Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Искусното репрезентативно либеро Костадин Ричлиев и новопечениот македонски репрезентативец Махди Задмард и во новата сезона ќе бидат дел од костурот на макеоднскиот одбојкарски шампион Штип УГД. Штипјани денеска ги потврдија новите договори и за двајцата. Задмард е во процедура на регистрација како нов македонски репрезентативец, додека либерото Ричлиев е веќе стандарден во нашата машка сениорска репрезентација. Штип УГД вчера го потврди и ...
„Ако Норвешка го победи Бразил, ќе веслам по Мерси“ – рече Вејн Руни и – го исполни своето ветување. Норвешка го победи Бразил, стигна до четвртфиналето на Светското првенство, а тимот на Би-Би-Си составен од Вејн Руни, Мика Ричардс и Џо Харт веслаше по реката Хадсон за да го исполни ветувањето. Добро, не е Мерси, но тимот е во Соединетите Американски Држави, па дури и немаа можност да веслаат по Мерси. Како се започна? Кога Норвешка го ...
Франција – Англија 0:4 е резултатот од првото полувреме во мечот за третото место на СП, кој се игра во Мајами. Рајс со прекрасен гол уште во 3.минута му донесе водство на својот тим. Следуваше асистенција на Рајс во 18.минута за Конса за 0:2, за да во 37.минута Сака зголеми на 0:3, постигна уште еден во 45+2.минута. Англија имаше уште два – три зицери. Франција се бламира, имено сите играат само Килијан Мбапе да постигнува голови, а тој ...
Во 84. година од животот почина една од најмаркантните фигури во нашата спортска историја – легендарниот кајакар на диви води, Трајан Јовковски. Јовковски беше спортист, спортски работник и горд член на елитниот „Клуб на великаните“ при МОК (од 2000 година), кој имаше блескава кариера како повеќекратен шампион на Македонија и на Југославија, како долгогодишен капитен на репрезентацијата и врвен тренер, кој го трасираше патот на кајакарскиот ...
САД треба да бидат домаќини на Светското првенство за жени во 2031 година, изјави шефот на работната група на Белата куќа за Светското првенство во 2026 година, Ендру Џулијани, додавајќи дека ФИФА веќе го известила претседателот Доналд Трамп. Џулијани рече дека организацијата на Светското првенство за жени ќе биде дел од пошироката соработка меѓу САД и ФИФА, но истакна дека американската администрација ќе побара политиката на светската ...
Одбранбениот играч на репрезентацијата на Македонија, Јован Манев, ги сподели своите први впечатоци по потпишувањето на двегодишниот договор со Шкендија. Тој вели дека е среќен и мотивиран за оваа нова авантура во својата кариера. „Среќен сум што сум дел од Шкендија. По пет или шест години се враќам во Македонија. Секако, тоа е дополнително искуство што го стекнав на меѓународно ниво. И како што реков, среќа, нова мотивација и се надевам на ...
Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре на стадионот „МетЛајф“. Се очекува американскиот претседател да му го врачи трофејот на победникот. Според „Телеграф“, на овој настан му е доделен рејтинг од Ниво 1, што ги исполнува највисоките безбедносни стандарди во Соединетите ...
Поранешниот напаѓач на аргентинската репрезентација, Серхио Агуеро, го спореди Лионел Меси со порно ѕвезда. „Веќе сме зад сцената, а на 39 години игра како да има 20. Никој никогаш нема да се споредува со него. Ќе поминат години, но ниту ние ниту нашите деца никогаш нема да видиме нешто слично. Меси е вистинска порно ѕвезда на теренот, ги е*е сите“, рече Агуеро во една епизода од подкастот „Vamo’ a Juga“. Поранешниот напаѓач на ...
871 милион долари. Тоа е вкупниот паричен фонд – двојно поголем од оној доделена на СП во Катар во 2022 година – што ќе го поделат 48-те национални тимови што учествуваат на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Секоја федерација ќе добие чек врз основа на нејзиниот настап на натпреварувањето. Репрезентациите кои само учествуваа на ова СП, односно беа елиминирани уште во групната фаза, ќе добие по 12 милиони долари. ...
Младиот одбојкарски стратег Миодраг Новески го презема кормилото на сениорскиот тим на прволигашот Работнички 71&22. По 5 години посветена работа со младите категории и стекнато искуство како помошник тренер во сениорскиот тим и репрезентацијата во младинските категории, Миодраг Новески го прави следниот чекор во својата тренерска кариера и станува прв тренер на сениорскиот тим на Работнички 71&22. Покрај водењето на првата екипа, ...
Морган Роџерс ќе стане најскапиот англиски фудбалер во историјата. Денес беше објавено дека Челзи го купува играчот од средниот ред на Астон Вила. Лондончани ќе му платат на клубот од Бирмингем 117 милиони фунти. Роџерс ќе го сруши рекордот поставен неодамна со трансферот на Елиот Андерсон во Манчестер Сити за 116 милиони фунти на почетокот на јули. Морган Роџерс ќе стане најскапиот англиски фудбалер во историјата. Денес беше објавено дека ...
Македонската младинска кошаркарска репрезентација одигра уште еден убедлив натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Избраниците на селекторот Никола Велев ја совладаа Холандија со убедливи 89:60 и утре ќе играат за конечен пласман на деветтата позиција. Најефикасен во македонскиот состав беше Ќириловски со 18 поени и шест скока, Марјановиќ додаде 12, додека Димовски и Петрушевски имаа по 10 поени. Утре, на ...
Португалскиот репрезентативец Франциско Тринкао се пресели во Ал-Ахли. Клубот од Саудиска Арабија го објави трансферот на 26-годишниот играч од средниот ред на Спортинг Лисабон, откако страните потпишаа четиригодишен договор. Претходно беше објавено дека клубот од Џеда ќе плати 45 милиони евра за играчот, а уште 5 милиони евра потенцијално ќе бидат исплатени како бонуси. Минатата сезона, Тринкао постигна седум гола и имаше 11 асистенции во ...
Екипата на Пелистер со очаен старт на првата контрола во очекување на новата сезона во второлигашкото друштво. Во првиот интернационален контролен натпревар од подготовките Пелистер загуби од грчки Паниониос со неверојатни 8:0. На полувреме Грците имаа предност од 3:0, а во вториот дел постигнаа уште пет погодоци. Ова беше и неславно деби за новиот тренер Христов. Екипата на Работнички славеше против екипата на Брера со 1:0. Единствениот ...
Македонската машка кадетска репрезентација ја оствари првата победа на контролите со Грција. Денеска избраниците на селекторот, Горан Кузманоски слава со 31:29 на дуелот со јужниот сосед. Во Скопје овие две репрезентации ќе одиграат и втор контролен меч, како последна подготовка за нашата селекција пред настапот на Европското првенство. Втората средба е утре со почеток во 12 часот. Македонската машка кадетска репрезентација ја оствари ...
Англија вечерва во 23 часот ќе се соочи со Франција во натпреварот за третото место, а голманот Џордан Пикфорд (32) ќе го има својот 20-ти настап на мундијалите. Ова дополнително ќе го одвои од врвот на листата на англиски играчи со најмногу настапи на Светско првенство. По него следуваат Хари Кејн (18), заедно со Џон Стоунс и Питер Шилтон, кои имаат 17 настапи. Само на голманската позиција, англискиот голман ќе биде израмнет со Уго Љорис на ...
По пензионирањето прво на Роџер Федерер, а потоа и на Рафаел Надал, постојано се зборува за тоа кога Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата. Сепак, српскиот тенисер сè уште се бори со најдобрите на турниеите и се обидува да стигне до јубилејниот 25-ти Гренд Слем. Но, на39-годишна возраст, сосема е нормално што темата за пензионирање често се споменува. Новак не бега од фактот дека моментот на повлекување е блиску. „Сè уште чувствувам дека ...
За Славко Винчиќ моментот кога претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, му го предаде дресот наменет за судијата на финалето беше многу емотивен. Словенецот не успеа да ги скрие солзите, свесен дека добил најголемо можно признание во својата судиска кариера. На стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, со кои ќе го сочинуваат судиското трио во борбата за титулата ...
Фудбалскиот свет е во исчекување. Сè уште не е познато дали Кристијано Роналдо заврши со португалската репрезентација или ќе се обиде да игра на Европското првенство во 2028 година. Новиот селектор, Жорж Жезус, е негов голем пријател и треба да почекаме двајцата заеднички да ја објават својата одлука. Дотогаш, шпекулациите и анализите продолжуваат, поранешните фудбалски асови веруваат дека е време да се заврши, а еден од нив е легендарниот ...
Доминација на младиот Италијанец. Андреа Кими Антонели ја освои својата втора последователна пол позиција и шеста во генерален пласман од почетокот на сезоната во Формула 1, откако триумфираше во квалификациите пред утрешното Гран При на Белгија. Италијанецот ја освои пол позицијата на стартот од Спа со време од 1:44.361 круг, кое го забележа на самиот крај од Q3 сесијата. Со тоа, тој го победи Макс Верстапен за цели 0.317 секунди во борбата ...
Откако беше елиминиран на стартот во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, Вардар во фудбалска Европа продолжува со настапот во втората квалификациска фаза во Лигата на Конференции а противник ќе биде Рига од Летонија. Првиот меч се игра во Скопје на 22 јули (среда) со почеток од 20 часот, додека реваншот во Рига е закажан за 28 јули (вторник) со почеток од 19 часот. Познати се и судиите. На првиот меч во Скопје тоа ќе бидат судии ...
Во пресрет на утрешното финале на СП, селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, изјави дека навивачите се најголемата мотивација за неговиот тим во обидот да ја одбрани титулата светски шампион во финалето против Шпанија. Аргентина ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство во недела, а Скалони истакна дека токму поддршката од навивачите ги држи гладни за нови успеси, и покрај фактот дека неговиот ...
Уште еден историски резултат за македонското пливање! На Бугарското државно првенство во пливање 2026, Леонел Илиев постави нов кадетски рекорд на Македонија во дисциплината 100 метри грбно, со извонредно време од 1:00.47! Нов рекорд: 1:00.47 – Леонел Илиев Стар рекорд: 1:00.97 – Горазд Чепишевски Со ова Леонел го подобри досегашниот национален рекорд за 0.50 секунди, потврдувајќи дека е еден од најперспективните млади македонски пливачи. ...
До крајот на СП 2026 остануваат уште два меча. Вечерва во Мајами Гарденс ќе биде одреден освојувачот на бронзените медали. Франција и Англија – две екипи кои го започнаа турнирот како главни фаворити, ќе мора да го надминат разочарувањето од своите соништа за титулата што е уништена. Натпреварот за третото место започнува во 23 часот по македонско време. „Петлите“ беа запрени од Шпанија со 0:2 во првото полуфинале, додека „Трите лава“ ...
Свој коментар во пресрет на утрешното финале на Мундијалот имаа и селекторот на Шпанија и капитенот, Луис де ла Фунте и Родри. Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, рече дека пласманот во финалето на Светското првенство е привилегија и рече дека неговиот тим сака да ужива во борбата за трофејот против актуелниот шампион Аргентина. Шпанија ќе игра против Аргентина во финалето на Светското првенство на стадионот ...
По 19 години се случува историја. Сега веќе познатата слика од Меси, создадена во времето кога тој се пробиваше во Барселона, и многу малиот, штотуку роден Јамал, добија на важност дури и во времето кога Ламин се проби до првиот тим на Каталонците и го достигна статусот на ѕвезда. А потоа таа предизвика неверица во фудбалскиот свет. Потоа падна во заборав, но сега повторно е ажурирана за време на Светското првенство и повторно стана хит по ...
Новата сезона на Бугарската прва лига започна на спектакуларен начин, а веќе во првото коло, љубителите на фудбалот имаа можност да видат гол кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Стрелец на тој прв гол во сезоната беше Македонецот Георг Стојановски. Натпреварот помеѓу Спартак Варна и ЦСКА 1948 Софија заврши со резултат 2:2, но по последниот свиреж на судијата, најкоментираниот гол беше оној на Стојановски. Денеска цел Балкан ...
Јован Манев и официјално го облече “црвено – црниот“ дрес на Шкендија. Како што велат од тборот на тетовскиот клуб, македонскиот репрезентативец потпиша двогодишен договор, што значи Манев ќе биде во дефанзивата на Шкендија најмалку до 2028. Ова секако дека е еден од најголемите трансфери ова лето во мак – фудбалот. Манев важи за еден од нашите најдобри дефанзивци,актуелен репрезентативец а доаѓа од Ријека. Играше и за Осијек, во Адана ...
Она што вчера “СпортСпорт“ ексклузивно го најави, попладнево е и офцијално. Јован Манев и дефинитивно е ново име во таборот на Шкендија. Ова е големо, екстра засилување за тимот од Тетово кој денеска и ја детонираше “бомбата“, втора за два дена. А тоа е дека Шкендија и тоа како ја засили својата одбрана во пресрет на стартот на нова сезона и секако за Европа. Репрезентативниот стопер во наредниот период ќе го носи “црвено – црниот“ дрес на ...
Абдул Руватубаје (29), искусен дефанзивец од Руанда, во следната сезона ќе го носи дресот на Шкендија Арачиново. Има договор меѓу двете страни, се очекува само уште официјална потврда од клубот и секако промоција. Ова за Руватубаје ќе биде враќање во ПМФЛ, ако се зна дека до пред две години играше за Шкупи и за Брера Струмица. Секако дека ова е големо засилување за тимот од Арачиново. Сега веќе и дефинитивно може да се каже дека дебитантот ...