Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
НБА тимот на Филаделфија има шанси да добие засилување во ростерот. Според најавите се очекува враќање од повреда на играчот Пол Џорџ. Според американските медиуми се очекува негово враќање на теренот на почетокот на следниот месец (ноември). Кошаркарот во јули имаше артроскопска операција на коленото, откако се повреди на тренинг. Тој во летото 2024 година потпиша четиригодишен договор со Филаделфија вреден 212 милиони долари, а ова е негова ...
Актуелниот првак на Англија Ливерпул претрпе нов пораз откако синоќа загуби од Брентфорд на гости со 3:2. Ова е четврти пораз за „црвените“ во серија (Кристал Палас, Челзи, Манчестер Јунајтед и Брентфорд) и по серијата од пет победи на стартот останаа на 15 бодови. Последната победа Ливерпул ја извојува на 20.септември против Евертон на домашен терен. На дуелот се Брентфорд домашните поведоа со 2:0 со головите на Уатара и на Кевин Шаде, но на ...
Кошаркарскиот клуб Патизан поврди дека нов играч на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ е Ник Калатес. Трансферот на Калатес од Монако во Партизан, беше најавен пред два дена, а претпладнево е официјализиран. 36-годишниот ветеран, во минатото работеше со тренееот Обрадовиќ, кога двајцата беа во Панатинаикос, пред полни 14 години. Таа сезона ја освои Евролигата. Калатес има 36 години, тој е ветеран во Евролигата кој ја започна својата кариера во ...
Првите два натпревара од 11.коло од Првата фудбалска лига завршија без победник. И на двата дуела водеа гостите: Работнички имаше и водство од 2:0 против Арсими, додека Башкими водеше со 1:0 против Македонија ЃП. Сепак домашните екипи стигнаа до нерешен резултат и еден бод. Утре се играат натпреварите: Шкупи – Струга и Пелистер – Тиквеш, додека во петок на програмата се дербито меѓу Вардар и Силекс, како и дуелот Брера – Шкендија. Почетокот на ...
Каталонскиот фудбалски гигант Барселона е во финални преговори за организација на пријателски натпревар во Перу во декември оваа година. Овој потег доаѓа по откажувањето на планираниот меч со Виљареал во Миами и има за цел да ги надомести финансиските загуби на клубот. Според извештаите, Барселона очекува да заработи 7 до 8 милиони евра од овој пријателски натпревар. Натпреварот би се одиграл веднаш по последниот лигашки меч пред зимската пауза, ...
Аталанта синоќа ремизираше 1:1 со Милан во 9. коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Атлети Аѕури д’Италија“ во Бергамо. Во 4. минута, Самуеле Ричи им донесе водство на „Росонерите“. Домаќините израмнија кон крајот на првото полувреме, со гол на Адемола Лукман. Наполи со голот на Замбо Ангиса во 69. минута забележа победа (1:0) на гости со Лече. Во 55. минута, домашниот напаѓач Франческо Камарда промаши ...
Клубот Реал Мадрид одлучи нема да формално казни напаѓачот Винисиус Жуниор по неговата бурна реакција при замена на натпреварот со Барселона во „Ел Класико“. Инцидентот се случи кога Винисиус во 72-рата минута беше заменет, а по тоа бурно реагираше: набрзо по замена почна да ја напушта теренската зона и беше забележан како зборува со клубскиот штаб, вклучувајќи и жестоки фрази. И покрај тоа што реакцијата ја оценуваат како „непотребна“ од ...
иам Лосон, возачот на Racing Bulls, доживеа навистина драматичен момент за време на Големата награда на Мексико — двајца маршали (стјуарди) влегоа на патеката во момент кога тој се враќаше од боксот со нови гуми, што можеше да доведе до фатален удар. Инцидентот се случи во третиот круг од трката, откако Лосон излезе од боксот и набрзо по првата кривина забележа луѓе како трчаат директно пред неговиот болид. “Можев да ги убијам!”, извикуваше тој ...
Макеоднскиот вицешампион ТФТ ја впиша и втората победа во новата сезона на регионалната кошаркарска АБА2 лига. По триумфот на гости кај Раднички, тимот на ТФТ славеше и на првиот натпревар пред својата публика против новосадска Војводина. На натпреварот одигран во СЦ „Кале“, ТФТ ја победи Војводина со 75-71. Рамноправно се играче три четвртини, а во последната гостите беа оние кои одлично стартуваа. Двата тима триесет минути, честопати се менува ...
Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините. Спалети ќе потпише договорот до крајот на тековната сезона, а тој автоматски ќе биде продолжен до летото 2027 година доколку Јувентус обезбеди место во Лигата на шампионите. Исто така е познато дека Спалети ќе заработува 2.800.000 евра годишно, и веднаш ќе го преземе тимот. Спалети е без работа откако ја напушти клупата на италијанската репрезентација ...
Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, го коментираше поразот на тимот од Ал-Итихад со 2:1 синоќа на домашен терен во осминафиналето на Кралскиот куп на Саудиска Арабија. – Остануваме на својот став, учиме и продолжуваме напред заедно, напиша Роналдо на социјалните мрежи. Четириесетгодишниот Португалец го започна натпреварот и имаше еден удар кон голот. Головите за Ал-Итихад ги постигна Карим Бензема во 15. и Хусем Ауар во втората минута од ...
Реал Мадрид донесе уште едно засилување од НБА на центрарската позиција. Украинецот Алекс Лен, некогаш петти пик на драфтот во 2013 година, пристигна во главниот град на Шпанија. Висок 213 сантиметри за време на својата НБА кариера, 32-годишниот Лен ги носеше дресовите на Финикс, Атланта, Сакраменто, Торонто, Вашингтон, а во Реал пристигна од Лос Анџелес Лејкерс. Во текот на 12 години во најсилната кошаркарска лига во светот, тој имаше просек од ...
Фудбалската федерација на Србија официјално го потврди назначувањето на Велјко Пауновиќ за нов селектор на националниот тим. Пауновиќ на оваа позиција го заменува Драган Стојковиќ – Пикси, кој поднесе оставка по серијата слаби резултати и поразот од Албанија во квалификациите за Светското првенство 2026. Новото име на клупата на Србија е добро познато во фудбалските кругови. Пауновиќ, поранешен репрезентативец, има богато искуство како тренер. ...
Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово доби парична казна од 25.000 евра од страна на УЕФА, поради инциденти за време на натпреварот во европските квалификации. Според информациите, дисциплинската комисија на УЕФА утврдила дека дел од навивачите на Шкендија фрлале предмети кон теренот, а забележани биле и организациски пропусти од страна на клубот. Казната се однесува и на неисполнување на дел од безбедносните протоколи што се задолжителни за ...
Расмус Хојлунд пристигна во Наполи како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ова лето. Младиот напаѓач веднаш остави добар впечаток вој новиот клуб кој сака да го откупи неговиот договор. Хојлунд одигра шест натпревари во кои постигна четири гола. Според британските медиуми, првиот човеке на Наполи, Аурелио Де Лаурентис донел одлука договорот на Хојлунд да биде откупен и веќе започнал да работи на неговата реализиција. Управата на клубот сака да ...
Пет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на ноќта. Ова се резултатите. Голден Стејт Вориорс во Сан Франциско забележаа победа над ЛА Клиперс, во меч со малку поени. Вориорс славеа со 98:79. Вориорс поведоа во првата четвртина, но пресвртот на Клиперс следеше во втората четвртина, ја добија со 24:13 и заминаа на полувреме (46:49). Сепак, од средината на третата четвртина, Вориорс прво направија серија од 10:0, а потоа и 15:2 во самиот ...
Патрис Евра, некогаш ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Јувентус, ги критикува современите фудбалери, тврдејќи дека многумина од нив повеќе личат на инфлуенсери отколку на вистински спортски професионалци. Во изјава по одлуката на Јувентус да го отпушти тренерот Игор Тудор, Евра рече: – Кога тренерот добива отказ, тоа значи дека не сте ја завршиле својата работа на теренот. Мене ми се случи само еднаш во кариерата и се чувствував како ѓубре. ...
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) постави нов финансиски рекорд, остварувајќи приходи од 837 милиони евра во сезоната 2024/25 — највисока сума во историјата на францускиот и европскиот фудбал. Ова достигнување го надмина претходниот рекорд на клубот од 806 милиони евра и доаѓа во година кога ПСЖ, покрај домашните трофеи, ја освои и Лигата на шампиони за првпат во својата историја. Според официјалниот финансиски извештај, комерцијалните ...
Ѕвездата на Денвер Нагетс и најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ за првпат отворено проговори за неуспехот на репрезентацијата на Србија на Европското првенство, каде „орлите“ беа елиминирани порано од очекуваното. Во својата изјава, Јокиќ беше искрен и самокритичен: -Играа одлично. Ние не бевме подготвени, а ни јас не бев подготвен од самиот почеток. Јокиќ истакна дека Србија знаела што ја очекува, но не успеала да одговори на интензитетот и ...
Англиската Премиер лига подготвува промена која ќе стави крај на една од најстарите фудбалски традиции во Велика Британија — одигрувањето на натпревари на „Boxing Day“, денот по Божиќ (26 декември). Оваа сезона, според британските медиуми, само еден натпревар ќе се одигра на 26 декември, што е најмал број уште од 1982 година. Наместо тоа, повеќето мечеви ќе бидат преместени за 27 и 28 декември, поради пренатрупаниот календар и зголемениот број ...
Денвер Нагетс ја совлада Минесота Тимбервулвс со 127:114 во спектакуларен натпревар во НБА лигата, во кој повторно блеснаа Никола Јокиќ и Џамал Мареј. Српскиот центар одигра уште еден мајсторски меч, запишувајќи трипл-дабл со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции, што е негов трет сезонава и 167. во кариерата. Со тоа Јокиќ продолжува да го зголемува своето место меѓу најдобрите на сите времиња. Главниот стрелец на вечерта беше Џамал Мареј со ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа синоќа во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо, совладувајќи ја со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 67 минути игра. Наградниот фонд на турнирот е 115.000 американски долари. Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ...
Фудбалската ѕвезда Лионел Меси призна дека не е сигурен дали ќе настапи на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во интервју по натпреварот на Аргентина, Меси рече дека сè ќе зависи од тоа како ќе се чувствува физички и психички во моментот кога ќе се приближува турнирот. – Ќе видиме како ќе се чувствувам. Денес уживам во секој момент, но знам дека со годините телото и ритамот се менуваат. Ако не сум ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно доби доверба од тренерот на Наполи, започнувајќи во стартниот состав при гостувањето кај Лече во 10. коло од Серија А. Елмас одигра солидно и активно во средината на теренот, придонесувајќи за контрола на играта и создавање шанси за неговиот тим. Тој остана на теренот до 85. минута, кога беше заменет, при резултат од 1:0 во корист на Наполи. „Ѓалопарите“ дојдоа до победата со голот на Замбо Ангиса ...
Родри се враќа на теренот. По повреда на коленото која го извади од игра скоро целата мината сезона и по кратка пауза од повеќе од три недели, шпанскиот репрезентативец конечно доби зелено светло од лекарите да се врати во составот на Манчестер Сити. Врската на тимот, која игра клучна улога во стилот на тренерот Пеп Гвардиола, ја напушти играта во 22-рата минута на мечот против Брентфорд поради болки во коленото. Враќањето на Родри ќе ...
Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е официјално именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА — значајно признавање за македонскиот фудбал. Комитетот кој работи под покровителство на Советот на ФИФА има за цел да го развива и координира фудбалот во рамки на олимписките игри, како и да ја унапредува соработката помеѓу ФИФА и Меѓународен олимписки комитет (МОК). – Горд сум што ќе имам можност да ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по триумфот над Бетис (2:0) во десеттото коло на Ла Лига, изјави дека победата има големо значење за неговиот тим. – Ова е многу важна победа за нас, истакна Симеоне, нагласувајќи дека тимот мора да гради на ваквите резултати за да остане конкурентен во врвот на табелата. Како клучен момент го наведе раниот гол и одбранбеното дисциплинирање на екипата. Тој посочи дека победата не доаѓа само од талент — ...
Фудбалерот на Арсенал и англискиот репрезентативец Букајо Сака е пред потпишување на нов договор кој ќе го направи најплатениот играч во историјата на клубот. Според информациите од англиските медиуми, „топчиите“ подготвуваат нов договор за својата ѕвезда вреден над 300.000 фунти неделно, сума што никој фудбалер во Арсенал досега не ја заработувал. Сака моментално има плата од околу 195.000 фунти неделно, но со новиот договор ќе го надмине дури ...
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон даде голема поддршка за Лучијано Спалети, кој се споменува како потенцијален иден тренер на Јувентус. Според Буфон, доколку Спалети седне на клупата на „Старата дама“, клубот повторно ќе стане стабилен и конкурентен на највисоко ниво. „Со Спалети на чело, тимот нема да губи често. Тој е човек што носи ред, дисциплина и стил на игра што гарантира резултати“, изјави Буфон за италијанските медиуми. ...
Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Италија и клубот Интер Милано, откако резервниот голман на тимот, Жозеп Мартинез, беше вклучен во инцидент во кој загина 81-годишен маж. Според италијанските медиуми, трагедијата се случила во местото Фенегро, во близина на Милано, околу 9:40 часот наутро. Мартинез со својот автомобил удрил постар човек кој се движел со електрична инвалидска количка. Иако итната помош пристигнала веднаш, повредениот бил ...