Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, кој досега покажува импресивна форма во првенството. Реал Мадрид доминира ...

Вест Хем го отпушти тренерот Грем Потер по само осум месеци на клупата, откако тимот под негово водство забележа само шест победи во 25 натпревари. Одлуката следеше по поразот од Кристал Палас (1-2) на домашен терен, со што лондонскиот клуб падна на 19. место во Премиер-лигата со само три бода од пет кола. Оваа сезона Вест Хем прими 13 голови, а постигна само пет. Англискиот стручњак во јануари потпиша двегодишен договор и го наследи Хулен ...

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла Лига. Според ...

Француската ѕвезда Осман Дембеле, новиот добитник на престижната награда „Златна топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, убедливо го победил Ламин Јамал, кој заврши на втората позиција. Иако дел од јавноста очекуваше израмнета трка меѓу двајцата, официјалните резултати покажаа значителна разлика. Дембеле освои вкупно 1380 гласови, додека Јамал собра 1059. Предноста од 319 гласа му обезбеди сигурна победа на Французинот. На третото место се најде ...

Џирона, некогашен тим на нашиот Бојан Миовски и некогашен хит во Ла Лига и натаму не знае што е победа на својот стадион. И вечерва тимот кој минатата сезона играше и во Лигата на Шампионите, одигра 0:0 против Еспањол. Колку за потсетување, Џирона нема победа на свој терен во Ла Лига од 5 мај кога славеше против Мајорка. Сепак не може да се каже дека беше здодевно на “Монтоливи“ вечерва во мечот од 7.коло во Ла Лига. Имаше шанси и на двете ...

Кристијано Роналдо постигна гол, а Ал-Наср ги демонстрира своите шампионски амбиции со победа од 0-2 како гостин против главниот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се искачи самостојно на врвот на табелата. Португалската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 35. минута и сега има вкупно 946 голови во својата кариера. Друг херој за Ал-Наср беше Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата минута, ...

Хари Кејн сруши уште еден неверојатен рекорд , станувајќи најбрзиот играч што стигнал до 100 гола за клуб во првите пет европски лиги од 1992 година. Капитенот на Англија постигна два гола во убедливата победа на Баерн од 4-0 над Вердер. Тимот на Венсан Компани поведе со голот на Џонатан Тах, Кејн го дуплираше водството кон крајот на првото полувреме откако реализираше пенал. Неговиот втор гол, неговиот 100-ти во дресот на баварскиот гигант, ...

Аукцијата се одржа за време на викендот на Големата награда на Италија во специјалниот простор „Шумахер Лаунџ“ на патеката Монца. Дел од приходите одат во хуманитарни цели преку „Фондацијата Продолжи да се бориш“. За време на Големата награда на Италија, колекција од скапоцени предмети поврзани со Михаел Шумахер привлече големо внимание од колекционерите. Највредниот експонат беше тркачкото одело на Ферари од 2000 година. Токму во таа сезона ...

Како што пренесуваат медиумите на Островот, конзорциум од 12 инвеститори имаат намера да го купат Тотенхем. Тие веќе доставиле понуда од рекордни 4,5 милијарди фунти, сума со која ако дојде до продажба, ќе биде рекордна ако се знае дека досега најскапа беше продажбата на Челзи која чинеше 4,25 милијарди фунти, кога Тод Боли го презеде Челзи од рускиот тајкун Роман Абрамович. Понудата за Тотенхем била иницирана од Бруклин Ерик, поранешен диџеј ...

Капитенот на ПСЖ, Маркињос поради повреда нема да настапува во следните неколку недели. Тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари. На тој начин Маркињос ја зголеми листата повредени во тимот на Луис Енрике, а од претходно се наоѓаат: Усама Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш. ПСЖ игра натпревар против Оксер од домашното првенство, а во среда на 1.октомври ја пречекува Барселона во Лигата на шампионите. Маркињос со сигурност ќе ги пропушти ...

Легендарниот фудбалер Серхио Бускетс Бургос најави дека се повлекува од фудбалот после завршувањето на сезоната во МЛС лигата, каде во моментов игра за Интер Мајами. Бускетс, кој е еден од најлегендарните играчи на каталонскиот клуб Барселона, ја завршува својата професионална кариера со многубројни достигнувања, вклучувајќи 3 титули во Лигата на шампионите, 9 трофеи во Ла Лига, 7 Копа дел Реј, 3 УЕФА Суперкупови и успеси со шпанската ...

Челниците на Јувентус немаат доверба во Душан Влаховиќ и покрај тоа што тој на пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола. Влаховиќ е џокерот од клупата, бидејќи сезонава ниту еден гол не постигнал кога започнал во дстартната постава. Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок. Причината е што договорот на Влаховиќ истекува на крајот од оваа сезона, а вистинска аукција за таков ...

Бареселона во раната фаза од сезоната се соочува со бројни повреди. Откако Гави беше опериран, нов удар за тимот е повредата на Рафиња. Бразиелцот заработи повреда на тетивата и клубот официјално објави дека ќе биде надвор од фудбалот околу три недели. Ова значи дека Рафиња ќе го пропушти дербиот во Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 октомври. По шест лигашки натпревари, Барселона има пет победи и едно реми, односно два бода помалку од лидерот ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли. Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам. „Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека Вокер ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ја откри состојбата на повредениот Кол Палмер, во најавата за натпреварот од шестото коло од Премиер лигата на Стемфорд Бриџ против Брајтон. Мареска откри дека Палмер ќе биде надвор од теренот две до три недели. „Решивме малку да го заштитиме Кол, за да не се влоши ситуацијата. Решивме да го одмориме две до три недели, до репрезентативната пауза. Ќе видиме тогаш дали ќе биде 100 отсто подготвен“, рече Мареска. ...

Серу Гираси, е сериозен кандидат да го наследи Роберт Левандовски во Барселона, објавува германскиот „Билд“, напоменувајќи дека фудбалерот на Борусија Дортмунд е голема желба на тренерот Ханси Флик. Како што се најавува, каталонскиот гигант сигурно ќе биде без најдобриот полски фудбалер следното лето, а најновите информации велат дека тоа би можел да биде Гираси, човек кој блеска откако пристигна во Бундеслигата пред три години. Ништо не ...

Летниот преоден рок беше интересен, особено во Премиер лигата, а сигурно ќе бидат интересни и следните два. Особено кога ќе ја видите листата на дефанзивци чии договори во нивните сегашни клубови ќе истекуваат на 30 јуни 2026 година пред Светското првенство. Таа листа е долга дури и ако ги земеме само трите најсилни национални првенства: Премиер лигата, Бундеслигата и Ла Лига. Има дури осум дефанзивци во последната година од нивните договори во ...

Лос Анџелес Лејкерс, објавија дека го продолжиле договорот со главниот тренер Џеј Џеј Редик. Сè уште нема официјални детали за новиот договор со 41-годишниот тренер. „Веруваме дека тој е одличен тренер, тренер со силен глас кој навистина ни помага да ја продолжиме културата на извонредност на Лејкерси“, рече Роб Пелинка, претседател на кошаркарските операции на франшизата, на прес-конференција. „Долгорочната визија ни помага да го изградиме овој ...

Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира да го засили својот среден ред во јануарскиот трансфер период, откако клупското раководство увидело дека моменталната линија заостанува во споредба со ривалите во Италија. Според информации на „Тутоспорт“, „бјанконерите“ повторно ја насочиле целта кон поранешниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Директорот на клубот, Дамиен Комоли, е решен да донесе нов централен играч за врска, при што ...

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека ќе му биде тешко да се пензионира од Формула 1 на крајот од 2026 година ако тимот не е конкурентен следната сезона. Договорот на 44-годишниот двоен шампион истекува на крајот од следната година, а Алонсо рече дека размислувал да ја напушти Формула 1. „Ако работите одат добро, мислам дека е многу добро време да престанам бидејќи бркам конкурентен болид и се тркам конкурентно многу, многу ...

Иако во англиските медиуми тврдеа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Уго Екитике со одземање на две недели плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон што го доби во Лига купот против Саутемптон, Арне Слот го негираше тоа. Да ве потсетиме дека Екитике го заработи вториот жолт картон со соблекување на дресот откако го постигна голот за победа, заборавајќи дека веќе бил опоменат. „Не доби казна. Она што го направи не ...

Во Реал Мадрид сметаат дека бруто платата од 25 милиони евра, што ја добива Давид Алаба (33), е прекумерна со оглед на неговата моментална улога во тимот. Австриецот, кој заработува 12,5 милиони евра нето, стана редовна замена која ретко добива шанса да игра, а неговиот договор, потпишан по неговото доаѓање од Баерн без надомест, сега се смета за застарен во однос на неговиот придонес на теренот, пишува „Дефенса Централ“. Минатото лето, ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците на клубот, „Фенвеј Спортс Груп“, целосно го исплатиле остатокот од договорот на семејството на Диого Жота по неговата трагична смрт на почетокот на јули. Португалскиот напаѓач загина во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре Силва. Во времето на неговата смрт, Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул. Слот сега го потврди чинот на великодушност, откривајќи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен, доколку биде потребно, да ги премести натпреварите од Светското првенство 2026 од градови кои ги смета за небезбедни. „Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдаме дека не е безбедно натпреварите да се играат во одредени градови, ќе ги преместиме во други,“ им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, притоа особено критикувајќи ја статистиката за криминал во Чикаго, кој ...

Англиските медиуми сè уште вадат цитати од од гостувањето на Вејн Руни во подкастот на поранешниот соиграч, Рио Фердинанд. Поранешниот англиски напаѓач зборуваше за борбата со алкохолизмот додека сè уште беше активен играч и за неговиот комплициран однос со Немања Видиќ, но и за тоа зошто го претпочита Лионел Меси пред Кристијано Роналдо, иако Португалецот му беше соиграч во Манчестер Јунајтед. Многумина мислат дека на овој начин Руни сака да му ...

Скоти Пипен, легендарниот крилен играч на Чикаго Булс и член на оригиналниот Дрим Тим, беше во Шпанија како амбасадор на Фондацијата Санитас, каде што во ексклузивно интервју за „Марка“ зборуваше за својот однос со Мајкл Џордан, ја спореди денешната и поранешната кошарка и коментираше за ѕвезди како Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Кога беше прашан за споредба на неговата ера со денешната, Пипен беше јасен. „Не мислам дека е можно да се направи ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната. Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи ...

Евролигата влезе во ера на супер богати договори – платите на кошаркарите достигнуваат нивоа што до неодамна изгледаа незамисливи. Најновата листа на веб-страницата „Eurohoops“ открива дека за место меѓу десетте најплатени, потребно е да се заработат речиси три милиони долари нето годишно. На самиот врв е Василије Мициќ, кој по враќањето од НБА потпиша рекорден договор со Хапоел Тел Авив. Трофејниот српски плејмејкер ќе инкасира 5,6 милиони ...

Само две недели откако го замени Жозе Мурињо на клупата на Фенербахче, италијанско-германскиот стручњак Доменико Тедеско би можел експресно да го напушти клубот од Истанбул. Како што објавува турскиот портал „Т24“, поразот од 3:1 против Динамо Загреб во Лигата на Европа дополнително ја потресе неговата позиција, која беше оценета како нестабилна и пред тоа. Тедеско го презеде Фенербахче на 8 септември, откако португалскиот тренер Жозе Мурињо ...

Ливерпул жестоко ќе го казни Уго Екитике, за црвениот картон во натпреварот против Саутемптон. Францускиот репрезентативец, го постигна голот за победа во третото коло во Лига купот, за да прослави го соблече дресот и доби жолт картон. Бидејќи веќе имаше еден, мораше да го напушти теренот. Екитике нема да биде во протоколот за натпреварот со Кристал Палас во Премиер лигата. Англичаните тврдат дека Ливерпул ќе го казни со одземање на две неделни ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1008
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
0.0
82%
1005
weather icon

Софија

13ᴼ / 7ᴼ
1.03
62%
1012
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.46
86%
1011
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
97%
1005
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
88%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
82%
1011
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
84%
1004
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
94%
1013
Currency

61.615

Currency

53.0811

Currency

70.9961

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.60589