Мет Дејмон ќе го игра Одисеј во претстојниот епски филм на Кристофер Нолан „Одисеја“, објави продукцијата на платформата Икс. „Мет Дејмон е Одисеј. Филмот на Кристофер Нолан доаѓа во кината на 17 јули 2026“, стои во објавената вест. Во екипата се и Том Холанд, Мија Гот, Зендаја, Ен Хатавеј, Лупита Нјонго, Роберт Патинсон, Шарлиз Терон, Џон Бернтал и Џон Легуизамо. Голем дел од адаптацијата на Хомеровата „Одисеја“ ќе се снима на Сицилија, каде ...

„Патишта“ е новата песна на поп-пејачката Тамара Тодевска, која ја напиша раперот Марко Маринковиќ-Слаткаристика. Тодевска, која ја сними песната во дует со јутјуберот Стефан Лазаров, вели дека баладата ја испеала за сите блиски луѓе кои не се повеќе со нас. „‘Патишта’ е за сите наши драги луѓе кои повеќе не се со нас, но секојдневно се во нашите мисли и срца. Во спотот можете да видите илустрации од новинарот Зоки Фаци и од мојот Влатче, ...

Дина Јашари со своето трио ќе тргне на регионална турнеја. Младата пејачка на 25 февруари ќе одржи концерт во Ниш, два дена подоцна во Загреб, а на 28 февруари во Нови Сад. Гитара во триото свири Лука Тошев, а Драган Теодосиев е на тапани. „Дина во изминатите неколку години ја плени публиката ширум Балканот со нејзините магични песни кои комбинираат елементи на поп и нео-соул, што најлесно се опишува како дрим поп. Досега има издадено едно ЕП ...

Ози Озборн објави дека нема да може да настапи многу на последниот концерт на „Блек Сабат“, што ќе се одржи на 5 јули на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем во рамките на хуманитарниот музички спектакл „Враќање на почетокот“. На овој концерт оригиналната постава на „Блек Сабат“ ќе се обедини за првпат по 20 години пауза, а ќе настапат и „Металика“, „Слеер“, „Пантера“, „Мастодон“, „Антракс“ и бројни гости. Озборн, кој страда од Паркинсоновата ...

Оскаровката Кејт Винслет за првпат ќе режира филм, наречен „Збогум јуни“ за стриминг гигантот „Нетфликс“. Винслет исто така ќе глуми во филмот, заедно со Тони Колет, Џони Флин, Андреа Рајзборо, Тимоти Спал и Хелен Мирен. „’Збогум јуни‘ е фиктивна драма сместена во денешно време во Англија. Трогателна, но хумористична приказна во која браќа и сестри се здружуваат под ненадејни и тешки околности“, објави „Нетфликс“, додавајќи дека продукцијата ...

Музичарот Александар Рајковиќ, кој свири во Оркестарот за свадби и погреби на Горан Бреговиќ, а живее во Скопје, вели дека му е големо задоволство што соработувал и се дружел со победникот на фестивалот Сан Ремо, Оли (23). Младиот италијански пејач и рапер победи на 75. издание на познатиот фестивал со песната „Balorda nostalgia“ (Глупава носталгија). На една од неофицијалните вечери, секој натпреварувач избира со кој познат музичар кој е ...

„Парамаунт“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм за Штрумфови, во кој гласот на Штрумфета го позајмува поп-ѕвездата Ријана. Таа исто така напиша оригинални песни за филмот. „Сакав да бидам Веле Штрумф, но тоа не функционираше“, кажа Ријана претходно. Режисери на „Штрумфови“ се Крис Милер и Мет Линдон, а меѓу актерите кои позајмуваат гласови се и Наташа Лион, Ник Оферман, Октавија Спенсер, Сандра О, Хана Вадингам, Џејмс Корден, ...

„The Phoenician Scheme“ е насловен новиот филм на Вес Андерсон, што ќе излезе оваа пролет. Оваа шпионска комедија следи семеен бизнис на чие чело е За-За Корда (Бенисио дел Торо), еден од најбогатите луѓе во Европа. Андерсон успеа да собере ѕвездена актерска екипа во филмот, па глумат и Том Хенкс, Бил Мареј, Брајан Кренстон, Риз Ахмед, Џефри Рајт, Скарлет Јохансон, Бенедикт Камбербач и Мајкл Сера. Филмот ќе има премиера во САД на 30 мај, а ...

За првпат од 2011, кога Сирија беше втурната во повеќегодишна граѓанска војна, меѓународните авиокомпании, вклучувајќи ги „Катар ервејс“ и „Туркиш ерлајнс“, продолжија со работа во Дамаск. Иако многу влади ги советуваат своите граѓани да не ја посетуваат Сирија, авантуристичките патнички компании веќе планираат тури за следните месеци. Само шест недели откако бунтовниците го соборија Башар ал-Асад, туристичката агенција на Ајуб Алсмади ги ...

Меѓу стоте најплатени спортисти во светот нема ниедна жена, според листата објавена од „Спортико“. Најплатената спортистка е тениската ѕвезда Коко Гоф (фото), која лани заработила 30,4 милиони долари, седум милиони помалку од она што беше потребно да се пробие во топ-100. Втора година по ред, на врвот на листата е фудбалерот Кристијано Роналдо со заработени 260 милиони долари, од кои 215 милиони отпаѓаат на договорот со саудискиот клуб Ал ...

Скопскиот концерт на легендарната српска реге група „Дел Арно бенд“ е одложен за мај, објави „Пасворд продукција“. Концертот требаше да се одржи овој месец во Младински културен центар, но новиот термин е 30 мај. Од „Пасворд“ кажаа дека концертот е одложен од здравствени причини. Гостувањето на „Дел Арно бенд“ во Скопје се совпаѓа со 80-годишнината од раѓањето на Боб Марли. Основан во 1986, „Дел Арно“ се смета за најдолговечниот реге бенд во ...

Италијанскиот дет метал бенд „Hideous Divinity“ (фото) ја предводи листата учесници на првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“, што ќе се одржи на 13 септември на Стадионот на АРМ во Градски парк. „Терорвоид“, организаторот на првиот метал фестивал во Скопје, објави дека ќе настапат шест групи од четири земји. Покрај хедлајнерите од Италија, доаѓаат и еден од водечките регионални блек метал бендови „The Stone“ од Србија и ...

Јужнокорејскиот режисер Бонг Јон-хо го претстави својот нов филм „Мики 17“ на премиерата во Лондон, негов прв откако триумфираше на Оскарите со „Паразит“. Заснован врз истоимениот роман на Едвард Ештон, филмот го следи Мики Барнс (Роберт Патинсон), кој мора да умре за да може да живее. Мики е „потрошен“ кадар во мисија за колонизација на далечна планета, па од него се бара да умре и да се врати во живот секој пат како нова верзија на себеси. ...

Американскиот актер Џон Литгоу ќе ја преземе улогата на Дамблдор во новата серија за Хари Потер. Холивудските сајтови „Вараети“ и „Дедлајн“ објавија дека тој бил во завршните преговори за улогата на шефот на Хогвартс. Седумдесет и деветгодишниот Литгоу се прослави и во комични и во драмски улоги, а го играше и Винстон Черчил во хит-серијата „Круна“. Во филмовите за Хари Потер Албус Дамблдор го играа сега покојните британски актери Ричард ...

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано (фото) ќе настапи вечерва (14 февруари) од 21:30 на градскиот плоштад во Кавадарци по повод денот на лозарите. Лозано ќе одржи концерт со своите најголеми хитови. Пред него, публиката ќе ја загрева диџеј Були. Забавата ја организира Општина Неготино по повод Свети Трифун, а настан ќе има и во Велес по истиот повод. Од 21:30 часот во Младинскиот парк во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“. Претходно од ...

Кантавторот Дарио ќе добие награда за трајни музички вредности на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, која ќе се одржи на 19 февруари од 20 часот во салата „Борис Трајковски“. Дарио вели дека неколку години по ред организаторите на шоуто сакале да му ја дадат оваа награда и годинава ја прифатил, иако има уште многу да даде во домашната музика. „Драго ми е што ќе ја добијам наградата за трајни музички вредности затоа што ...

Дизајнерот Вес Гордон ја претстави својата најнова колекција за „Каролина Херера“ на Модната недела во Њујорк. Манекенките шетаа по писта украсена со 3.000 цветови со боја на вино, додека во позадина одеше музика по избор на дизајнерот. Гордон (38) ја презеде функцијата креативен директор на компанијата од самата Херера кога таа се пензионираше во 2018. За колекцијата есен 2025 Гордон прикажа ултраженствени минифустани, панталони и палта. По ...

Бендовите „Оејзис“ и „Њу ордер“ се меѓу 14-те музички ѕвезди кои се номинирани за влез во Рокенрол куќата на славните оваа година. Ним им се придружуваат музичари како Мараја Кери, Синди Лопер, Били Ајдол и Џо Кокер на долгата листа за 2025. Ова е вторпат „Оејзис“ да бидат номинирани, откако првпат се појавија на гласачкото ливче лани. Номинацијата доаѓа додека бендот се подготвува за распродадената повратничка турнеја, која започнува во ...

Дваесет и четири години откако Рене Зелвегер првпат се појави во филмската адаптација на книжевниот бестселер на Хелен Филдинг „Дневникот на Бриџит Џонс“, таа се врати во четвртиот дел како симпатичен лик кој бара љубов. Во „Бриџит Џонс: Луда по него“, кој игра во скопското кино Синеплекс, таа повеќе не е безгрижна млада жена, туку вдовица во 50-ти години со две деца. Личниот стил на Џонс со чудна, понекогаш неприкладна гардероба со кратки ...

Осуммина пејачи ќе ги пеат најголемите хитови од холивудските филмови кои биле номинирани за Оскар или го добиле на концертот „Оскаровска гала вечер“, што ќе се одржи на 22 февруари во Македонскиот народен театар (МНТ). Гостите на црвениот тепих ќе доаѓаат од 19:30, а концертот почнува во 20 часот, најави Миланка Рашиќ, која е водителка на шоуто. Настапуваат Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, ...

Во медиотеката на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес беше промовирана книгата „Ѕвезди под клепките“ на бугарскиот автор Николај Терзијски. Преводот од бугарски јазик е на Виолета Танчева-Златева, а книгата е издание на издавачката куќа „Три“. „Во романот ‘Ѕвезди под клепките’ ќе ги најдете одговорите на некои од најголемите загатки на животот: Каде, кога и како ја среќаваме љубовта? Како ја препознаваме? Дали во тоа ни помагаат ...

Утре (13 февруари) од 20 часот, во киното Фросина во Младински културен центар ќе се одржи концертна промоција на новиот албум на џез составот „Никола Бочваров квартет”. Истовремено ќе има проекција на патописот „АвгустТур ’24”. Гости на концертот се Кацар и Симе Златков. Никола Бочваров е дипломиран контрабасист од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Оддел за популарни жанрови, а џез музика учел на конзерваториумот „Франц Шуберт“ во ...

Арнолд Шварценегер објави фотографија со синот Патрик од премиерата на третата сезона на „Белиот лотус“ во Холивуд и ја искоментира неговата разголена сцена во првата епизода. „Каква серија! Бев изненаден кога дознав дека тој има сцена во која е гол, но што да кажам, крушата под круша паѓа“, кажа поранешниот гувернер на Калифорнија. Шварценегер и самиот се разголи во хит-филмот „Терминатор“ од 1984. Во новата сезона на серијата создадена од ...

Тим на чешки научници го откри во Албанија најголемото подземно термално езеро на светот, објавија чешките медиуми. Откритието следува по неколку години истражувања на чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој верувал дека скриен систем на термални пештери постои во јужниот албански регион Вромонер. Додека ја мапирале областа близу грчката граница и ја следеле пареата од бројни загреани извори, научниците откриле бездна длабока 100 метри. На дното ...

Ед Ширан е лут откако полицијата ненадејно го прекинала неговиот настап на отворено во Индија на 9 февруари. Пејачот на Инстаграм се осврна на инцидентот во градот Бенгалуру. „Мислам дека полицаецот повеќе го сака Бруно Марс“, се пошегува Ширан, кој моментално е на светска турнеја. Еден фан го снимил инцидентот и го поставил на социјалните мрежи. Ширан во тој момент го пеел хитот „Shape of You“, а неговата сцена била едноставна, само микрофон ...

Поп-пејачката и челистка Тијана Дапчевиќ, која повеќе од 15 години живее во Белград, најави дека наскоро ќе снима нов албум. „Имам доста материјал за албум. Снимам песни еднаш во годината и сите ќе ги ставам на носач на звук. По ново, сега се издава ЕП или сингл, но јас сакам сите необјавени песни да ги имам на албум“, вели Дапчевиќ. Таа беше гостинка на концертот на црногорскиот кантавтор Владо Георгиев во Белград, во реновираниот „Сава ...

Новата книга за деца и млади „Се викам храброст“, која содржи 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, ќе биде промовирана денеска (11 февруари) од 18 часот во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. На настанот ќе присуствуваат дел од жените застапени во делото: Зорка Тодорова-Младеновиќ (костимографка и модна дизајнерка), Олга Муџева-Шкариќ (професорка), Бисера Чадловска (диригентка), Ема Ананиевска ...

Со забава во скопскиот клуб „Лабораториум“, на 14 февруари ќе биде промовирано новото онлајн радио „Стереолаб“. Промотивниот настан, што ќе почне во 21 часот, ќе биде комбинација од настапи на бендови, музичари и диџеи. Најавени се настапи во живо на Глигор Кондовски, „Алембик“, Јоана, „Стој, после!“, „Вагина корпорација“, Огнен Златанов, „Светлост“ и Лепи Џони, а диџеј сетови ќе имаат М.И.К. и Дарко Јорданов. „Композициите што првпат ќе ...

Денеска (11 февруари) од 20 часот, во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „За Ева“. Режисер е Бојан Василев, кој го напиша сценариото заедно со Андреј Насков. Играат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев. Продуценти се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“. Втората проекција е од 21 ...

Владо Јаневски сними спот за песната „Твој засекогаш“, која ја промовираше на почетокот на јануари. Јаневски е автор на музиката и текстот на песната, а аранжманот е на хрватскиот композитор Никша Братош. Песната е снимена во студиото „НБ“ во Загреб и во скопското студио „Ентерпрајс“ на Валетино Скендеровски. Видеото го сними „Томато продукција“. Јаневски ќе има настап во Скопје во повод денот на вљубените, во клубот „Интермецо“ од 20 часот. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
7.72
61%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 1ᴼ
0.0
77%
1024
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
4.63
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.74
86%
1030
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
1.79
71%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
85%
1032
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
71%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
83%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Цинк

3.24

Родиум

374556.20

Бакар

11.57

Платина

68931.20

Кобалт

66.14

Злато

164352.04

Сребро

2696.16

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42

Калај

50.61

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05