Програмерите конечно веќе нема да бидат ограничени да во своите апликации го користат WebKit, односно технологијата за интернет прелистувачи од Apple на која работи Safari. Оваа промена доаѓа со iOS 17.4, но не по одлука од Apple, туку поради новите закони во Европската Унија, а од компанијата не го кријат фактот дека не се баш среќни што мораат да ги воведат овие, како и уште неколку други промени. Ова значи дека Google Chrome, Mozilla Firefox ...

Apple воведува голем број промени за да ги исполни барањата на новиот Закон за дигитални пазари (DMA) кој наскоро ќе стапи на сила во земјите од Европската унија. Една од промените е поврзана со поддршката на алтернативни енџини на прелистувачи, со што се отвора вратата за инсталирање на нативните верзии на Chrome и Firefox. Во моментов, на iPhone може да се користат само прелистувачи кои користат WebKit енџин. На тој начин, WebKit е во срцето ...