Кошаркарите на Панатинаикос го победија Монако со 87:79 во плејин натпреварот во Евролигата. Патанаикос лесно го победи Монако пред своите навивачи во Атина и влезе во плејофот од седмата позиција, па затоа имаат натпревар против Валенсија. Монако ќе се бори за осмата позиција, последна во плејофот, и ќе игра против подобриот тим од дуелот помеѓу Барселона и Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во петок. Херој на Панатинаикос беше Ти Џеј ...

Македонскиот репрезентативец во редовите на ТФТ Виктор Ташовски игра во одлична форма, а покрај добрите настапи за својот клуб во АБА 2 лигата со тројката во последната секунда донесе победа за својата екипа и во саботното дерби од домашното првенство со МЗТ Скопје Аеродром. Но, време за одмор за играчите на ТФТ нема бидејќи утре ги очекува првиот дуел од финалето од АБА 2 лигата со екипата на Широки на гостински терен. Тимот на Широки ...

Дербито меѓу Пари Сен Жермен и Лион донесе многу возбудувања, а тензиите не се смирија ни по последниот судиски свиреж. Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, не беше задоволен од провокативната прослава на младиот бразилски талент Ендрик, кој својот прв гол во победата на Лион од 2:1 го прослави пред домашните навивачи, пишува „Goal“. Ендрик беше клучен играч во победата на својот тим – најпрво го постигна водечкиот гол, а потоа асистираше и за ...

Наполи го казни Ромелу Лукаку со 150.000 евра, што е 20 проценти од неговата бруто месечна плата, објави „Ла Газета дело Спорт“. Како што стојат работите, разделбата на лето изгледа сè поизвесна. Белгискиот напаѓач се врати во Неапол од Белгија на почетокот на неделата, по повеќе од две недели отсуство без дозвола од клубот, и во таа прилика разговараше со спортскиот директор Џовани Мано. Клубот му дозволи да остане во Антверпен, но со ...

Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, го заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата како најдобар стрелец во натпреварувањето, што не беше доволно за асот на Панатинаикос, Кендрик Нан, да му подаде рака на својот лут ривал, но се обиде на секој начин да го дискредитира. Везенков е најдоминантен кошаркар во Евролигата по бројот на постигнати поени, во просек по натпревар, но Нан ги гледа работите поинаку од другите. „Сите доминантни ...

Иранскиот министер за спорт Ахмад Доњамали објави дека репрезентацијата може да учествува на Светското првенство во 2026 година, под услов безбедноста на нејзините играчи да биде обезбедена. – Доколку безбедноста на репрезентативците во Соединетите Американски Држави е обезбедена, ќе одиме на Светското првенство. Сепак, одлуката за учество ќе ја донесат владата и Врховниот совет за национална безбедност на Иран, ја цитираше неговата изјава ...

Тренерот на Валесија, Педро Мартинез, е прогласен за најдобар тренер во Евролигата за сезоната 2025/2026. Мартинез успеа да биде прогласен за најдобар тренер на Еврокупот и најдобар во Евролигата во две сезони. Вреди да се спомене дека одличниот шпански стратег имаше само 41 натпревар во најсилното натпреварување пред почетокот на тековната сезона. Со Валенсија, во регуларниот дел од сезоната, тој го освои второто место, зад Олимпијакос, а ...

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го сподели своето мислење за значењето на победата од 1:0 над Челзи во 33. коло од Премиер лигата. -Фантастично чувство е. Требаше да се вратиме од заостанувањето – не само поради последниот натпревар против Лидс, туку затоа што имавме два натпревари пред тоа каде што не успеавме да победиме. Сепак, знаевме дека мора да прикажеме квалитетен настап бидејќи Челзи е многу силен тим. Оваа победа ...

Поранешниот селектор на Англија, Фабио Капело (79), смета дека Томас Тухел (52), пред Светското првенство, мора да се справи со навиката на националниот тим да игра со страв. Италијанскиот стручњак, кој ја водеше Англија од 2007 до 2012 година, истакна два клучни проблеми со кои се соочува новиот селектор на патот кон можен успех, пишува „Дејли меил“. Капело ги предводеше „Трите лава“ на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, ...

Џорџ Расел потпиша нов договор со Мерцедес минатата година, но некои детали од договорот не беа објавени, што ги наведе некои медиуми да се сомневаат во иднината на Британецот во тимот, чие седиште е во Бракли, Англија. Според нивните пишувања, договорот на Расел е до крајот на 2026 година и постои опција да се продолжи до 2027 година, но со исполнување на одредени услови, во однос на пласманот и достигнувањата. Расел го потврди ова и ...

Доминацијата на тенисот во овогодинешниот избор за наградата „Лауреус“. Арина Сабаленка и Карлос Алкараз ги добија најпрестижните награди во светот на спортот и со тоа ја продолжија доминацијата што, со кратки паузи, трае од времето на Џенифер Каприати, Серена Вилијамс, Жастин Енан, Наоми Осака, Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Сите тие го добија „Лауреус“, некои пет пати, ако зборуваме за Новак и Роџер, Серена четири пати, а ...

Поранешниот шеф на академијата на Манчестер Јунајтед, Ники Бат (51), го критикуваше ставот на Алехандро Гарначо (21), аргентинскиот крилен играч кој минатото лето се пресели во Челзи за 45 милиони евра. Бат, кој го следеше развојот на Гарначо, тврди дека младиот играч „прерано полетал“ откако се пробил во првиот тим на „Црвените ѓаволи“. Поранешниот играч од средниот ред верува дека Гарначо тешко се справувал со очекувањата и дека неговиот ...

Португалската фудбалска икона Луис Фиго се осврна на моменталната ситуација во Реал Мадрид и коментираше за можното враќање на Жозе Мурињо. Иако остави длабока трага на „Бернабеу“, Фиго, зборувајќи како амбасадор на „Лауреус“, дека го поддржува градскиот ривал Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Поранешниот португалски репрезентативец предупреди дека „алармите се вклучуваат во Реал Мадрид кога не освоите трофеј две години“, истакнувајќи ...

Џексон Хејс, соиграч на Лука Дончиќ од Лос Анџелес Лејкерс, доби словенечки пасош и ќе може да игра за словенечката репрезентација. Американецот на тој начин ќе му се придружи на Дончиќ во квалификациите за Светското првенство во 2027 година. Центарот на Лејкерс ја потврди веста за новинарите во Лос Анџелес на тренинг пред вториот натпревар од плејофот против Хјустон Рокетс. „Да, мојот пасош пристигна. Лука постојано вели дека сум негов ...

Италијанскиот кошаркарски гигант, екипата на Виртус Болоња, наскоро ќе има нови сопственици. Масимо Занети, првиот човек на Виртус Болоња, објави дека наскоро ќе го продаде легендарниот клуб и ќе го предаде на нови сопственици. Виртус е во трка за скудетото оваа сезона, но е вистинско разочарување во Евролигата со само 14 победи и 24 порази за 17. место на табелата. Дури го отпушти тренерот Душко Ивановиќ и го замени со неговиот помошник, ...

Најдобрата епизода од кариерата на Џон Стунс траеше десет години и завршува во јуни. Стоперот на англиската репрезентација не играше многу оваа сезона поради повредите, а имајќи предвид дека неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, тој одлучи да го напушти Манчестер Сити и да тргне по друг пат. Овој 31-годишен фудбалер сега му е на располагање на Пеп Гвардиола и може да помогне до крајот на сезоната, сака да се збогува со клубот ...

Ибрахима Конате е многу блиску до продолжување на договорот со Ливерпул. Соработката на цврстиот дефанзивец со „црвените“ истекува на крајот од оваа сезона, а Реал се обиде да ја искористи таа ситуација и да го доведе бесплатно во летниот преоден рок. Сепак, атмосферата не се промени за Французинот и според него, двете страни се блиску до договор. „Многу се зборуваше, но долго време преговаравме со клубот и сме блиску до договор. Мислам дека ...

Ентони Гордон од Њукасл е прв пик на Баерн Минхен во летниот преоден рок, тврдат неколку релевантни германски и англиски медиуми. „Венсан Компани даде согласност за трансферот на Ентони Гордон. Тренерот апсолутно го поддржува доаѓањето на Англичанецот. Разговорите со претставниците на играчот веќе се во тек, но се уште нема контакт меѓу клубовите“, напиша новинарот Флоријан Плетенберг од германскиот „Скај Спорт“. „Њукасл ќе го продаде Гордон ...

Раководството на кошаркарската Евролигa соопшти дека се распродадени сите билети за овогодинешниот Фајнал Фор, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина. Како што се наведува, последниот контингент билети бил пуштен денес и за кратко време бил распродаден. „По огромниот интерес за билети во првата, втората и третата фаза, од кои секоја резултираше со целосна распродажба, последната преостаната продажба на билети во четвртата фаза беше пуштена ...

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дефанзивен играч на Американската професионална кошаркарска лига (НБА) во ноќта помеѓу понеделник и вторник, со што ги потврди очекувањата по добрата сезона во Сан Антонио. 22-годишниот центар стана најмладиот добитник на оваа награда, а наградата ја освои едногласно, што дополнително ја нагласува неговата доминација. Со само 22 години, Вембањама ги надмина сите претходни ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени во вториот натпревар од серијата против Минесота Тимбервулвс со 119:114 во првото коло од НБА плејофот. Серијата сега е 1-1 и се сели во Минеаполис, каде што шесторангираниот тим на Западот ќе има предност во наредните два натпревари. Тешко е да се објасни како Денвер испуштија прендност од 19 поени. Одговорот лежи во фактот дека првите две ѕвезди, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, одиграа ретко лоша ...

Ракометарите на Вардар 1961 го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако во драматично финале одиграно во Струмица со минимални 23-24 го совладаа жилавиот состав на Охрид. За тренерот на РК Вардар Иван Чупиќ ова беше прв трофеј како тренер. „Финалињата се секогаш тешки, со многу стресови и емоции. Уште претходно ги подготвувавме играчите на психолошки план, знаевме дека ќе има „црни“ моменти, но не смееме никако да паднеме по нив. ...

На 25 и 26 април, Бугарија се позиционира како вистински hotspot за љубителите на брзината и мотоспортот. Новоотворениот A1 Motor Park ќе биде домаќин на премиерното издание на Lara Racing Trackdays – дводневен Track Weekend што носи адреналин, перформанс и врвно тркачко искуство. Настанот обединува возачи од различни земји и нивоа на искуство, создавајќи динамична и инспиративна атмосфера каде страста кон брзината е заедничкиот јазик. ...

Фудбалскиот сојуз на Романија, попладнево објави дека го назначил Ѓеорѓи Хаџи за нов селектор на сениорската репрезентација. Според извештаите, Извршниот комитет на Романската фудбалска федерација го потврдил предлогот на Техничката комисија, а Хаџи се враќа откако ја водеше репрезентацијата во четири натпревари во 2001 година. Хаџи (61) потпиша договор за следните две квалификациски рунди, а на романската клупа ќе го наследи Мирчеа Луческу. ...

Кошаркарот на Париз Баскет, Надир Хифи, отворено изјави дека неговата цел е да ја продолжи кариерата во НБА лигата. Тој истакна дека повеќе нема право да се пријави на драфтот, но очекува можност да потпише договор како слободен агент. Хифи зад себе има одлична сезона во Европа, каде што се наметна како еден од најдобрите играчи во својот тим и привлече внимание со своите настапи. Неговите партии дополнително го зголемија интересот од ...

Францускиот тенисер Артур Фис го освои престижниот АТП 500 турнир во Барселона, откако во финалето го совлада Андреј Рубљов со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-6(2), по еден час и 40 минути игра. Со овој успех, 21-годишниот Фис ја освои четвртата титула во кариерата, прва по 2024 година и прва по враќањето од тешката повреда. Воедно, ова е и негов прв трофеј откако започна соработка со Горан Иванишевиќ. Победата има и дополнителна симболика, ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, полека се рехабилитира во Шпанија, од каде што доаѓаат добри вести за ЛА Лејкерс. Според инсајдерот Јован Буха, враќањето на Лука треба да се очекува меѓу третиот и четвртиот натпревар во серијата. „Обично, повреда на тетивата од втор степен трае од три до шест недели. Постои можност да се врати на средина од серијата. Значи, идејата е дека би можел да се врати меѓу третиот и четвртиот натпревар, но без ...

Американскиот тенисер Бен Шелтон го освои АТП турнирот во Минхен, откако во финалето го совлада Флавио Коболи со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-5. Мечот траеше еден час и 31 минута, а Шелтон уште еднаш ја потврди својата одлична форма и позицијата меѓу најдобрите во светот. Ова беше нивни шести меѓусебен дуел, а Шелтон стигна до четвртата победа во тие пресметки. Со триумфот во Минхен, тој ја освои својата петта титула во професионалната ...

Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер (33) е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид. Според весникот „АС“, Реал е исклучително задоволен од игрите на искусниот стопер и неговата физичка состојба, па затоа верува дека продолжувањето на договорот за една година би било најлогично решение во овој момент. Тековниот договор на Ридигер истекува на крајот од оваа сезона. Реал со тоа продолжува со практика слична на случаите на ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека дефанзивецот на Арсенал, Габриел, требало да биде исклучен поради обидот за удар со глава. Сити го победи Арсенал со 2:1, во натпреварот од 33-то коло од Премиер лигата, а победничкиот гол го постигна Халанд, кој го надмудри Бразилецот во таа ситуација. После тоа, двајцата влегоа во конфликт, Габриел ја потпре главата на напаѓачот на Сити, но не беше исклучен, доби само жолт картон. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
44%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.8
52%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
48%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.0
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.47
41%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
38%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
56%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
1.79
42%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Платина

56328.11

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Бакар

13.36

Калај

56.16

Злато

141498.65

Сребро

2102.98

Алуминиум

3.34

Паладиум

43853.62

Иридиум

252383.36