
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Лидерот на хрватската рок-група „Парни ваљак“, Хусеин Хасанефендиќ-Хус, ќе се придружи на сцената на концертот на српскиот трибјут бенд „Деца из воде“ на 30 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. „Авалон“ претходно најави два концерта во оваа сала на истиот датум. Едниот е во чест на Милан Младеновиќ, фронтменот на култната белградска група „Екатарина Велика“, насловен „Како да беше пред 30 години – Милан Младеновиќ меморијал“, а другиот ...
Објавен е трејлер за осмиот филм „Невозможна мисија“, кој доби нов наслов, кој навестува дека ова би можела да биде последната мисија на Итан Хант. „Невозможна мисија – Последната пресметка“ (Mission: Impossible – The Final Reckoning), кој треба да излезе налето, првично требаше да биде второто поглавје на „Dead Reckoning“ со наслов „Dead Reckoning: Part Two“. Сепак, откако седмиот филм не помина така добро во кината, заработувајќи 570 милиони ...
Музичкиот состав „Пијано трио“ оваа недела ќе одржи два концерта во регионот, во Крагуевац и во Загреб. Во српскиот град настапува на 12 ноември, а во Загреб на 16 ноември. Во Крагуевац ќе свири дела од Начевски, Иванов, Николовски-Ѓумар, Делиниколов, Глинка и други, а во Загреб на репертоарот ќе бидат дела само од македонски композитори: Начевски, Иванов, Николовски-Ѓумар, Делиниколов, Трендафиловски, Аврамовски и Зографски. Во триото свират ...
Кинотеката ја најави неделата на шпански филм, што ќе трае од 18 до 23 ноември и ќе опфати разни епохи од оваа кинематографија, и класични и современи наслови. Првата проекција е на 18 ноември, кога ќе може да се гледа „Змија в пазуви“ на Карлос Саура, снимен во 1976 година. Следниот ден ќе се прикаже уште еден филм на овој режисер, „Лиза, љубов моја“ од 1977. Следуваат „Внатрешното море“ (фото) на Алехандро Аменабар од 2004 (20 ноември) и ...
Јована Миладинова (фото) ја доби наградата за најдобра женска улога, а Васил Зафирчев за најдобра машка споредна улога на Фестивалот на актерот, кој се одржа во Никшиќ, Црна Гора. Тие играа во претставата „Едвард Втори“, во режија на Андреј Жолдак. „Јована Миладиновa храбро исчекори од просторот на нејзиниот животен хабитус и на фасцинантен начин, со зборови, движење и енергија, креираше лик на жена распната помеѓу љубовта, страста и желбата за ...
Рита Ора на емотивен начин му оддаде почит на Лијам Пејн како водителка на годинашното доделување на европските музички награди на Ем-Ти-Ви (EMA) во Манчестер, речиси еден месец по смртта на ѕвездата од „Уан дајрекшн“. Ора соработуваше со Пејн на нивниот хит сингл „За тебе“ (For You) од 2018, а гласот ѝ трепереше додека се сеќаваше на него, нарекувајќи го „еден од најљубезните луѓе што го познавав“. Таа притоа носеше темен костум, што беше во ...
„Океани“ е новата песна на Слаткаристика и „Некст тајм“, посветена на сите кои се иселија од Македонија. „Со Слаткар учевме во исто основно училиште и време беше да направиме заедничка песна на негова идеја, а работевме со Лазар Цветкоски. Текстот сѐ кажува“, ни рече Мартин Филиповски, гитаристот на „Некст тајм“. Слаткаристика се сеќава на неговото растење во исто маало со Стефан и Мартин Филиповски. „Се знаеме повеќе од триесет години. На ...
Најпознатата криптовалута на светот биткоин денеска за првпат надмина вредност од 80.000 долари, за што експертите велат дека е поттикнато од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Тој во кампањата ветуваше дека ќе ги направи САД „крипто-престолнина на планетата“ и „светска суперсила на биткоинот“. Биткоинот порасна за 65,4% во однос на годинашната најниска вредност од 38.505 долари, регистрирана на 23 јануари. „Со победата ...
Читателите на „Нешнал џиографик“ неодамна го избраа Сараево за најдобра дестинација за 2025 година, што е прво вакво признание за еден град од БиХ. Ова би можело да го привлече глобалното внимание кон регионот и да му даде значителен поттик на туризмот не само во Сараево, туку и во целата земја. „Главниот град на Босна и Херцеговина продолжува да ги инспирира љубопитните патници од целиот свет, па не е ни чудо што беше голем победник на ...
Четири и пол часа траеше фестивалот Скрим со „Црвена јабука“, „Галија“ и „Прљаво казалиште“ сношти (9 ноември) во салата „Борис Трајковски“. Ретка можност беше да се видат на иста сцена бендови од Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, а во публиката не само генерација која е југоносталгична и родена во 1950-тите, 1960-тите и 1970-тите, туку и помлади, кои не биле ни родени кога настанале нивните хитови. Салата одамна не била толку полна со ...
Училиште од предградие на Сиднеј победи во конкуренција на облакодери, музеи и аеродромски терминали и ја понесе титулата најдобра нова зграда во светот за 2024. Државното училиште „Дарлингтон“ во предградието Чипендејл, отворено минатата есен, беше меѓу 220 номинирани објекти од кои што се избираше добитникот на престижната годишна награда на Светскиот архитектонски фестивал, што се одржа во Сингапур. Проектот содржи аголна зграда од тули на ...
На 14 декември, во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи новогодишно шоу на мраз со популарните детски ликови Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдермен, Мики Маус и Круела, објави продукцијата „Прагма“. „Во арената ќе има повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз, што ќе се подготвува четири дена, за сѐ да изгледа совршено. На ликовите кои ги сакаат децата ќе им се придружи и Дедо Мраз“, велат организаторите. Оттаму додаваат ...
Ен Хатавеј и Зендаја се придружуваат на новиот филм на Кристофер Нолан, за кој засега малку се знае. Нолан го напишал сценариото и ќе го режира филмот, кој веќе има датум на премиерата – 17 јули 2026, како што претходно објави студиото „Јуниверзал“. Деталите од дејството се држат во тајност, но извори од продукцијата кажаа дека филмот нема да се случува во сегашно време. Сајтот „Дедлајн“ објави дека Хатавеј и Зендаја се новите членови на ...
Џез бендот „Такси конзилиум“ денеска (9 ноември) во Скопје ја почнува својата мала регионална турнеја, која ќе опфати уште четири држави. Вечерашниот настап е во клубот „Котур“ (21:30 часот), а до крајот на месецот, „Такси конзилиум“ ќе свири и во Бихаќ, Бања Лука (БиХ), Љубљана, Горичко (Словенија), Будимпешта (Унгарија) и во Загреб (Хрватска). Квартетот го сочинуваат некои од најангажираните македонски џез музичари од новата генерација, ...
Бијонсе стана музичар со најмногу номинации за наградите Греми во историјата, надминувајќи го својот сопруг Џеј-Зи. Тие досега беа израмнети со по 88 номинации, но Бијонсе сега се издвои благодарение на својот последен албум „Каубој Картер“, кој е номиниран во 11 категории, меѓу кои и за најдобар албум, најдобар кантри албум и најдобра песна. За награда ќе се бори и „Битлс“, чија песна „Сега и тогаш“, довршена со помош на вештачка интелигенција, ...
„Дизни“ работи на нова филмска трилогија „Војна на ѕвездите“, што засега е во рана фаза, изјави извор од компанијата. Сценариото го пишува британскиот продуцент и режисер Сајмон Кинберг. Последниот филм од овој серијал што излезе во кината е „Подемот на Скајвокер“ од 2019. „Новата трилогија ќе почне со свежа приказна и не е поврзана со сагата за Скајвокер“, изјави изворот, не откривајќи други детали. Креиран од Џорџ Лукас, „Војна на ѕвездите“ е ...
Музичкиот квартет „40 Фингерс“ првпат ќе настапи во Скопје на 9 февруари во рамките на својата европска турнеја, објави „Пасворд продукција“, опишувајќи ја групата како глобален феномен. Концертот ќе се одржи во Филхармонијата. Квартетот основан во 2017 го сочинуваат четворица италијански гитаристи кои свират на инструментите директно со прсти. Позната по својот иновативен звук, групата има разновиден репертоар, од оригинални песни до обработки, ...
Под мотото „Месец на Пучини“, Националната опера и балет ќе го посвети овој ноември на италијанскиот композитор Џакомо Пучини, одбележувајќи 100 години од смртта на оперскиот мајстор. Денеска (8 ноември) со почеток во 20 часот ќе се изведе операта „Боеми“ од Пучини. Настапуваат солистите Доменико Менини од Италија, Анастасија Дорошенко од Германија, Горан Начевски, Драган Ампов, Владимир Саздовски, Катерина Стојановска, Невен Силјановски, Борко ...
Мандолинскиот оркестар „Скопје“ на 12 ноември ќе го одржи својот традиционален годишен концерт во Музејот на македонската борба од 20 часот. Како и лани, место билет, публиката ќе треба да донесе електронски отпад. „И оваа година сакаме да ја развиеме еко-свеста со тоа што наместо да купите билет за концертот, можете да донесете потрошени батерии, стар ситен електронски отпад, телефони, кабли, монитори, компјутери. Заедно со ‘Нула отпад‘ се ...
Грција е земја со најлоши возачи на светот, а Јапонија и Сингапур го делат првото место помеѓу земјите со најдобри возачи. Според „Дејли паспорт“, Грција е на првото место поради големиот број смртни случаи на патиштата, како и поради скапиот бензин и големиот метеж во главниот град Атина. На второто место е Италија поради високите цени на горивата и лошиот квалитет на патишата, а на третото место е Романија поради големите гужви во главниот ...
Театар Комедија ги започна подготовките за новата претстава „Арсеник и стара тантела“ од Јозеф Кеселринг, во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ. Денеска во театарот беше одржана првата проба за претставата, во која играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Столе Мицов, Сергеј Димовски, Наталија Теодосиева, Григор Јовановски, Тони Денковски, Маја Љутков, Илија Илиоски и Виктор Арсов. Драматург е Благица Секулоска, костимограф Ивана ...
„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Филхармонијата кој ќе се одржи денеска (7 ноември) од 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист на виолина и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија. Малов свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да спаља, инструмент на кој, како што се смета, Јохан Себастијан Бах ги свирел своите свити за чело. За неговите изведби на виолина добил награди на натпревари како ...
„М“ на режисерот Вардан Тозија ја доби Гран при наградата за најдобар филм на 12. издание на филмскиот фестивал „Дракула“ во Брашов, Романија, кој се одржа од 30 октомври до 3 ноември. Филмот е во продукција на „Фокус покус филмс“. „Од самиот почеток ‘М’ воспоставува расположение кое истовремено е воодушевувачко и суптилно вознемирувачко. Снимен на локација во Македонија, филмот прекрасно ги прикажува пејзажите на земјата, придонесувајќи со ...
Новото електронско издание „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица“ е избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло. На повеќе од 40 страници се сместени шест нотографирани дела. Автор на збирката е Андреј Блажевски. „Со оваа збирка ноти од опусот на камерната музика на своевиден начин му се заблагодарувам на композиторот за долгогодишната соработка која ја имавме и верувам дека оваа збирка ќе ...
Норвешката електро-поп атракција „Рејксоп“ (Röyksopp) првпат доаѓа во Македонија, како учесник на 26. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Од „Пасворд продукција“ најавија дека Свеин Берге и Торбјерн Брундтланд ќе настапат со диџеј сет. Дуото е основано во 1998 година и досега има објавено 34 синглови и осум студиски албуми, од кои произлегоа и големите радиохитови „So Easy”, ...
„Ептен љубовна“ е новата песна на Игор Џамбазов со Сара Мејс и „The Girlzz“. Џамбазов ги напиша музиката и текстот, а ја пее заедно со Сара Мејс и вокалниот состав „The Girlzz“, составен од Калина Велковска, Ана Петановска и Теа Богатинова. Аранжманот е на Игор Атанасовски познат како Гуру Харе, а вокалниот аранжман за пејачките е на Теа Богатинова. Спотот е снимен на неколку места во Скопје, а го режираше Борјан Стојков. „Песната ја пишував во ...
„Саботна ноќна треска“ е насловена заедничката изложба на Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска, што утре (7 ноември) ќе се отвори во 20 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Поделена во три сегменти – минато, сегашност и надеж, тројцата автори се претставуваат на изложбата со три различни уметнички форми: Сековски со видеоинсталација, Блажев со колор фотографии, а Ветероска со просторна ...
Инди-рок бендот „Милко“ сними нов сингл насловен „Оловен војник“, а ќе го промовира на концертот што ќе го одржи утре (7 ноември) од 21 часот во скопскиот клуб „Котур“. „Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз“, велат од независната издавачка куќа „Шарла“. Снимена во студиото „Алшар“, текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на бендот, а продуцент е Ивица ...
Италијанската компанија за комуникации „ИталиКомуника“ почна да продава конзерви со свеж воздух од областа на езерото Комо во Италија. Една конзерва чини 9,90 евра. Според компанијата, секое пакување содржи 400 милилитри од „100 проценти автентичен воздух“ собран од езерото Комо, кое стана особено популарно изминативе години благодарение на живописната природа и ѕвездите кои имаат таму имот, како Џорџ и Амал Клуни. На таа локација се снимаа и ...
Младата пејачка Мартија Станојковиќ од Куманово ја објави новата песна „Феномен“ на музичките платформи и на социјалните мрежи. Таа соработуваше со еден од нашите најангажирани музички продуценти Лазар Цветкоски, а текстот го напиша неговата сестра Ена Цветкоска. „Ме радува што читам позитивни коментари и што постојано добивам пораки од луѓето дека им се допаѓа песната“, рече младата пејачка. Мартија сними и видеоспот со режисерот Ризи Рејн, со ...