Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Работнички продолжува да го гради составот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Дваесет и деветгодишниот плејмејкер повторно се враќа во „Градски парк“, каде што настапуваше и во 2023 година. Николов добро го познава македонскиот шампионат, со оглед на тоа што од 2019 до 2022 година го носеше дресот на МЗТ Скопје. Во Работнички пристигнува по една сезона помината во турскиот Газијантеп. ...
Манчестер јунајтед е во напредни преговори за ангажман на Карлос Балеба од Брајтон. Клубот од „Олд Трафорд“ утрово доставил понуда вредна повеќе од 75 милиони евра, но Брајтон ја одбил. Сепак, во Јунајтед не планираат да се откажат и веќе работат на нова понуда со која сакаат да постигнат договор во следните 48 часа. Балеба е меѓу приоритетите на Манчестер јунајтед во актуелниот преоден рок, а клубот е подготвен да инвестира значителна сума ...
Младиот напаѓач на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, Дитмир Хоџа, ќе го исполни својот сон, од Македонија директно ќе се пресели во Премиер – лигата потпишувајќи договор со Лидс јунајтед. Сѐ е договорено, зделката е склучена, а и Лидс Јунајтед во наредните неколку денови ќе го потврди трансферот. Дитмир Хоџа во првиот период ќе настапува за тимот на Лидс јунајтед до 21 година, а ќе има можност да се наметне и кај менаџерот ...
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, ...
Трагедија го потресе англискиот фудбал откако на стадионот на Чарлтон беше пронајдено безживотно тело на 33-годишен маж. Полицијата и итната медицинска служба пристигнале на стадионот во вторникот околу 11:15 часот, по пријава за загриженост за безбедноста на едно лице. За жал, медицинскиот тим можел само да констатира смрт. Полиција соопшти дека истражува дали мажот претходно паднал од височина. Смртта засега се води како неочекувана, а ...
Иранскиот фудбалер Надер Мохамади, кој настапува за Спартак Кострома, постави нов рекорд во рускиот фудбал со неверојатно изведен аут. Мохамади ја исфрли топката на далечина од 45,6 метри, со што постави нов апсолутен рекорд за најдолг аут во највисоките два ранга на рускиот фудбал. Топката при летот поминала дури 51,6 метри и достигнала висина од 10,8 метри, покажуваат податоците на аналитичката платформа „Рустат“. 🤯🇮🇷🇷🇺Spartak ...
Микел Артета има амбициозни планови со Арсенал по освоената шампионска титула во Премиер лигата. Шпанскиот тренер сака Топчиите да продолжат да напредуваат и да се претворат во „најдобриот клуб во светот“. „Амбицијата на клубот и сопствениците е да бидеме најдобри во светот. За тоа ви требаат најдобри услови, стадион, навивачи, но и најдобрите играчи. Токму тие ги решаваат натпреварите кога е најважно“, изјави Артета. Арсенал веќе го засили ...
Она што не смее да се пропушти оваа среда е Бонус типот на Sport Life со екстра зголемена квота за натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите. Четирите меча се играат од 21 часот, а доколку има помеѓу еден и три гола во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар, тогаш Бонус типот со квота од 20.00 ќе биде добитен. Бонус типот е интересен бидејќи доколку се одиграат четирите натпревари поединечно на оваа игра, тогаш ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, со големи пофалби зборуваше за пристигнувањето на Родри на „Камп ноу“. Каталонскиот клуб вчера го потврди трансферот на освојувачот на Златната топка за 2024 година од Манчестер сити, а Родри потпиша договор до летото 2030 година. „Тоа беше голема можност за нас и сите бевме 100 отсто убедени дека треба да го доведеме бидејќи тој е фантастичен фудбалер. Носи нешто посебно во секој тим и одлично е што сега е ...
1302 Атлетико Мадрид – Малага (21:00) Новата сезона за Атлетико Мадрид во шпанската Ла Лига започнува со дуел против повратникот во елитата, Малага. Сè освен победа на избраниците на Чоло Симеоне ќе биде големо изненадување. Овие две екипи последниот меѓусебен дуел го имаа во 2018 година, а последните пет средби завршуваа со победи на Атлетико Мадрид. Предлог тип: 1 & 3+ (1.98) 6714 НЕК Најмехен – Бодо/Глимт (21:00) На дуел на којшто ...
Њукасл започна преговори за трансфер на Нико Гонзалес од Манчестер сити, објави „Атлетик“. Страчките го гледаат 24-годишниот шпански играч за врска како потенцијална замена за Бруно Гимараиш, кој ова лето се пресели во Арсенал. Гонзалес е член на Манчестер сити од февруари 2025 година, кога пристигна од Порто. Минатата сезона одигра 41 натпревар во сите конкуренции и постигна два гола. Шпанецот има договор со Граѓаните до летото 2029 година, ...
Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 12 натпревари, додека останатите четири меча се од тенисот. Во Супер типот за среда може да најдете зголемени квоти за вкупно 64 игри. Првиот натпревар започнува веќе во 12 часот, па ќе треба да ги посетите уплатните места на Sport Life што е можно порано и да го одберете парот со кој ќе ја зголемите добивката на вашите ...
Барселона покажува сериозен интерес за напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, кој се најде на трансферната листа на каталонскиот гигант. Нигериецот засега не е прва опција за Барселона бидејќи главниот фокус останува на Хулијан Алварес. Сепак, доколку преговорите за Аргентинецот не се одвиваат според планот, каталонскиот клуб е подготвен да испрати официјално барање до Галатасарај за условите за негов трансфер. Осимен од 2024 година е член ...
Пет меча со вкупна квота од 38.3 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.85 и 2.30. На дуелот помеѓу Селтик и ЛАСК Линц се очекува ефикасен фудбал, па голови во двете мрежи и во двете полувремиња, ќе значи дека квотата од 2.20 е добитна. Квотата од 2.30 за дуелот на НЕЦ и Бодо/Глимт ќе биде добитна само ако во првото полувреме има еден или два гола, но и најмалку три на целиот натпревар. ...
Барселона го официјализираше трансферот на Родри, но спортскиот директор Деко нема да присуствува на неговото официјално претставување. Шпанскиот репрезентативец пристигна во Барселона од Манчестер сити, ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до летото 2030 година. Каталонскиот клуб за неговиот трансфер ќе плати околу 75 милиони евра. Голема заслуга за реализацијата на трансферот има токму Деко, кој продолжува со активностите на ...
Баерн Минхен сака да го продолжи договорот со Хари Кејн, но плановите на германскиот гигант би можеле да ги нарушат понудите од Саудиска Арабија. Ал Хилал веќе стапил во контакт со претставниците на англискиот напаѓач и го поставил Кејн на врвот на листата со желби. Сепак, трансферот во Саудиска Арабија засега не изгледа како најреална опција. Баерн сака да го задржи својот голгетер, кој влезе во последната година од актуелниот договор, и ...
Жозе Мурињо во големото интервју по враќањето во Реал Мадрид зборуваше за промените кај себе, правилата во соблекувалната, Килијан Мбапе, Винисиус и неуспешниот обид да го донесе Родри. Португалецот вели дека денес е позрел и посмирен тренер, но неговиот карактер останал ист. „Доаѓам со сè што имам – со љубовта кон Реал Мадрид, одговорноста и возбудата како дете кое сè уште ништо нема освоено. Имам соништа, но не сакам однапред да ветувам ...
Рафаел Леао би можел да стане едно од најизненадувачките засилувања на Рома ова лето. Ѕвездата на Милан наводно му е понудена на римскиот клуб преку влијателниот агент Жорж Мендеш. Според италијанските медиуми, Мендеш ја претставил можноста за трансфер пред сопствениците на Рома, семејството Фридкин, при што настапувал во име на Милан. Целта е да се испита можноста 27-годишниот португалски крилен напаѓач да се пресели на „Олимпико“. Засега, ...
Кристофер Нкунку би можел да го напушти Милан само една година по пристигнувањето на „Сан Сиро“. Французинот има понуда за позајмица од Лајпциг, клубот во којшто го играше најдобриот фудбал во кариерата. Лајпциг сака да го врати Нкунку во своите редови и веќе испратил понуда за позајмица. Сепак, 28-годишниот напаѓач сè уште не донел одлука и сака прво да ги разгледа сите опции за својата иднина. Нкунку минатото лето пристигна во Милан од ...
Џамал Мусијала се огласи по вториот шокантен пад за само три дена и откри дека зад неговите неодамнешни епизоди стои здравствен проблем. Ѕвездата на Баерн Минхен повторно падна на теренот за време на натпреварот против Хајденхајм, откако претходно доживеа слична ситуација и против Лајпциг. Мусијала против Хајденхајм влезе во игра во 61-та минута, но само пет минути подоцна повторно се најде на тревникот. За среќа, овојпат немаше посериозни ...
Динамо Загреб не успеа да ја искористи предноста од домашен терен и одигра 2-2 против Викинг во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лигата на шампионите. Хрватскиот тим имаше фантастичен старт. Бељо и Лисица погодија во период од само десет минути и му донесоа на Динамо предност од 2-0. Сепак, Викинг брзо одговори. Кристијансен во финишот на првото полувреме намали на 2-1, а само неколку минути подоцна Трипиќ го израмни резултатот на ...
Повеќемесечната сага околу иднината на Хулијан Алварес изгледа конечно е завршена. Аргентинскиот напаѓач останува во Атлетико Мадрид и покрај обидите да издејствува трансфер во Барселона. Мадридскиот клуб не попушти и успеа да го задржи еден од своите најважни фудбалери. Сега останува да се види дали целата ситуација ќе влијае врз настапите на Алварес, кој во новата сезона ќе мора да ја врати целосната форма и концентрација. Алварес нема да ...
Патрик Виеира и официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Сенегал. Фудбалската федерација на оваа земја го потврди ангажманот на поранешниот француски репрезентативец, кој за првпат во тренерската кариера ќе води национален тим. Виеира доаѓа на местото на Пап Тјав, кој доби отказ по настапот на Светското првенство. Сенегал на Мундијалот стигна до нокаут-фазата, но беше елиминиран во осминафиналето. „Овој стратешки избор ...
Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, повторно предизвика загриженост откако колабираше за време на пријателскиот натпревар против Хајденхајм. Германскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме, но само неколку минути подоцна падна на теренот без контакт со противнички фудбалер. Медицинскиот тим веднаш интервенираше, додека неговите соиграчи направија круг околу него за да му овозможат простор за помош. Мусијала потоа ...
Амар Дедиќ направи голем чекор и во новата сезона ќе игра во Премиер лигата. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина потпиша за Њукасл, кој го потврди неговиот трансфер од Бенфика. 24-годишниот десен бек стави потпис на петгодишен договор, а англискиот клуб за неговиот трансфер издвоил околу 34 милиони евра. За Дедиќ ова е повторна соработка со Матијас Јајсле. Менаџерот на Њукасл го познава од времето во Салцбург и одигра важна улога во ...
Евертон размислува за враќање на Ришарлисон, а клубот веќе е во редовен контакт со Тотенхем околу можен трансфер, пишуваат британските медиуми. Бразилскиот напаѓач е заинтересиран повторно да го облече дресот на Евертон, додека менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Ѕерби, му дал дозвола да побара нов клуб. Сепак, реализацијата на трансферот нема да биде едноставна. Евертон најпрво ќе мора да ослободи место во нападот, а најверојатно тоа би ...
Винченцо Италијано продолжува да гради тим по свој вкус во Бешикташ и сака во Истанбул да доведе уште еден фудбалер со кого соработувал во Фиорентина. По ангажманот на Душан Влаховиќ, следната желба на италијанскиот тренер е Нико Гонзалес, кој моментно е фудбалер на Јувентус. Аргентинското крило минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико Мадрид, но не успеа да се наметне во тимот на Диего Симеоне. Мадридскиот клуб не ја активира ...
Барселона официјално го објави својот најголем трансфер за ова лето, односно доведувањето на играчот од средниот ред Родри, кој пристигнува од Манчестер сити. Зделката е вредна 60 милиони евра плус дополнителни 16,5 милиони евра во облик на бонуси. Договорот на капитанот на Шпанија, кој ќе го носи својот омилен број “16”, е со времетраење од четири години и годишна плата од 15 милиони евра. Со ова, 30-годишниот Родри, кој претходно летово се ...
Фермин Лопес со голем ентузијазам ја започнува новата сезона во Барселона, иако конкуренцијата во тимот е зголемена со новите засилувања. Шпанскиот фудбалер смета дека каталонскиот гигант би можел да направи уште еден голем потег со ангажман на Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. „Ми се допаѓа, тој е одличен фудбалер. Мислам дека многу добро би се вклопил во нашиот состав поради начинот на којшто играме“, изјави Фермин. Лопес смета дека ...
Јувентус официјално го потврди трансферот на Гуљелмо Викарио, кој пристигнува во Торино на позајмица од Тотенхем. Во договорот е вклучена и опција за откуп вредна 8 милиони евра, плус дополнителни 2 милиони евра преку бонуси. Викарио е доведен со намера да биде прв голман на Бјанконерите. Јувентус претходно се обиде да ги ангажира Зион Сузуки од Парма и Емилијано Мартинес од Астон вила, но не успеа да постигне договор со ниту еден од нив. За ...