
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



По 34 години, Грција во 2029 година повторно ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка. Според грчките медиуми, земјата ќе биде домаќин на финалето на Евробаскет 2029 година. Грција ги победи Шпанија, Литванија и Словенија во жесток процес на лицитирање, додека Германија се повлече уште порано. Грција ќе биде домаќин и на групната фаза и на финалето на Европското првенство, а финалето ќе се игра во Атина, на арената „ОАКА“. Се очекува ...
Мајкл Џордан, легендата на НБА и Чикаго Булс, ќе стане специјален соработник на мрежата NBC, која ја емитува најсилната кошаркарска лига во светот, почнувајќи од оваа есен. Еден од најголемите кошаркари на сите времиња прифати уште еден предизвик во својата кошаркарска кариера, а од есен и новата сезона ќе биде специјален дописник за извештаите од НБА. BREAKING: NBC Sports has named Michael Jordan a special contributor for its upcoming NBA ...
Врз основа на добиени информации и преземени активности во врска со натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими, Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) покренaа постапка пред Дисциплинската комисија поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот одигран на 6. мај 2025. Постапката се отвора против: С. Г. – ФК Кожуф, П.Г. – ФК Кожуф, Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д. – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, ...
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми. Според весникот „АС“, Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија. ...
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби посебна покана за учество на АТП турнирот во Женева и ја прифати. Ова значи дека тој ќе се бори за својата 100-та титула во кариерата во швајцарскиот град. Настанот е закажан за неделата пред Ролан Гарос, од 17 до 24 мај. За потсетување, Ѓоковиќ претходно се повлече од Мастерсот во Рим, без многу објаснувања, по неколку неочекувани порази во првите кола на големите турнири. Минатата година, Новак ...
По натпреварот со Литванија и пласманот на ЕП селекторот Кирил Лазаров даде коментар на одиграното и им честита на сите играчи за постигнатото. „Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојде јавноста, не поддржи по победата со 19 гола разлика. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, ...
Италијанскиот стручњак, актуелен тренер на Реал, Карло Анчелоти е новиот фудбалски селектор на Бразил. Како што беше објавено, 65-годишниот стручњак потпиша договор до крајот на Светското првенство, кое ќе се игра следното лето во САД, Мексико и Канада. „Најтрофејниот избор во историјата на фудбалот сега ќе го води најуспешниот тренер во светот. Карло Анчелоти, синоним за историски достигнувања, беше објавен овој понеделник од претседателот на ...
Победата во последното коло од квалификациите за ЕП ја анализираше повратникот во селекцијата голманот Мартин Томовски кој имаше одличен настап на овој меч. „Среќен сум што ја остваривме нашата цел да се пласираме на едно големо натпреварување. Драго ми е, чест и задоволство секогаш да играм за Македонија, така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на сите за овој момент, што заедно без разлика на се, победуваме заедно и играме заедно. Ова ...
Кошаркарскиот клуб Монако објави трагична вест дека еден од нивните млади кошаркари загинал во сообраќајна несреќа. Монако се обрати до јавноста со шокантната вест во ноќта помеѓу 11 и 12 мај. Загинатиот играч е младиот кошаркар Лоренцо Рену, кој играше за нивниот тим кој играше во лигата „Национале 3“, петта во Франција. Несреќата се случила додека тимот се враќал од натпревар, а покрај починатиот играч, повредени се уште пет лица кои ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, заедно со претставници од ФФМ, денес ја посетија Битола и извршија увид во состојбата на стадионот „Петар Милошевски“, со цел да се исполнат условите на УЕФА, за одигрување на меѓународен натпревар за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија. За одигрување на ваков натпревар од меѓународен ранг, потребно е да се извршат подготовки и да се исполнат критериуми за ...
Шпанскиот тренер и прославен фудбалер Чаби Алонсо ќе биде новиот главен тренер на Реал Мадрид. Поранешниот тренер на Баер Леверкузен се согласил да соработува со „кралскиот клуб“ до 2028 година, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Познато е и кој ќе биде во неговиот тренерски штаб. „Романо, исто така, објави дека поранешниот играч од средниот ред на шпанската репрезентација ќе ја преземе функцијата на почетокот на Светското клупско првенство на ...
Лерој Сане е на прагот да ја заврши својата соработка со Баерн Минхен бидејќи влезе во последната година од договорот. Клубот прави се за да го задржи и му понуди нов договор, но Сане не е задоволен од понудата на Баварците. Моментално, како што известува „Скај Спорт“, Сане е поблиску до заминување отколку останување во клубот од Минхен. Клубовите од Премиер лигата внимателно ја следат неговата ситуација и имаат намера да го ангажираат без ...
Навивачите на Реал Мадрид беа изненадени што Виктор Муњоз, 21-годишник кој вчера дебитираше за Реал Мадрид, беше испратен на теренот во финалето на Ел Класико. Шпанските медиуми објавуваат дека на навивачите не им било јасно како му е дадена предност во однос на Родриго. Бразилецот, крилниот напаѓач на тимот вреден 100 милиони евра, остана на клупата во текот на целиот натпревар. Оваа сезона, Карло Анчелоти го стави Родриго во 50 натпревари на ...
Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти е задоволен од она што го одиграа неговите избраници, а причината за поразот ја бара во отсуството на пет дефанзивци. -На двапати имавме можност да израмниме на 4-4. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај. На теренот бевме рамноправни. Добро напаѓавме, можевме и уште подобро, но направивме грешки кои на крајот нѐ чинеа примени голови. Лоши бевме во одбраната, но да не заборавиме дека ни недостасуваа пет ...
Шпанскиот возач Марк Маркез продолжи да доминира на спринт-трките и ја забележа шестата победа во шестото возење, откако заврши како прв на патеката во Ле Ман, во рамки на спринтот на трката за ГН на Франција. Фабио Куартараро тргна како прв, но беше немоќен против браќата Марк и Алекс Маркез во спринт трката во Ле Ман, во која претставникот на домашниот тим, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши четврти, а победата му припадна на Марк ...
Партизан и Панатинаикос ќе ги вкрстат копјата на пријателски натпревар во Австралија во септември 2025 година, официјално е потврдено. Како што претходно беше најавено, Партизан и Панатинаикос ќе го продолжат своето пријателство и ќе бидат главни актери на меморијалниот турнир „Павлос Јанакопулос“, именуван по поранешниот сопственик на „зелените“. Сега е официјално потврдено, а турнирот, на кој ќе настапат и Сиднеј Кингс и Аделejd 36ерс, ќе се ...
Хамбург го слави враќањето на ХСВ во најсилната лига на германскиот фудбал. Седум години по елиминацијата славниот клуб повторно е дел од елитата во која се внедри во голем стил – победа од 6:1 против Улм пред околу 60.000 луѓе на “Фолксарк” стадион. Тимот од најголемото германско пристаниште остана на прво место, но не го обезбеди. Тоа ќе може да го направи во последното коло против Гројтер Фирт. Близу до пласман во највисокиот ранг е и Келн, ...
Поранешниот рели шампион и легенда на шпанскиот мотоспорт, Карлос Саинц сениор, би можел да стане нов претседател на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), објави „Скај Спортс“. Според информациите, веќе извесно време се зборува дека 63-годишниот Саинц се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат во декември и дека ќе му биде главен ривал на актуелниот челник на ФИА, Мохамед Бен Сулајем. Саинц е двократен светски шампион во ...
Шекил О’Нил е еден од најдобрите центри на сите времиња во светот на кошарката, ретко кој можел да му се мери во сила, а денес е еден од најинтересните стручни коментатори. Поранешниот кошаркар на Лејкерс често ги коментира и игрите на Никола Јокиќ, често е во комуникација со него, па затоа често е присутен во медиумите во Србија. Италијанско-американскиот бизнисмен Мет Ричета купи 66% од акциите на Наполи, и улога во тој клуб ќе има и никој ...
Кошаркарите на Уникаха во финалето на ФИБА Лигата на шампиони ја победија турската Галатасарај со резултат 83:67 и стана шампион на ова натпреварување. Со оваа победа тие го одбранија трофејот ФИБА ЛШ кој го освоија минатата година победувајќи го Тенерифе во големото финале во белградската Арена. Сега Уникаха “му прочита лекција” на истанбулскиот Галатасарај во “Синан Ердем Домот” во нивниот град. Тајсон Картер имаше 14 поени со 3 скока и 5 ...
Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад. Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига. Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе ...
Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар. Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош. Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ ...
Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“. Екипата на Ханси Флик направи голем пресврт против својот голем ривал откако заостануваше со 0:2 во 14-тата минута. Во петтата минута од судиското продолжение, Фермин Лопез го постигна петтиот гол за Барселона, но по прегледот се покажа дека играчот на Барселона ја удрил топката со рака и голот беше поништен. Напаѓачот на гостите, ...
Фудбалерите на Вардар запишаа гостинска победа во градското дерби против Работнички од 0-1 (0-0) во рамките на претпоследното коло во Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ). Средбата се одигра на теренот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а единствениот гол го постигна Горан Закариќ од пенал. „Црвено-црните“ по денешната победа имаат 42 бода на првенствената табела и се петтопласирани, додека Работнички има 56 и ...
Македонија ги одработува последните подготовки за последниот квалификациски меч од циклусот за Европското првенство (ЕП). И тоа клучен, затоа што е со директниот ривал за второто место Литванија. Селекторот Кирил Лазаров, кој го прославува 45. роденден непосредно пред средбата во Скопје, истакна дека Литванците се доста незгоден ривал и мора да се има сериозен пристап исто како протов Естонија во Талин. „Треба да бидеме максимално спремни за ...
Македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Литванија го игра решавачкиот меч за пласман на Европското ракометно првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мечот чиј почеток е закажан за 18 часот мора да ги освојат двата бода и со победа од два гола разлика сигурно ќе го освојат второто место во групата што значи и ново учество на континенталните шампионати. Македонија е апсолутен фаворит во овој дуел, но нашите ...
Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година. Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУРО, што е 15 големо натпреварување во серија .Инаку нашиот национален тим досега во историјата ќе има учествувано на 9 светски, а првенсвото во 2026 ќе биде и деветтото европско првенство. Црвено жолтите со убедлива победа над Литванија од 26-17 во ...
Сплитски Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватскиот фудбалски шампионат. Има три бода помалку од Риека, два од Динамо и само чудо во последните три кола може да ги одведе до титулата. Ѓенаро Гатузо го водеше овој тим цела сезона, а поради слабите резултати на крајот, титулата е далеку. “Можеби се повторувам, но… Дојдов во овој прекрасен град со насмевка и така ќе биде и кога ќе заминам”, рече Гатузо “Овие 11 месеци беа тешки и ...
Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека во октомври се селат во нов дом. Седиштето на врвната ракометна организација ќе остане во Швајцарија и ќе остане во градот Базел, но ИХФ долгорочно закупи модерен комплекс на шест ката од каде што ќе се координираат сите активности на светскиот ракомет. -Овие канцеларии се повеќе од зграда, тоа е симбол на нашата амбиција. ИХФ брзо расте, во смисол на меѓунарден досег и во комлексноста на ...
Тренерот на Барселона Ханси Флик брзо мораше да ги пренасочи силите и размислувањата кон големото „Ел Класико“ дерби во домашното првенство и можеби решавање за шампинската титула во оваа лига. – Добивме тежок удар, цел свет знае дека не е лесно по елиминацијата од Интер, но се чувствуваме добро. Добро работевме овие денови, зборувавме за тоа што се случи и зборувавме за тоа што треба да направиме во завршните две недели. Не очекуваат четири ...