Ако мислите дека „Аватар“ и неговото продоложение „Патот на водата“ биле долги, спремете се за „Оган и пепел“ (Fire And Ash), третиот дел од серијалот на Џејмс Камерон. Според него, тоа ќе биде најдолгиот филм во франшизата досега. Оригиналниот филм од 2009 трае два часа и 42 минути, додека „Патот на водата“ од 2022 беше продолжен на три часа и 12 минути. „Во ‘Патот на водата‘ беше претставен голем број добри идеи, кои бараат да бидат ...

Српските медиуми го фалат концертот на Калиопи во Белград, кој се одржа на 8 март во салата „МТС“. Ова не е нејзиниот прв концерт во Белград, но таа вели дека бил посебен затоа што бендот бил засилен со гудачки квартет и брас секција. Калиопи меѓу сите нејзини стари и нови хитови ја отпеа и „Македонско девојче“, кога се симна од сцената и запеа меѓу публиката. „Имавме фантастичен концерт во Белград, прекрасна публика и, она што е најважно, на ...

Бендот „Фанк шуи“ ќе одржи концерт во Скопје на 12 април, во клубот „Станица 26“, како најава на нова балканска турнеја. Минатата година беше успешна за „Фанк шуи“, кој одржа преку 20 концерти на Балканот, во Белград, Нови Сад, Загреб, Подгорица, Шибеник, Крагуевац, Сараево и други градови. Од бендот велат дека се радуваат што по една година повторно ќе свират пред домашната публика. „По подолг период се враќаме дома со концерт. Овој април, ...

Со својата тиркизна вода, езерото Салда во Турција често се промовира како „Малдиви на Турција“. Мирно и опкружено со див свет, езерото се наоѓа во југозападниот дел на земјата. Плажите со бел песок се една од причините што го посетуваат туристи. Според научниците, езерото Салда е место на Земјата што најмногу личи на кратерот Језеро на Марс, што го прави особено интересно за вселенските научници. Бриони Хорган, професорка на Катедрата за ...

Стриминг платформата „Парамаунт+“ објави трејлер за серијата „MobLand“, чиј продуцент е Гај Ричи. Во главната улога е Том Харди, кој глуми криминалец кој му помага на мафијашкото семејство Хариган. Ова семејство го водат сопружниците Конрад и Мејв, кои ги толкуваат Пирс Броснан и Хелен Мирен. Серијата го следи крвавиот судир помеѓу семејствата Хариган и Стивенсон, кои се борат за превласт во криминалното подземје. „MobLand“ првично била ...

Фестивалот Денови на македонска музика (ДММ) по 48. пат ќе се одржува од 17 март до 8 април на три локации во Скопје: Филхармонија, Музеј на македонската борба и Национална опера и балет. „Фестивалот ќе понуди разновиден избор на современи дела, премиери и автори, селектирани од годинашниот куратор, композиторот Филип Иванов. Ќе има девет концертни вечери, дела од 30 македонски композитори, три авторски јубилеи, седум ансамбли и повеќе од 30 ...

Гинисова книга на рекорди и официјално прогласи мало парче зеленило во Јапонија за најмал парк на светот. Сместен во градот Нагаизуми јужно од Токио, паркот има големина од само 0,24 квадратни метри и се состои од украсен камен, парче трева и мала клупа за одмор. Локалните жители го сметаат малиот зелен простор за најмал парк на светот од неговото формирање. Но, неодамна, градот одлучи да побара официјална потврда, ангажирајќи геодет да ја ...

Култната песна „Македонија“ од Дадо Топиќ и групата „Тајм“ се наоѓа на новиот албум на хрватскиот рокер „Дадо Топиќ, во живо од Керемпух“, што го издаде „Кроација рекордс“. Хрватската музичка куќа го издаде албумот на двојна плоча со 17 песни. Меѓу нив се и понови песни на рокерот, но и хитот „Принцеза“, кој го испеа со српската пејачка Слаѓана Милошевиќ, која почина во март лани. На новата верзија му гостува Ивана Хусар-Млинац. На албумот се ...

Македонско-белгискиот панк бенд „Смог“ ќе оди на турнеја низ Малезија следниот месец. Турнејата насловена „Extreme Distortion“ ќе почне на 26 април на фестивалот Blackwater East Coast во Куантан, па од 1 мај имаат закажано уште осум концерти низ земјата. Претходно на 22 март, „Смог“ ќе настапи во скопското кафуле „Буква“, заедно со словачката група „Blamage“. Основан во 2022, во „Смог“ членуваат двајца членови на скопската панк група „Дисиз“ ...

„Мојот пат во уметноста“ е насловена изложбата на уметникот Решат Амети, што ќе се отвори на 11 март во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Амети годинава слави 35 години творештво, а одбележувањето почна во декември со изложба во Берлин. „Патувањето по патиштата на уметноста е авантура и страст на кои уметникот целосно се предава. На овој пат има и станици на кои треба да се застане, да се сврти назад кон ...

Сиднеј го има најдоброто кафуле во светот, „Tob’s Estate“, објави Си-Ен-Ен, додавајќи дека австралискиот град го победи повеќегодишниот ривал Мелбурн за првото место. На второто место е кафуле од Арканзас, САД, на третото од Виена, на четвртото од Мелбурн и на петтото место е кафуле во Осло. Во првите 10 кафулиња има и локали од Сингапур, Франција, Малезија и Колумбија. Кафулињата низ светот беа оценувани според различни критериуми, како ...

Од песните на реге легендата Боб Марли и австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног, кралот Чарлс откри дел од музиката што му донесе радост низ годините и го формираше саундтракот на неговиот живот. На плејлистата има 17 песни избрани од британскиот монарх насловена „Музичката соба на кралот“ (The King’s Music Room), а ќе се емитува на 10 и на 11 март на глобалните радио станици на „Епл мјузик“ како прослава на Денот на Комонвелтот. „Во текот на ...

Oрганизаторите на Евровизија ја поканиле канадската пејачка и поранешна победничка Селин Дион да настапи како специјална гостинка на финалето во Базел во мај. Портпаролот на ЕБУ потврди дека воделе дискусии, но ништо сѐ уште не е договорено, најмногу поради лекувањето на пејачката која има синдром на вкочанета личност (СПС), што предизвикува грчеви на мускулите. 56-годишната канадска ѕвезда со години трпела болни грчеви во мускулите и секој ...

Денеска (7 март) од 10 часот во Детскиот културен центар „Карпош“ во Скопје ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки изработени од децата од предучилишните установи од Скопје. Годинава творбите се под мото „Љубов и насмевка за сите жени“. Изложбата се одржува во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“. За време на изложбата, гостинка во Културниот центар ќе биде Ива ...

Норвешката семејна комедија „Викторија мора да замине“ на режисерката Гунбјерг Гунарсдотир од денеска (6 март) се прикажува во кината во Скопје и Битола. Филмот, кој е синхронизиран на македонски јазик, е на репертоарот на киното Милениум во Скопје во термините од 16 часот (6 и 7 март) и 18 часот (8 и 9 март), а од 18 часот игра и во Кинотеката во Скопје и во киното Манаки во Битола. Филмот доби одлични критики во Норвешка, каде што беше ...

Во Македонскиот народен театар (МНТ) почнаа пробите за претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во која тие играат со Гоце Андонов. Од МНТ велат дека темата на копродукциската претстава е досадата на децата во денешното време. Авторите ги охрабруваат родителите да ги остават децата да им биде досадно, без да ги окупираат со разно-разни обврски само за да ја избегнат досадата. ...

„Мајка“ е новата песна на Ивана и Јована Николовски, која е посветена на мајките по повод Меѓународниот ден на жената, 8.Март. Музиката, текстот и аранжманот се на Сашо Николовски, а видеоспотот го режираше Глигор Кондовски. Илина и Јована се сестри на возраст од 15 и 13 години. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Двете се ученички во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј”, отсек соло пеење. Илина е ...

Симон Трпчески вечерва (6 март) ќе одржи концерт во Сантијаго, главниот град на Чиле. Придружуван од Филхармонискиот оркестар на Сантијаго во Градскиот театар, Трпчески ќе го свири Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски. Ќе диригира чилеанско-италијанскиот маестро Паоло Бортоламеоли. „Трпчески до крајот на месецов ќе настапи во Чикаго со тамошниот Симфониски оркестар, во чија сала три вечери ќе го свири Првиот концерт за пијано и ...

Влатко Стефановски закажа втор концерт на 10 мај во Филхармонијата откако се распродаде првиот на 9 мај. Со концертите, легендарниот гитарист ќе слави 50 години кариера. Стефановски претходно рече дека со радост и ентузијазам го подготвува скопскиот настан, откако распродаде концерти низ регионот, но и во Лондон и Виена. „Размислувавме долго каде треба да се одржи скопскиот концерт и одлучивме дека Филхармонијата е сепак најсоодветен простор. ...

Со филмот „За еден херој“ на Пјотр Виниевич, адаптација на сценарио напишано од вештачка интелигенција (ВИ) обучена со делата на Вернер Херцог, вечерва почнува 27. Фестивал на документарци во Солун. Во текот на десет фестивалски дена ќе играат 261 документарец, од кои 72 со светска премиера, 40 со меѓународна и 11 со европска премиера. „Фестивалот годинава се одржува во критичен момент за нашето пошироко соседство, Европа, но и за целиот ...

„Жените и фотографијата“ е насловена изложбата која ќе се отвори на 6 март во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во организација на Фото клубот „Куманово“. Ќе бидат изложени 80 фотографии од авторки од Македонија, а селекцијата е направена од повеќе од 250 пријавени фотографии. „Фотографијата отсекогаш била медиум преку кој жените ги раскажуваат своите приказни, го изразуваат својот глас и ја споделуваат својата ...

Новото шоу на Меган Маркл на „Нетфликс“ е нешто како ребрендирање на поранешната ѕвезда на серијата „Одела“, промовирајќи ја во гуру на животен стил. Шоуто „Со љубов, Меган“ беше промовирано на 4 март и има осум епизоди, во кои таа нагостува различен пријател, нудејќи корисни совети и трикови за тоа како да се биде врвна готвачка и домаќинка. Како и во повеќето други содржини поврзани со инфлуенсери, Меган ја покажува навидум леснотијата со ...

Европските пионери и легенди на индустријал звукот „Лајбах“ се вратија во Скопје во рамките на турнејата заснована врз нивниот култен, трет албум „Опус деи“ (Opus Dei). „Лајбах“ доста често гостуваат во Скопје и Македонија, но ова беше првпат да ги гледаме седечки и релаксирано и да ги слушаме на така експлозивно озвучување што го нуди просторот на Филхармонијата. Свиреа повеќе од два часа, поделено на два дела, со пауза од 15 минути. ...

Џорџ Клуни ќе го има своето деби на Бродвеј, раскажувајќи ја приказната за легендарниот репортер Едвард Р. Мароу во адаптација на неговиот филм од 2005 „Добра ноќ и со среќа“ (Good Night, and Good Luck). Настапите започнуваат на 12 март. Мароу, кој почина во 1965 година, се смета за еден од основоположниците на ТВ-вестите во САД и се прослави со спротивставувањето на сенаторот Џо Мекарти, кој создаде параноја на комунистичка закана во ...

Популарниот детски анимиран лик прасето Пепа ќе добие нов брат или нова сестричка, објави нејзината мајка. Серијата „Прасето Пепа“ е синхронизирана на повеќе од 40 јазици и ги следи секојдневните доживувања на Пепа и нејзиното семејство, кое го вклучува и нејзиниот помал брат Џорџ. Но, по две децении, животот на Пепа и Џорџ ќе се промени зашто ќе добијат братче или сестричка оваа година. „Возбудена сум што можам да споделам дека нашето ...

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани избра земјени тонови со светкави додатоци за својата најнова женска колекција, претставена на Модната недела во Милано. Деведесетгодишниот ветеран, чија колекција есен/зима 2025 е насловена „Корени“, го отвори шоуто со златни, песочни, крем и сиви јакни и со модели облечени во широки свилени панталони. „За Џорџо Армани, секоја колекција е враќање на неговите корени. Оваа сезона облеката е со земјени нијанси ...

Државниот симфониски оркестар од Солун ќе одржи концерт во Филхармонијата на 17 мај од 19:30 часот. Гостувањето во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската филхармонија во Софија на 17 февруари со музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“. Како солисти ќе настапат македонскиот пијанист со интернационална кариера Симон Трпчески и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент е Владимирос Симеонидис од ...

Новото издание на детскиот фестивал „Поточиња“ ќе се одржи на 12 и 13 април во Филхармонијата. Двата дена ќе има по три претстави, од 11, 13 и од 19 часот. Детскиот фестивал до 2014 се одржуваше во Универзална сала, а ова е неговото 22. издание. „Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни, кои со нетрпение чекаме да ви ги отпееме, а фантастичниот Поки е задолжен атмосферата да биде на највисоко ниво. Затоа, ве каниме сите заедно да ...

Групата „Меморија“ најави издавање на троен албум во живо од нивниот концерт во салата “Борис Трајковски“, кој се одржа на 16 ноември лани. Албумот ќе излезе на винил и на цеде. Основачот на бендот, басистот Петар Георгиевски-Камиказа, се сеќава дека „Оган под ѕвездите“ на „Меморија“ бил првиот албум издаден на македонски јазик за тогашната Радио Телевизија Скопје, во 1989. „Овој албум е првата плоча на македонски јазик во издание на ...

Фолк рок легендата Нил Јанг ќе ја започне европската етапа од својата претстојна турнеја со бесплатен концерт во Украина, објави тој на својата веб-страница. Јанг (79) не кажа кога ќе биде концертот, освен дека ќе биде бесплатен за сите. Јанг ја поддржува Украина откако започна руската инвазија пред повеќе од три години и е остар критичар на американскиот претседател Доналд Трамп. „Keep on Rockin’ in the FREE WORLD“, напиша тој на својата ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
7.2
62%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.15
85%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.21
72%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
69%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.6
79%
1033
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
4.63
68%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
83%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Калај

50.61

Цинк

3.24

Сребро

2696.16

Родиум

374556.20

Иридиум

231355.22

Алуминиум

3.42

Злато

164352.04

Платина

68931.20

Кобалт

66.14

Паладиум

52052.06

Рутениум

47358.05

Бакар

11.57