Лубеницата е плод на летото. Во Америка е попопуларна од дињата затоа што е најдобро разладување во топол ден, составена од 91 процент вода. Едно парче лубеница е како да сме испиле чаша вода. Лубеницата е преполна со хранливи материи и антиоксиданси, кои вклучуваат витамини А и Ц. Бидејќи е претежно водена, може да послужи како добар избор за дневен внес на вода. Лубеницата содржи и калиум и магнезиум и релативно е нискокалорична. Во 150 грама ...

На 4 јули во Културно информативниот центар на Македонија во Софија ќе биде промовиран романот „Последното име на иднината“ од македонскиот писател Живко Грозданоски. Книгата во 2018 ја издаде „Антoлог“. За книгата, која ја трасира животната линија на тунелскиот инженер Јоха од Јена, Германија, ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот. По „Куфер за тројца“ („Или-или“, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во ...

Јоланда Гжелчик, сопругата на полскиот амбасадор во Македонија Кшиштоф Гжелчик, донираше 50 книги за градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, сите од полски автори, преведени на македонски јазик. Гжелчик е координаторка на проектот „Полска на полица“, со кој полската литература им се приближува на читателите во Македонија преку донации на дела од полски автори преведени на македонски јазик. Гжелчик го посети и Народниот музеј Велес, при што ...

Во чест на диџејот Кире Чипуровски-Чипуро (фото), кој почина пред две години на 44-годишна возраст, се одржа хуманитарна забава во битолската касарна наречена „Кај авионите“. На настанот учествуваа бројни битолски диџеи: и охридскиот рок бенд „Бекдор“, во кој членува музичар кој е дел од блиската фамилија на Чипуровски. Идејата е овај настан да прерасне во традиција. Собраните средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Чипуро беше ...

Раперот Раде Врчаковски-Врчак заедно со аренби дуото „ДНК“ ќе одржи концерт во Охрид на 29 јули, на плажата Голден бич од 21 часот. Пред нив, настап ќе има диџејот Ајри Скреч. „Идниот месец ќе имам концерт во Охрид со ‘ДНК‘, а од септември се враќам со нови песни“, најави Врчак. При крајот на минатата година, тој по долги години сними нова песна, „Посреќна“ во дует со „ДНК“. На манифестацијата Златна бубамара на популарноста во февруари ...

Виена е прогласена за најпогоден град за живеење на светот на годишната листа на Економист интелиџенс јунит. Организацијата рангираше 173 градови според здравствената заштита, културата, животната средина, стабилноста, инфраструктурата и образованието. Виена е на врвот на листата трета година по ред, добивајќи „совршени“ оценки во четири од пет категории. Копенхаген го задржа второто место, а Цирих се искачи од шестото на третото место на ...

В петок (5 јули) почнува манифестацијата „Златни денови Кратово“, која се одржува по 10. пат на плоштадот во Кратово. Првата вечер ќе настапат македонските фолк пејачи Блага Петреска, Благоја Грујовски, Катерина Брезева и други. Потоа следат настап на „Брас брадрс“ и забава со диџеј. Следниот ден настапуваат локалниот рокенрол бенд „Б.А.Д.“ и групата „Ана и девојките“, како најава на главната гостинка – хрватската поп-ѕвезда Данијела Мартиновиќ. ...

По повеќе од една деценија на владеењето на суперхероите на филмското платно, Еди Марфи го враќа ликот што тој го опишува како обичен човек. Тој се враќа како Аксел Фоли во „Полицаецот од Беверли Хилс: Аксел Ф.“, ново продолжение на комично-акцискиот серијал, кој започна пред 40 години. Филмот ќе излезе на „Нетфликс“ в среда (3 јули). „Во последните 10-15 години сѐ беше компјутерски направено, со големи визуелни ефекти и суперхерои. Знаев дека ...

„Кроација рекордс“ од Загреб по 45 години го реиздаде култниот албум „Битанга и принцеза“ од „Бијело дугме“. За повторно миксање на албумот се користени оригиналните 24-канални ленти, кои биле внимателно чувани сите овие години во архивата на „Кроација рекордс“. Албумот се подготвуваше во студиото „Еби роуд“ во Лондон од Шон Меги, добитник на Греми награда за најдобар звук. „‘Битанга и принцеза’ е еден од најдобро отсвирените, снимени и ...

Вториот дел на „Опаку наопаку“ (Inside Out) ја надмина заработката од милијарда долари на светско ниво само три недели по премиерата, станувајќи анимиран филм кој најбрзо остварил вакво постигнување. Сопственикот на „Пиксар“, „Дизни“, објави дека „Опаку наопаку 2“ станал филм со најголема заработувачка оваа година и единствен со над милијарда долари. Ова е продолжение на филмот од 2015, кој исто така беше хит во кината, заработи 858 милиони ...

Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ го слави 50-годишниот јубилеј. Настанот кој го носи името на најпознатиот македонски гајдаџија и еден од најплодните собирачи на македонски песни и ора започнува на 3 јули во Прилеп со семинар за изучување на традиционалните инструменти и песни во студентскиот дом „Орде Чопела“. Официјалната прва фестивалска вечер е на 5 јули. Новинарката Весна Вучиќ, ќерката на Атанасовски и сопруга ...

Сините чевли од велур што ги носеше Елвис Присли би можеле да достигнат цена од 142.000 евра на аукција. Познат како крал на рокенролот, пејачот ги носеше чевлите на сцената и надвор од неа во текот на 1950-тите, како и во телевизиското шоу на Стив Ален. Се очекува тие да достигнат цена меѓу 118.000 и 142.000 евра кога ќе бидат продадени од аукционерите „Хенри Олдриџ енд сан“ во Девизес, Вилтшир. „Тоа се легендарни чевли на кои веднаш ...

Синди Лопер ги праша фановите зошто си заминуваат откако таа го испеа хитот „Девојките само сакаат да се забавуваат“ (Girls Just Wanna Have Fun) на фестивалот „Гластонбери“ во Англија. Американската пејачка даде изјава откако се чинеше дека е вознемирена кога фановите почнаа да си одат на нејзиниот настап на фестивалот кој одржува во близина на Пилтон, Сомерсет, во Англија. Лопер, која планира проштална турнеја во Велика Британија следната ...

Култниот македонски рок бенд „Архангел“ и фронтменот Ристо Вртев го наполнија Ракометното игралиште на концертот во Битола. „Архангел“ одржа концерт во Битола по цели 20 години, и успеајаа да спојат повозрасни и помлади генерации, љубители на нивната музика која носи силни пораки. На концертот имаше од тинејџери до повозрасни битолчани. Вртев е основач на „Архангел“, зад себе има големо музичко искуство, богато творештво, награди, концерти, ...

Во вторник (2 јули) од 20.30 часот ќе се одржи концерт на хорските солисти на Националната опера и балет, на отворено, пред платото на Операта. Концертот е насловен „Ѕвездено небо“, и е во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ Ќе пеат солистите: Денис Димовски, Билјана Бајевска, Катерина Весковска, Марија Наумовска, Виктор Битовски, Никола Чедомировски, Мила Николовска и Надежда Рубен во пијано придружба на Елена ...

Британскиот рок-бенд „Колдплеј“ влезе во историјата кога сношти (29 јуни) излегоа на сцената на фестивалот „Гластонбери“ како хедлајнери, а во публиката беа актерите Том Круз, Сајмон Пег и Џилијан Андерсон. Фестивалот „Гластонбери“ е петдневен настан што се одржува во близина на Пилтон, Сомерсет, во Англија. „Колдплеј“ излегоа на култната сцена и испишаа историја како бенд кој пет пати настпил на фестивалот. На сцената со нив, настапи ...

Триесет години, на „Суперхикс“ им успева да го веселат народот, а уште еден убав концерт, бендот одржа сношти во Скопје, кај салата „Расадник“ во рамките на „Културно лето Кисела вода“. Со концертот, „Суперхикс“, кои настапувале низ цела Европа, прославија 30 години на сцената со нивната верна публика. Концертот на оригинален начин го најави актрерот Димитрија Доксевски- Докс од Драмски театар. Во сценариото кое го напишале тој и фронтменот на ...

Со диџеј сет на Илија Талев познат како Ile the Hair синоќа (28 јуни) на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ беа одбележани 30 години од првиот техно албум во земјава на Балканот „И по Тито-Техно“. Албумот излезе во 1994. Илија Талев стана препознатлив рушејќи бариери во средината во која живее во многу области: музика, мода, култура и уметност во Битола и пошироко. Тој е диџеј, музичар, организатор на првата техно журка во ...

На 7 јули, на летната сцена на Домот на младите во Штип, во рамките на Штипското културно концерт ќе одржи Битолскиот камерен оркестар. На истата сцена, на 18 јули концерт ќе настапи светски познатиот француски сопран со потекло од Штип, Елена Голомеова. ШКЛ се отвори сношти (28 јуни) со детската балетска претстава „Волшебната шума“, а ќе продолжи на 1 јули со камерен концерт на Милена Тодороска Мургоска на виолина со пијано придружба на Огненка ...

Судијката го негираше последниот обид на актерот Алек Болдвин да го отфрли обвинението за ненамерно убиство против него поради фаталното пукање на Халина Хачинс (42) на сетот на неговиот филм „Рѓа“ (Rust). Овој потег доаѓа две недели пред на актерот да му се суди во Ново Мексико за пукањето во 2021, кое го прекина снимањето на филмот. Судијката на окружниот суд во Ново Мексико, Мери Марлоу Сомер, ја одби понудата на 66-годишниот Болдвин да го ...

Брајан Адамс, Стинг и „Симпли Ред“ се светските ѕвезди кои со свои концерти ќе ја отворат сезоната во австрискиот скијачки центар Шладминг-Дахштајн. Лани, спектакуларен концерт одржа Роби Вилијамс, а организаторите очекуваат полн капацитет и годинава, околу 45.000 гости. Брајан Адамс ќе ја отвори серијата концерти в петок, на 6 декември. Тој ќе ги испее своите стари хитови како и песните од новиот албум, кој го напиша за време на пандемијата. ...

Младата пејачка Ана Петановска, вечерва (29 јуни) ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват, Црна Гора. Со песната „Љубовта секогаш победува“, Петановска ќе настапи заедно 25 пејачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски. После настапот на на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на ...

На Гластонбери имаат свирено некои од најгласните рок бендови, но целиот фестивал денеска на момент замолкна. Тоа беше поентата на перформансот на српската концептуална уметница Марина Абрамовиќ насловен „Седум минути колективна тишина“, во рамките на кој таа побара од илјадници луѓе да молчат седум минути. Известувачот на Би-Би-Си од Гластонбери изјави дека таа успеа во својата намера, опишувајќи го настанот како навистина специјален. Абрамовиќ ...

Утре (29 јуни) од 12 до 17 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се одржи мотоциклистичкиот настап „Круз калт“ (Cruise Cult). „Идејата на оваа манифестација е да ја популаризираме мотоциклистичката култура и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот во Македонија и регионот“, велат организаторите. Ќе има изложба на мотоцикли со неколку карактеристични примероци од секоја класа. како и перформанс на кој ќе се ...

Францускиот институт во Скопје и Скопско лето објавија дека изведбата на уличното дефиле-претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) се одложува за утре (29 јуни). Овој настан требаше да се одржи вечерва, но групата не е во можност да пристигне денеска поради големо невреме во моментот на полетувањето од Франција. Маршрутата на дефилето останува иста: од Музејот на Град Скопје, преку улицата Македонија и Камениот ...

Славниот актер Кијану Ривс гостуваше во Крагуевац, но на заради снимање филм, туку за концерт на неговиот бенд „Догстар“. Американската рок група, која лани се возобнови по 23 години пауза, настапи на првата вечер на Арсенал фест во Крагуевац. Иако „Догстар“ не спаѓа во најзначајните имиња на гранџ жанрот, самото присуство на Ривс ги направи главна атракција на фестивалот. Српските медиуми објавија дека Ривс со колегите дошол во Крагуевац еден ...

Д фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, денеска по 14. пат ги отвора своите врати во Дојран за илјадниците посетители. Седумдесет и двочасовната програма ќе донесе богата и разновидна музичка програма и бројни пропратни содржини на брегот на Дојранското Езеро. Како главни музички ѕвезди на шесте бини се најавени Лил Памп, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, Џонас Блу и „Елементал“, најголеми атракции на техно подиумот ќе бидат Дебора ...

ФИФА оваа година ќе го организира првото светско првенство во популарната видеоигра „Фудбал менаџер“, на која ќе се добие најдобриот виртуелен тренер на светот. Оваа видеоигра се продаде во милиони примероци и некои клубови ја користат за да следат играчи. Играчите ќе се натпреваруваат за 100.000 долари на завршниот настан, што ќе се одржи од 29 август до 1 септември. „Ова натпреварување бара од учесниците да покажат длабоко разбирање на ...

Македонските рок бендови „Ареа“ и „Архангел“ ќе бидат главните музички ѕвезди на 23. издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ (БОГ), што се одржува од 26 до 29 јуни. Ова ќе биде прво гостување на „Архангел“ во Битола по 20 години. Музичкиот хепенинг е закажан за 28 јуни од 20 часот на Ракометното игралиште. Вечерта ветува дека ќе биде спектакуларна прослава на македонската урбана музика, па диџеј сет ќе има познатиот Ile the ...

Македонски филмови од разни временски периоди ќе можат да се гледаат во Кинотеката следниот месец. Посветувајќи го јули на македонската кинематографија, на летната сцена „Мирно лето“ ќе има проекции на 11 филмови, почнувајќи со „Волчја ноќ“ на Франце Штиглиц на 5 јули. На програмата потоа се „Црно семе“ на Кирил Ценевски на 6 јули, „Жед“ на Димитрие Османли на 9 јули, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо на 10 јули, „Ругање со Христа“ на Јани Бојаџи ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 15ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
48%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
57%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
0.51
66%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
45%
1010
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
58%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52