
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А. Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка. Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото. ...
Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата. Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место. Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за водство на домашните од 1:0. Претходно, во 12. минута Деклан Рајс имаше одлична шанса да му донесе водство на ...
Младиот фудбалер на Реал Мадрид Ендрик го најде своето место во списокот на Бразил за престојните квалификации за Светското првенство и тоа како замена за повредениот Нејмар. Нејмар по подолга пауза се очекуваше одново да заигра во репрезентативниот дрес, но неодмана заработи нова повреда кој ќе го спречи да се најде на теренот против Колумбија и Аргентина. Бразил во моментот се наоѓа на петтата позиција во квалификациите со 18 освоени бодови. ...
Денвер Нагетс славеа во дербито против ЛА Лејкерс со 131:126. Нагетс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, го добија дуелот со директниот ривал кој на овој натпревар играше без цела една петорка. Изминатата ноќ најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс ја продолжи победничата серија. 16.победа во низа Кавалирс ја забележаа во Мемфис. Џамал Мареј со тројка на пет секунди до крајот стави точка на победата на Денвер против ...
Ракометниот стратег Драган Аџиќ, би можел во следната сезона да седне на тренерското столче на Мошонмаѓаровар, пишува „Handballexpert“. Аџиќ моментално е без клупски ангажман, откако во ноември минатата година поднесе оставка од тренерската функција во Крим. Црногорецот на репрезентативно ниво е селектор на женската сениорска репрезентација на Словенија и на словенечката клупа седи од месец април 2021 година. На клупско ниво го предводеше и ...
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево. Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година. Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата. Според овој ...
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари од различни конкуренции поради големата трагедија која утринава се случи во Кочани. Според досегашните информации, во пожар во дискотека животот го загубија голем број посетители на концерт на македонски бенд, а ФФМ експресно реагираше со прекин на сите фудбалски активности овој викенд. – Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни ...
Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП. Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути. Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој ...
Манчестер сити по ремито со Брајтон (2.2), полека го губи чекорот во борбата за четвртото место. Сити остана на петтото место со 48 бода, еден повеќе од „Њукасл (натпревар помалку) и Брајтон. Првиот гол на натпреварот одигран на „Етихад“, во Манчестер во 11. минута го постигна Ерлинг Халанд. Норвежанецот успешно го реализира пеналот и на тој начин му донесе водство на својот тим. Набргу по тој гол, Еступинан погоди од слободен удар на другата ...
Фудбалерите на Баерн Минхен ремизираа 1:1 со Унион во Берлин во 26. коло од Бундес лигата. Баерн имаше предност, но тимот од Берлин успеа да израмни и да дојде до бод во последните минути од натпреварот. Првото полувреме помина без голови. Баерн имаше шанса во втората минута од судиското надополнување да поведе, но голманот на Унион успеа одбрани. Баерн продолжи со офанзивата и ја презеде контролата во второто полувреме. Хари Кејн и Џамал ...
Рафаел Надал, прв пат по пензионирањето проговори за ривалства што ги имаше во текот на кариерата со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Надал има позитивен скор во дуелите со Федерер, негативен во дуелите со Ѓоковиќ. „Натпреварите против нив двајца беа сосема тактички различни“, објасни Надал во подкастот на Енди Родик. „Со Роџер тактиката беше едноставна. Затоа моето ривалство со Федерер беше попривлечно за навивачите отколку со Новак, иако повеќе ...
Македонскиот кошаркарски репрезентатвец Ти Џеј-Шортс одигран нов одличен натпревар во Евролигата забележувајќи 21 поен на гостувањето против Жалгирис, но имаше серија на промашувања во самата завршница од неговиот тим претрпе пораз и покрај големото водство до 17 поени по првото полувреме. Македонскиот репрезентативец не ја загуби самодовербата и по крајот на средбата одново потенцираше дека себе си се смета за најдобар плејмејкер во Еворпа. – ...
Формула 1 последните години години се наоѓа во подем. Речиси сите трки се распродадени, а интересот е неверојатен. Сепак, има една патека во најбрзиот караван што чинеше многу, а сега е празна и пропаѓа. Изградбата Кореја интернешенал чинеше „скромни“ 350 милиони евра. На оваа патека се одржаа четири трки од шампионатот во Формула 1 Последниот пат се возеше во 2013 година. Во 2010 година победи Фернандо Алонсо, а потоа три побреди забележа ...
Лајпциг на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0, во дерби натпреварот одигран во 26. коло од Бундес лигата. Лајпциг поведе во првото полувреме и ја потврди победата во вториот дел од натпреварот. Борусија имаше иницијатива, но не успеа да ги материјализира шансите. Домашните поведоа во 18. минута, кога Чави Симонс погоди на асистенција на Бенџамин Шешко за 1:0. Победата ја потврди Лоис Опенда во 48. минута, на кого му асистираше ...
Македонската ракометна репрезентација овој викенд во Копер ќе го одигра реванш натпреварот против Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство. Иако Словенците претходно оваа недела триумфираа на дуелот во Скопје со 32-26, капитенот Блаж Јанц истакна дека неговите соиграчи ги очекува уште еден тежок натпревар против македонската репрезентација, в недела од 18:30 часот во салата „Бонифика“, која е целосно распродадена. ...
Се уште траат дебатите од неверојатната ситуација за време на пенал рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во втората серија беше поништен голот на Хулијан Алварез. Според ВАР собата, Аргентинецот двапати ја допрел топката. Реал Мадрид на крајот победи, од Атлетико не ја прифаќаат одлуката, сметаат дека се оштетени. Многумина од фудбалскиот свет се на нивна страна. Во саботата се огласи легендарниот ...
Фудбалерите на Мајорка го совладаа Еспањол со 2:1 (0:0) во 28. коло од шпанската Ла Лига. Еспањол поведе како гостин во 53. минута. Ведат Муриќи со автогол му донесе предност на Еспањол. Само 10 минути подоцна Муриќ можеше да ја исправи грешката, но во 63. минута промаши пенал за израмнување. Само 120 секунди подоцна, Такума Асано сепак успеа да го изедначи резултатот. Се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат се до судиското надополнување. ...
Фудбалерите на Милан успеаја да врзат две победи. Како и во минатата рунда, Милан победи по пресврт. Во минатото коло родосонерите победија во Лече, а вечерва на домашен терен го совладаа Комо. По израмнетото прво полувреме, Комо успеа да замине на пауза со гол предност. Гостите поведоа преку Да Куња, кој му донесе водство на својот тим во 33. минута, со удар со левата нога од околу 18 метри. Милан делуваше безопасно и загуби во првиот дел од ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Виљареал со 2:1 (2:1) по пресвртот во 28. коло од шпанската Ла Лига. „Кралскиот клуб“ успеа да направи пресврт, да освои три бода и накратко да го заземе првото место во шпанското првенство благодарение на головите на Килијан Мбапе. Не почна најдобро за избраниците на Карло Анчелоти, кои губеа од 7. минута, кога Виљареал поведе преку Хуан Фојт. Предноста на Виљареал траеше само 10 минути, бидејќи Килијан ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите на отворањето на сезоната во Формула 1 2025 година во Австралија. Британецот утрово на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн најбрзиот круг го помина со време 1 минута 15.096 секунди. За Норис ова е 10. пол-позиција во кариерата. Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, се најде на второто место во квалификациите (+0,084 секунди). Третото место му припадна на четирикратниот светски шампион ...
Масар Омерагиќ беше единствен кандидат и едногласно и со акламација беше избран од највисокото тело на ФФМ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Во продолжение, говорот на првиот човек на македонскиот фудбал откако ја доби довербата од делегатите на Изборното Собрание на ФФМ. Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ: „Не сме овде само да зборуваме за проблемите од минатото – туку да погледнеме напред, кон новата визија и стратегија ...
Енцо Фернандез пристигна во Челзи на крајот на претходната година за 121 милион евра од Бенфика. Англиските медиуми пишуваат дека тој би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок, во размена на фудбалери меѓу Челзи и Реал Мадрид. Шпекулациите говорат дека Реал го нуди Орелиен Чуамени и пари за аргентинскиот репрезентативец, кој со националниот тим стана светски и јужноамерикански шампион. Наводно, Реал Мадрид веќе извесно време е ...
Душан Тадиќ потпиша договор со Ајакс и ќе се врати во Холандија, пренесуваат турските медиуми. Поранешниот српски репрезентативец по две години се враќа во Амстердам, тврдат овие извори. По елиминацијата на Фенербахче од Лига Европа и промашениот пенал на Тадиќ, навивачите го критикуваа исто како и целиот тим. Српскиот играч за врска по се изгледа одлучи дека најдобар потег е враќањето во Ајакс. Тадиќ имаше понуда од Фенербахче да го продолжи ...
Силекс ја оправда фаворитската улога против АП Брера и со победата во Струмица ја намали предноста на лидерот Шкендија на два бода. За разлика од Силекс, Работнички и Гостивар кикснаа против екипите од долниот дел на табелата. Силекс со два гола во последните20 минути ја победи Брера со 2:0. Марко Ѓорѓиевски во 69.минута го отвори резултатот, а победата на екипата од Кратово ја потврди Алиќ во 80.минута. Работнички во Охрид, кај Воска спорт ...
Ѕвездата на Сантос Нејмар нема да биде дел од репрезентацијата на Бразил за претстојните квалификации за Светското првенство со Колумбија и Аргентина. Рекордерот беше повикан, но подоцна стана јасно дека нема да игра на двата меча. „Имавме долги разговори. Сите знаат колку сакав да се вратам во репрезентацијата, но дојдовме до консензус дека не треба да ризикуваме, туку да се подготвам уште подобро за целосно да се ослободам од повредите. Ова е ...
Доминик Ливаковиќ е закован на клупа за резерви кај Фенербахче, а за се е виновна повредата која ја заработи на почетокот на годината. Како што тврдат медиумите хрватскиот репрезентативец ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Ливаковиќ последен пат бранеше за Фенербахче на 13 јануари, по што се повреди, кратко беше на рехабилитација, но Хрватот го загуби местото меѓу стативите од Ирфан Џан Егрибајат. Турските медиуми пренесуваат дека ...
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен мораше да плати речиси еден милион евра за да се натпреварува во овогодинешниот шампионат. Главен услов за сите возачи да учествуваат во Формула 1 е да имаат супер лиценца, која мора да ја платат. За да се натпреварува ваа сезона возачот на Ред Бул го чини 835.681 фунти или 994.210 евра. Холанѓанецот плаќа речиси двојно повеќе за лиценцата од најуспешниот Формула 1 возач Луис Хамилтон и дури 90 ...
Македонските тенисери, Калин Ивановски и Горазд Србљак се на чекор од место во главната фаза на фјучерсите во Пореч и Аламинос. Ивановски во второто квалификациско коло во Пореч беше подобар од Марко Николиќ од Србија со 2-1 во сетови со 4-6, 6-4 и 10-8. Последна пречка до пласманот во главната фаза на турнирот што се игра земјена подлога му е Италијанецот, Лука Плосниќ. Кога е пак во прашање Србљак и неговиот настап во Кипар, тој беше подобар ...
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку интересни одлуки. Една од најважните можеби е усвојувањето на предлог одлуката со која Управниот одбор добива овластување да врши промени во системот на натпреварување во сите категории. Исто така, усвоена е и одлуката реформи на организациската структура во федерацијата. Потврден беше и предлогот за основање на трговско друштво на ФФМ и отворање на ...
Еден од најдобрите кошаркари на Сан Антонио Спарс, Де’Арон Фокс, заминува на оперативен зафат поради незгодна повреда на прстот на дланката и за него сезоната е официјално завршена. Информацијата ја потврди и клубот, кој во соопштение му посака брзо закрепнување и навремено враќање за предизвиците во следната сезона. Фокс доживеа повреда на тетивата на малиот прст и се надеваше дека ќе мине без хируршки зафат, но лекарскиот тим предложил ...