Рокерот Дадо Топиќ од Хрватска втора година по ред го затвори фестивалот „Охрид фест“ со песната „Македонија“ на сцената на „Долни сарај“ и доби награда за својот 60-годишен јубилеј. И минатата година, Топиќ исто така настапи последен со истиот хит кој публиката топло го прифати и доби голем аплуаз на крајот. „Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на јубилејот, да се случи токму на овој фестивал. Му благодариме што ни ја посвети нашата ...

Џорџ Клуни и Бред Пит се враќаат на Филмскиот фестивал во Венеција на светската премиера на филмот „Волци“. Во крими-трилерот во режија на Џон Вотс, двете холивудски ѕвезди глумат ловци на волци кои погрешно се најмени за истата работа за да прикријат злосторство. Филмот, кој не е во конкуренција дебитира за гостите на фестивалот на 1 септември. Иако и двајцата се редовни на фестивалот поединечно, само еднаш поминале на црвениот тепих заедно, во ...

Педесет и една година откако е снимена, „Одисеја“ на српскиот пејач Милош Јовиќ, попознат како Лео Мартин, за песната „Одисеја“, доби награда за безвременска песна на фестивалот „Охрид фест“, чија Интернационална вечер се одржа на 31 август на сцената на Долни Сарај. „Одисеја“ е снимена во 1973, а Лео Мартин кој има 82 години, ја испеа во Охрид и ја прими наградата. „Порано, фестивалите беа поинакви. Со цели оркестри се пееше. Сега се пее на ...

Скопската инди-рок група „Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на „Шарла Рекордс“. „Тажен понеделник” е снимена во студио „Алшар“, во периодот мај-јуни 2024. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на „Милко“, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини тапани и Владимир Бичковски клавијатури. „Синглот го носи скопскиот ...

Британскиот инженер Том Гринхил предлага бојадисување на надворешноста на прозорците со јогурт како евтино и ниско-енергетско решение за одржување на ладни домови во Велика Британија за време на топлотните бранови. Нанесен со валјак, јогуртот брзо се суши и ја рефлектира светлината и топлината на ист начин како и другите енергетски ефикасни производи за обложување на прозорци. Гринхил признава дека ова може да изгледа како „тотално ексцентрична ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Свети Николе на 31 август од 23 часот на градскиот плоштад, по 22 години. Концертот е во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“. „Има ли некој тука што бил на нашиот последен концерт во Свети Николе, пред цели 22 години? На 31 август ќе се видиме пак, малку постари и поискусни, ама со исто толкава енергија“, велат од бендот. „Нокаут“ минатата година одржа пет концерти во Скопје, во Филхармонијата со Дарко ...

За песната „Ќе ти дарам еден цвет“, Нино Величковски доби наградата за најтрубадурска песна на фестивалот „Охрид фест“, кој започна вчера (30 август) на сцената на Долни Сарај во Охрид. Величковски вели дека за првпат испеал песна која е поблиску до поп музика на фолк вечерта на фестивалот, која беше во знакот на староградската музика. Пејачот кој е познат по настапите со неговите тамбураши низ регионот, вели дека со години се бори против ...

По повеќе од 14 години, Марко Маринковиќ- Слаткаристика и Тони Зен снимија дует. Песната „Милион лета“ на 29 август беше промовирана на Јутјуб и на социјалните мрежи, а спотот го снимија во Охрид. Ова е десетта заедничка песна на хип хоп музичарите кои се и приватно добри пријатели, а на домашната музичка сцена се појавија речиси во исто време. „Песната излезе многу спонтано, ние имаме повеќе идеи и песни, но се одлучивме за оваа сега да излезе. ...

„Јуниверзал“ ја објави првата фотографија од „Jurassic World Rebirth“, седмиот филм од 31-годишната франшиза, во кој во главните улоги ќе бидат Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и двократниот оскаровец Махершала Али. Герет Едвардс е режисер според сценариото на Дејвид Коеп, кој беше автор на оригиналниот филм од 1993. Дејството ќе биде сместено пет години по настаните од „Светот Јура: Надмоќ“ од 2022, кога „екологијата на планетата се покажува во ...

Мориси откри дека неговиот поранешен колега Џони Мар игнорирал богата понуда за обединување на „Смитс“ и светска турнеја во 2025. „Јас реков ‘да‘ на понудата од ‘АЕГ ентертејнмент груп‘, но Мар ја игнорираше“, кажа Мориси. Мар не одговори на овие коментари, но ја отфрли идејата дека „Смитс“ би требало да се реоформи откако тоа го направи „Оејзис“. Иако постоеше само пет години, од 1982 до 1987, „Смитс“ важи за еден од највлијателните британски ...

„Тоде Новачевски беше хитмејкер со секоја испишана нота и стих, композитор на безвремени хитови кои стануваа прифатени од публиката по првото слушање. Во деведесеттите години немаше фестивал во државата каде што тој не учествуваше и од секој заминуваше со награди“, рече водителката Силвана Петрова-Насух на 14. изадние на музичката манифестација „Незаборав“, со која синоќа заврши Битфест. Настанот започна со емитување и превод на големиот хит ...

Анџелина Џоли се расплака откако доби осумминутни стоечки овации по светската премиера на „Марија“ на Венецискиот филмски фестивал, во кој ја глуми грчката оперска дива Марија Калас. Холивудските медиуми велат дека оваа улога би можела да ѝ ја донесе првата номинација за Оскар од 2009. „Чувствував голема привилегија што имав можност да ја запознаам оваа жена и да бидам во нејзината кожа барем на момент“, изјави Џоли, која на црвениот тепих ...

Македонското трио „Мај тир“ (My Tear) го објави новиот сингл „Истото го сакаш“. Песната е најава на неговиот втор студиски албум, кој ќе се појави на дигиталните платформи на 18 септември. На песната гостува Деан Шкартов-Деко од скопската група „Бадмингтонс“, кој свири органа. Албумот е сниман во „Студио 1060“ во Скопје во текот на последните две години, а како заедничко издание ќе го објават „Корпус деликти“ од Македонија, „ЏаЏаЏа рекордс“ од ...

Утре (30 август) кај Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи традиционалниот еколошки настан „Звуците на зеленото“, во организација на „Пакомак“, а во соработка со Швајцарската амбасада. Од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група „Моира“, Игор Џамбазов со бендот на Гуру Харе, гостите од Швајцарија „Орфиа“ и диџејот Алекс Нантај. Пред почетокот на музичката програма, во 19 часот ...

Осумдесет и првото издание на Венецискиот филмски фестивал се отвори синоќа со светската премиера на „Битлџус, Битлџус“, продолжението на хорор комедијата на Тим Бартон од 1988 и тоа беше најава на она како ќе изгледа црвениот тепих оваа година. За почеток, во Венеција се појавија Џена Ортега, Винона Рајдер, Мајкл Китон и Моника Белучи, ѕвездите на „Битлџус, Битлџус“, а во следните денови се очекуваат и Бред Пит, Џорџ Клуни, Леди Гага, Хоакин ...

„Смат“, еден од водечките бендови на македонската хард кор/метал сцена, се врати со нова песна по речиси една година пауза. Групата денеска на Јутјуб објави текстуално видео за својата нова песна насловена „Успех нема да ти простат“. Засега нема најава за нов албум, што фановите го чекаат од 2018 година. „Смат“ повремено настапува во Македонија и објавува нови синглови откако пејачот Ѓорѓи Иловски замина во странство. „Успех нема да ти простат“ ...

Брус Спрингстин нема да оди во пензија наскоро. Рок легендата ги увери присутните на концертот во Филаделфија дека „не оди никаде“ и дека планира да продолжи со турнејата во догледна иднина. „Ние сме околу 50 години тука и не се откажуваме. Не правиме проштална турнеја. Зошто збогум кога илјадници луѓе врескајќи го кажуваат твоето име“, ѝ рече Спрингстин на публиката. Спрингстин имаше здравствени проблеми во последно време, што резултираше со ...

Драган Бјелогрлиќ откри дека работи на нов филм за афера од крајот на 1960-тите која ја стресе француската јавност. Тој кажа дека веќе неколку месеци пишува сценарио за филм за неодамна починатата филмска икона Ален Делон и за неговиот однос со Стевица Марковиќ, неговиот бивш телохранител кој беше убиен во мистериозни околности во 1968 година. Овој случај никогаш не е решен. „Тоа е една многу деликатна и контроверзна тема, афера која отишла до ...

Пејачката на традиционална музика Габриела Новевска ќе го одржи својот прв солистички концерт на 10 септември во Националната опера и балет (20 часот). Концертот е насловен „Те кажувајет, Илино моме“, а Новевска премиерно ќе ги испее осумте песни од истоимениот албум и уште неколку нови преработки на македонски традиционални песни. „Иако долги години е препознатлива како вокал на етно составот ‘Монистра’ и е дел од националниот ансамбл ‘Танец’, ...

Повеќе од 30 години откако бил снимен во домашни услови, албумот „Мајчице вештице“ на опскурниот скопски бенд „Некројаготки“ доби нов живот во вид на винилно издание. Плочата ќе биде промовирана вечерва (28 август) од 20 часот во скопскиот бар „Ла Кања“ во Старата чаршија. „Некројаготки“ бил музички проект на Смилен Димитров (гитара, бас гитара, вокал, флејта, харфа), кој подоцна се прослави како член на хип-хоп групата „САФ“ и Филип Митров ...

Од 29 до 31 август на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на Прилеп џез викенд. Фестивалот во 21 часот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а по нив ќе настапи составот „Кобалт код јунит“. Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски во 21 часот, па следува квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“ (фото). На ...

Трејлерот за новиот документарен филм за ѕвездата од „Супермен“, Кристофер Рив, вклучува емотивен момент од животот на неговиот син. „Супермен-приказната за Кристофер Рив“ ја истражува кариерата и активизмот на Рив по несреќата на коњичкиот натпревар во 1995 што го остави парализиран. Актерот почина во 2004 од срцева слабост на 52 години. Во трејлерот, неговиот најстар син Метју е видно трогнат кога споделува спомен од својот татко. „Рековме ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на 5 септември во Пациото во Завод и музеј Битола, на кој гостин ќе биде Мартин Ѓаконовски-Шпато, синот на легендарниот композитор Драган Ѓаконовски-Шпато. „Концертот е со наслов ‘Писмо за Реј’ (A Letter to Ray) и е еден вид посвета на еден од највиртуозните контрабасисти на сите времиња Реј Браун и ‘писмо со благодарност’ за неговата трага во џез музиката“, велат од Националниот џез оркестар. Диригент ...

Босанската хард рок група „Дивље јагоде“ ќе одржи концерт на 27 септември во Скопје, во Филхармонијата од 21 часот, објави продукцијата „Сцена“. Бендот е основан во 1977 во Загреб од Сеад Зеле Липовача, заедно со Антон Јанковиќ, Нихад Јусуфхоџиќ, Мустафа Исмаиловски и Адонис Докузовиќ. Има издадено 12 студиски албуми. Пејачи во бендот претходно беа Ален Исламовиќ и Младен Воичиќ-Тифа, и двајцата поранешни членови на „Бијело дугме“. Исламовиќ ја ...

Серија ексклузивни концерти ќе биде изведена на 43. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржува од 7 до 20 октомври. Програмата содржи четири вечери со вкупно девет концерти, а музичарите доаѓаат од САД, Велика Британија, Шведска, Португалија, Куба, Македонија… Фестивалот се отвора со настапот на американската пејачка Сесил Меклорин Салвант (фото), која токму во Скопје ја почнува својата европска турнеја. „Програмата на 43. Скопски џез ...

Лијам и Ноел Галагер најавија дека е можно повторно обединување на групата „Оејсис“. Тие на социјалните мрежи објавија кусо видео со истиот фонт и стил на познатото лого на бендот како и на официјалната страница на групата. Видеото го покажува датумот 27.08.2024 пред да трепери, а потоа пишува „8 часот наутро“. Обожавателите на рок бендот од Манчестер ги молеа браќата да се реобединат откако престанаа со работа во 2009, по тепачката зад сцената ...

Актерот Дејан Лилиќ ќе биде водител на Интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест“ на 31 август на сцената на Долни Сарај. Лилиќ ќе го води фестивалот заедно со Марјана Станојковска која претходните години го водеше заедно со Васил Зафирчев. Актерот вели дека, и покрај богатото актерско искуство, за првпат ќе биде водител на фестивал. „Пред 25 години сигурно не би се видел на фестивалот. Пред десетина, можеби и би размислил. Но денес, по ...

На 2 септември почнува новата сезона на Кинотеката, а разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа програма. „Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда“, велат од Кинотеката. Стартот е со турско-македонската копродукција „Најтешкото нешто“ снимена по сценарио ...

Музичката емисија „Металманија“ чиј автор е Агим Џело, која во континуитет се емитува на ТВ Тера од Битола и на Јутјуб, а има за цел промовирање на македонската андерграунд сцена, годинава прославува јубилејни 25 години. По тој повод, на 25 август од 20 часот во кафе бар „Везилка“ во Битола ќе се одржи проекција на посебна, јубилејна емисија и изложба на тема „25 години музичка емисија Металманија“. Настанот насловен „Ноќ со Металманија“ е ...

Од 26 до 28 август ќе се одржи манифестацијата „Каменичко културно лето“. Настанот традиционално се одржува на Градскиот плоштад, а организаторите КИЦ Романса и Општина Македонска Каменица и најавија разновидна музичка програма. На 26 август, настанот почнува со настап на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и културно-уметнички друштва од Србија и од Бугарија. Во првиот дел од програмата на 27 август, ќе настапат Наум Петрески, Огнен ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
61%
1010
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
78%
1008
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
64%
1011
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
44%
1009
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
92%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
73%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
62%
1009
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
56%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641