После години на огромна популарност поради која беа претставени Reels кај апликациите од Meta и Shorts кај YouTube, TikTok сега ќе бидат тие кои ќе се обидат да земат од пазарот на нивните конкуренти. Од компанијата изгледа се подготвуваат да претстават посебна апликација за споделување на слики, која би била конкурент на Instagram. TikTok Photos е името кое се верува дека ќе се користи за оваа апликација. До оваа информација доаѓаат од ...

Достапноста на мали игри и апликации кои се „вградени“ директно во Discord во периодот што следи може да се очекува доста да се зголеми. Од компанијата ја отвораат можноста за развој на овие игри и апликации за сите програмери, а не само за ограничен број од нив како што беше досега. Discord ја најави новата Embedded App SDK алатка преку која програмерите ќе можат да ги развиваат своите игри и апликации. Истите се „вградуваат“ во Discord ...

Со пуштањето на iOS 17.4 минатата недела, Apple ги донесе и промените кои се наметнати од новите закони во ЕУ, а со тоа се отвори за првпат можноста корисниците да инсталираат апликации од алтернативни продавници, не само од App Store. Ова се само дел од новините кои ги донесе оваа верзија на iOS, која вклучува уште неколку „европски“ новини, но во овој случај нас на интересира таа за инсталација на апликациите. Apple најави уште една можност ...

Повторно како резултат на промените кои ги наметнуваат новите европски закони, Microsoft овозможи бришење на една од апликациите кои најмногу ги „натура“ на корисниците во секоја можна шанса. Корисниците ќе можат да ја оневозможат или целосно избришат OneDrive, а од компанијата објаснија и како се прави истото. Бришењето на OneDrive се прави едноставно, односно како и било која друга апликација во Windows. Корисниците треба да го отворат „Add or ...

Airbnb ја промени својата политика во однос на поставувањето на безбедносни камери, кои досега беа дозволени да ги има внатре, поточно во просториите како дневната соба, ходниците и слично, но не и во спалните соби или бањите. Новите правила целосно ја забрануваат употребата на камери во внатрешниот дел од просторот кој се изнајмува, но се поставува прашањето дали ова ќе може да го реши проблемот со поставување на скриени камери. „Нашата цел ...

Интересно е што Android телефоните се’ уште имаат проблем со прикажување на точната ориентација на уредот, односно неговата насоченост. Ова посебно прави проблем во апликациите како Google Maps кога се добиваат насоки за движење пешки. Овој проблем конечно ќе биде решен со претставувањето на новата API алатка од страна на Google, наречена Fused Orientation Provider или кратко FOP. Новината кај оваа алатка е што ги собира информациите од повеќе ...

Google Chrome конечно ќе добие една мала нова можност која сепак е доста корисна и е одамна веќе достапна кај Microsoft Edge, како и кај Safari од минатата година. Прелистувачот од Google ја добива можноста секоја веб страна да биде инсталирана исто како да е веб апликација, односно PWA. Google Chrome одамна има поддршка за инсталација на PWA, а од компанијата се тие кои ги промовираат овој вид на апликации. Предноста со можноста да секоја веб ...

Apple, поточно WebKit тимот, официјално ја најавија третата верзија од „бенчмарк“ алатката за интернет прелистувачите, Speedometer 3.0. Најновата верзија, како што беше најавено во 2022, е развиена во соработка со повеќе компании, а не само Apple и Google. Speedometer 3.0 алатка е развиена во соработка со Apple, Google, Mozilla, Microsoft, Intel и уште неколку компании, а тоа значи дека истата е направена специјално за трите најголеми веб ...

Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни за вистинско поврзување. Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција. Според ...

Скопје, 11 март 2024 г. – Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G, два паметни телефони кои ја демонстрираат постојаната посветеност на Samsung да ги направи најдобрите мобилни иновации достапни за секого. Двата уреди доаѓаат со обемни безбедносни функции како што е платформата Knox Трезор, како и со нови можности за фотографирање инспирирани од водечките иновации на камерата на Galaxy и неверојатен екран што се ...

X планира да стане официјална конкуренција на YouTube, како и на сличните апликации, со претставување на посебна апликација за видео содржина, за почеток на паметните телевизори. Според информациите, X планираат да ја претстават оваа нова апликација прво на Amazon и Samsung телевизорите, но секако се планира пуштање и за другите. Повеќе информации за што точно може да се очекува нема, ни по потврдата на информацијата од страна на Елон Маск. Тој ...

Apple направи мала измена кај новите MacBook Air M3 модели, поточно кај основните модели, која ќе овозможи поголеми брзини на SSD дискот, нешто што беше критикувано кај ланските со М2 чипот. Тоа што Apple го направи минатата година, а привлече критики, е ставање на еден чип со 256GB, наместо два по 128GB како кај MacBook Air M1. Ова доведе до доста помала брзина на пишување и читање на податоците на SSD-то. Иако повеќето корисници не би ја ...

Microsoft официјално, иако прилично „тивко“, закажа настан кој ќе го одржи на 21 март. Очекувано, самата најава е насочена кон Copilot, односно генеративната вештачка интелигенција, па очекуваме дека на настанот ќе видиме нешто повеќе за што планираат од компанијата на тој план за оваа година. Во најавата се споменати и Surface серијата на уреди, па според информациите, треба да бидат претставени нови генерации од два од овие уреди. Уредите кои ...

Од оваа недела официјално стапи на сила новиот закон од ЕУ кој од големите ИТ компании бара да направат одредени измени во начинот на функционирање, а што тоа значи во голем дел можевме да видиме со iOS 17.4 верзијата која Apple веќе ја пушти. Дел од обврските кои Apple мораа да ги следат е овозможување на алтернативни продавници за апликации, алтернативни платежни системи, алтернативни технологии за прелистувачите и слично. Од компанијата ...

Google, кои веќе одамна се сопственици на познатата Waze апликација за навигација, најавија 6 новини кои ќе ги добие апликацијата во периодот што следи, а ќе ја направи уште покорисна. Waze е позната по тоа што функционира на основа на огромен број на информации од страна на заедницата на корисници, па на истата се достапни доста информации кои не е баш можно да се видат на другите апликации, вклучувајќи ја иа Google Maps. Шесте новини кои ги ...

Поради ознаката како сервиси „чувари“ според новите закони од ЕУ, Meta ќе мора да им овозможи на сервисите кои ќе побараат да функционираат со WhatsApp и Messenger, тоа да можат да го направат. Со други зборови, WhatsApp и Messenger ќе мора да овозможат комуникација на своите корисници со корисниците од други сервиси, ако тоа биде побарано од страна на тие сервиси. Доброто е што законот не предвидува, дури напротив, нарушување на безбедноста и ...

Од овој месец стапуваат на сила новите правила кои доаѓаат како резултат на два нови закони донесени во Европската Унија. Во случајот на Google и Apple разликата ја прави едниот од законите, а уште сега може да се види дека ќе има и негативни практики поради нив. Една од обврските од законите е компаниите како Google и Apple да им овозможат на корисниците инсталирање на апликации надвор од нивната главна продавница. Во случајот на Google тоа ...

Microsoft ја најави оваа новина минатата есен, а сега го потврди точниот период кога може да се очекува. Copilot ќе стане дел од OneDrive за бизнис корисниците при крајот на идниот месец, односно при крајот на април. Корисниците ќе треба да имаат Copilot for Microsoft 365 лиценца за да можат да го користат овој „асистент“ и во OneDrive до кого ќе може да се пристапи преку веб, како и преку делот за датотеки во Microsoft Teams, OneDrive и ...

„Дали Google станува полош ?“ е името на едно истражување кое ни откри колку е паднат квалитетот на резултатите кои се прикажуваат при пребарувањето, иако не само преку Google. Од компанијата, кои во огромен дел зависат од овој бизнис, најавија надградба на Search со која треба да се подобри квалитетот на резултатите. Тоа би се постигнало со справување токму со проблемите кои беа истакнати во истражувањето, па ќе видиме колку успешно истото ќе ...

Јавниот повик „Стартапувај” е шести по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани за истражување и развој. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на ...

Samsung реши да ја тестира камерата на новиот Galaxy S24 Ultra на начин кој досега никој го нема употребено. Од компанијата четири од овие уреди ги испратија скоро до орбитата на Земјата и направија повеќе од 150 слики. Закачени на специјално дизајнирани и лесни држачи направени од јаглеродни влакна, па потоа на балони наполнети со водород, Samsung ги испрати четирите Galaxy S24 Ultra до висина од околу 35 километри. Ова секако не може да се ...

Од вчера вечерта корисниците можат да ја инсталираат најновата верзија од iOS и iPadOS на своите уреди. Најновата верзија е iOS 17.4 (iPadOS 17.4) и истата донесува доста големи новини, а како главни се сметаат тие изнудени од страна на Европската Унија и нивните нови закони кои наводно се за заштита на корисниците. Новините кои се достапни за корисниците во ЕУ, а можно е и нашата земја да е влегува во оваа листа, ги вклучуваат можноста за ...

Meta оваа недела најави неколку новини кои доаѓаат кај нивната Instagram мрежа, поточно новини поврзани со делот за пораки. Сите новини се мали, но добредојдени, па сигурно ќе го направат подобро искуството кај оваа мрежа која се повеќе се користи и за комуникација. Главната новина, иако не е така најавена, е можноста за измена на испратените пораки. Корисниците ќе имаат рок од 15 минути, исто како и на Messenger, да направат измена на пораката, ...

Една од главните нови можности кои беа најавени за Windows, за време на презентацијата на Windows 11 пред три години, беше можноста системот да работи со Android апликации. Иако оваа можност беше најавувана како една од клучните новини, корисниците не ја добија веднаш, а кога конечно беше пуштена, истата никогаш не стана достапна за повеќе земји, покрај САД и уште неколку. Можноста за инсталација на Android апликации беше овозможена преку ...

Како што повеќето од вас веќе имаат забележано, друштвените мрежи од Meta денеска целосно станаа недостапни за повеќето корисници во светот. „Падот“ на мрежите започна после 16 часот денеска, а статусот се’ уште стои дека проблемот се решава. Проблемите предизвикаа одјавување од Facebook и Messenger и неможност за повторна најава, додека во случајот на Instagram мрежата не можеше да ги ажурира објавите. Погодена од падот беше новата Threads, но ...

Nothing денеска официјално го најави нивниот трет смартфон кој беше најавен на почетокот од минатиот месец. За време на презентацијата, ко-основачот и директор на компанијата, Карл Пеи, најави дека очекува Phone (2a) да биде нивниот најпродаван телефон досега, а тој покажува и каква ќе биде иднината на оваа нова компанија. Nothing Phone (2a) е интересно дизајниран телефон исто како и другите два модели од компанијата. Дефинитивно се издвојува од ...

Познатите Malwarebytes претставија нова верзија од нивната апликација за безбедност на компјутерите, Malwarebytes 5. Истата е прва поголема надградба после подолго време, па повеќето корисници ќе ја сметаат за добредојдена. Корисниците на сите платформи каде досега беше достапна апликацијата можат да ја симнат новата, но ќе треба малку време додека истата им биде достапна на сите преку автоматска надградба. Исто така, корисниците на VPN ...

Работилници против врсничко насилство ќе се одржат и во Општина Илинден, која што се приклучува на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците кои што посетуваат настава во образовните установи во оваа скопска општина, ќе се стекнат со знаења за булингот. Овие едукативни средби ги предводи психолог со практично искуство на темата и работа со лица кои што се соочиле со врсничкото насилство. Александар Георгиевски, градоначалник на ...

Apple навистина оваа недела претстави нови уреди, без посебен настан, додадени само на страната од компанијата, како што најави Марк Гурман. Сепак, денеска не беа претставени сите уреди кои ги очекуваме за овој месец, односно оваа пролет, па изгледа останатите ќе бидат претставени до крајот на месецот или почетокот на идниот, можеби и со посебен настан. Тоа што денеска беше претставено е нова генерација од MacBook Air. Надградба добиваат двата ...

По повеќе пријави од страна на корисниците, Google на крај ја потврди информацијата дека корисниците кои користат таканаречени „рутирани“ Android телефони, нема да можат да комуницираат преку RCS протоколот на Messages апликацијата. Рутирање на Android е практика која порано многу почесто се користеше во главно како начин да телефонот се уреди според желбите на корисникот, во време кога производителите не ги средуваа своите измени на Androdi ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
41%
1019
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
51%
1015
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
57%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.04
67%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 14ᴼ
3.09
64%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
68%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
51%
1019
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1016
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
39%
1019
Currency

61.53

Currency

54.25

Currency

70.9542

Currency

33.8663

Currency

39.1097

Currency

66.5283

Currency

7.41638

Currency

0.65217

Currency

0.37783

Currency

0.52538

Currency

1.4325

Currency

0.63007

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1038.03

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65