Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ги сподели своите мисли за играчот од средниот ред на Милан, Лука Модриќ. Претходно тие беа соиграчи во „Лос Бланкос“. – Нема никој како Модриќ во фудбалот. Тој е најдобриот на светот. Минатата година играше за Реал Мадрид, сега е во Милан. Многу ми недостига затоа што секогаш нè учеше на нешто. Не сакаше да губи, дури ни на тренинзите. Секогаш беше лут, го цитира Винисиус новинарот Фабрицио Романо. ...
Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до кошаркарскиот клуб МКК Куманово, кој во периодот од 13 до 15 февруари во Куманово беше домаќин и организатор на завршниот турнир од Купот на Македонија во машка конкуренција, за беспрекорната организација на овој значаен национален настан, стои во соопштението на федерацијата. – Со својата посветеност, професионалност и одговорен пристап, клубот домаќин овозможи ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, се осврна на поразот (1:2) од Жирона вчеравечер во гостувањето на 24. коло од Шпанското фудбалско првенство. – Направивме премногу грешки. Нашата позиционираност беше многу лоша, особено во центарот на теренот. Оставивме премногу простор и не вршевме притисок. Бевме премногу отворени и примивме премногу голови. Мислам дека Жирона ја заслужи оваа победа. Бевме многу лоши, особено во одбраната и во ...
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се пошегува за голманската позиција пред првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите против Монако. – Не знам дали очекувам тивка вечер. Можеби ќе играме без голман. Ниеден голман не сака да игра против Монако, изјави Енрике за „Footmercato“. Шегата на Шпанецот има основа во реалноста. Голманите на ПСЖ редовно се повредуваат на натпреварите против Моначаните. Минатата сезона, Џанлуиџи Донарума го повреди ...
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги сподели своите очекувања за натпреварите од плејофот на Лигата на шампионите против Галатасарај. – Кога натпреварот се состои од два натпревара, двата се важни. Секое двоумење може скапо да ве чини. Горд сум на реакцијата што ја покажаа моите фудбалери во Милано против Интер и не би го менувал мојот тим за никого на светот. Мора да ја играме нашата игра како тим и да не страдаме од притисокот на ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги сподели своите очекувања за дуелите во плејофот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. – Многу тежок натпревар е, нема сомнение. Го одигравме само првото полувреме. Трубин нема да биде во напад на „Естадио да Луж“. Навикнат сум на вакви натпревари – го правам ова целиот свој живот. Ќе го играме првиот натпревар со ладна глава, амбиција и самодоверба. Знаеме што им направивме на кралевите на Лигата на ...
Барселона синоќа загуби со 2:1 од Жирона во натпреварот на гости од 24. коло на шпанското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламине Јамал, промаши пенал во 45+1. минута. Сепак гостите поведоа преку Пау Кубарси во 59.минута. Стрелци за домаќините беа Томас Лемар (62. минута) и Фран Белтран (87. минута). Напаѓачот на Жирона, Жоел Рока, беше исклучен во 90+9. минута. Барселона го претрпе вториот пораз по ред. Тие се втори на ...
Главниот инженер на Формула 1 тимот Астон Мартин, Мајк Крак, ги оцени перформансите на болидот за претстојната сезона. – Имаме нов автомобил, нова технологија и нов партнер. Нè очекува многу работа, а за време на тестирањето моравме да прифатиме дека не сме на нивото на нашите ривали. Но, нашиот автомобил има голем потенцијал, па затоа треба да работиме за да го разработиме, изјави Крак за „Аутоспорт“. По три дена тестирање пред сезоната во ...
Легендарниот НБА кошаркар, членот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, рече дека сè уште не знае дали ќе продолжи да игра по неговата рекордна 23. сезона. -Во овој момент не знам. Кога ќе одлучам, ќе дознаете и вие. Сега навистина Немам поим. Само сакам да живеам, тоа е сè, изјави за „ЕSPN“ 41-годишниот Американец. Џејмс е со Лејкерси од 2018 година. Тој е четирикратен шампион на НБА (2012, 2013, 2016, 2020). Во сезоната 2025/26 на НБА, ...
Со четири натпревари денес почнува нокаут фазата за пласман во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони. Во воведниот натпревар од шеснаесетфиналните пресметки, Галатасарај го пречекува Јувентус во терминот од 18; часот, додека во терминот од 21 часот ќе играат Бенфика – Реал Мадрид, Борусија Дортмунд – Аталанта и Монако – ПСЖ. В среда на програмата се првите натпревари од дуелите меѓу Карабах – Њукасл, Бодо Глимт – Интер, Клуб Бриж – ...
Поранешната ѕвезда на калчолигашот Рома, Франческо Тоти, е на чекор до враќање во клубот од Рим. Тоти во изјава за италијанските медиуми потврди денеска дека е многу блиску до враќање во Рома, но сè уште не е познато во која улога. „За мене, Рома е мој дом, отсекогаш била, дури и кога не сум таму“, изјави Тоти за Скај Спорт Италија. „Во последно време кружат гласини. Вистина е, разговараме, дискутираме за некои детали и одлучуваме што е ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на вниманието на шпанските медиуми, откако беше обелоденето дека во неговиот актуелен договор постои специјална клаузула која би можела да му овозможи враќање во Реал Мадрид. Според информациите, договорот на Мурињо содржи одредба според која тој може да го напушти сегашниот клуб без комплицирани обештетувања, доколку пристигне понуда од „кралскиот клуб“. Токму оваа клаузула ги ...
Иако веќе е во поодминати играчки години, Лука Модриќ нема намера да стави крај на својата богата кариера. Искусниот хрватски маестро добил понуда од Милан за продолжување на соработката и следната сезона, што е јасен сигнал дека „росонерите“ се задоволни од неговиот придонес. Модриќ и натаму покажува дека класата е вечна. Со своето искуство, мирнотија во играта и визија во средниот ред, тој претставува значаен фактор во тимот, не само на ...
Турскиот прволигаш Самсунспор ќе се соочи со македонскиот првак Шкендија в четврток во Скопје во првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лигата на конференции со нов тренер, откако денеска официјално го назначи Германецот Торстен Финк за нов шеф на стручниот штаб. Поранешниот долгогодишен фудбалер на минхенски Баерн седнува на клупата на Самсунспор на местото на својот сонародник Томас Рајс, кому му беше врачен отказ по двата последователни ...
Во двата денешни натпревари во рамки на 18. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Македонија ЃП извојува домашна победа над Шкупи со 3-0, додека АП Брера триумфираше на гостински терен против Арсими со 2-0. Фудбалерите на Македонија ЃП очекувано дојдоа до лесен триумф над последнопласираниот Шкупи со головите на Малик (11 минута), Гереро (20) и Софијаноски (29). На дуелот меѓу Арсими и АП Брера, прволигашот од Струмица дојде во ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изрази загриженост за ефикасноста на новите автомобили, поточно за проблемот поврзан со перформансите на новите мотори. Во новите мотори, приближно 50 проценти од моќноста се генерира електрично. А за време на тестирањето, многумина доживеаа пад на брзината на правците поради брзото празнење на батеријата. Возачите се принудени да забават и агресивно да сопираат, обидувајќи се да ја наполнат батеријата за ...
Реал Мадрид уште еднаш испиша историја во шпанскиот фудбал, откако стана клуб со најмногу досудени пенали во историјата на Ла Лига. „Кралевите“ го зацврстија првото место на вечната листа, оставајќи ги зад себе најголемите ривали и останатите шпански великани. Овој податок само ја потврдува долгорочната доминација на мадридскиот гигант во домашното првенство. Со години тимот игра офанзивен и напаѓачки фудбал, создава голем број шанси во ...
Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жил Кунде, би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, кој покажува интерес за играчот. Според „ Topskills Sports UK“, каталонскиот клуб го смета Французинот за недопирлив, но „Блауграната“ се подготвени да разгледаат трансфер доколку му бидат понудени 60 – 80 милиони евра. За фудбалерот интерес пројавува и премиерлигашот Челзи. Кунде е во Барселона од 2022 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 36 ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше ремито 2:2 со Наполи во гостувањето синоќа во 25. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Штета што резултатот испадна ваков. Честопати завршуваме со млади играчи во нападот. Тие треба да растат и да добијат време за игра. Имаат свежина и енергија. Можевме подобро да ги завршиме одредени шанси. Мален? Отсекогаш сум бил негов голем обожавател. Тој ги има најдобрите квалитети за ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откри во кој настан би можел да се натпреварува на Зимските олимписки игри. – Мислам дека во боб. Во оваа дисциплина има еден возач и четири членови од екипажот – туркачи. Ќе ми требаат момци поголеми од мене, но јас би бил возач. Во тоа сум добар, изјави Леклер за веб-страницата на Ферари. Првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1, Големата награда на Австралија, ќе се одржи во Мелбурн од 6 до 8 март. ...
Фудбалерите на Арсенал без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето на ФА Купот. Лидерот на Премиер лигата и клубот што го освои ФА Купот рекордни 14 пати, вечерва го совлада третолигашот Виган со 4:0 на својот стадион. Сите четири гола беа постигнати во првиот дел од мечот, кога и падна одлуката за победникот. Мадуеке, Мартинели, Габриел Жезус и еден автогол на Хант беа доволни „топчиите“ брзо да го визираат своето место за ...
НБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес клиперс. Во финалето на мини-турнирот, „Старс“ ги победија „Страјпс“ со 47:21 Натпреварот траеше 12 минути. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот Тајрис Макси (од Филаделфија кој играше за „Старс“), постигна девет поени. Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Старс“ загубија од „Страјпс“ (40:42) и победија против „Ворлд“ (37:35 во продолжение). ...
Фудбалерите на Наполи и Рома ремизираа 2:2 на „Марадона“ во популарното „Дерби на сонцето“, кое се играше во рамките на 25-то коло од италијанската Серија А. Иако видовме одличен натпревар, тешко дека некој од двата табора е задоволен со по еден бод. Наполи сега е на третото место на табелата со 50 бода, заостанува 11 бода зад лидерот Интер и се чини дека останува без реални шанси во битката за одбрана на титулата. Нашиот елиф Елмас денеска ...
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига. „Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа. Главни протагонисти на победата ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги искажа впечатоците за синоќешното реми 2:2 со Рома на домашен терен од 25. коло од првенството во Серија А. – Фер е да им се заблагодариме на навивачите, бидејќи го ценат она што го правиме оваа сезона. Фактот дека тие признаа дека се бориме за Наполи, го почитуваме дресот и не се откажуваме е прекрасен сигнал за момците. Знам низ што поминаа и како успеавме да преживееме во последните неколку месеци. ...
Билбао славеше со 2:1 на гости кај Овиедо во 24-то коло од Ла Лига. Домашниот тим се надеваше дека по победата во последното коло над Џирона, ќе може да забележи уште еден триумф и да ја зачува надежта за опстанок, но ништо од тоа. Овиедо поведе во 30.минута која Чаира ја искористи асистенцијата на Винас и постигна гол од пречката за 1:0. Атлетик Билбао потоа се врати и го сврти резултатот. Во 58-та минута, Хаурегизар постигна еврогол, од 25 ...
Третиот и последен натпреварувачки ден на финалниот турнир од кошаркарскиот куп „Благоја Герогиевски-Буштур“ во Куманово, е резервиран за големото финале. Во него ќе се соочат домаќинот на турнирот МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром. Тимот од Аеродром сака продолжение на доминацијата која реално и ја имаат во последната деценија, дури и повеќе одд тоа. Имаат три последувателни триумфи во финалните натпревари од Купот, кој од пред пет години ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70. Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале. Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП. Во ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се надева дека напаѓачот Мохамед Салах ќе продолжи да игра за „Мерсисајдерс“ следната сезона, бидејќи е важен играч за тимот. Вчера, 33-годишниот Египќанец реализира пенал и асистираше во победата од 3:0 во четвртото коло на ФА Купот над Брајтон. – Мо е сè уште лидер и како капитен, важно ми е да го имам со нас. Тој секогаш носи повеќе во тимот отколку само голови. Очигледно, во моментов, целото ...
Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона додека се заздравува од скинатата Ахилова тетива, го освои натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот во Инглвуд. Лилард ја освои наградата по трет пат во последните четири години, придружувајќи им се на Лари Берд и Крег Хоџис како трикратни победници. Во последниот круг, бекот на Блејзерс постигна 29 поени, надминувајќи ги Девин Букер од Феникс (27) и ...