Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ откри кого би избрал доколку мора да се одлучи меѓу тројцата фудбалски генијалци – Андрес Иниеста, Чави Ернандез и Лука Модриќ. Во интервјуто кое предизвика големо внимание, Ракитиќ без многу размислување одговори: -Тоа е како да мораш да бираш меѓу мама и тато… но ќе кажам – Лука Модриќ.“ Така, поранешниот играч на Барселона, кој со Иниеста и Чави делеше соблекувална на „Камп Ноу“, сепак го ...
Хрватскиот стратег Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус – клубот од Торино му врачи отказ преку телефон, по серија лоши резултати кои ја прелеаја чашата на трпението кај управата. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Тудор бил контактиран од спортскиот директор Кристијано Ѓунтоли, кој му соопштил дека е разрешен од функцијата. Одлуката следува по осум натпревари без победа (пет ремија и три порази), а последниот удар бил минималниот ...
Лос Анџелес Лејкерс славеа победа во Сакраменто со 127:120, иако настапија без Леброн Џејмс и Лука Дончиќ. Во нивно отсуство, Остин Ривс одигра натпревар за паметење, постигнувајќи 51 поен, 11 скока и 9 асистенции. Со ова, тој стана само четвртиот играч во последните 40 години кој постигнал најмалку 50 поени, 11 скока и 9 асистенции во еден натпревар, по Лука Дончиќ, Расел Вестбрук и Џејмс Харден. Ривс беше на само едно додавање од дабл-трипл со ...
Голем скандал ја потресе Турција, откако Фудбалската федерација на земјата (TFF) откри дека стотици судии и официјални лица биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, што е строго забрането со правилникот на федерацијата. Според извештаите, од 571 активен судија во турските лиги, дури 371 имале отворени сметки за обложување, а над 150 активно се коцкале. Еден од судиите, наводно, имал повеќе од 18.000 уплати на различни тикети, што ја ...
Лоши вести за Реал Мадрид – капитенот Дани Карвајал повторно се повреди и ќе биде надвор од терените неколку месеци, објави клубот. Од „Сантијаго Бернабеу“ потврдија дека искусниот бек има „слободно тело“ во десното колено, поради што ќе мора да биде подложен на артроскопска операција во наредните денови. Првичните проценки се дека Карвајал ќе отсуствува најмалку два до три месеци, што значи дека ќе го пропушти остатокот од календарската година ...
Двата натпревари од 6.коло во женската ракометна Супер лига завршија со победи на домашните екипи. Ѓорче Петров беше подобар од Вардар, а Чаир го совлада Куманово. Екипата на Ѓорче Петров запиша новата победа, совладувајќи го Вардар со убедливи 35:26, иако гостинките дадоа силен отпор во првото полувреме. Натпреварот започна одлично за Ѓорче, кој поведе со 3:0 и постепено ја зголемуваше предноста, па во 10-тата минута резултатот беше 7:3. ...
Брендан Роджерс повеќе не е тренер на Селтик, откако денес поднесе оставка со моментално дејство по сè послабите резултати и внатрешните тензии во клубот. Селтик ја потврди веста со кратко соопштение, во кое се вели дека разделбата е постигната по „взаемна согласност“. Роджерс ја напушта функцијата во момент кога клубот заостанува осум бода зад лидерот во шкотското првенство, а атмосферата во тимот е далеку од идеална. Од управата на клубот, ...
Еден ден откако го водеше својот тим до победа против Манчестер Сити, Мети Кеш потпиша нов договор со Астон Вила. Како што потврди клубот, Кеш го продолжи договорот до јули 2029 година. Актуелниот договор му истекуваше во јули 2027 година, а клубот се обиде да избегне каква било можност Кеш да влезе во последната година од договорот со некои неизвесности. Мети Кеш пристигна во Астон Вила од Нотингем Форест во септември 2020 година. Тој сега се ...
ЛА Лејкерси претрпе сериозен удар — нивната ѕвезда Лука Дончиќ ќе мора да паузира неколку натпревари поради повреда на прстот на левата рака. Се предвидува дека ќе изостане барем една недела, што значи дека ќе ја пропушти средбите против Сакраменто, Портланд и Минесота. Дончиќ имаше силен старт на сезоната — на првите два натпревари забележа вкупно 92 поени, 23 скока и 17 асистенции. Ова доаѓа во лош момент за тимот, со оглед на фактот дека и ...
Непримерното однесување на Винисиус Жуниор, во 72-та минута кога му беше јасно дека ќе биде заменет со Родриго, ја засени блескавата победа на Реал (2:1) во првото „Ел Класико“ оваа сезона. Шпанските медиуми, многу внимание му посветија на Бразилецот, ги посочуваат неговите поранешни испади во кои се истакнуваат негови изговорени зборови. Пишуваат дека Винисиус, покажува збор за непочитување кон тимот, грбот, дресот, тренерот, соиграчите кои ...
Во дербито на 10. коло од Прва Македонска Фудбалска Лига, Вардар постигна значајна победа над актуелниот шампион Шкендија, во натпревар што се одигра во Тетово. Клучниот момент се случи во 49-тата минута кога играчот на Шкендија, Алхасан, играше со рака пред својот гол, а Давид Бабунски беше сигурен реализатор од белата точка. Шкендија имаше момент на радост во 88. минута, но головото беше поништен од ВАР-системот – стрелецот Ибраими бил во ...
Победата на Наполи над Интер од 3:1, во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне. Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици. Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен ...
Фудбалскиот гигант од Торино, Јувентус, објави дека го разрешува а Игор Тудор од функцијата главен тренер на првиот тим, заедно со неговиот стручниот штаб. Причината за оваа одлука е серијата од осум натпревари без победа во сите натпреварувања, по која тимот се наоѓа на осмото место во Серија А и е далеку од амбициите за титула. За привремено решение, Јувентус назначи Масимо Брамбиле, тренер на резервниот тим, како привремен прв човек на ...
Легендарниот тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид со 2:1 над Барселона како „дуел на мажи против момчиња“. „Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“, ја контролираше играта и одбраната, и со тој успех си создаде пет-бодова предност на врвот во Ла Лига. Венгер потенцираше: – Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона. – Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона ...
Според најновата прогноза на суперкомпјутерот на Opta, Реал Мадрид е најголемиот фаворит за освојување на титулата во Ла Лига оваа сезона. Алгоритмот пресметува дека „кралскиот клуб“ има 71,6% шанси да заврши како шампион, со проектирани 87 освоени поени на крајот од сезоната. На второто место, според прогнозата, ќе се најде Барселона со 78 поени и веројатност од само 17,4% за титула, додека Атлетико Мадрид има 9,8% шанси да го освои првото ...
На 64-годишна возраст почина поранешниот голман Хосе Мануел Очоторена, кој остави неизбришлив траг во историјата на шпанскиот фудбал. Тој настапувал за Реал Мадрид, Валенсија, како и за други шпански клубови, оставајќи значајно наследство на теренот. Очоторена ја започна својата кариера во младинските категории на Реал Мадрид и подоцна настапуваше за првиот тим од 1982 до 1988 година. По заминувањето од Реал, продолжи да игра за Валенсија, ...
Легендата на „старата дама“, Алесандро Дел Пјеро, се огласи по новиот пораз на Јувентус и порача дека вината за лошите резултати не треба да се бара само кај тренерот, туку во пошироки проблеми кои го мачат клубот. Јувентус викендов загуби од Лацио (0:1) и ја продолжи црната серија без победа на осум натпревари, што е најдолг негативен период за торинскиот гигант во последните 16 години. „Не мислам дека сè е до тренерот. Ова е резултат на ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс приредија убедлива партија вечерва против Феникс Санз, со резултат 133:111, а централна фигура беше Никола Јокиќ кој оствари нов трипл-дабл: 14 поени, 14 скокови и 15 асистенции. Јокиќ и за овој настап покажа дека не се труди да преголемаексерира – шутираше само 5/8, сите неуспешни обиди беа од линијата за три поени, додека сите шутеви за два и слободни ги реализираше без грешка. Одлични поддржувачи му беа Џамал ...
Ландо Норис ја оствари најубедливата победа во својата кариера, триумфирајќи на Големата награда на Мексико и со тоа се искачи на првото место во генералниот пласман на возачи. Возачот на Мекларен стартуваше совршено и од самиот почеток постави темпо на кое конкурентите не можеа да одговорат. На крајот, Норис ја заврши трката со огромна предност од повеќе од 30 секунди пред второпласираниот Шарл Леклер, кој успеа да го задржи Макс Ферстапен зад ...
Во големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, кое „кралевите” го добија со 2:1, централната фигура не беше само резултатот, туку реакцијата на Винисиус откако беше изваден од игра. Во 72. минута, шпанскиот стратег Алонсо го повлече од терен 25-годишниот Бразилец и таму започна драмата. Винисиус се покажа изразито незадоволен: гласно негодуваше, не се поздрави со тренерот и право замина во свлачионица. Алонсо, на прес-конференција по ...
Швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во тешка состојба и го чекаат неколку операции по сериозната несреќа што ја доживеа во излезниот круг пред Големата награда на Малезија во категоријата Мото3. Овогодинешниот шампион во категоријата Мото3, Хозе Антонио Руеда, кој го предизвика инцидентот во кој двајцата беа повредени, е буден и свесен. Тимот на Детвилер, „CIP Green Power“, не објави многу детали за состојбата на младиот Швајцарец, освен ...
Во последниот меч од 9. коло на италијанската Серија А, Лацио успеа да го победи Јувентус со минимални 1:0, пресудниот гол го постигна Тома Башиќ уште во 9. минута од средбата. Тоа беше прв гол за Башиќ по неверојатни 907 дена. Со овој резултат, Лацио се искачи на 10. место со 11 бода, додека Јувентус остана на 8. позиција, со бод повеќе. Јувентус на овој начин ја продолжи својата лоша серија — сега нема победа во осум натпревари (во сите ...
Спортското друштво Фенербахче има огромен долг. Сите спортски секции се во минус од 588 милиони евра. Јагиз Сабунџуоглу, спортски новинар од Турција, јавно ги објави овие тврдења. Кога долгот ќе се конвертира во локална валута, тој изнесува 28,7 милијарди турски лири. Овој долг се однесува на целото спортско друѓтво, вклучувајќи ги сите спортски филијали, објекти и деловни операции. Кошаркарскиот тим на Фенербахче моментално има резултат 3-3 по ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен приредија спектакл пред домашната публика, запишувајќи уште еден впечатлив настап и обезбедувајќи победа која ја потврдува нивната форма и амбиции за продолжување на борбата за врвот. Од првите минути тимот беше агресивен и организиран, со контрола на средината и брзи продори по крила кои создаваа постојани проблеми кај противникот. Одбраната функционираше беспрекорно, не дозволувајќи шанси за противникот, а ...
Тотенхем го совлада Евертон и скокна на третото место во Премиер лигата Тотенхем продолжува со одличните партии во Премиер лигата – „спарси“ го совладаа Евертон со убедливи 3:0 и се искачија на третото место на табелата. Избраниците на Анге Постекоглу одиграа сигурен натпревар на „Гудисон парк“ и го контролираа темпото од самиот почеток. Првиот погодок го постигна Мики ван де Вен во 19. минута, а истиот играч во вториот дел, во 51. минута, ја ...
Шпанскиот возач на Гресини Рејсинг, Алекс Маркез, ја освои својата трета победа во сезоната на МотоГП со триумф во Гран при на Малезија на патеката Сепанг. Тој ја презеде водството уште во втората обиколка и ја одржа предноста до крајот, завршувајќи со 2.676 секунди предност пред Педро Акоста од КТМ и Жоан Мир од Хонда. Победата во Малезија го потврди второто место на Алекс Маркез во генералниот пласман, зад неговиот брат, Марк Маркез, кој ја ...
Во 191-то издание на Ел Класико, Реал Мадрид вечерва на домашен терен ја победи Барселона со резултат 2:1. Натпреварот започна со контроверзи – веќе во 2. минута судијата досуди пенал за Реал врз основа на фаул од Ламин Јамал над Винисиус, но ВАР ја поништи пресудата. Околу 12 минути подоцна, Мбапе, по прецизно додавање од Белингам, реализираше сам пред Шчесни и донесе водство за домаќините. Барселона одговори во 38. минута преку Фермин Лопез, ...
Српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ потпиша нов договор со саудискиот гигант Ал Хилал, со што ќе остане во клубот до летото на 2028 година. Иако имаше интерес од европските клубови — особено од Италија — Ал Хилал направи сериозна понуда и обезбеди продолжување на соработката. Деталите на договорот не се официјално објавени, но медиумите шпекулираат дека станува збор за значително покачување на платата и бонуси за верност. ...
Легендарниот италијански стратег Фабио Капело остро го критикуваше Интер по поразот од Наполи со 1:3 во дербито на Серија А. – Интер изгледа неорганизирано, ранливо и без идентитет. Тимот не знае како да се брани, а уште помалку како да изгради напад, изјави Капело за Скај Спорт Италија. Од друга страна, искусниот тренер ги пофали „партенопејците“: – Наполи беше поконкретен и подобро организиран, дури и без повредениот Кевин Де Брујне. Тимот ...
Фудбалерите на Арсенал славеа тесна, но значајна победа над Кристал Палас со 1:0, што му донесе нов импулс во трката за врвот на Премиер лигата. Голот го постигна поранешниот фудбалер на Палас, Еберечи Езе, во 39. минута. Во исто време, Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз на гости кај Астон Вила со 1:0, што значително ја наруши нивната форма. Токму поразот на „граѓаните“ го искористи тимот на Борнмут, кој победи со 2:0 над Нотингем Форест ...