Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го коментираше поразот од 3-1 над Аталанта синоќа на домашен терен во 12. коло на Италијанското фудбалско првенство. – Задоволни сме од победата и од начинот на кој ја постигнавме, особено во првото полувреме, каде што го задржавме високото темпо. Можевме подобро да ја контролираме топката во второто полувреме, но севкупно е добро, бидејќи го победивме многу силниот тим на Аталанта. Ги анализирав од натпреварот ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го коментираше поразот од 3:0 од Нотингем Форест вчеравечер во домашниот натпревар од 12. коло на англиската Премиер лига. – Сите сме разочарани и така треба да биде. Поразот дома од Нотингем Форест е, според мене, многу болен. Лошо е. Тоа е најљубезното нешто што можам да го кажам за тоа, изјави 34-годишниот Холанѓанец. Ливерпул е деветти на табелата во Премиер лигата со 18 бода по 12 натпревари. Фото: ...
Тренерот на Баерн, Винсент Компани, се осврна на вчерашниот триумф со 6:2 над Фрајбург во 11-то коло од Германското фудбалско првенство. Баварците до победата дојдоа со резултатски пресврт, откако губеа со 0:2 по 17 минути игра. – Без сомнение, нашиот најважен момент беше кога го постигнавме вториот гол. Играчите ја создадоа таа фаза од нападот. Имаше многу квалитет. Не многу играчи се способни за такво нешто. Се вративме во натпреварот ...
Пол Погба повторно се појави на фудбалскиот терен и го одигра својот прв натпревар по повеќе од две години пауза, ставајќи крај на едно од најтешките поглавја во неговата кариера. Францускиот ас го направи дебито за Монако, откако клубот му даде шанса да се врати во професионалниот фудбал по намалувањето на неговата суспензија за допинг. Погба влезе во игра во 85. минута, во моменти кога Монако се обидуваше да избегне пораз, но тоа што навистина ...
Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул утрово победи на трката во Формула 1 во Лас Вегас за Големата награда на САД. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 20,741 секунди зад Верстапен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет, 23,546 секунди зад победникот. На две трки до крајот на сезоната, Норис останува лидер во пласманот на возачи со 408 поени, 30 поени пред Оскар Пјастри, Верстапен е на третото место 42 поени зад Норис. ...
Наполи одигра перфектно прво полувреме и со три погодоци уште пред паузата ја обезбеди победата над Аталанта со 3:1 во дуел од 12. коло на Серија А. Тимот од Неапол доминираше од самиот почеток и практично без поголема драма стигна до нови три бода. „Партенопеите“ поведоа во 17. минута, кога Давид Нерес ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите. Бразилецот продолжи во исто темпо и во 38. минута го удвои водството, наградувајќи ја ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е разочаран од денешниот убедлив пораз од Нотингем Форест. „Црвените“ на свој терен загубија со 0:3. – Тешко е да се измери колку е лош овој резултат, но секако е многу лош. Играњето дома и губењето со 3:0 е многу, многу, многу лош резултат. И е неочекувано, со оглед на првиот половина час, кој го одигравме добро. Веројатно никогаш не сме создале толку многу шанси во првиот половина час во еден натпревар оваа ...
Кошаркарот на Партизан, Ник Калатес верува дека може да игра на потребното ниво уште некоја сезона. Освојувачот на трофејот во Евролигата во 2011 година се мачеше со повреди минатата година. – Сè уште чувствувам дека имам што да докажам. Сè уште имам нешто во мене. Минатата година беше мојата прва вистинска повреда. Но, сè уште ја сакам играта. Излегувањето на теренот со момците. Атмосферата во соблекувалната. Секако, не мислам дека ќе можам да ...
Во натпреварот од 12. коло на Серија А, Фиорентина и Јувентус одиграа без победник, завршувајќи 1:1 на „Артемио Франки“. Овој нерешен исход дополнително ја истакна кризата на домаќините, кои и по 12 одиграни кола сè уште не успеале да стигнат до триумф во шампионатот. Фиорентина, која има големи очекувања пред сезоната, продолжува да разочарува. Навивачите на „виолите“ веќе подолго време се загрижени, бидејќи нивниот тим не покажува доволно ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер ги сподели своите впечатоци за болидот „SF-25“. – Се бориме за третото или можеби второто место, но, искрено, второто место ќе биде тешко во Шампионатот на конструктори. Сакам да се борам за победи, па секако, тоа не е автомобил што ќе ми недостига, изјави Леклер за „Моторспорт“. По 21 трка од сезоната 2025 година, Ферари е на четвртото место во Шампионатот на конструктори со 362 поени. Дваесет и осумгодишниот ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите емоции по освојувањето на пол-позицијата на Големата награда на САД. – Беше нервозно! Не знаев дека никој нема да заврши круг по мене. Патеката беше лизгава. Само малку да згрешиш како што направив јас, ќе се извртиш и ќе го изгубиш автомобилот. Речиси удрив во ѕидот! Сепак на крајот, возев доволно добро за првото место. Не беа најдобри услови, но ми е мило што дождот престана и успеавме да ...
Манчестер сити вечерва загуби со 2:1 на гостински терен од Њукасл во 12.коло на Англиското фудбалско првенство. Харви Барнс постигна два гола за домаќините. Англичанецот постигна гол во 63. и 70. минута. Рубен Дијас го постигна единствениот гол за Сити во 68. минута. За „Граѓаните“ ова е втор пораз на последните четири натпревари во Премиер лигата. На 26 октомври, загубија со 1:0 од Астон Вила, а помеѓу тој натпревар и денешниот, победија со 3:1 ...
Барселона вечерва го победи Атлетик Билбао со 4:0 дома во 13. коло од шпанската Ла Лига. Домаќините го одиграа својот прв натпревар на „Камп Ноу“ по неговото реновирање. Барселона не играше на својот стадион од мај 2023 година. Головите за Каталонците ги постигнаа Феран Торес (два), Роберт Левандовски и Фермин Лопез. Барселона со 31 бод изби на првото место на табелата, пред второпласираниот Реал Мадрид кој исто така има 31 бод и натпревар ...
Тениската репрезентација на Германија доцна синоќа успеа да постигне победа за пласман во полуфиналето од Дејвис купот. Во последното четвртфинале Германија ја совлада Аргентина со 2:1 и со пресврт стигна до триумфот. Во првиот меч водство за Аргентина донесе Томас Етчевери, кој со 2:0 (7:6(3) и 7:6(7)) во сетови го совлада Јан-Ленард Штруф. Очекувано Александер Зверев изедначи на 1-1 со победата над Франциско Серундоло добивајќи го мечот со 2:0 ...
Ливерпул вечерва загуби со 3:0 дома од Нотингем Форест во 12. натпревар од Премиер лигата. Головите ги постигнаа Муриљо (33. минута), Николо Савона (46) и Морган Гибс-Вајт (78). Ливерпул (18 бода) го претрпе шестиот пораз во последните седум натпревари од Премиер лигата, паѓајќи на 11. место. Нотингем Форест (12 бода) се искачи на 16. место на табелата. На другите денешни натпревари во Англиското фудбалско првенство: Барнли – Челзи 0:2 Борнмут – ...
Женската македонска ракометна репрезентација од 4-8.декември ќе одигра три пријателски натпревари. Противнички на ракометарките ќе бидат селекциите на Турција, Словенија и на Словачка. Натпреварите ќе се играат во Анкара. Собирот на репрезентативките е на 28.ноември, а мини подготовките ќе се одржуваат во Кавадарци. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки: Андреа Илиќ, Матеа Чурлиноска, Драгана Петковска, Ивана Џатевска, Ангела ...
На седницата на Бордот на Светската кошаркарска федерација (ФИБА), викендов во Букурешт, потврдени се номинациите за домаќините на наредните шампионати. Македонската репрезентација до 18 година ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24 јули – 2 август ќе се игра во Хрватска, поточно во Риека и во Опатија, додека нашиот младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10 до 19 јули ќе се игра ...
Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон верува дека Џенаро Гатузо е најдобриот избор за репрезентацијата. – Сите ја сакаме италијанската репрезентација. Глупавите споредби меѓу сегашните играчи и минатото само ги прават да се чувствуваат инфериорно. Ајде да размислиме кој има корист од ова. Дали Гатузо е вистинскиот тренер?. Секако. Тој е вистинскиот тренер, тој е најдобрата личност што можеше да биде избрана. И вие новинарите го знаете ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги сподели своите очекувања пред натпреварот од Серија А против Интер. – Ќе биде прекрасна вечер. Се соочуваме со многу силен тим, фаворит за Скудетото, заедно со Наполи, кој победи на 11 од последните 12 натпревари и постигна 28 гола, а прими само 7. Тие се искусен тим со физички и технички играчи, но дербито е секогаш поинаков натпревар. Ќе треба да одиграме добро и да бидеме пофокусирани отколку што ...
Денвер Нагетс остварија важна победа на гостувањето кај Хјустон со 112:109, во натпревар исполнет со неизвесност до самиот крај. Главна фигура повторно беше Никола Јокиќ, кој забележа ново блескаво издание – постигна 34 поени, додаде 10 скока и 9 асистенции, само една асистенција далеку од тројна двојка. NIKOLA JOKIC RISE UP. 😤 pic.twitter.com/zvYWcPXNA3 — Hoop Central (@TheHoopCentral) November 22, 2025 Во завршницата блесна и Џамал Мареј, ...
Вардар ја победи АП Брера попладнево на гостувањето во Струмица во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига. Головите ги постигнаа Михаил Талевски и Димитар Тодоровски, двата во второто полувреме. Натпреварот се одигра во лоши услови, по тежок терен поради обилните дождови што ја зафатија земјава. Првиот натпревар од ова коло се одигра вчера, Силекс ја победи Македонија ЃП на гости со 2:1. Утре играат Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија. ...
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го спореди напаѓачот Килијан Мбапе со поранешниот играч на „кралскиот клуб“ Кристијано Роналдо. -Кристијано има посилен победнички менталитет од Килијан. Мислам дека тие се двајца сосема различни играчи. Но, оваа година, Мбапе го покажа тој менталитет посилно. Тој се подобрува и навистина го води тимот напред. Тоа ќе станува сè позабележително со секој натпревар, изјави Куртоа за „Goal“. Оваа сезона, ...
Голманот на Манчестер сити, Џанлуиџи Донарума, изјави дека сè уште е огорчен што го напушти ПСЖ, но треба да сврти нова страница и да продолжи понатаму. – Не беше лесно да се напушти клуб како ПСЖ. Штета што по сезона во која ја освоивме Лигата на шампионите за Париз, нешто што никогаш порано не се случило, морав да си заминам. Боли. Но, треба да свртам нова страница. Се чувствував разочаран затоа што, кога пристигнав во ПСЖ, се адаптирав на ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас возени утрово. Во одлучувачкиот сегмент, најдобриот круг на Британецот беше 1 минута 47,934 секунди. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0,323 секунди), а возачот на Вилијамс, Карлос Сајнц, трет (+0,362). Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, заврши петти (+1,027). Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари заврши на 20-то ...
Двете најголеми американски кошаркарски ѕвезди, Леброн Џејмс и Стеф Кари, официјално потврдија дека нема да настапат на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Леброн, кој ќе има 43 години на следните Игри, изјави дека донел конечна одлука да не се враќа во репрезентацијата и дека ќе ги следи олимписките натпревари само како гледач. Сличен став има и Стеф Кари, кој истакна дека „многу се сомнева“ дека повторно ќе игра за националниот ...
Априлија ја заокружи сезоната на најдобар можен начин – со целосна доминација на трката за Големата награда на Валенсија. Марко Бецеки стигна до победата по извонредно возење, додека Раул Фернандез го дополни успехот со второто место и му донесе двоен подиум на производителот од Ноале. Бецеки од самиот старт го контролираше темпото и не дозволи ниту во еден момент да биде сериозно загрозен. Фернандез се обидуваше да го стигне во последните ...
Пред натпреварот на Манчестер сити против Њукасл во 12. коло на Премиер лигата, тренерот на „Граѓаните“ Јосеп Гвардиола истакна дека сезоната дури сега навистина започнува. – Постојат два периода од сезоната: летото, кога завршува преодниот рок, и потоа, кога завршуваат репрезентативните паузи, кои веќе се завршени. Значи, сега ќе се гледаме на секои три или четири дена до март. Значи, сезоната дури сега навистина започнува. Важно е да бидеме ...
Арсенал е сериозно заинтересиран за потпишување на напаѓачот на Јувентус, Кенан Јилдиз. Според „Caught Offside“, агентот на 20-годишниот турски напаѓач, Жорже Мендес, веќе се сретнал со претставници на англискиот клуб во Торино, каде што страните разговарале за потенцијален трансфер. Договорот наводно вреди помеѓу 90 и 100 милиони евра. Јилдиз има одиграно 14 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи три гола и имајќи четири ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, изрази длабоко разочарување од настапот на својот тим во натпреварот од осминафиналето на Португалскиот куп против Атлетико (2:0). – Игравме лошо во првото полувреме. Она што најмногу ме боли е кога играчите имаат лош став. Направив четири замени на полувремето, но би сакал да направам девет. Натпреварите треба да се сфатат сериозно. Проблемот не беше системот, туку фудбалерите. Некои клучни играчи не беа на ...
Кошаркарите на ЛА Клиперс никако да „фатат“ ритам во новата сезона, ноќеска загубија уште еден натпревар. Поуспешни од нив беа кошаркарите на Орландо со 129:101. Ова е вкупно 11-ти пораз на 15-те дуели, или деветти на последните 10 натпревари. Од самиот почеток Орландо имаше контрола над играта и резултатот и на полувреме водеше со 61:49. Во вториот дел предноста се зголемуваше. Најефикасен кај победникот беше Џејлен Сагс со 23 поени, додека на ...