Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Старите проекти кои никогаш или делумно се реализирани, сега ги најавуваат и новите кандидати за градоначалник на Скопје - Луна парк, Универзална и концертна сала, трамвај... Граѓаните за РСЕ велат дека ги намалиле очекувањата за големи проекти, сакаат само чист град со регулиран јавен превоз. Од пречистителната станица за отпадни води, преку нов Луна парк, до нова концертна сала, односно нова Универзална сала, и трамвајот се дел од проектите ...
Со оглед на тоа што Соединетите Држави укажуваат дека можеби нема да бидат подготвени да ги финансираат одбранбените потреби на Украина уште долго, Европската Унија разгледува различни начини за покривање на поголем дел од сметката во 2026 и 2027 година, претпоставувајќи - како што мислат повеќето луѓе во Брисел - дека војната ќе продолжи. Најочигледната индикација за ова дојде за време на годишното политичко обраќање на претседателката на ...
Резиме Жестока, но и црна кампања и наративи кои често ќе се однесуваат на теми што не се поврзани со локалните проблемите на општините. Вакви се очекувањата на дел од аналитичарите за тоа што ќе слушаат и гледаат граѓаните во наредните 20-тина дена од кампањата за локалните избори во Северна Македонија која официјално започна денеска, 29 септември. Неофицијалната кампања, пак, започна уште летото кога почнаа да се објавуваат имињата на ...
Парламентарните избори во Чешка се одржуваат на 3 и 4 октомври, а опозициската партија АНО на поранешниот премиер Андреј Бабиш води на анкетите, пред главните владејачки партии од десниот центар. Влада предводена од партијата АНО веројатно би дошла во конфликт со Европската Унија во врска со климатските политики и миграцијата, би ја намалила поддршката за Украина и би се усогласувала почесто со владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува ...
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, и нејзината Партија на акција и солидарност (ПАС) изгледа дека ќе излезат како победници на клучните избори, и покрај тоа што се чини дека Кремљ спровел координирана дезинформациска кампања. Но, вистинскиот победник веројатно е Брисел. ПАС, про-западна партија во една од најсиромашните европски држави, се соочи со жесток предизвик од својот најголем ривал, Патриотскиот изборен блок – алијанса на ...
Паралелни собири на противници и на поддржувачи на владата на Србија предводени од Српската напредна партија (СНС) се одржуваат во неколку градови во Србија во недела, 28 септември. Во општина Богатиќ, дошло до конфликт меѓу две групи - поддржувачи и противници на владата. Како што објави Н1, се слушнал и топовски истрел. Во близина на зградата на Радио и телевизија на Србија во Белград, полицијата ги потисна граѓаните собрани на покана на ...
Резиме Молдавците започнаа да гласаат на клучните парламентарни избори, соочени со избор меѓу два патишта: продолжување на патот кон членство во Европската унија или свртување кон Русија, во услови на бројни извештаи за мешање на Кремљ во изборната кампања. Гласачките места се отворија во 7 часот наутро по локално време на 28 септември во сиромашната земја која има „прва линија“ поглед кон војната на Русија во соседна Украина. Гласањето ќе ...
Децении изложеност на високи концентрации на аерозагадување го поткопуваат имунолошкиот систем на жителите, вели професор Драган Ѓорѓев. Резултатот е стотици случаи на рак на бели дробови и други видови карциноми, бројки кои се двојно поголеми споредено со светскиот просек. Ѓоргев вели дека еколошките фактори доминираат во причините. Професоре Ѓорѓев, деновиве граѓаните на Скопје се загрозени од загадување од пожари од отпад во Дрисла, ...
Иран ги отповика своите амбасадори од Велика Британија, Франција и Германија, додека се ближи времето за воведување „повратни“ санкции од страна на Обединетите Нации (ОН) за Техеран поради неговата нуклеарна програма. Доколку не се постигне вонреден договор во последен момент, ОН треба повторно да воведат казнени мерки против Иран до 27 септември на полноќ. Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека ги повикало амбасадорите дома на ...
По последниот случај на фемицид во кој беше убиена велешанката, Росица Коцева, Движењето за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе“ организираше протести во Скопје. Меѓу оние кои протестираа е и Сара Миленковска, политиколог и м-р по родови студии, со која разговараше РСЕ. Какви пораки испративте до институциите преку досегашните протести и кои се вашите барања? Миленковска: Ви благодарам за можноста да зборуваме малку повеќе и подиректно ...
Резиме Европската комисија е свесна за обидите на Русија да влијае врз парламентарните избори во Молдавија на 28 септември и испитува „како било можно“ десетици Молдавци наводно да биле обучени во Србија за тактики на дестабилизација, изјави за РСЕ комесарката за проширување Марта Кос. Во разговор за балканскиот сервис на РСЕ, Кос ја пофали молдавската влада за откривањето на наводниот план, велејќи дека „се покажала како отпорна и способна да ...
„Минусот“ од лани до сега е 509 лекари, според бројот на активни лиценци во Лекарската комора. Министерството за здравство најави анализа за постојниот јаз меѓу образовниот систем и реалните потреби во здравството. Во меѓувреме, како „ад хок“ решение, ситуацијата ќе ја спасуваат доктори од странство и од приватните клиники. Лекарската комора бара да се врати стариот систем на специјализации. Вкупно 242 анестезиолози, 382 педијатри и 49 патолози ...
Резиме Елизабета Ристовска од Скопје има 43 години и веќе четири години живее со дијагноза на рак на дојка кој метастазирал на други делови на телото, вклучително на белите дробови. Со постојани болки, ограничена подвижност, голема исцрпеност, но и секојдневна борба да најде сила да продолжи понатаму, таа ни раскажа дека загадениот воздух во главниот град дополнително го влошува нејзиното веќе нарушено здравје. „Загадениот воздух е катастрофа за ...
Започна со проширување на Институтите Конфучие и заеднички академски програми, а заврши со капитално-економски и инфраструктурни договори и технолошки прилив. Денес, присуството на Кина во шесте земји од Западен Балкан е раширено, од културна до економска дипломатија. Експанзијата на присуството на Балканот се случува од 2013-14 година, кога Кина ја започна иницијативата „Појас и пат“. „Појас и пат“ е најголемиот инфраструктурен потфат во ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, ја претстави Резолуција за дефинирање на заеднички државни и национални позиции за патот на Северна Македонија кон ЕУ. Во неа стои дека државата е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка и да ги донесе уставните измени, но како последна пречка. Владата на Северна Македонија и сите државни институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, ...
Жени на листите за градоначалници има само во 24 општини. Дури 57 актуелни градоначалници бараат нов мандат, а во трка се и десетина министри и пратеници. Новаци, со само 2.600 жители е меѓу општините со најмногу кандидати – дури шест. Што покажува анализата на кандидатурите за локалните избори? Вкупно 309 кандидати се во трка за 81 градоначалничко место – 80 општини плус Градот Скопје за претстојните локални избори, покажува анализата на ...
Што имаат заедничко руската ГРУ, неонацистички ветеран од украинската војна, и поранешните ултрадесничарски фудбалски навивачи? Тие се поврзани со тековна кампања за регрутирање саботери во САД и Европа. Истражната единица на РСЕ, Система, ги документира тие врски за прв пат. Видеото почна да циркулира на почетокот на август, главно на каналите на Телеграм, кои беа познати по руските националистички и провоени чувства. Женски глас со ехо ...
Во ненадејна промена, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина, со помош на своите европски поддржувачи, може да ја врати целата територија окупирана од Русија. Неговата изјава на социјалните мрежи на 23 септември, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, брзо предизвика возбуда. Претходно, Трамп и други американски претставници силно сугерираа дека ...
Пожарот кој избувна во објект за електронски отпад им создаде проблеми во дишењето на жителите во Трубарево за кои денеска (24 септември) таму почнува дводневен скрининг. Пожарот ја „разгори“ и дилемата – дали да се јаде храната која тие ја произведуваат. И покрај загриженоста, анализите покажаа дека нема радиоактивност во почвата, ниту тешки метали во водата. Експерти, за РСЕ, сугерираат дека доволно е храната убаво да се измие, но потребна е ...
Северна Македонија се обврза да го промени Уставот. Чекаме наскоро да одржат локални избори. Веројатно нема да биде порано, но очекуваме тоа да се случи што е можно поскоро, порачува Марта Кос, европската комесарка за проширување, во интервју за Радио Слободна Европа. Таа исто така смета дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е услов за двете земји да се приближат до европското семејство. Кос е во Босна и Херцеговина, на тридневна ...
Кристина Круду ги разгледува своите јаболкници и се жали дека нејзиниот бизнис наскоро може да банкротира поради економските стресови што ги претрпе Молдавија по општата инвазија на Русија врз соседна Украина. Молдавија е сè уште цврсто поврзана со земјоделството, со повеќе од една четвртина од населението вработено во полиња, лозја и овоштарници. Додека се подготвува за парламентарните избори на 28 септември, таа е исто така плодна почва за ...
Резиме Американскиот претседател Доналд Трамп склучи трговски договори во вредност од над 12 милијарди долари со Узбекистан и Казахстан, во рамките на напорите на Белата куќа за продлабочување на економските врски со стратешкиот централноазиски регион. Узбекистан се согласи да купи до 22 авиони од „Боинг“ со седиште во Вирџинија, соопшти компанијата. Државната авиокомпанија „Узбекистан ерлајнс“ ќе купи 14 со опција за купување уште осум, соопшти ...
Директна продолжена дискриминација врз душевно болните пациенти прават трите психијатриски болници и Министерството за здравство, утврди Комисијата за заштита од дискриминација. Граѓански организации и Народниот правобранител и минатите години укажуваа на нехумани услови и недостиг на персонал во овие болници, на засега нема најави дека состојбите ќе се подобрат. Трите психијатриски болници и Министерството за здравство вршат директна продолжена ...
Претставници на НАТО се собираат на состанок на Северноатлантскиот совет (NAC) на 23 септември, свикан од Естонија како одговор на упадот на руски воени авиони во нејзиниот воздушен простор минатата недела. Тој инцидент и претходните упади на руски беспилотни летала во други членки на НАТО, особено во Полска на 10 септември, ја оставија алијансата во потрага по вистински одговор. Чешкиот претседател Петр Павел, професионален војник кој служеше ...
Концентрациите на PM10 честички во зоната на Трубарево се безбедни и не ја надминуваат законската граница – информираше Министерството за животна средина по пожарот кој на 13 септември изби во складиштето за електронски отпад. Испитувањата и на воздухот и на почвата продолжуваат Според резултатите од Индикативните мерења на суспендирани цврсти честички – фракција PM10 во зоната на Трубарево, во периодот 14-18 септември 2025 година, што ги изврши ...
По признавањето вина од онкологот Пешевска и изрекувањето на пресудата за неа, судењето за несовесно лекување пациенти ќе продолжи за поранешниот директор и двајца доктори од Онкологија. Во судска постапка е уште и предмет против поранешните директори на Клиниката – медицински и економски. И тие и докторите, ги отфрлаат обвиненијата што им се ставаат на товар. Алтернативна мерка - условна казна доби докторката, онколог, Мери Пешевска, во ...
Резиме Украинците во градот Костјантинивка, во близина на источната линија на фронтот во војната на Русија против Украина, се во постојана опасност. Руските сили во регионот Донецк се обидуваат да напредуваат од неколку насоки, истражувајќи слаби точки во одбраната. Кремљ сака да го прекине пристапот на украинските сили до патиштата за снабдување, што го прави овој град главна цел. И покрај постојаното гранатирање и прекините во снабдувањето со ...
Два дена по упадот на руските беспилотни летала на полска територија на 10 септември (настан без преседан) НАТО го откри својот одговор – Операција „Источна стража“. Мисијата започна веднаш на 12 септември, но ќе биде дополнително развиена во наредните недели. Целата идеја, според алијансата, е да ја зајакне својата позиција, поврзаност и флексибилност по целото источно крило. Иако фокусот моментално е на руските беспилотни летала и географски ...
Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзела лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа Господине Живковски, зошто досега не беше ставен во функција регистарот на цени и закупнини на недвижности, кој што требаше да им oвозможи на граѓаните приближно точна информација ...
Резиме Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Авганистан со неодредени „лоши работи“ доколку не ја врати големата воздухопловна база Баграм, надвор од Кабул, на Соединетите Држави — барање што претходно беше одбиено од страна на талибанските власти во земјата. „Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, Соединетите Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ,“ напиша Трамп на 20 септември на Truth Social. ...