Ужасна вест за сите во Челзи, како и за сите во Бразил. Настапот на бразилската ѕвезда Естевао на Светското првенство е ставен под сериозно прашање откако напаѓачот на Челзи претрпе сериозна повреда на тетивата во поразот од Манчестер Јунајтед минатата сабота. Извори запознаени со ситуацијата велат дека повредата е од четврти степен, што значи дека 18-годишникот веројатно нема да биде подготвен за СП што започнува на 11 јуни, објавува ...

И официјално, Лиам Росениор не е веќе тренер на Челзи. Сосема очекувана одлука на раководството на светскиот првак ако се знае како тимот играше во последно време и уриваше негативни рекорди во изминатите натпревари. Ова е соопштението на клубот од пред неколку минути: “Фудбалскиот клуб Челзи денес се раздели со главниот тренер Лиам Розениор. Во име на сите во ФК Челзи, сакаме да изразиме благодарност до Лиам и неговиот персонал за сите ...

Веќе два дена италијанскиот фудбал го тресе сериозен скандал, поврзан со елитна проституција. Имено, полицијата и обвинителството на големо отворија случај, патем и уапсија неколкумина по повод случајот на организирање на забави, елитна проституција и перење пари. Во кој, како што вели обвинителството, вмешани се интидректно преку педесет фудбалери од највисок ранг во Италија. Бидејќи пак, центарот на случувањата е Милано, дополнително е ...

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ја одби можноста да биде стручен коментатор за англиските медиуми за време на претстојното Светско првенство, бидејќи сака да го помине летото со своето семејство на најдобар можен начин, со цел полесно да ја дочека новата сезона. Во неделата, Баерн стана шампион на Германија по 35-ти пат во историјата, а веќе вечерва имаат можност да го потврдат првото финале на Купот на Германија по шест години ...

Реал Мадрид ја прекина серијата од четири последователни натпревари без победа во натпреварувањето со победа од 2-1 над Депортиво Алавес и се врати на победнички патеки по испаѓањето од Лигата на шампионите од Баерн. Иако мадридскиот тим ги задржа своите мали надежи за освојување на титулата, фрустрацијата на навивачите поради нивниот европски неуспех е сè уште опиплива, а Едуардо Камавинга го почувствува тоа најлично. Шест дена по ...

ФИФА денеска го пушти во продажба последниот пакет влезници за Светското првенство, точно 50 денови пред стартот на мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико. Светската куќа на фудбалот информираше дека навивачите можат да купат билети за сите 104 натпревари од Светското првенство на FIFA.com/tickets од 15:00 часот по средноевропско време. Досега се продадени повеќе од пет милиони билети. Ова е последната фаза од продажбата, иако ФИФА ...

Тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес (43), ги намали шпекулациите за интересот на Реал Мадрид за неговите услуги. Хенес ова го изјави пред утрешниот полуфинален натпревар од Купот на Германија против Фрајбург. „Воопшто не ме интересира тоа во моментов“, изјави Хенес на прес-конференција, додавајќи дека е фокусиран на последниот дел од сезоната, бидејќи тимот се стреми да го одбрани минатогодишниот Куп и да обезбеди место во Лигата на ...

Џејмс Таверние, капитенот на шкотскиот гигант Ренџерс, објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната по повеќе од една деценија поминати на стадионот „Ајброкс“. Искусниот десен бек (34), воедно и најефикасниот дефанзивец во историјата на британскиот фудбал, го предводеше тимот од Глазгов осум години. Во тој период ја освои една титулата во националното првенство и две во Купот. Како капитен, Таверние го водеше Ренџерс и во финалето ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ доби две награди од НБА. Пред натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Хјустон, Дончиќ доби награди за најдобар играч на Западот во март, како и за најефикасен кошаркар во НБА оваа сезона. Дончиќ имаше просек од 33,5 поени во 64 натпревари, шутирајќи 47,6% од поле и 36,6% за три поени. Ова е втор пат тој да биде најдобар стрелец во лигата, а истото го стори и во сезоната 2023/24, кога имаше просек од 33,9 поени по ...

Шпанскиот дефанзивец Алехандро Грималдо е еден од најдобрите играчи на Баер Леверкузен во изминатите три сезони, вклучувајќи ја и историската кога клубот ја освои дуплата круна во Германија и играше финале во Лига Европа. За левиот бек постои голем интерес, а како фаворит за неговиот потпис, барем според медиумите се издвојува Барселона. Вистинско изненадување е што тој прифатил понуда од друг клуб. Ова го тврдат швајцарските медиуми. Тврдат ...

Раководството на РК Вардар одлучи 65 роденден на клубот да го прослави в четврток (23 април 2026) во СЦ „Јане Сандандски”, каде во рамки на 6. коло од плејоф натпреварот од Супер лигата со Алкалоид ќе настапат со ретро дресови. Покрај ретро дресови дизајнирани специјално за овој натпревар, од клубот подготвуваат уште многу изненадувања за прославата на нивниот јубилеј. Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а час и половина порано ...

Во 34-то коло од Премиер лигата на Англија, фудбалерите на Челзи беа поразени со 3:0 (1:0) на гостински терен од Брајтон, со што лошата серија на „сините“ се продолжи на пет натпревари. Челзи не само што претрпе пет последователни порази, туку за време на споменатите натпревари не успеа да најде начин да постигне гол, па комплетната слика станува уште поцрна. Треба да се напомене дека пред само 283 дена, Челзи стигна до трофејот на Светското ...

Фудбалерите на Челзи доживеаја уште еден пораз, петти по ред, без постигнат гол. „Сините“, во Брајтон загубија со 3:0, паднаа на седмото место на табелата и прашање е дали наредната сезона ќе играат во европските купови. Вкупната гол разлика од 11:0 докажува каква е состојбата на Челзи во последните пет натпревари. На „Амекс“ во Брајтон, Челзи одигра уште еден лош натпревар, според она што се случуваше на теренот, можат да бидат среќни со ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за добивањето на наградата „Лауреус спортистка на годината“. Церемонијата на доделување награди се одржа вчеравечер во Мадрид, Шпанија. -Воау, спортистка на годината! Има толку многу неверојатни жени во спортот во моментов. Ова признание ми значи многу. Искрено, неверојатно е да го видам моето име покрај спортистките на кои се восхитував толку долго. Благодарам на „Лауреус“ за вашата ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа против Хјустон Рокетс (101:94) и со тоа го дуплираа водството во плејофот, додека Филаделфија направи изненадување, победи во Бостон со 111:97 и го изедначи резултатот во серијата. Ла Лејкерс, до втората победа над Хјустон, ги предводеше Леброн Џејмс, кој го заврши натпреварот со 28 поени, осум скока и седум асистенции. Маркус Смарт го следеше со 25 поени и седум асистенции, додека Лук Кенард додаде ...

Лестер Сити испадна од Чемпионшип во Лига Еден (трет ранг на англискиот фудбал) по нерешениот резултат 2:2 со кандидатот за плејофот Хал Сити. „Лисиците“ мораа да го добијат натпреварот на стадионот „Кинг Пауер“ за да ги задржат шансите за опстанок, но не успеаја во тоа. Иако во еден момент водеа со 2:1, гостите успеаја да израмнат и да стават крај на надежите на домашниот тим. Ова е второ последователно испаѓање на Лестер, како и трето во ...

Кошаркарите на Портланд го победија Сан Антонио со 106:103 и го израмнија резултатот во плејоф серијата, во Западната конференција на 1-1. Натпреварот го обележа сериозната повреда на првата ѕвезда на Спарс, Виктор Вембањама, кандидатот за МВП, кој ден претходно беше едногласно избран за најдобар дефанзивец во лигата. Херој на победата беше Скут Хендерсон со 31 поен, водејќи ги Треилблејзерс до голем пресврт откако францускиот центар на ...

Фудбалерите на Интер успеаја да се вратат од мртвите и по голем пресврт стигнаа до финалето на Купот на Италија. „Нероаѕурите“ така останаа во игра за два трофеи оваа сезона, бидејќи е сè поизвесно дека ќе го освојат Скудетото, а ќе играат и во финалето на Купот. Во само девет дена, Интер и Комо одиграа спектакуларни натпревари и двата и доби Интер, откако успеа да се врати по негатива од два гола. Комо поведе по 32-та минута од играта, кога ...

Фудбалерите на Брајтон го декласираа Челзи со 3:0 и скокнаа на шестото место на табелата во Премиер лигата. Челзи е во длабока криза, го запиша петтиот последовен пораз, мизеријата да биде поголема, на овие пет натревари „сините“ не успеаја да постигнат гол. По само три минути игра, Брајтон поведе по голот на турскиот репрезентативец Ферди Кадиоглу. Розениор се обиде да ја промени играта во корист на својот тим на почетокот од второто ...

Првакот МЗТ Скопје Аеродром постигна победа во првиот натпревар од 3.коло од ТОП 6 Супер лигата откако вечерва на домашен терен го совлада Тиквеш Голден Игл со 102:77 (24:21; 28:15; 30:15 и 20:26). Со натпревар повеќе „металците“ бодовно се изедначија со лидерот на табелата ТФТ. Најефикасен и најдобар играч на теренот беше Хуан Дејвис од МЗТ Скопје А. Со 22 поена и 13 скокови, додека кај Тиквеш ГИ најпрецизен беше Тарон Хенри со 19 поени. Од ...

Панатинаикос очелкувано на свој терен пред своите фанови во “Оака“ во Атина, успеа да го победи Монако со 87:79 и со тоа се пласира во плеј – офот во Евролигата каде што за место на Ф4 го чека дуел со Валенсија. Kај победничкиот тим најдобар беше Ти-Џеј Шортс кој запиша 21 поени. Охриѓанецот Џеди Осман постигна 9 поени. На вториот плеј – ин меч меѓу Барселона и Ц.Звезда, домашниот состав беше подобар од српскиот шампион со 80:72 и успеа да ...

Играчот за врска на Манчестер jунајтед, Коби Мејну, постигнал договор за нова соработка со клубот медиумите од Англија. Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор со плата од 150.000 фунти неделно, што е околу четири пати повеќе од неговата сегашна заработка. Под водство на привремениот менаџер, Мејну брзо се наметна како еден од клучните играчи во тимот и повторно ја зацврсти својата позиција. Новиот договор е јасен показател дека на „Олд ...

Клубовите од ЕФЛ Чемпионшип одлучија да не воведат ВАР или слична видео-технологија од следната сезона, и покрај претходните иницијативи. Станува збор за поедноставен систем на „видео поддршка“, кој предвидува по два „челенџа“ по тренер на натпревар, но клубовите сепак се изјаснија против било каква форма на видео-преглед. Главни причини за ваквата одлука се високите трошоци и стравувањата дека технологијата може да ја наруши динамиката на ...

Италијанската полиција го разнесе добро прикриениот свет на гламурот и криминалот во Милано! Под раководство на челичната обвинителка Бруна Албертини, падна маската на една „агенција за настани“ која всушност служела како параван за најексклузивната мрежа на проституција наменета за светската елита и спортските идоли. Шокантните детали објавени во „Газета дело Спорт“ откриваат дека фудбалерите имале привилегиран третман. Организацијата ...

За време на непланираната пауза на шампионатот во Формула 1, поради откажувањето на трките во Бахреин и Саудиска Арабија поради војната на Блискиот Исток, челниците на Ф1, се одлучија за серија промени на правилата поради загриженост околу регулативите за погонските единици воведени оваа година. Промените доаѓаат и како дел на незадоволството од водечките возачи, вклучувајќи ги Макс Ферстапен и Ландо Норис, кои изразија незадоволство од ...

Светот на спортот, неговите фанови, бурно реагираа на синоќешната додела на наградите „Лауреус“. Домашниот миленик, Карлос Алкараз, во Мадрид, го доби спортскиот Оскар. Карлос Алкараз имаше одлична сезона, но не многу подобра од Јаник Синер. Неговата година не беше особено импресивна во споредба со резултатите на неговите претходници од „големата тројка“. Сепак, жирито му го додели „Лауреус“, најпрестижната индивидуална награда во светот на ...

Иако прими гол, сепак македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, вечерва во меч од 33.коло на гостувањето кај Мајорка барем во три наврати и тоа како го спасуваше својот тим. Три големи шанси за домашните, но и три фантастични одбрани на Македонецот. Уште една потврда зошто Столе треба да биде прв голман на тимот од „Местаља“. На крајот беше 1:1. Мајорка поведе со голот на Саму Коста во 49.минута, додека Садик во 67.минута ...

Тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, не го криеше разочарувањето од пропуштената шанса за историски прв трофеј на Охрид. „Дојдовме без два клучни бека, Борозан и Петриќ, а на полувреме го загувиме и Стрмљан. Мислам дека тоа е главната причина зошто го загубивме овој натпревар. Буквално играме на една топка, без толку играчи. Замислете да ги имавме тие играчи за ротација ќе бевме многу поблиску до победата. Вардар 1961 има поширок ростер, ако ...

Легендата на мексиканскиот фудбал, Рафаел Маркез ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Мексико. Откако оваа држава ќе ја одработи улогата на домаќин на претстојниот Мундијал ова лето, заедно со САД и Канада, Мексико ќе добие нов селектор во човекот кој што одбележа две децении во националниот дрес на оваа земја. Веста ја објави спортскиот директор Дуилио Давино, кој откри детали за планот за следниот период. Маркез моментално е ...

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата ТФТ утре гостува кај екипата на Широки во првиот финален натпревар од плеј офот. Претставникот од Босна И Херцеговина заради првото место во регуларниот дел од првенството првиот натпревар и евентуалната мајсторка ќе ја игра на домашен терен. Но, во таборот на Широки се внимателни: – ТФТ има исклучително квалитетни странци и домашни играчи, кои навистина даваат квалитет, особено Ташовски, кој во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
44%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
5.8
52%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
48%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.0
87%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.47
41%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
38%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
56%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
1.79
42%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Калај

56.16

Паладиум

43853.62

Злато

141498.65

Бакар

13.36

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.34

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Цинк

0.00

Платина

56328.11