Директорот на YouTube јавно ги повика OpenAI и истакна дека нивните модели не смеат да се тренираат на видеата од овој видео сервис. Доколку тоа се случува, истото претставува директно прекршување на правилата за користење на YouTube. Вештачката интелигенција, која изминатите скоро две години стана доста повеќе популарни со претставувањето на ChatGPT, односно генеративната вештачка интелигенција и новите големи јазични модели. Јасно е дека овие ...

Google ја најави една од најдобрите новости досега за корисниците на нивната одлична Google Photos апликација. Повеќето нови функции кои од компанијата ги претставија минатата година со Pixel 8 серијата, сега им стануваат достапни на сите корисници бесплатно. Корисниците добиваат пристап до функциите како што се Magic Eraser, Photo Unblur, Magic Editor, Portrait Light и повеќе. Овие функции, покрај на корисниците на Pixel уредите, им беа ...

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас, Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алис Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство. Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш ...

Скопје, 12.04.2024 – Во современото општество, гласачкото тело е основен столб во конструкцијата на демократска држава, затоа што секој глас е вреден, секој глас прави промена и учествува во крајната одлука. Иднината е во рацете на сите нас и заедно носиме одлуки за подобро утре. Има премногу причини, зошто е важно секој од нас да го даде својот глас. Гласањето е твојата најважна граѓанска обврска и кога гласаш, ја заокружуваш идејата што се ...

На 14 октомври 2025 година завршува поддршката која ја добива Windows 10, па иако Microsoft ќе им понуди на компаниите и корисниците можност да доплатат за дополнителни три години на поддршка, може да се каже дека доаѓа крајот на овој систем. Microsoft уште сега започна со потсетување на корисниците за крајот на поддршката за Windows 10, а интересно тоа го прави кај корисниците кои имаат компјутери на кои не може да се инсталира Windows 11. Во ...

Во текот на седумте саемски денови посетителите ќе можат да си одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори од преку 60 издавачки куќи од Македонија и регионот, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори, во рамките на Саемот. Саемот на книга 2024 ќе биде отворен за посетители на 18 април од 10:00 часот, додека официјалното отворање на кое ќе се обрати и Министерката за култура, г-ѓа ...

Во рамките на Google Cloud Next настанот, од компанијата претставија платена верзија од бизнис верзијата на Chrome, односно новата Chrome Enterprise Premium. Бизнис верзијата ќе остане бесплатна како и досега, а ќе биде наречена Chrome Enterprise Core, додека за новата Premium верзија компаниите ќе треба да платат по 6 долари од корисник месечно, доколку сметаат дека им се потребни дополнителните функции. Chrome Enterprise веќе овозможува ...

Од ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Центарот за корпоративен дизајн во Samsung Electronics Секогаш е возбудливо да се развие производ и истиот да се претстави на пазарот. Секогаш кога ќе го преземам овој предизвик, се прашувам дали новиот производ ќе резонира кај клиентите – можеби, дури и ќе ја промени играта и ќе влијае на животот на значајни начини. Ако погледнеме повнимателно на процесот на развој на производи, дизајнот прави ...

Јасно е дека Apple нема и не смее да пропушти да се приклучи на трендот од своите конкуренти на интегрирање на генеративната вештачка интелигенција. Со оглед на тоа што се работи за Apple, не е чудно што тие доцнат, а исто така не е чудно што информациите се во многу мал број. Тоа што се знае е дека информациите конечно ќе ги дознаеме за време на WWDC 2024 конференцијата, која ќе се одржи од 10 јуни, а на која ќе бидат презентирани iOS 18, ...

Апликацијата Beeper, која стана доста позната по обидите да овозможи комуникација преку iMessage протоколот на Apple за Android корисниците, сега официјално ја пушти својата апликација. Beeper, која досега беше наречена Beeper Cloud, станува достапна за сите корисници со 14 сервиси за разговори, а еден од тие не е iMessage, очекувано. Не се исклучува можност во иднина поддршката да биде додадена, но засега такво нешто не треба да се очекува. Со ...

Општествено одговорната кампања преку која „Макпетрол“ придонесува во решавање на проблемот со булингот се проширува и во Општина Струга. Учениците кои посетуваат настава во основните училишта ќе учествуваат во работилници овозможени од компанијата во рамки на „Крени глас против врсничко насилство“. Предводени од психолог со долгогодишно искуство од областа, овие едукативни средби на младите им обезбедуваат знаења што ќе им помогнат кога ќе се ...

Силно веруваме дека гласот на МААА треба да се слушне, бидејќи МААА има широк спектар на експерти од повеќе дисциплини, подготвени да дадат совети за различни теми на оние на кои им е потребна, посочи Катерина Топалова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во првата епизода на поткастот учествуваа и Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист. Да се биде млад човек денес, меѓу другото, значи секојдневно да ви го ...

Скопје, 11 април 2024 г. – Истражувачката компанија Omdia извести дека Samsung постигнал 30,1% удел на глобалниот пазар на телевизори во 2023 година, зајакнувајќи го својот статус како лидер во индустријата уште од 2006 година. Овој успех е во голема мера резултат на стратегиската фокусираност на компанијата на премиум категории и телевизори со голем екран, поттикната од нејзините врвни QLED и OLED модели. Од своето лансирање во 2017 година, ...

Meta најави неколку новини кај нивната Messenger апликација кои ќе станат достапни веднаш или во неделите што следат. Главната новина може да се каже е можноста за испраќање на HD слики, односно слики во повисока резолуција. Ваквите апликации обично не се баш најдобри за испраќање на слики кои потоа корисникот би сакал да ги зачува. Истите се компресираат со цел заштеда на простор, а и побрзо испраќање, па можноста да се испрати слика во ...

Основачите на Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, по излегувањето од Meta продолжија на нов проект, кој стана достапен во јавноста минатата година. Се работеше за нова апликација за новости која како главна предност ја имаше вештачката интелигенција која треба да одредува кои вести им се важни на корисниците. Апликацијата стана доста популарна, а посебно кај одредена група на корисниците, но тоа не беше доволно за да се продолжи со ...

Официјално започна со функционирање на Find My Device мрежата која Google ја најави за време на Google I/O 2023, односно минатата година. За почеток оваа нова Android функција ќе им биде достапна на корисниците од САД и Канада, но наскоро може да ја очекуваат останатите корисници во светот. Тоа по кое посебно се истакнува Find My Device и се разликува од досегашната можност за откривање на локацијата на Android смартфоните, е функционирањето со ...

WITCON е конференција со главен фокус на спој помеѓу технологијата и бизнис заедницата. По втор пат, оваа година повеќе од 20 говорници ќе ја споделат својата експертиза на различни теми од овие две категории. Преку панел дискусии говорниците од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последната година, бизнис предизвиците со кои компаниите се соочуваат и искуствата од нивните успешни приказни. Низ ...

Скопје, –04.2024 – „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе се запраша каков е нашиот став кога станува збор за гласање и зошто толку малку внимание посветуваме на правото на глас. Дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од кампањата “Не е ...

Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Кавадарци ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Оваа активност е дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со цел поефикасна реализација, општината и компанијата потпишаа меморандум за соработка. На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 20 општини. Работилници се одржаа во над 40 училишта, а на нив учествуваа неколку илјади ученици. Истите се во ...

Со освоени вкупно 11 медали, од кои пет златни, четири сребрени и две бронзени, карате клубот „Макпетрол“ е прворангиран на државниот плејоф-турнир за сениори. Скопскиот тим е најуспешен на ова натпреварување на кое учествуваа 33 екипи од Македонија. На овој собир право на учество имаа само освојувачите на одличја на државното првенство за сениори што се одржа минатата недела. Турнирот имаше изборен карактер за влез во македонската сениорска ...

Скопје, 8 април 2024 г. – Во текот на повеќе од 50 години соработка, Samsung Electronics и Corning Incorporated ја покажаа отвореноста и посветеноста на Samsung работејќи на иновативни материјали за екрани што им нудат на корисниците на Galaxy уредите исклучителна издржливост и јасност. Со неодамнешниот паметен телефон Galaxy S24 Ultra, таа соработка достигна ново ниво со користење на заштитното стакло Corning® Gorilla® Armor. Достапно исклучиво ...

Во најновата бета верзија од Phone апликацијата од Google достапна е мала новина која ќе им го олесни на корисниците процесот на откривање чиј е непознатиот број кој ги бара. За истото е додадено ново копче кое се притиска на непознат број во историјата на повици, копче кое овозможува да се пребара бројот на интернет, со Google Search на пример. Од ова се гледа дека целта на оваа новина е да се откријат бизнис броевите, што значи дека не е ...

Марк Гурман во неговиот најнов неделен билтен, продолжува со најавата дека Apple ќе претстави нови iPad уреди во мај. Таблет компјутерите првично беа најавувани за крајот на март или почетокот на април, но наводно е дојдено до одложување поради производствениот процес на новите OLED панели. Гурман сега дава и поточен период за тоа кога може да се очекуваат новите уреди, а тоа е неделата од 6 мај, односно втората недела во месецот. Тоа што се ...

Елон Маск, стандардно преку сега неговата мрежа X, најави дека Tesla ќе влезе на пазарот на такси со автономни возила. Tesla Robotaxi сепак не е нешто за кое првпат се слуша, а Маск со години најавува ваква можност. Сега од компанијата ќе презентираат повеќе информации за Robotaxi, а според најавата од страна на Маск тоа ќе се случи на 8 август оваа година. Во претходните најави од Маск се најавуваше и можноста сопствениците на Tesla автомобили ...

Анализа на бројот и вредноста на онлајн трансакциите Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 39.929,2 милиони денари или 649,3 милиони евра, односно бележи пораст ...

Скопје, 8 април 2024 г. – Дојде ерата на мобилната вештачка интелигенција, а раните корисници веќе уживаат во придобивките на најновата иновација. Поттикнати од вештачката интелигенција, Samsung направи значајни ажурирања на апликацијата Try Galaxy за да ги понуди функциите Превод во живо (Live Translate), Помош за разговор (Chat Assist), Помош за белешки (Note Assist), Помош за фотографирање (Photo Assist) и Пребарување со заокружување на ...

Скопје, 07.04.2024 – „Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“… И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е – гласај без изговори. „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. ...

Повеќе од три илјади учеснички застанаа на старната линија Скопје, 07.04.2024 – Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, ...

Скопје, 05.04.2024 Оваа недела, 07.04.2024 ќе се одржи 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“. Утре на официјалната фејсбук страница ...

Во Canary верзијата од Edge прелистувачот, Microsoft тестира нова можност која е наменета за „гејмерите“, иако тие не се единствените кои може да имаат корист од истата. Се работи за нова опција која е додадена во System and performance делот во прилагодувањата која овозможува корисниците да ограничат колку RAM ќе може да користи Edge. Ограничувањето ќе биде од 1GB, па се до меморијата која е достапна на компјутерот. Две можности ќе им бидат ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
41%
1019
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
51%
1015
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
57%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.04
67%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 14ᴼ
3.09
64%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
68%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
51%
1019
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1016
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
39%
1019
Currency

61.53

Currency

54.25

Currency

70.9542

Currency

33.8663

Currency

39.1097

Currency

66.5283

Currency

7.41638

Currency

0.65217

Currency

0.37783

Currency

0.52538

Currency

1.4325

Currency

0.63007

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1038.03

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65