Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти Баварија и да се пресели во Реал Мадрид. Легендарниот спортски медиум му ја посвети насловната страница на Олисе, кој што би требало да биде следното големо име на Сантијаго Бернабе, за кого Реал би требало да плати енормни 150 милиони евра. ...
Македонската фудбалска репрезентација наесен на чека сериозен предизвик во најновото издание на Лигата на Нациите Македонија сега е во посилниот „шешир“, каде што сме во група заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска. Токму затоа, мора да сме на највисоко ниво во секој момент од оваа кампања ако сакаме да направиме нешто. И дома и на гостински терен. Распоредот вели дека стартуваме на 26.09. во Скопје против Швајцарија. За да три дена ...
Големо засилување за тимот на Шкендија во пресрет на мечевите од Европа, но и од ПМФЛ шампионатот. Марко Ѓорѓиевски е нов играч на тетовци, во трансфер во кој што некогашниот младински репрезенаттивец на Македонија по кратката епизода во Романија се враќа во домашниот шампионат. Ѓорѓиевски беше еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ во дресот на Силекс, по што го направи транферот во Клуж, а потоа и во Херменштад. Сепак, неговата минутажа таму ...
Единствениот македонски претставник во Европската лига, Пелистер ги доби противниците во групната фаза. Битолчани се најдоа во групата Г, а ќе играат против Гумербах (Германија), Ла Риоха (Шпанија) и Гдањск (Полска). За првпат 32 екипи ќе играат во групната фаза, која вклучува шест кола од 29 септември до 2 декември 2026 година. Првопласираните и второпласираните учесници во секоја група ќе обезбедат место за главната рунда, каде што ќе им ...
Жоакин Торес има сериозна повреда на мускулот и според лекарските наоди тој ќе биде во аут до септември што значи дека ќе биде надвор од стројот на Вардар за престојниот двомеч со Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Аргентинецот се пожали на болки за време на првиот дуел со КуПС во Скопје по што не беше во составот на тренерот Кристијан Фабиани за деулот во Финска. Ако се гледа според играта и според тоа што Вардар ...
Доминик Собослај уште долго ќе го гледаме во дресот на Ливерпул. Играчот од средниот ред денеска и официјално потпиша нов долгогодишен договор кој што е со трајност до 2031 година и со тоа стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Унгарецот кој што во моментов има 25. години со ова станува еден од најплатените фудбалери на Ливерпул. Со вкупно 147 мечеви за Ливерпул досега, Собослај има статистика од 28 гола и 26 асистенции. Ја ...
Македонската кошаркарска репрезентација У20 конкуренција, денеска со високи, убедливи и заслужени 97:62 ја совлада соодветната селекција на Грузија во рамките од Европскиот шампионат Б дивизија, и на тој начин обезбеди меч и битка за деветтото место на овој турнир. Македонија издоминира на овој меч уште од првата минута, добивајќи ја стартната делница со 22:16. Веќе во вторито дел се виде кој е кој и Македонија со 31:19 веќе имаше осетно ...
Македонската младинска репрезентација одигра возбудлив натпревар против Полска, победникот на мечот беше решен после изведување на пенали, откако регуларниот дел заврши со резултат (28-28). Со голот на Крстевски од седум метри нашите ракометари се изборија за реми. Но, во изведувањето на удари од седум метри, подобра беше селекцијата на Полска која на крајот славеше со 33-32. Ова значи дека ќе играат за 19 место на Европскто првенство. ...
Новите светски шампиони во фудбал ќе добијат, покрај легендарниот шампионски пехар и златните медали, уште едно признание, специјални прстени. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека за првпат ќе им додели прстени на победниците од неделното финале меѓу Шпанија и Аргентина. Во американските спортови е вообичаено тимовите што освојуваат првенства да добиваат прстени за своите достигнувања. Сега, управното тело на светскиот ...
Еден од најстарите фудбалски клубови во Португалија и официјално – банкротираше. Боависта ги суспендира сите активности откако клубот не успеа да ги собере потребните средства за да продолжи со работењето за време на тековната стечајна постапка, објави португалската новинска агенција Луса. Клубот требаше да уплати пари на сметката на стечајната маса за покривање на тековните трошоци во јуни, но тоа не се случи. Затоа, сите активности на ...
Екипата на Скопје во своите редови за следните шест месеца ги обезбеди услугите на младите фудбалери на Вардар, Андреј Цветковски и Андреј Мурџески. Андреј Мурџески веќе одработи една позајмица во тимот на Детонит, но преголемата конкуренција на левата бековска позиција во Вардар вели дека тој ќе мора повторно да оди некаде. Андреј Цветковски пак, е У17 репрезентативец на Македонија, кој што исто така има професионален договор со Вардар, и ...
Славко Винчиќ од Словенија е назначен за судија на финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се оодигра в недела во Њујорк. На 46-годишниот Винчиќ ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. Резервен судија: Адам Махадмех, резервен помошник судија: Мохамед Ал-Калаф (двајцата Јорданци). За Винчиќ ова ќе биде четврти натпревар на Светското првенство откако претходно судеше на натпреварите ...
Речиси секој петти натпревар на Светското првенство во 2026 година се играше во неприфатливи услови поради топлината, тврди весникот „Гардијан“. 23 натпревари се одржаа во градови каде што временските услови исто така достигнаа опасни нивоа, но се играа на стадиони со климатизација. Анализата ги опфати временските услови за време на сите 104 натпревари од турнирот – 102 веќе одиграни и двата преостанати натпревари за кои беа користени ...
Македонскиот младински репрезентативец и еден од најдобрите млади фудбалери во домашниот шампионат, Мартин Џангаровски, станива интернационалец. Репрезентативецот до 17. години на Македонија е нов играч на српскиот суперлигаш, Радник Сурдулица. Досегашниот член на Македонија ЃП, ќе го има првиот обид надвор од нашите граници. Неговиот досегашен клуб е дел до ВМФЛ шампионатот. За офанзивецот беа заинтересирани речиси сите клубови од нашиот ...
✍Марија Ковачева Уште на самиот почеток на создавање на проектот „Женски Спортски Приказни“ најавивме дека ќе споделуваме интервјуа, приказни и теми кои ќе отвораат нови видици кај сите дами кои се дел од спортот. Бројот на Македонки кои работат надвор од нашата земја е навистина мал, но најважно е што сите се успешни. Во современиот спорт, успехот не се гради само со физичка подготовка и тактичка дисциплина. Сè поголемо внимание добива и ...
Македонските одбојкарски репрезентативци Стојан Илиев и Давид Стојанов потпишаа нови договори со одбојкарскуиот првак на Македонија, екипата на Уштип УГД. Од клубот потврдија дека соработката и со двајцата репрезентативци ќе биде продолжена на уште една сезона, така што двоецот ќе остане да биде костур на тимот и за новата сезона. „Столе Илиев и Давид Стојанов ја продолжија верноста кон клубот за уште една година! Раководството на нашиот ...
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Е.Џ од Скопје. Тој освои џекпот вреден 5.941.145 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 07.07.2026 година во Скопје.Среќната игра е 100 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 06.07.2026 до 12.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 16.287.523 денари кон ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје А. веќе го дозна и првиот ривал во рамките на новата сезона од ФИБА Европскиот куп. Откако ги доби ривалите во групата, шампионот стана јасно дека премиерата во ова европско натпреварување под капата на ФИБА ќе го има на гостински терен и тоа во Солун. На 7 октмври, „штрковите“ ќе и гостуваат на екипата на Ираклис. Седум дена подоцна на 14 октомври во Скопје ќе го пречекаат Тарту. Останатите ...
Селекторот на Франција, Дидие Дешан, одбил да им даде слободен ден на своите играчи пред натпреварот за третото место против Англија, објави „Л’Екип“. Играчите инсистираа на слободен ден за да си ги разјаснат мислите, но Дидие Дешан одби да се откаже од тренинзи. Селекторот на репрезентацијата, не сакајќи да го заврши турнирот со два порази, го засили својот притисок врз тимот. Во сабота од 23 часот Франција против Англија влегува во малото ...
Шкендија обезбеди пласман во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, откако повторно ја победи Европа од Гибралтар, овој пат со минимални 1:0 во Скопје. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86-тата минута. По натпреварот, тренерот Артим Положани ги сподели своите размислувања за натпреварот и следниот предизвик, словенечки Браво. „Очекувањата беа да победиме со уште еден повисок резултат, но во однос на пристапот, не можам да ...
Јувентус и официјално потпиша договор со турскиот репрезентативен дефанзивец Зеки Челик. Според инсајдерот Фабрицио Романо, 29-годишниот фудбалер ја прифатил понудата на клубот од Торино, и покрај тоа што претходно усно се договорил за нов договор со Рома. Договорот на Челик со Јувентус е на три години. Челик е слободен агент од 1 јули, откако му истече договорот со Рома. Јувентус и официјално потпиша договор со турскиот репрезентативен ...
Фудбалерите на и тренерот на Силекс, Александар Васоски, сосема очекувано беа разочарани од елиминацијата во првото коло во Конференциската лига. И покрај победата на првиот натпревар на гости против Динамо Минск, кратовци дозволија пораз на домашен терен, па низ продолженијата и пеналите не успеаја да дојдат до втората рунда. „Ова беше еден исцрпувачки натпревар. Почнавме со страв во првите дваесетина минути, несвесно се повлековме иако ...
Екипата на Силекс испадна во првото коло од квалификациите за Лигата на Конференции по двомечот со Динамо Минск. Вечерва на ПЕтар Милошевски во Скопје, екипата од Белорусија беше подобра по изведувањето на пеналите со конечни 5:6, откако во регуларниот дел исто така победи со 0:1, и ја анулираше предноста од првиот меч. Лошо прво полувреме на Силекс го чинеше негатива Стартот на мечот значеше уште од првиот момент доминација на Динамо Минск. ...
Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите дресови. Шпанците се формални домаќини на тој натпревар и затоа ќе играат со препознатливата црвено-сина комбинација. Интересно е што улиците, трибините, парковите, а особено Плаза де Колон, беа исполнети со бели дресови за време и по ...
Одбојкарите на Штуп УГД вчера го добија првиот противник во историскиот настап во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Штипјани годинава имаат шанса за првпат во историјата на градот и на клубот да ја пробаат силата со најдобрите европски шампионски тимови. Холандскиоот првак Орион Старс е ривалот на Штип УГД, а тренерот Кристиан Ристески, вели дека како за прво учество и немаа многу среќа во ждрепката. „Генерално, ...
Нема голови по првото полувреме на реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Европа од Гибралтар. Со оглед на резултатот од првиот меч, 5:0 за нашиот пртетставник, Шкендија во ова прво полувреме не се претргна нешто по секоја цена да постигне гол. Составот на стратегот Артим Положани имаше неколку шанси, па и зицери, во неколку наврати Тамба, па двапати Ндзенгуе, а гостите во 29.минута имаа зицер преку Ди ...
Џуд Белингам се најде во центарот на вниманието по поразот од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство, кога го удри Валентин Барко на крајот од натпреварот. Сега се појави ново видео кое открива како всушност започнал конфликтот. Камерите снимија дека тензиите меѓу двајцата фудбалери започнале уште пред последниот свиреж на судијата. Откако Енцо Фернандес постигна спектакуларен гол во 85-тата минута за израмнување на 1:1, ...
Шкендија – Европа 1:0 е исходот од реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ова беше практично тренинг натпревар ако се знае дека на првиот меч на Гибралтар минатиот четврток славеше со 5:0. Стрелец на голот беше Крстевски во 86.минута. Со ова се стави заверка, се официјализира пласманот на тетовци во следната рунда каде за ривал ќе го имаат тимот на Браво од Словенија. Натпреварот, сосема очекувано, започна со ...
На крајот од дуелот во Скопје, помеѓу Силекс и Динамо Минск во рамките од квалификациите за Лигата на Коференции, во кој белорускиот претставник мина понатаму по подоборот изведување на пеналите, имаше тензии и за малку не дојде до поголем инцидент. За среќа двете клупи и судиите, како и обезбедувањето на време реагираше па не дојде до поголем проблем. На крајот од дуелот во Скопје, помеѓу Силекс и Динамо Минск во рамките од квалификациите ...
Поранешниот шпански голман, Икер Касиљас, изјави дека Аргентина нема да може да стане светски шампион по четвртипат. Шпанците ќе играат против Аргентина во финалето на Светското првенство во 2026 година на 19 јули . „Нема да имаш четврта ѕвезда, Аргентина! Одиме по втора!!! Напред, Шпанија!“, напиша Касиљас на својот X профил. Аргентина го освои Светското првенство во 1978, 1986 и 2022 година. Шпанија го освои златото на Светското првенство ...