на шампионот, кој во ...
Фабио Лопез e фудбалер со најмногу официјално одиграни натпревари во историјата. Натпреварот против Форталеза беше 1.390-ти во кариерата на голманот на Флуминенсе. 44-годишниот Бразилец го израмни светскиот рекорд поставен од Питер Шилтон (треба да се напомене дека самиот Англичанец изброи 1.387 натпревари, а 1.390 е бројка од Гинисовата книга на рекорди ). Според пресметките на „Глобо Еспорте“ и актуелниот клуб на голманот, Фабио одиграл 976 ...
Лука Дончиќ избегна сериозна повреда. Според информациите објавени вечерва, ѕвездата на словенечката репрезентација и на „Лејкерси“ избегна сериозна повреда за време на пријателската средба со Летонија. Според инсајдерот Марк Штајн, на Дончиќ му е дијагностицирана модринка на десното колено. Тој се повреди на почетокот на третата четвртина кога неговиот соиграч Грегор Хроват му падна на колено. Играчот отиде во соблекувалната, но подоцна се ...
Шпанскиот шампион барселона со убедлив триумф од 0:3 на гостувањето кај Мајорка ја започна новата сезона во Ла Лига. Во меч во кој Каталонците уште од првите минути покажаа доминација, домашните можат да жалат што пропуштија шанса да се борат до самиот крај за подобар резултат, откако во првото полувреме останаа без двајца првотимци поради црвени картони. Барселона поведе со голот на Рафиња во 7 минута, а во 23. минута од средбата видовме еден ...
На отворањето на сезоната во Шпанија, веднаш контроверзни сцени. На мечот меѓу Мајорка и Барселона, гостите на полувреме водеа со 2:0, а особено полемика се крена околу вториот гол на Каталонците. Имено, во моментот кога еден од домашните фудбалери заработи силен удар во главата со топка и остана да лежи на тревата, главниот судија размислуваше дали да ја прекине играта, а Торес успеа да погоди за 2:0. Ситуацијата предизвика конфузија на ...
Според шпанскиот весник „Марка“, на повидок е најголемата трансфер размена ова лето. Имено, во обид да го добијат фудбалерот на Реал (М), Родриго, првите луѓе на англиски Арсенал се подготвени во Мадрид да го испратат дефанзивецот Вилијам Салиба. Ова не звучи невозможно бидејќи кралскиот клуб веќе беше заинтересиран за Салиба, но исто така беше и лондонскиот клуб за Родриго. На Реал Мадрид му недостасува големо засилување во срцето на ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го прегазија Вулверхемптон во последниот денешен меч од првото коло од Премиер лигата. Гостите славеа со 0:4, а првиот гол го постигнаа во 34-тата минута, кога Халанд на асистенција на Луис погоди за 0:1. Само три минути подоцна, Рејндерс го совлада голманот на домаќините, а овој пат асистенцијата ја имаше Боб. Халанд постигна втор гол во второто полувреме, а конечните 0:4 беа дело на нововлезениот Рајан Черки. ...
Навивачот кој вчера предизвика прекин на мечот меѓу Ливерпул и Борнмут на стартот од новата сезона во Премиерлигата, кога расистички го навредуваше гостинскиот фудбалер Семенио, денеска бил уапсен. Играчот од средниот ред на Борнмут беше подложен на расистички навреди за време на натпреварот од првото коло од Премиер лигата против Ливерпул (2:4) и тоа го пријави кај судијата. „Уапсивме маж по пријавите за расистички навреди насочени кон играчот ...
Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ се повреди на денешниот пријателски натпревар против летонија, непосредно пред стартот на Евробаскетот. За време на пријателскиот натпревар Дончиќ се повреди кон средината на третата четвртина. Неговиот соиграч Грегор Хроват падна врз него, повредувајќи го коленото на словенечката ѕвезда. Ѕвездата на Лејкерси веднаш даде знак дека не може да ја продолжи играта, па го напушти теренот и се упати кон ...
Така е кога не се користат шансите, кога немаш играч да постигне гол. Работнички – Башкими 0:2 попладнево на Арената во Скопје во меч од 2.коло во ПМФЛ. Не дека тимот на Маркоски играше слабо, напротив. На моменти беше подобар тим, имаше барем 5-6 шанси за гол, но овој Работнички нема играч што ќе даде гол, и затоа губи или игра реми. Ова лето на четири официјални меча, во Европа два, во Кавадарци кај Тиквеш и попладнево, Работнички не успеа да ...
Турскиот гигант Бешикташ под раководство на Оле Гунар Солскјер ги забрзал напорите за доведување на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Според пишувањата на бројни турски медиуми, агендата за трансфер на играчот од средниот ред е на прво место кај „црно-белите“ од Истанбул. Бешикташ наводно започнал преговори за трансфер на Елмас. „Црно-белите“ наводно му нудат на 25-годишниот играч од средниот ред годишна плата од 5 милиони евра. Сепак, ...
И покрај одредени проблеми со повредите, јасно е дека Србија е најголемиот фаворит за златото на претстојното ЕП. Лесно му е на селекторот Светислав Пешиќ ако се знае дека тој може да смета на најдобриот кошаркат во светот во моментов, Никола Јокиќ. Со НБА – ѕвездата јасно е дека Србија ќе делува моќно. Интересно е што за Србинот и членот на Денвер, искоментира Даниел Шрудер, бекот на селекцијата на Германија: “Јокиќ е најдобар во светот, а ...
Попладнево е ориграа уште три натпревари од првото коло на англиската Премиер лига. Иако пред три дена го загубија трофејот од Суперкупот на Европа, фудбалерите на Тотенхем покажа дека е во добра форма под водство на новиот менаџер Томас Франк, и успеајада дојдат до првата победа сезонава совладувајќи го Барнли со 3:0. Домашниот тим нападна од првата минута и поведе во десеттата минута. Ричарлисон реагираше брилијантно, со удар од околу 11 ...
Завршија првите полувремиња од двата попладневни меча од 2.коло во ПМФЛ, и двете во Скопје. Во Ѓорче,шампионот со раниот гол на Адеми има водство од 0:1, кога од 15 метри одлево шутираше максимално прецизно во мрежата на “лавовите“. Во 17.минута Македонија ЃП остана со играч помалку откако Кабаркс доби директен црвен картон за недозволен старт. Шкендија очекувано игра во комбиниран состав. На Арената Башкими има водство од 0:1 и тоа ...
Винсент Поарие нема да учествува на Европското првенство оваа година! Ова е нов шок за сите во селецијата на Франција. Поарие заработи повреда на коленото на дуелот со Шпанија пред два дена. Беше објавено дека ќе го прескокне следниот пријателски меч,ама медиумитево Франција објавуваат други информации, а тие се дека центарот нема да може да игра за Франција. Ова е уште еден голем удар за олимпискиот вицешампион откако Виктор Вембањама, Руди ...
Ништо не се знае што му е во главата на Пеп Гардиола, според многу најдобриот тренер во историјата. Па така денеска како сензација од Островот проструи веста дека менаџерот на Манчестер Сити има намера да го продаде или да го “ослободи“ Рико Луис, младиот офанзивец на Сити. Имено Нотингем Форест е силно заинтересиран за репрезентативецот на Англија и планира да испрати понуда од 35-40 милиони евра. Како се напоменува, Гвардиола нема да прави ...
Добри вести за сите во Барселона, а посебно за стратегот Ханси Флик. Имено на само неколку часа пред првиот меч од новата сезона во Ла Лига, каталонската гордост успеа да ги регистрира Маркус Рашфорд и Хоан Гарсија кои ќе бидат во комбинација за гостувањето кај Мајорка вечерва од 19:30 часот. Не се верува дека Рашфорд ќе биде стартер, но во продолжение од средбата секако дека ќе добие минутажа. Од друга страна Гарсија ќе биде на голот уште од ...
Ако направи кикс во квалификациите за пол-позицијата, тогаш во спринтот на “Ред Бул Ринг“ патеката за ГН на Австрија, Марк Маркез со својот Дукати, беше доминантен и успеа да дојде до 12 победа од 13 спринт трки во сезоната. Како втор заврши неговиот помал брат Алекс Маркез, кој имаше една секунда заостанување. На трето место се најде Педро Коста, следуваат Марко Бецеки, кој беше најдобар во квалификациите и утре на главната трка од 14 часот че ...
За разлка од синоќешниот меч на “Енфилд“, каде видовме шест гола на отворањето на новата сезона во Премиер лигата, на првиот меч од 1.коло во денешната програма, Астон Вила и Њукасл одиграа без голови, и по малку и разочараа. Посебно домашните фудбалери кои не одиграа на нивото на кое беа навикнати нивните фанови. Домашниот состав почна да “гризе“ во второто полувреме, но исклучувањето на Конса ги натера да се задоволат со бод. Њукасл, кој ...
По повод 80 години постоење на ФК Пелистер и 40 години од основањето на навивачката група “Чкембари“, раководството на битолска фудбалска гордост најави дека е изработен специјален дрес кој ќе може да се купи од вторник (19.08.2025) од 17 до 20 часот, на главниот влез на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Еве што велат од ФК Пелистер за новиот, специјален дрес: “Почитувани навивачи, симпатизери, поддржувачи на ФК Пелистер, со голема чест и ...
Екипата на Алкалоид ја започна последната фаза од подготовките за претстојната сезона. Во оваа фаза, четата на стратегот Кирил Лазаров ќе одигра и неколку контролни натпревари со екипи од Хрватска, Србија и Словенија. Актуелниот победник на ЕХФ Европскиот Куп, за прв противник ја имаше екипата на Дубочица од Србија. Тоа беше натпревар кој се играше во три третини, и Алкалоид впиша убедлива победа со резултат 49:32, а тренерот Лазаров им даде ...
Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди се врати на теренот по 284 дена лекување од сериозна повреда. Поранешната ѕвезда на Интер влезе како замена во натпреварот на Галатасарај во второто коло од турското првенство и го постигна последниот гол за победа од 3-0. Галатасарај победи со 3-0 на гостински терен против Газијантеп во првиот домашен натпревар, тимот на Окан Бурук се соочи со уште еден скромен противник. Во 87-мата минута дојде моментот на ...
Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, попладнево во меч од полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања успеа да ја победи Ралука Сербан од Кипар со 2:0 во сетови, па со тоа се пласираше во финалето на овој турнир. Македонската тенисерка беше доминантна во текот на целиот меч. Првиот сет го доби со 6:2 во гемови, а во вториот исто така беше 6:2.. Со ова Лина уште еднаш ја потврди добрата форма во последно време со што оствари пласман во ...
Во врска со утрешниот натпревар од 2.коло меѓу Шкупи и Силекс, попладнево со своја реакција искочи и Фудбалската федерација на Македонија, која потврди дека нема да се игра. Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост: Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека натпреварот од 2. коло на Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи 1927 и ФК Силекс, закажан за 17 август во 17:00 часот, нема да биде одигран. Причината за ...
Македонската кадетска репрезентација заврши на 16-то место на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје. Нашите кадети денеск беа совладани од Велика Британија со 76-88. Овој шампионат младите надежи го завршија со осум порази и само една победа против Словачка. Велика Британија доминираше во првото полувреме. После десет минути игра беше позитива од 16-26, додека на одморот беше 33-47. Македонија ја поправи играта во следните ...