Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците како дел од неговиот план за ставање крај на двегодишната војна во палестинската енклава. Само еден ден по втората годишнина од нападот на Хамас(која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација)врз Израел, што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во Египет ...
Два старечки дома се под истрага за третманот кон луѓето што биле сместени во нив. Во двата, фигурира иста директорка. Обвинителството тврди дека имало физичко и психичко насилство, се давале непрепишани лекови и немало доволно оброци. Забелешки за храната и немањето доволно персонал инспекторите наоѓале и пред две години, покажуваат извештаите. Луксузни и комфорни соби со сопствен балкон, опремени со смарт телевизори, климатизери, СОС тастери ...
Од македонските ниви, 15 илјади килограми црвени пиперки со високо ниво на пестицидот метомил стигнале на хрватскиот пазар. Европскиот систем за безбедност на храната објави дека пиперките се повлечен. Употребата на овој пестицид е забранета, а инспекциите вршат контрола кај производителите. Хрватските власти по четврти пат годинава открија високо ниво на пестицид во македонски зеленчук. Последната ваква пратка до тамошниот пазар била испратена ...
Украинските сили и натаму ги спречуваат руските сили да напредуваат кон Костјантинивка во регионот Донецк. Но, градот на фронтовската линија е под постојано бомбардирање, што го прекина снабдувањето со електрична енергија, а некои населби ги остави во урнатини. Неколку очајни жители на Костјантинивка се собраа околу оган во населба во урнатини од оштетени згради и изгорени автомобили. Цевките за гас и далноводите се прекинати од руските напади ...
Затворот Карчак е основан во 2010 година и оттогаш е санкциониран од Соединетите Држави и Европската Унија. Озлогласениот затвор Карчак, сместен во пустина надвор од Техеран, долго време служи како мрачен симбол на репресија во Иран. Сега, смртта на неколку затворенички повторно ги разгоре повиците до властите да го затворат објектот, за кој се верува дека е еден од најголемите женски затвори во светот. Властите ги бранеа условите во објектот, ...
Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, соопшти Јавното обвинителство (ЈО) по информациите дека повредениот е носител на листа на ДУИ за општина Липково за престојните локални избори. ДУИ бара од институциите да преземат конкретни чекори за враќање на јавната доверба и безбедноста на теренот. Едно лице е повредено попладнево(7 октомври) на улицата зад зградата на општина ...
Скопје како најголем град во државата има и најголем број на советнички листи - вкупно 20, на кои 855 кандидати се тркаат за 45 советнички места. Но, надвор од главниот град, борбата во одредени помали градови е уште поголема, имајќи го во предвид бројот на гласачи наспроти кандидати за советници. 35-годишната Николина Велјаноска е жителка на Македонски Брод, која на овие локални избори е носителка на независна група избирачи која ќе се бори за ...
Додека во Брисел се бараат начини за заобиколување на ветото во обид да се одблокира европскиот пат на Украина и другите земји кандидати, во Северна Македонија се најавуваат раздвижувања по изборите. Идејата за укинување на консензусот во текот на преговорите со земјите кандидати, може да е чекор кон негово целосно укинување во ЕУ. Дали Скопје може да се „потпре“ на ваквите очекувања? Укинување на едногласното одлучување во Европската Унија (ЕУ) ...
Полицијата и Безбедносната и информативна агенција на Србија не одговараат на обвинувањата дека ги криеле информациите за рускиот паравоен камп на западот од земјата. Вакви обвинувања упати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наведувајќи дека информациите за борбената обука на странски државјани за предизвикување немири во Молдавија „доаѓаат од приватни извори“. Тој исто така рече дека српските оперативци „или молчеле или директно ...
Францускиот премиер Себастиен Лекорну поднесе оставка на 6 октомври, само неколку часа по назначувањето на неговиот нов кабинет, втурнувајќи ја Франција повторно во политичка криза во која е заглавена од 2022 година. Што може да се случи следно и како дојде до оваа ситуација: Опциите на Макрон: нов премиер, избори или оставка По прифаќањето на оставката на Лекорну, францускиот претседател Емануел Макрон се соочува со три непријатни избори. Прво, ...
Резиме Вкупно 1285 абортуси со таблети лани извршиле докторите на Клиниката за гинекологија. Од нив речиси 95 отсто биле извршени со таблети. Овие податоци се однесуваат на оние бремености кои биле прекинати до дванаесеттата гестациска недела. Иако медикаментозниот абортус се користи сè повеќе и се смета за побезбеден и помалку инвазивен од класичната хируршка интервенција, таблетите со кои се изведува оваа процедура сè уште не се регистрирани ...
Од евроинтеграции до обвинувања за предавство за националните прашања до закани за „чистки“ во правосудството, ова се темите кои ги засенија ветувања за живот во новата ера со чисти улици со празни контејнери и нови градинки. Партиските лидери доминираа во првата недела од изборната кампања. Локалните избори што треба да одредат кој ќе ги води општините уште еднаш се претвораат во бојно поле меѓу партиските лидери за големите национални прашања. ...
Украинско гранатирање на рускиот регион Белгород ја оштети енергетската инфраструктура, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на илјадници корисници, изјави во понеделник(6 октомври)гувернерот на регионот, кој се граничи со Украина. „Иако инженерите и службите за итни случаи го вратија снабдувањето со електрична енергија на речиси 34000 корисници до понеделник наутро, околу 5400 во 24 општини сè уште беа без електрична енергија“, ...
Експремиерот Бабиш победи на изборите, но нема мнозинство во парламентот. Тој уверува дека ќе се посвети на ЕУ и НАТО, но можеби ќе биде принуден да соработува со евроскептичните партии во Чешка. По драматичниот политички камбек на парламентарните избори на 4 октомври во Чешка, поранешниот премиер Андреј Бабиш, се обиде да го смири Западот во врска со неговата посветеност кон ЕУ и НАТО. Но, можеби ќе биде принуден да соработува со уште ...
Ниту едно јавно претпријатие во Скопје нема да се приватизира, уверува кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Тој најавува и дека ќе го имплементира БРТ системот во јавниот превоз, а смета и дека во неговиот мандат може да направи парк од депонијата Вардариште. Ова се дел од темите на кои разговараме со Ѓорѓиевски во предизборните интервјуа на РСЕ. Господине Ѓорѓиевски, кој е вашиот главен приоритет од проектите што прв ќе ...
Грузиската полиција употреби солзавци и водни топови против демонстрантите кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси. Денеска, 4 октомври, во Грузија се одржуваат локални избори, а на улиците излегоа илјадници луѓе откако опозицијата повика на големи протести против владејачката партија Грузиски сон на денот на гласањето. Целта на опозицијата е да ги оживее секојдневните демонстрации што започнаа минатата година по наводните ...
Опозициските лидери во Грузија ги користат локалните избори на 4 октомври за повторно оживување на антивладините протести кои во голема мера исчезнаа во последните месеци. Меѓутоа, повикот за бојкот на гласањето ги нагласи поделбите во нивните редови. Масовните демонстрации во кавкаската република избувнаа кон крајот на 2024 година, по наводните неправилности на парламентарните избори и владината одлука за прекин на разговорите за пристапување ...
Не сме спремни Дрисла да биде под јавно-приватно партнерство, вели Каја Шукова кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ. Отпадот, загадувањето на воздухот и јавниот превоз, се меѓу нејзините приоритети за главниот град. Првата линија од БРТ, според неа, може да започне да вози за три години. Како ќе ги реализира ветувањата кога јавните претпријатија тонат во долгови, но и како би соработувала со централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, се дел од ...
Предметот веќе е распореден кај судија и треба да се закаже првото судско рочиште. Меѓу обвинетите се поранешни министри, градоначалници, директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Родителите на жртвите, шест месеци преку маршеви бараа праведна разрешница и одговорност од институциите. Обвинението за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е одобрено во целост, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Тоа значи дека за најголемата трагедија ...
До ДИК пристигнаа 17 понуди од компании за рекламирање на билборди и паноа. Партиите ќе можат да изнајмуваат рекламен простор од релативно нови до познати актери на пазарот. Промоција на мегабордите, пак, не е опфатена во Изборниот закон - договорите остануваат во договор со станарите на зградите. Кампањата за претстојните локални избори ги изнесе на улица главните политички пораки и ликовите на кандидатите за градоначалници. Kандидатите се ...
„Роби Вилијамс е поефикасен во борбата против корупцијата од бугарските институции.“ Ова беше само една од шегите од социјалните мрежи по корупцискиот скандал поврзан со концертот на светска ѕвезда одржан во главниот град на Бугарија на 28 септември. Значи, името на Роби Вилијамс, наместо да се спомене поради концертот, заврши во сосема друг оддел. И тоа без негова вина. Што се случи? Властите објавија дека транспортните инспектори запреле пет ...
Во септември 2022 година, украинските сили ги прегазија лошо подготвените одбранбени позиции и, движејќи се кон север, исток и југ низ регионот Харкив, стигнаа до реката Оскил и го вратија градот Купјанск. Тоа беше врвна точка за Украина, знак на украинската решителност исто колку и симптом на руска дезинтеграција. Три години подоцна, Купјанск повторно е на работ да падне во руски раце. Овој пат, тоа ги одразува тешкотиите на Украина исто колку ...
Одбраната, владеење на правото, културата, трговијата се дел од темите во Стратешкиот дијалог со САД, но кои се резултатите? Овој процес, според властите, помага и во остварување на НАТО целите. Дел од познавачите сметаат дека дијалогот е во насока и на стабилизација на Балканот што е една од целите на американската надворешна политика. Македонските граѓани да патуваат во Соединетите Американски Држави (САД) само со пасош, без да има потреба да ...
Резиме Неодамна објавените 800 страници од договори и преписки покажуваат дека Русија ѝ помага на Кина да ја подготви својата војска за потенцијална инвазија на Тајван, според независен тинк-тенк кој ги примил досиејата и ги проверил независно. Олександр В. Даниљук, соработник во Кралскиот институт за обединети служби, кој ги добил протечените досиеја заедно со неговиот коавтор, Џек Ватлинг, разговараа со РСЕ за тоа што значат наодите за идната ...
Европската Комисија се одлучи да не ја вклучи забраната за руски туристички визи кога го испрати својот последен предлог за санкции до земјите-членки на ЕУ претходно овој месец. Премногу земји во блокот, особено оние со големи туристички дестинации, посочија дека ќе бидат против таков потег во неофицијални разговори со извршната власт на ЕУ пред прецизниот нацрт да биде испратен до националните влади. Но сега, Европската Комисија наместо тоа ...
Во минатите шест месеци повторно има недостаток на одредени лекови за канцер на дојка и покрај тоа што буџетот за лекови е за 65 отсто повисок од лани, според здружението “Хема - Онко“. Пациенти се жалат и бараат чаре во приватното здравство. Директорот на Клиниката за онкологија потврди дека имало доцнење од страна на добавувачот, но вели дека процедурите се завршени и лековите веќе ги има на клиниката. „Ние сме еден чекор напред, три чекори ...
Се уште има многу граѓани кои сакаат да инвестираат исклучиво во станови, но постепено ги диверзифицираат своите инвестиции. Освен во станови, сè повеќе пари се насочуваат кон инвестициските фондови, берза, депозити, па дури и злато и криптовалути – особено кај младите инвеститори. Дел од вложувањата на македонските граѓани сè уште завршуваат во купување станови, но во последните години се забележува тренд на диверзификација во инвестирањето – ...
Како одговор на неодамнешните упади на беспилотни летала што го нарушија воздушниот сообраќај во Копенхаген и во данскиот град Алборг, Данска ги собира европските лидери во главниот град на 1 и 2 октомври на два самити за безбедност и одбрана. Шведска и Германија обезбедуваат дополнителна заштита од беспилотни летала за својот сосед пред состаноците, од кои првиот ќе се фокусира на градењето на европската одбрана заедно со Украина и ќе ги вклучи ...
Кога чешките гласачи ќе се упатат кон гласачките кутии овој викенд, многумина стравуваат дека земјата може да се сврти од својот проевропски пат, одземајќи ѝ еден од најверните поддржувачи на Украина. Повеќето анкети покажуваат дека милијардерот Андреј Бабиш и неговата популистичка партија АНО ќе победат на парламентарните избори на 3-4 октомври со околу 30 проценти од гласовите. Тоа значи дека Бабиш ќе мора да формира коалициска влада со ...
Драматично влошување на еколошките услови со сериозни последици за населението во Северна Македонија, покажува извештајот на Европската агенција за заштита на животната средина. Енергетската сиромаштија погодува 23,85% од домаќинствата, што е значително над просекот на земјите- членки на ЕУ од 7,5%. Екстремно загаден воздух, изразена енергетска сиромаштија, неефикасно управување со отпад и бавен напредок во енергетска транзиција нотира ...