Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Македонскиот младински репрезентативец, Никола Величковски е нов играч на албанскиот прволигаш Скендербеу. Напаѓачот се сели кај нашиот западен сосед по епизодата во Бреда, а ова за него е втор интернационален обид по оној во Септември Софија. Беше дел и од Вардар, Работнички и Македонија ЃП. „Среќен сум сто одам во клуб со тредиција, клуб во кои сто многу млади играчи направиле трансфер и голем чекор во кариерата , клуб кој што знае да ...
Екипата на Вардар вечерва во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската лига ја пречекува на свој терен летонска Рига. Мечот стартува од 20:00 часот секако на Арената Тодор Проески, а на терено во стартните единаесет на Вардар најверојатно ќе се појави и искусниот Бобан Николов. Македонскиот репрезентативец има проблеми со коленото, истегнати лигаметни, но според последните информации, тој „ќе стисне заби“ и ќе одигра против ...
Актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, екипата на Вардар денеска од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје во рамките од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции го пречекува претставникот на Летонија, тимот на Рига. По неуспехот во квалификациите за Лигата на Шампионите, и елиминацијата од фински КуПС, Вардар ќе се обиде да ги поправи нештата во квалификациите за Лигата на Конференции. Во надеж ...
Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, тимот на Скопје е поразен во полуфиналето од квалификацискиот турнир кој што се одржува во Полска. Нашите фудбалерки претпладнево се поразени од шампионот на Ирска, тимот на Алтхоне со конечни 4:0. Дефанзивата издржа само 19. минути кога беше постигнат првиот гол, за да пред полувреме веќе биде 2:0. Во вториот дел ирките постигнаа уште два. Сега, распоредот вели дека Скопје ќе игра за ...
Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, на 5 август во Крушево го закажа собирот на одбојкарите на стартот на подготовките за настапот на Европското првенство во септември. Според планот, на списокот на Миленкоски ќе има 18 одбојкари од кои низ подготвителниот период треба да се искристализира списокот на патници на првенството во Бугарија. Репрезентативците од Крушево подоцна ќе се преселат во ...
Велемајсторот Звонко Станојоски и член на ШК Алкалоид е првиот шампион на Македонија во конкуренција на ветерани, откако триумфираше на турнирот што се одигра во Негорски Бањи. Тој успеа да освои 6,5 поени од 7 партии, при што единственото реми се случи во мечот од второто коло против ФМ Александар Кралевски, кој на крајот се најде на втората позиција со 5,5 поени. Третото место со по 4,5 поени го поделија ФМ Александар Качаковски и Илија ...
Дивјачкото однесување на играчите и тренерите на Аргентина гo одбележа финалето на Светското првенство. Особено впечатлив беше Леандро Паредес, кој се степа со половина репрезентација на Шпанија. Прво го турна Ерик Гарсија, потоа го шутна и го фрли на теренот. Потоа го зграпчи за вратот. Потоа се фрли кон Гави. Кога шпанскиот играч од средниот ред скокна да го одбрани својот соиграч, Паредес го нападна и него, го шутна и го фрли на теренот ...
Една од главните теми ова лето е каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата, а се чини дека наскоро би можеле да добиеме епилог. Мајами навидум случајно откри дека Леброн Џејмс повторно ќе го носи дресот на Хит. Леброн играше за три тима во текот на својата кариера, двапати за Кливленд Кавалирс, потоа за Мајами Хит и за Лос Анџелес Лејкерс од 2018 до 2026 година. Социјалните медиуми се во полн ек, а целиот свет зборува за тоа што се случи на ...
Од екипата на Е. Пелистер 2 денеска објавија дека имаат ново тренерско име меѓу голманите. Довчерашниот директор на КК Пелистер, Филип Ивановски, сега ќе биде нов тренер на голманите во вториот тим на битолските „зелено-бели“. Вториот тим на Е. Пелистер ова лето полека го комплетира и ростерот и стручниот штаб во очекување на новата ракометна сезона. Од екипата на Е. Пелистер 2 денеска објавија дека имаат ново тренерско име меѓу голманите. ...
Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, на прашањето колку играчи треба да потпише пред да се затвори преодниот рок, истакна дека засега не може да каже вистинска бројка. „Мислам дека е тешко да се наведе конкретен број во моментов додека е отворен преодниот рок. Секогаш мора да бидеме отворени за нови можности што ќе ни овозможат да го зајакнеме тимот. Постојат очигледни позиции што треба да ги зајакнеме. На пример, крилен напаѓач – ...
Без никакви најави и без речиси никакви информации, првакот на Македонија во женски фудбал за неколку минути го има својот настап во квалификациите од Лигата на шампионките на УЕФА. ЖФК Скопје 2014 година од 11 часот во Полска ќе игра против првакот на Република Ирска. Алтоне е екипата која на стадионот во Сосновец ќе ги одмери силите со Скопје, екипа која во трензична сезона успеа да го симне Љуботен од тронот во шампионатот на Македонија. ...
Белгиската фудбалска репрезентација го избра Марк ван Бомел за нов селектор на нациоанлниот тим. Некогашниот тренер на тимови во германската и холандската лига, за свој следен чекор ќе ја има селекторската работа на клупата на „црвените ѓаволи“. Договорот на Ван Бомел наводно е со важност од две години – до 2028 година. Тој ќе го замени Руди Гарсија како селектор, кој ја напушти својата позиција по Светското првенство. Холанѓанецот работел и ...
Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација за играчи до 18 години утринава замина за Хрватска, каде во периодот од 24 јули до 2 август ќе настапи на Европското првенство. Македонија е дел од ова Б-Европско првенство во група заедно со репрезентациите на Грузија, Унгарија, БОсна и Херцеговина и Шведска. Премиерниот натпревар нашите јуниори ќе го имаат во петок од 20:30 часот против селекцијата на Грузија. Македонската јуниорска ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и официјално се најде на списокот на учеснички на последниот Гренд Слем турнир сезонава, популарниот УС Опен. Вера организаторите ги објавија комплетните листи на учесници и во машка и во женска конкуренција, а Ѓорческа се најде меѓу натпреварувачките кои ќе настапат и на овој престижен турнир. Како и на Вимблдон, нашата тенисерка и во Њујорк своето место на главниот турнир ќе мора да го бара ...
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез (33) изјави дека размислува за повлекување од репрезентацијата по поразот од Шпанија со 1-0 во финалето на Светското првенство. Мартинез вчера им се извини на Инстаграм на навивачите на Аргентина. „Многу ми е жал. Дадов сè од себе за да им помогнам на мојата земја и на моите соиграчи да го освојат Светското првенство“, напиша тој. Тој се надеваше дека ќе освои втора последователна светска титула по ...
Морган Роџерс и официјално е нов фудбалер на лондонски Челзи. Лондонскиот клуб го објави трансферот на 23-годишниот играч од средниот ред од Астон Вила. Страните потпишаа договор до 2033 година. Претходно беше објавено дека договорот ќе биде вреден 117 милиони фунти, со што и официјално е урнат рекордот за најскап англиски фудбалер во историјата на Премиер лигата. Минатата сезона, Морган одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи ...
Актуелниот македонски фудбалски шампион, тимот на Вардар, утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра првиот меч од двата против тимот на Рига од Летонија, кој што секако се игра во рамките од второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Гостите од Летонија со чартер лет денеска пристигнаа во Скопје, и по официјалната прес конференција ќе го одработат и официјалниот тренинг. На пресот пак ...
Ведран Ќосевски, некогашниот голман на Струга ТЛ и Вардар, кој во изминатите сезони важеше за еден од најдобрите чувари на мрежата во ПМФЛ, од денеска и официјално е нов член на Радник Бијелина, клуб кој е член на елитната лига во БиХ. Ова значи дека Ќосевски се врати “дома“ ако се знае дека иако е роден во Велес, сепак своите фудбалски или голмански почетоци ги прави во БиХ, во сараевски Железничар. Потоа кариерата го водеше во Вележ па во ...
Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска рунда од ЛК ќе игра со подобриот од двомечот Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија). Па така со оглед на тоа дека унгарскиот шампион уште на првата средба и тоа како гостин славеше со неверојатни 2:6, ако ја мине Рига тогаш Вардар ќе игра против ...
Ете, и тоа го има во светот на фудбалот. Најголемиот клуб во светот не го сака официјално најдобриот фудбалер во светот. Во деновите кога навивачите на кралскиот клуб сонуваат за доаѓањето на официјално најдобриот фудбалер на планетата, а Жозе Мурињо плаче за нов играч од средниот ред и дефанзивец, од врвот на “Сантијаго Бернабеу“ пристигна порака што предизвика општ гнев и неверица во шпанската престолнина. Понекогаш се чини дека логиката, ...
Актуелниот бранител на шампионската титула во домашниот фудбалски шампионат, екипата на Вардар, утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра првиот од двата закажани мечеви од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против екипата на Рига од Летонија. Пред утрешниот дуел, на официјалната прес конференција на ФК Вардар, на прес конференцијата се појавија тренерот Кристијан Фабијани, капитенот ...
И дефинитивно оваа држава, овој народ не ги бива за некои работи. Одамна знаеме дека со фудбалот тешко ни оди, со ретки исклучоци, ама одамна знаеме исто дека тоа што ќе го направиме, а секако дека изгледа убаво и модерно, не знаеме да го сочуваме, ниту знаеме да го одржуваме. А познато е дека треба одржување, така и Арената “Тодор Проески“ во Скопје, нашиот најголем и најрепрезентативен спортски објект, нашиот храм на фудбалот. Замислете, ...
Голем број луѓе се собраа рано утрово по локално време за да го пречекаат Лионел Меси на аеродромот „Ислас Малвинас“ во Росарио, од каде што се врати со лет од Мајами, во друштво на своето семејство, одделно од остатокот од тимот што слета вчера во Буенос Аирес. Бројни прес-екипи што го испратија капитенот на националниот тим назад во неговиот роден град, ја посетија и старата куќа во Лавалеха Естадо де Израел 525, адресата каде што ...
Некои работи остануваат во вечноста како оној натпревар во Тбилиси во ноември 2020 година, кога Македонија испиша историја. Кога во финалето од плеј – офот ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП 2021, а на тој меч главен судија беше Ентони Тејлор. Англичанецот уште неколку пати ни судеше, но остана во меморијата поради тие 0:1 во Тбилиси. Ова го спомнуваме поради фактот дека Тејлор денеска објави дека заминува во пензија. 47- годишниот ...
Фудбалските репрезентации на Аргентина и Шпанија би можеле повторно да се сретнат во ноември оваа година. Бројни извори денес објавија дека претходно одложениот „Финалисима“, кој беше планиран за март 2026 година, би можел да се одржи осум месеци подоцна. Како што е познато, „Финалисима“ во кој се среќаваат шампионите на Европа и Јужна Америка, беше одложен поради војната на Блискиот Исток. Сепак, со смирувањето на ситуацијата во Катар, ...
Експедицијата на Шкендија е веќе во Љубљана, каде попладнево веднаш по слетувањето одржан е и првиот тренинг. Натпреварот со Браво од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, е закажан за в четврток од 20.45 часот, а утре вечер ќе се одработи и официјалниот тренинг на “Стожице“ каде и ќе се одигра овој натпревар. Од таборот на Шкендија една официјална информација дека во текот на утрешниот ден ќе се знае дали двете најнови засилувања, ...
Противникот на нашиот шампион Вардар, во рамките од второто квалификациско коло за Конференциската лига, тимот на Рига од Летонија, во моментов го одржува официјалниот тренинг на Арената Тодор Проески, каде што утре со почеток од 20:00 часот стартува првиот дуел. Летонците во Скопје пристигнаа денеска, ја одржаа официјалната прес конференција, а потоа излегоа на терен. На теренот кој што е во одлична состојба и кој што го „преживеа“ големото ...
Ако повредите на Дарко Велковски. Мислав Матиќ и Торес не беа доволни како проблем за ФК Вардар пред утрешниот дуел во второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, денеска од таборот на „црвено – црните“ има нов момент. Искусниот Бобан Николов има болки во коленото, и неговиот настап на утрешниот дуел против тимот на Рига од Летонија на домашен терен е крајно не извесен. Според информациите, истегнат е колатералниот лигамент на ...
Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, реален во која ситуација се наоѓа тимот по елиминацијата од КуПС во квалификациите за Лигата на Шампионите, смета дека утрешниот меч од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје против тимот на Рига од Летонија е еден вид поправен испит и шанса за нов успех во Европа. Второто квалификациско коло од Лигата на Конференции е на програмата, а Вардар има пред себе сериозен ривал. „КуПС е минато. Не го ...
Мало изненадување или не за сите во експедицијата на Шкендија попладнево кога пристигнаа во хотелот во Љубљана. Таму ги пречека Илија Несторовски, кој беше со својот Славен Белупо во пресрет на пријателскиот дуел со Шајтхар. Јасно е дека Нестор и посака среќа на Шкендија на дуелот со Браво, четврток од 20.45 а имаше и неколкуминутен срдечен разговор со својот голем пријател Бесарт Ибраими, некогашен соиграч од репрезентацијата на Македонија. ...