Рио Нгумоха и се претстави на пошироката фудбалска јавност со победничкиот гол за Ливерпул против Њукасл. Затоа не е изненадување што шампионите на Премиер лигата побрзаа да му понудат професионален договор. Момчето кое започна во академијата на Челзи е во Ливерпул од минатата година. Оваа сезона, тој веќе одигра четири натпревари и покажа дека може да се смета на него. Тој моментално е член на репрезентацијата на Англија до 19 години и играл во ...

Фудбалерите на Барселона победија како гости кај Реал Овиедо со 3:1 во шестото коло од Ла Лига, по пресвртот во второто полувреме. Стрелец на голот за тимот на Вељко Пауновиќ беше Алберто Реина во 33-та минута, од речиси половина терен, по глупоста на голманот на Барса, Жоан Гарсија, кој скапо плати за ноншалантната игра на околу триесет метри од својот гол. Тој беше строго казнет. Во вториот дел апсолутната доминација Барселона ја крунис со три ...

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни призна дека имал проблем со алкохолизам. Руни со години беше кошмар за противничките дефанзивци и голамни во дресот на Манчестер јунајтед, Во подкаст со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, тој призна дека долго време се борел со голем проблем. „Ставав капки за очи и џвакав мастика пред тренинг за да не се забележи. Знаев дека ќе пијам без престан два дена, а потоа ќе доаѓам на натпревар и ќе постигнувам ...

На големо разочарување на Реал Мадрид, Вилијам Салиба реши да остане во Лондон. Арсенал успеа да постигне договор со стоперот од Франција и да ја продолжи соработката до 2030 година. Реал Мадрид го таргетираше францускиот репрезентативец, со цел да го доведе следната сезона за малку пари, со оглед на тоа што неговиот договор со Арсенал истекуваше во 2027 година. Сепак, „Топџиите“ реагираа брзо и му обезбедија на Салиба нов, петгодишен договор. ...

По речиси две и пол години правна битка, познатиот германски фудбалер Фреди Бобиќ конечно ја доби пресудата од Окружниот суд во Берлин. Судот одлучи дека Херта Берлин мора да му плати повеќе од 4 милиони евра, што го направи Бобиќ повторно победник во неговиот правен спор против клубот. „Многу сум среќен што е донесена јасна и фер одлука. Се надевам дека ова е крај, но на Херта е да одлучи дали ќе биде крај. Ова можеше да биде решено многу ...

Натпреварот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо ќе се игра во Австралија, бидејќи стадионот „Сан Сиро“ ќе биде зафатен поради отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, а натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Барселона и Виљареал ќе се игра во Мајами. Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, зборуваше за оваа тема пред повеќе од еден месец, а сега реши да го изнесе својот став во официјална форма. Како што ...

Поранешниот германски селектор Јоаким Лев (65) остро ги критикуваше плановите за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации. „Тотално преувеличено“, изјави Лев за телевизиската станица „Нитро“. „Пред половина година слушнав дека ФИФА зборува за ова и дека ги туркаат таквите планови. Првенство со 48 репрезентации го намалува квалитетот. Здравјето и квалитетот на играчите секогаш мора да бидат на прво место. Оваа идеја е ...

Иако имаше гласини дека Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ги исклучи израелските тимови од своите натпреварувања, тоа не се случи. Израел може да здивне, објавуваат локалните медиуми, бидејќи по неколку недели притисок од разни држави, предводени од Катар, нема да има исклучување од натпреварувањето на УЕФА. Барем не засега. Како што пишува „Израел Хајом“, исклучувањето на Израел – репрезентацијата и клубовите – од натпреварувањето на УЕФА во ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Рајо Ваљекано 3:2 во шестото коло од Ла Лига. Апсолутен херој на Атлетико беше Хулијан Алварез, кој го постигна првиот хет-трик во дреост на „органџиите“. Голот за победа во 88-та минта беше спектакуларен, со што го поништи торпедото на Пеп Чаварија во финишот на првото полувреме. Атлетико надмоќно влезе во натпреварот со градскиот ривал, Алварез го отвори резултатото во 15-та минута. Аргентинецот потоа ...

Вечерва започна новата сезона во Лига Европа. Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда играа дома. „Модрите“ го победија Фенербахче со 3:1, а црвено-белите играа 1:1 со Селтик. Динамо до троимфот над вицепрвакот на Турција дојде со головите Дион Дрено Беља во 21-та и 51-та минута и Монсеф Бакрар во 95-та минута, додека единствениот гол за Турците го постигна Себастијан Шимански. Црвена звезда против Селтик имаше подобри шанси, осбено ...

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата. Меси беше клучен играч на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Њујорк Сити, кој тимот од Флорида го доби со 4:0. Со оваа победа, Интер официјално се квалификуваше за плејофот во МЛС, со скор од 16 победи, шест нерешени резултати и седум порази. Со асистенција во првото полувреме, Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој имал најмалку 35 гола (голови + асистенции) во две ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше напредок од девет места на ВТА-листата и од овој понеделник е рангирана на 198. место. Иако минатата недела, на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, заврши во четвртф-финалето, сепак, освои нови бодови. Таа го подобри своето салдо со нови 16 бода, па сега има 358. Инаку, нејзиното најдобро рангирање беше на 12 јули 20217 година, кога се најде на 170. позиција. Што се однесува до ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го истакна своето задоволство од атмосферата во тимот по неговата победа викендот на Големата награда на Азербејџан. – Доживеавме многу одлични моменти заедно. Не е пријатно да се поминува низ тежок период. Но, сега кога повторно победивме, сè е подобро. Атмосферата е фантастична, ни дава самодоверба. Луѓето гледаат светлина на крајот од тунелот и мислат дека иднината изгледа посветла. Но, ќе мора да почекаме и ...

Нерешено 33:33 заврши вечерашното дерби во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер. Дуелот од 3. коло на македонското ракометно првенство донесе драматична завршница. Алкалоид на две минути пред крајот имаше предност од два гола и двајца ракометари повеќе, но и тоа не беше доволно за конечна победа. Битолчани до бод дојдоа со голот на Хосни во последната секунда. За Алкалоид ова е втор нерешен резултат, и двете реми се на ...

Вечева се одиграа последните натпревари од третото коло на Лига купот. Според очекувањата Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Њукасл се пласираа во следната рунда. Манчестер сити гостуваше кај Хадерсфилд и победи со 2:0. Сити водеше со 1:0 по 18 минути. Фил Фоден им донесе водство на „Граѓаните“, а тоа беше резултатот од првото полувреме. Во 74-та минута, Фоден се најде во улога на асистент, а Савињо го постави конечниот резултат. Њукасл го ...

Ливерпул реди победи на стартото на новата сезона, но Флоријан Вирц сè уште не убедил никого дека англиските шампиони направиле добар потег кога решија да го ангажираат. Германскиот репрезентативец пристигна на „Енфилд“ ова лето за 116 милиони фунти (100+16 бонуси), што е околу 135 милиони евра. Очекувањата се големи, но 22-годишниот играч од средниот ред се соочи со тежок почеток во Ливерпул. Очигледно е дека сè уште не го пронашол својот ...

Екипите од Втората фудбалска лига Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале од Купот на Македонија. ГФК Охрид пред своите навивачи успеа да го совлада прволигашот Шкупи со 3:0 . Воедно охриѓани ја искористија слабата форма на прволигашот, кој нема освоено бод во лигата. Во Струмица гостите Детонит Плачковица ја совладаа екипата на Беласица со 1:0 за пласман меѓу најдобрите осум екипи во куп натпреварувањето. Во другите двојки ќе играат: ...

Повеќе од 100 навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа. Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки. Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на ...

Кристијан Хорнер официјално го напушти Ред Бул откако беше постигнат договор за раскинување на договорот и пакет за отпремнина во вредност од 60 милиони евра, објави Би-Би-Си. Британецот (51) беше на чело на тимот од неговото основање во 2005 година и во тој период го водеше тимот до осум шампионски титули во конкуренција на возачи и шест во конкуренција на конструктори. Имаше годишна плата од 12 милиони евра, а неговиот договор беше важечки до ...

Инциденти го обележаа четвртфиналениот натпревар меѓу Флуминенсе и Ланус на легендарната „Маракана“м одигран во Копа Судамерикана. Инцидентите започнаа на полувремето, ги започнаа гостинските навивачи. поради што почетокот на второто полуврмеме беше одложен за 30 минути. Според извештаите, инцидентот наводно започнал по тепачка меѓу навивачите на Ланус во ходникот или тоалетот на стадионот, што дополнително ги зголемило тензиите. Pelea entre ...

Екипата на ТФТ е победник на меморијалниот турнир „Андреј Грковски- Тафта“ кој беше во организација токму на клубот од скопската населба Тафталиџе. Во финалниот натпревар, ТФТ со пресврт во последниот период го совлада шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74:73. Кај ТФТ, Дејвис Џуниор броеше до 31.поен (8.скока и 4.асистенции), Гордон имаше 18, а Виктор Ташовски заврши со 16 поени. Прв стрелец во редовите на МЗТ беше МекКејден, кој заврши со ...

ФИФА, сериозно размислува за идејата Светското првенство во 2030 година да биде проширано на 64 репрезентации. Според извори на „Оле“, ФИФА ќе го поддржи предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на учесници на турнирот на рекорден број. Во тој случај, натпреварувањето би било организирано во 16 групи, каде што секоја група би имала по четири репрезентации. Двете најдобро пласирани репрезентации ...

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, познат како Гави, е успешно опериран по повредата на коленото. Како што беше објавено на официјалниот профил на клубот „X“, 21-годишниот играч од средниот ред е подложен на артроскопска интервенција за санирање на повредата на медијалниот менискус. Според проценките на медицинскиот тим, очекуваниот период на закрепнување е помеѓу четири и пет месеци, што значи ...

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“. Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим. Бразилецот беше ...

Третото коло во Лига купот на Англија го обележа со дуел помеѓу Ливерпул и Саутемптон. Ливерпул повторно победи со гол во последните минути (2:1). Натпреварот го обележа неверојатниот потег на Уго Екитике. Арне Слот го одигра овој натпревар со комбиниран состав. Најновото засилување на „Црвените“, Александар Исак, го постигна деби голот за Ливерпул, со што му донесе водство на својот тим во 43-та минута. Сепак, гостите од Чемпионшип не се ...

Роберто Мартинез, селекторот на Португалија, бил ограбен минатата сабота, објавија локалните медиуми. Имено, крадци го скршиле прозорецот и влегле низ кујната, а украле часовници и накит во вредност од над милион евра. Според истиот извор, никој не е повреден, а инцидентот се случил на периферијата на Лисабон, каде што живее Мартинез. За среќа, тој не бил дома во тоа време, а сè го открил чистачот. Мартинез се подготвува за претстојните ...

Рафаел Леао е еден нјдобрите трансфери на Милан во последните пет години. Крилниот напаѓач гостувајќи во еден подкаст откри дека пред да потпише договор со Милан, Интер бил сериозно заинтересиран за него. Кога португалскиот офанзивен играч го носеше дресот на Лил, Интер беше првиот што затропа на вратата, во летото 2019 година. Леао не бил расположен за трансфер на „Џузепе Маца“, иако францускиот клуб се залагаше тој трансфер да се случи. ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше денеска во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути. Ова за Ѓорческа беше ...

Префектот на Неапол, Микеле Ди Бари, ја забрани продажбата на билети за навивачите на Ајнтрахт Франкфурт за натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи во ноември од безбедносни причини. Како што објави весникот „Република“, забраната е донесена врз основа на советот на Полициската управа во Неапол и во согласност со одлуките на Покраинскиот комитет за јавен ред и безбедност. Според одлуката, навивачите на Ајнтрахт нема да можат да купат ...

„Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реконструкција, а Барселона упорно најавува дека нејзините играчи наскоро повторно ќе играат во својот дом. Барем засега тоа сè уште не е можно. Градските власти на Барселона потврдија во вторникот дека „Камп Ноу“, дури и со ограничен капацитет, не е подготвен за враќање на навивачите, објавува „Мундо депортиво“. Клубот планираше да биде домаќин на околу 27.000 гледачи во недела против Реал Сосиедад, но општината ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1006
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1003
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
65%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
98%
1003
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
78%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
70%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
78%
1003
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
83%
1013
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.60589