Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, подготвува неверојатна понуда за ѕвездата на Баерн Минхен и француската репрезентација, Мајкл Олисе. Понудата би можела да достигне вкупна вредност од 223 милиони евра, што би значело дека ќе го собори рекордниот трансфер на Нејмар. Бразилецот во 2017 година премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, а тој трансфер сè уште е најскапиот во историјата на фудбалот. Сумата ќе биде ...

Реал Мадрид ќе се обиде да го продаде францускиот играч за врска, Едуардо Камавинга. Кралскиот клуб отпочна преговори со Манчестер сити. Тешко лето е зад младиот фудбалер од средниот ред. Најпрво, селекторот на Франција, Дидие Дешан, поради послаба форма во вториот дел од сезоната не го повика на Светското првенство, иако Камавинга беше важен дел од тимот на претходниот Мундијал. Сега, шпанската „Марка“ пишува дека Реал Мадрид во летниот ...