Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, го одреди списокот на 12 играчи кои вечер ќе бидат во официјалниот протокол за натпреварот со Азербејџан. Во финалните 12 за премиерниот натпревар во претквалификациите е најновото играчко засилување за „црвено-жолтите“ – Омари Мур. На списокот на Илиевски се најдоа: Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром Стојан Ѓуроски – Работнички ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, би можел да ја освои шампионската титула во Формула 1 на Големата награда на Катар (28-30 ноември), една трка пред крајот на сезоната 2025. Влегувајќи во последните две трки, Британецот има водство од 24 поени пред неговиот клупски колега Оскар Пјастри и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен. Норис треба да ја зголеми својата предност на 26 поени за да пристигне во Абу Даби како шампион. Вкупно 33 поени се во игра ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лејсон Зеќири ги „прескокна“ претквалификациите за Светскиот куп, но сега е на располагање на селекторот. Македонската кошаркарска репрезентација сега ја очекуваат дуелите од претквалификациите за Eвробаскетот 2029. Очекувањата на натпреварите со Азербејџан и Ирска да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првиот дуел, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може ...
Екипата на Арсенал осамна на врвот на табелата во фудбалската Лига на шампиони по пет одиграни кола. „Топчиите“ се единствената екипа со максимални 15 освоени бода. Арсенал синоќа на домашен терен го победија Баерн Минхен нанесувајќи им го првиот пораз сезонава на Баварците. Прв пораз доживеа и Интер кој загуби во Мадрид. Резултати на натпреварите во ЛШ одиграни синоќа: Копенхаген – Каират 3:2 Пафос – Монако 2:2 Арсенал – Баерн 3:1 Атлетико ...
Прославениот српски тренер Жељко Обрадовиќ не е повеќе тренер на Партизан. Тоа го потврди клубот откако го објави писмото на трофејниот европски тренер, упатено до јавноста и навивачите. Почитувани навивачи на Партизан, Пред 4,5 години се вратив во мојот сакан клуб и ѝ заедно со Вас почнав да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел нашиот Партизан по 10 години да биде дел од Евролигата, заеднички успеавме во тоа. Натпреварите на нашиот сакан ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот реагира на шпекулациите во англиските медиуми за можно негово отпуштање. Ливерпул синоќа загуби од ПСВ на домашен терен со 1:4 во 5. коло од Лигата на шампионите. -Не сум загрижен. Фокусиран сум на други работи, не се грижам за мојата позиција во клубот. Треба да работам понапорно, изјави Слот за „NBC Sport“. Ливерпул е 13-ти на табелата во Лигата на шампионите со девет бода. Во Премиер лигата, тимот е на 11. ...
Француската ѕвезда Килијан Мбапе испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите, откако го постигна вториот најбрз хет-трик во елитното натпреварување и уште еднаш ја покажа својата неверојатна класа. Напаѓачот постигна три гола во исклучително краток временски интервал, со што направи целосен пресврт на натпреварот и го остави противникот без одговор. Со ова достигнување, Мбапе се искачи високо на вечната листа на најбрзи ...
Арсенал запиша голема победа над Баерн Минхен со 3:1 во Лондон, во натпревар кој ќе остане запаметен по катастрофалната вечер на голманот Мануел Ноер. Германскиот чувар на мрежата беше директно виновен за два од головите на „топчиите“, што значително го олесни патот до триумфот на англискиот тим. Арсенал го отвори резултатот уште во првото полувреме по една несигурна интервенција на Ноер, по која топката заврши во мрежата. Баерн сепак успеа да ...
Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс започна конкретни активности за доведување на италијанскиот фудбалски ас Марко Верати, пренесуваат јужноамериканските медиуми. Потенцијалниот трансфер би бил еден од најголемите во поновата историја на клубот и вистинска сензација за аргентинскиот фудбал. Верати, кој моментално настапува за катарскиот клуб Ал-Духаил, и понатаму важи за еден од најквалитетните играчи од средниот ред во својата генерација. Иако ...
Првите два натпревара од вечерашната програма од 5.коло од Лигата на шампионите донесоа ефикасен фудбал. Во Лимасол Пафос и Монако одиграа нерешено 2:2, додека Копенхгаен ја постигна првата победа во дуелот против Каират со 3:2. На дуелот во Лимасол првакот на Кипар Пафос успеа да го освои и шестиот бод откако во финишот од дуелот со голот на Иван Шуњиќ (88.минута) дојде до изедначување 2:2. Монако поведе на стартот од дуелот преку Такуми ...
Ракометната федерација на Македонија оваа недела успешно ја реализирана донација на 10 ракометни топки за машките клубови од Првата лига, како и за клубовите од Женската Супер и Првата женска лига, во соработка со International Handball Federation (IHF). Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да ги поддржува клубовите, создавајќи подобри услови за развој и унапредување на нашиот спорт. Воедно, пристигна и новиот Gerflor под за ...
Ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва на гостински терен против хрватски Сесвете со убедливи 38-24 и со тоа го обезбедија пласманот во плејофот на едно коло до крајот на групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Вардар 1961 до својата четврта победа во петтото коло во групата Ф дојде со супериорна игра во која од самиот почеток го наметна својот квалитет. Македонскиот тим веќе на полувремето обезбеди висока предност од 23-12 која ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, упати комплименти до Интер со кого неговиот тим ќе се соочи во 5. коло од Лигата на шампионите. -Интер игра многу добро, има карактер и многу јасен напаѓачки план. Имаат неверојатен состав. Доминираа во текот на целиот натпревар против Милан (0:1), имаа шанси за гол и можеа да победат. Што се однесува до Лигата на шампионите, нивните резултати зборуваат сами за себе, изјави Симеоне за „Goal.com“. ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ, е оптимист во пресрет на натпреварите од ноемвриски ФИБА „прозорец“. – Како што е веќе познато, во секој нареден циклус имаме нов состав. Се надевам на одлична, пред се, тимска хемија, затоа што, за разлика од летото, имаме спој на младост и искуство. Имаме играчи како Војдан Стојановски, потоа Стојан Ѓуроски, тука е и Андреј Јакимовски… сигурно на хартија сме подобра екипа од што бевме ...
Во организација на Амбасадата на Шпанија во Скопје и институтот Сервантес во Белград и Ла Лига, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше промовиран првиот шпанско-македонски „Фудбалски речник на ЛАЛИГА“. Проектот доби поддршка и од министерот за спорт Борко Ристовски. – Благодарност до шпанскиот амбасадор за се она што го прави за Македонија и за зближување на двата народа. Фудбалот и спортот се универзален јазик ...
Екипата на Панатинаикос синоќа на домашен терен го победи Партизан и се изедначи со Хаполе Тел-Авив на врвот на табелата во елитното кошаркарско натпреварување – Евролигата. Резултати на натпреварите од 13. коло одиграни синоќа: Дубаи – Париз 90:89 Фенербахче – Виртус 66:64 Хапоел – Реал Мадрид 74:75 Жалгирис – Басконија 82:67 Панатинаикос – Партизан 91:69 Валенсија – Баерн 90:64. Вечер играат: Макаби – Милано Црвена ѕвезда – Олимпијакос Монако ...
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со победа го отвори настапот во квалификациите за Европското првенство. На стартот на турнирот што се игра во Струмица, совладана е Грузија со 3:0. – Со оглед на фактот дека ова ни беше прв натпревар на турнирот, тешко влеговме во него, но како одминуваше времето успеавме да наметнеме своја игра и она што претходно беше договорено девојките го исполнија и на крајот заслужено стигнавме до ...
Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, го коментираше поразот од 2:0 од Баер Леверкузен синоќа на домашен терен во 5. коло од Лигата на шампионите. – Не беше настап каков што очекувавме. Можеби треба да преземам дел од одговорноста. Но, сепак мислам дека играчите кои го започнаа натпреварот се одлични играчи. Но, ни недостасуваше нешто што е суштинско за играње на ова ниво – реализацијата. Имавме добри моменти. Би рекол дека создадовме ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, постави клупски рекорд за постигнување поени во една четвртина. Во првиот период ноќеска на натпреварот со Лос Анџелес клиперс, Лука Дончиќ постигна 24 поени, поставувајќи нов франшизен. Претходниот рекорд изнесуваше 23 поени, сопственост на Кајл Кузма. Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта вторник кон среда: Вашингтон – Атланта 132:113 Филаделфија – Орландо 103:144 Лос Анџелес ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего „Чоло“ Симеоне, со една изјава повторно ја разбуди фудбалската јавност, откако призна дека во иднина би можел да се види на клупата на италијанскиот гигант – Интер. Пред дуелот меѓу Атлетико и Интер во европските натпреварувања, аргентинскиот стратег доби директно прашање дали би можел некогаш да стане тренер на „нероазурите“, а неговиот одговор беше искрен и без двоумење: „Не знам што ќе донесе иднината… Но ...
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го критикуваше својот тим по синоќешниот пораз од Челзи. Каталонскиот клуб загуби во Лондон со убедливи 3:0 во дуел од 5. коло во Лигата на шампионите. – Го започнавме натпреварот многу добро и имавме можности да постигнеме гол први. Очигледно е дека Челзи е навистина добар тим. Не е лесно да се победи тука, посебно кога имате играч помалку цело полувреме. Пробавме сè. Се браневме како обединет фронт, но ...
Германскиот возач Мик Шумахер (26), син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, идната сезона ќе се натпреварува во американската Инди серија за екипата Рахал Летерман Ланиган (RLL), објави денеска тимот. Синот на легендарниот седумкратен Ф1 шампион зад себе има 43 стартови во Формула 1 и најдобар пласман на шестото место. Во сезоните 2021 и 2022 Мик Шумахер возеше за тимот Хаас, а подоцна беше тест возач за Ферари и ...
ФИФА ги објави официјалните процедури и распоредот за ждрепката за Светското првенство 2026, со што стана јасно во кои шешири ќе бидат распоредени репрезентациите. Според најновата рангира листа, Хрватска ќе се најде во вториот шешир, што значи дека ќе ја избегне конкуренцијата од најсилната група селекции, но истовремено може да добие тежок противник од првиот шешир. Ждрепката ќе се одржи според класичниот ФИФА-протокол: најпрво ќе се ...
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски ќе биде со опција помалку во бековската линија за првиот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2029 година, откако од лекарскиот тим беше информиран дека Бобан Стајиќ има проблеми со левото коло, и не може да им помогне на своите репрезентативни колеги за средбите со Азербејџан и Ирска. Искусниот бек мора да мирува во наредниот период -И покрај сите настојувања од негова ...
Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен. – Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ...
Во првите два натпревари од петтото коло на Лигата на шампионите, гостинските екипи извојуваа победи, Бенфика победи против Ајакс во Амстердам – 2:0, а Унион Сен Жилоа победи против Галатасарај во Истанбул – 1:0. Во Амстердам се сретнаа великаните на европскиот фудбал, воедно екипи кои се најголемите разочраувања сезонава во Лигата на шампионите. Ајакс и Бенфика беа на последните две места, без освоен бод. По петтото коло само Ајакс ќе остане ...
Германскиот ракометен гигант Магдебург, актуелен европски шампион, утревечер по втор пат ќе гостува во Битола. Ракометните клубови Еурофарм Пелистер и Магдебург, во официјален европски натпревар, прв пат силите ги одмерија во сезоната 2020-2021, кога во осминафиналето од ЕХФ Европската лига, Германците остварија две победи од 35:24 во Магдебург и 32:24 во Битола. Во четиридецениската меѓународна ракометна историја на Пелистер, во Битола ...
Турскиот фудбалски четвртолигаш Агроспор се соочува со големи проблеми со играчкиот кадар поради скандалот со наместени натпревари во турскиот фудбал. Тимот тренира со само седум играчи откако 17 беа суспендирани поради обвинувања за обложување, изјави потпретседателот на клубот Текин Јусан, цитиран од агенцијата Анадолија. „Во моментов, нашиот менаџмент и тренерски персонал се побројни од играчите“, рече претседателот на клубот. Јусан го опиша ...
Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече денеска суспензија од еден натпревар на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо поради црвениот картон што го доби на натпреварот против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Роналдо беше исклучен откако го удри со лакт домашниот дефанзивец Дара О’Ши во 61. минута од натпреварот. Португалската ѕвезда се соочуваше со суспензија од три ...
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години попладнево во Струмица ја совлада Грузија со 3-0 (1-0) во воведниот натпревар во групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026. Избраничките на селекторот Кирил Изов одиграа квалитетен натпревар на стадионот „Младост“и заслужено дојдоа до премиерната победа со головите на Митковска (31 минута), Грозданова (50) и Попески (83). Во вториот натпревар од ...