Утревечер (10 април) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи музичко-поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“. Проектот „Мевлем“ е спој на музика и поезија, создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ. Во „Мевлем“ свират Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Аљи (виолончело), покрај Марко Виденовиќ (пијано и глас). Специјално за овој проект, Виденовиќ има создадено 15 оригинални ...

Квартетот тромбони од Скопје „Макбрас“ одржа настапи и предавања во Гран Канарија, Шпанија. Беа одржани три семинари, еден едукативен концерт за деца и предавање и концерт на Универзитетот во Лас Палмас. Македонските музичари заминаа за Шпанија во соработка со композиторите на филмска музика Хектор Муњоз од Гран Канарија и Блажен Настевски, Македонец кој живее во Белгија. „На семинарите учествуваа музичари од локални дувачки оркестри, а ...

Брус Спрингстин ги отвора своите архиви за да им дозволи на фановите да слушнат седум завршени, но никогаш објавени албуми. Снимките кои датираат од 1983 до 2018 година ќе „пополнат богати поглавја од широката временска рамка на кариерата на Спрингстин, нудејќи непроценлив увид во неговите живот и работа како уметник“, велат од „Сони мјузик“. „Ја пуштам оваа музика за себе и често за блиски пријатели со години. Мило ми е што ќе добиете шанса ...

Утревечер (9 април) од 19:30 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи концерт на учениците од насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Концертот е со наслов „Мелодија што трае“ и е инспириран од богатата музичка оставина на етномузикологот Трпко Бицевски. Концертот е завршница на семинарот реализиран под менторство на проф. д-р Драган Даутовски, со поддршка од професори и млади таленти од ...

Албумот „Агол“ на „Парусион груп“, предводен од тапанарот Михаил Парушев, се најде на музичките платформи на шведската издавачка куќа „Темпо продукција“. Концертната промоција на албумот се одржа во Скопје во јуни 2022. „На албумот ‘Агол’ има седум авторски композиции со модерен етнофјужн балкански џез. Го снимивме во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. На албумот свират Зоран Костадиновски, Дамир Имери, Дарко Мучев, Петар Христов, Сенад ...

По 27 години, Калиопи и Влатко Стефановски настапија заедно, на нејзиниот концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Калиопи вели дека додека Стефановски ја свирел, а таа ја пеела македонската народна песна „Калеш бре Анѓо“, во салата имало ерупција од емоции. „Неверојатно е она што се случи, кога на големо изненадување на публиката, Влатко се качи на сцената и ја изведовме ‘Калеш бре Анѓо’. Последен пат Влатко и јас заедно сме ...

Бред Пит ќе биде ѕвездата на продолжението на „Беше еднаш во Холивуд“, што нема да го режира Квентин Тарантино, туку Дејвид Финчер, објавија холивудските медиуми. Пит го глуми каскадерот Клиф Бут во хитот на Тарантино од 2019. Дејството на новиот филм не е познато, но „Холивуд рипортер“ објави дека ќе биде „дериват“ на оригиналот, наместо продолжение. Тарантино објави роман за филмот во 2021, во кој се изнесени повеќе детали за животот на ...

Моден викенд Скопје, кој годинава слави 30-годишен јубилеј, ќе се одржи од 25 до 27 април во „Дајмонд резиденс“ во Скопје. „Оваа година под слоганот ‘Заедница’ (Community), Моден викенд Скопје ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата, ова е модна недела што гледа кон луѓето. Бидејќи што е модата без оние кои ја носат?“, велат организаторите. Најавени се модни ревии, јавни дискусии, ...

Андријана Јаневска вели дека го имала емотивно најтешкиот настап досега, пеејќи го хитот „Ако утре ме нема“ од „ДНК“ на концертот посветен на Тоше Проески „Засекогаш во срцата“, што се одржа на 5 април во Битола. Ова беше седмиот концерт на Камерниот оркестар на Битола со хитовите на Тоше, а оваа година се пееја и песни од „ДНК“, во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани на 16 март. Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ што изби ...

Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025, во организација на „Литература.мк“. Манифестацијата ќе има и хуманитарен карактер, па средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје ќе се одржат 15 настани кои ги обединуваат ...

Продуцентот на ТВ-серијата „Белиот лотус“, Дејвид Бернард кажа дека лажни сценарија со шест различни финалиња биле поделени за време на снимањето на хит-серијата на „Ејч-Би-О“, за да се осигураат дека вистинското финале нема да протече во јавноста. На 6 април се емитува последната, осма епизода од третата сезона на „Белиот лотус“, и се најавува дека ќе трае 90 минути. „Во сценаријата напишавме шест лажни краеви и ги поделивме на екипата, во ...

Лијам Нисон во миниздолниште и боксерки со јагоди е нешто што никогаш не сме очекувале да го видиме, сѐ додека ѕвездата на акциони филмови не ја наследи улогата на детективот Френк Дребин во новата пародична комедија „Гол пиштол“. Нисон се претставува себеси како нова верзија на Френк Дребин во првиот трејлер за „Гол пиштол“, продолжение на култните комедии од 1980-тите и 1990-тите. Седумдесет и двегодишниот Нисон всушност го глуми синот на ...

Од денеска (4 април) до 6 април, во КИЦ (Салон 19:19) во Скопје ќе се одржува Меѓународниот фестивал за кларинети Кларифест. Ова е седмо издание на фестивалот, што го организира Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје. Фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гостуваат професори и интернационални солисти Николај Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија (фото). Фестивалот се отвора во 18 часот со ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ ќе учествува на еден од водечките фестивали за независен филм во светот BAFICI во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот ќе се прикаже трипати пред фестивалската публика, на 8, 10 и 11 април. „Анимиран долгометражен филм од Македонија не е нешто што се гледа секој ден, но шармот на ‘Јон Вардар‘ е далеку од тоа да е само географски куриозитет. Оваа визуелна лудорија со ...

Музичката платформа „Терапија“ од Скопје ќе биде дел од „Мјуз икс Експофест Тирана 2025“, фестивал кој ќе се одржи од 11 до 13 април. „Благодарение на оваа соработка, добиваме простор да ја претставиме нашата работа, да се вмрежиме со водечките имиња од индустријата и да станеме дел од една револуционерна музичка и уметничка платформа. Настанот не е само фестивал, туку експофест што комбинира изложба, настапи во живо и програма за развој на ...

Германскиот диџеј Шилер (фото) ќе настапи со Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 20 мај во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот. Се најавуваат повеќе од 100 учесници, балет и хор со Камерниот оркестар. „По големиот успех на ‘Ѕвездена симфонија’ минатата година во Битола, го носиме овој проект во Скопје како четиричасовен музички настан. ‘Ѕвездена симфонија’ во своето ново ...

Бајага, Горан Бојчески, Дамир Имери, Иван Кукиќ и Јан Стефановски ќе бидат гости на двата славенички концерта на Влатко Стефановски во Скопје, кои ќе се одржат на 9 и 10 мај во Филхармонијата. Легендарниот гитарист со овие концерти слави 50-годишен јубилеј. Стефановски е долгогодишен соработник и пријател со српскиот кантавтор Момчило Бајагиќ-Бајага и имаат настапувано повеќепати низ регионот. Битолскиот кларинетист Горан Бојчевски, кој 24 ...

Тамара Тодевска е прва од македонските пејачи која ќе одржи солистички хуманитарен концерт за настраданите во пожарот во Кочани, на 17 април од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата на починатите граѓани, како и за сите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Поп-ѕвездата вели дека првичната идеја за овој концерт била на татко ѝ Велко ...

Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентство на Сашо Татарчевски освои Гран при на меѓународниот музички натпревар Bratislava Spring Festival, кој традиционално се одржува во последната третина од март во главниот град на Словачка. Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) настапи на три концерти, а учествуваше и во натпреварувачкиот дел на фестивалот. „Во еден навистина тежок период за нас како факултет, но и за ...

Грчките власти го одбија барањето на режисерот Јоргос Лантимос да го снима својот нов филм на Акропол, најпосетуваниот локалитет во земјата. Барањето било едногласно одбиено од Централниот археолошки совет, во чија надлежност е Акропол. Лантимос сакал да снима сцени од својот нов филм „Bugonia“ на Акропол на 10 април, што би го ограничило пристапот на јавноста до древното место на четири дена. Советот изразил загриженост поради затворањето на ...

Американската актерка номинирана за Оскар Вера Фармига ќе објави деби албум со својот психоделичен метал бенд „Јагас“ (The Yagas), каде што е пејачка. Албумот насловен „Midnight Minuet“ ќе излезе на 25 април, од кој веќе се објавени три песни на стриминг платформите. Фармига веќе неколку години е активна во музиката и досега снимаше преработки на метал хитови од бендови како „Ајрон Мејдн“, „Блек Сабат“ и „Слипнот“. „Јагас“ е нејзиниот прв ...

Скопскиот концерт на Ник Кејв на 22 август ќе се одржи на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“, кој е организатор на настанот. Славниот австралиски музичар вчера ги израдува македонските фанови со веста дека за првпат ќе гостува во Скопје ова лето. Кејв доаѓа во Македонија во рамките на неговата соло турнеја, без бендот „Бед Сидс“, а ќе го придружува само басистот на „Редиохед“, Колин Гринвуд. На репертоарот ќе бидат песни од ...

Режисерот Сем Мендес и официјално ги објави актерите кои ќе ги глумат членовите на „Битлс“ во четирите биографски филма што ќе ги снима, по еден за секој член. Сите филмови ќе излезат истовремено: во април 2028. Мендес гостуваше на годишниот филмски настан СинемаКон во Лас Вегас, при што на бината излезе со четворицата актери кои ќе бидат ѕвездите на филмовите, претставувајќи ги Харис Дикинсон како Џон Ленон, Пол Мескал како Пол Макартни, ...

Ф’стаците се една од омилените закуски во светот, се јадат самостојно или се додаваат во јадења како салати и десерти. Сепак, нивната висока цена остава многумина да се прашуваат зошто чинат толку многу. Причините одат подалеку од понудата и побарувачката: бербата на ф’стаци е ризична, а транспортот до продавниците е комплициран. Првото спомнување на ф’стаците е пред 7.000 години, во историски записи кои укажуваат дека првенствено се ...

Огромни церемонијални простори, претседателска палата и најголемата џамија во Африка се прикажани на фотографиите од новиот административен главен град на Египет, кој е во фаза на изградба. Градот, кој ќе се наоѓа 45 километри источно од Каиро, засега нема официјално име. Тој се гради на 700 квадратни километри неразвиено земјиште меѓу Каиро и Суез и кога ќе биде готов, ќе биде дом на шест милиони луѓе. Како ново административно средиште на ...

Прославениот австралиски музичар Ник Кејв објави дека првпат доаѓа во Македонија, а концертот ќе се одржи на 22 август во рамките на Скопје колинг. Кејв ќе ја посети Македонија како дел од неговата соло турнеја, без бендот „Бед Сидс“, туку ќе го придружува само басистот на „Редиохед“, Колин Гринвуд. На репертоарот ќе бидат песни од обемната дискографија на Кејв, која почна да се создава пред повеќе од 40 години. Шеесет и седумгодишниот Кејв ...

Одложените концерти на црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ во Филхармонијата ќе се одржат на 17 и 18 јуни од 20 часот, објави продукцијата „Евентум”. Тие првично беа закажани за 21 и 23 март, но се одложија поради деновите на жалост по пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе. „Сите купени билети остануваат важечки и за новите датуми. Ако некој не е во можност да присуствува, може да поднесе барање за рефундација на средствата. Рокот за ...

Тамара Тодевска објави дека ќе организира хуманитарен солистички концерт за помош на настраданите во трагедијата во Кочани. Тој ќе се одржи на 17 април од 20 часот во Младински културен центар во Скопје. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата погодени од пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе, а над 200 беа повредени. Тамара ги повикува сите свои фанови и оние кои ја почитуваат македонската музика да ...

Линда Карделини (фото) ќе ја има главната улога во приквел серијата на хорор серијалот „Петок тринаесетти“, што ќе ја прави стриминг платформата „Пикок“. Карделини ќе ја игра Памела Ворхис во серијата „Кристално Езеро“ (Crystal Lake), која беше најавена уште во 2022. Фановите на „Петок тринаесетти“ знаат дека Памела Ворхис е мајката на Џејсон Ворхис, убиецот со хокејарска маска кој е главен лик во најголемиот дел од филмовите од франшизата. ...

Пари Сен-Жермен планира да се раздели од својот историски стадион „Парк на принцовите“ поради спорот со градските власти и да си изгради нов. Клубот со години се обидуваше да го купи, прошири и модернизира „Паркот на принцовите“, но беше одбиван од градот. ПСЖ затоа најави изградба на нов стадион и веќе најде локација за него, јавуваат француските медиуми. Новиот стадион со 90.000 седишта би се наоѓал во Маси, јужно предградие на Париз, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.25
62%
1020
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
72%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.09
73%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.77
74%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.62
91%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.34
48%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.45
50%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
85%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
54%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.23
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Родиум

249168.29

Платина

51923.46

Калај

50.56

Рутениум

49029.89