Додека забрзано шета низ улиците на Северна Митровица, еден локален жител на околу 60 години луто мавта со раката кога екипата на Радио Слободна Европа го праша како го коментира фактот дека локалната самоуправа повторно ќе ја водат Срби, кои го сочинуваат мнозинското население на север. Потоа застанува, се враќа и вели: „Ние сме веќе уништена нација, сите нè уништија, а Белград нè продаде. Разбирате ли?“. Не сака јавно да зборува за своето ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе почне на 19 ноември годинава во судницата во КПУ Идризово, соопшти Основниот кривичен суд - Скопје. Веднаш оваа вест, родителите на загинатите во пожарот во Кочани објавија дека ќе ги стават во мирување секојдневните едночасовни блокади на една од сообраќајниците во градот, но и понатаму ќе продолжат со „Маршот за ангелите“ што се одржува секоја сабота. Родителите и семејствата на загинатите ...

Резиме Животот за македонските граѓани останува неподносливо скап. Инфлацијата е висока и без нови енергетски шокови, а сè повеќе луѓе се принудени да бараат дополнителна заработка само за да го поминат месецот. Еден од нив е 43-годишниот Никола Ф. од Скопје, кој ни раскажа дека неодамна почнал да работи и втора работа за да може да ги покрие основните трошоци на своето семејство. „Живеачката не поскапе, туку поскапува постојано со брзо темпо. ...

Резиме Поранешен руски дипломат поврзан со скандал со избегнување санкции во кој е вклучен еден од врвните поранешни контраразузнавачки агенти на ФБИ и озлогласен руски олигарх треба да биде осуден по обвинение за лажење на американските органи за спроведување на законот. Пресудата на Сергеј Шестаков, закажана за 16 октомври во федералниот суд на Менхетен, затвора поглавје во случајот што го засрами ФБИ, а исто така фрли нов фокус на Олег ...

Четири од вкупно 78 сообраќајни несреќи биле предизвикани од пешаци, во 72 виновни биле возачи, а останатите две се случиле поради други фактори, покажува статистиката од МВР од 1 јануари до 31 август. Во Северна Македонија, годишниот број на загинати во сообраќајни несреќи е над европскиот просек. Вкупно 91 граѓанин загинале во сообраќајни несреќи за осум месеци, покажува статистиката што Радио Слободна Европа(РСЕ) ја доби од Министерството за ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Горан Марковски поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“ во интервју за РСЕ вели дека ќе стави крај на урбанистичкиот хаос во Скопје преку спречување на „нарачаните дупови“ од инвеститорите. Тој најавува и болни, но како што вели, неопходни промени во сообраќајот, вклучително стеснување на широките булевари. Господине Марковски, доколку станете градоначалник, кој е клучниот проблем на кој ќе ...

Русија се бори со недостиг на гориво и зголемување на цените по низата украински напади врз нејзините рафинерии за нафта. За да ги заштити залихите во Русија, каде што се пријавени долги редици на бензинските пумпи во некои региони, Москва го забрани или ограничи извозот на бензин и дизел. Овој потег предизвика недостиг на гориво и зголемување на цените во некои од поранешните советски републики во Централна Азија, кои се многу зависни од ...

Резиме Додека српскиот претседател Александар Вучиќ се соочува со антивладини протести во Белград, формирањето на нови институции во Приштина се одложува со месеци. Но, надвор од внатрешните кризи во двете земји, реториката за безбедноста станува сè поостра, што покренува прашања за реалниот ризик, но и за тоа кој би можел да има корист во таква ситуација. Што му рече Османи на командантот на НАТО? Косовската претседателка Вјоса Османи минатата ...

Словачка е голем поддржувач на македонските евроинтеграции, а ЕУ не може да си игра со довербата на луѓето во оваа земја, порача од Скопје, словачкиот претседател Петер Пелегрини кој денеска (14 октомври) престојува во официјална посета на земјава. Пелегрини не штедеше критики кон Европската Унија, која како што рече, применува двојни стандарди во процесот на проширување. „Сфаќам дека минавте тежок пат кон ЕУ, знам колку беше тешко да се реши ...

Освен отворено проруската партија „Единствена Македонија“, која бара збратимување на Скопје со Москва, неколку други политички актери со врски со Русија се активни на локалните избори. Загриженост на ОБСЕ/ОДИХР за странско манипулирање со информации. Локалните избори во Северна Македонија, откриваат знаци на руско влијание преку реториката и активностите на одредени политичари. Иако сите тие имаат маргинална поддршка, тоа покажува дека Москва ...

Најновите ограничувања на извозот на ретки земни минерали од страна на Кина ризикуваат не само повторно да разгорат трговска војна со Соединетите Држави, туку би можеле да имаат и далекусежни импликации за напорите за вооружување на Украина и развојот на инфраструктурата во Централна Азија. Тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон повторно се разгореа околу ретките земни минерали (суштинска група од 17 елементи кои се наоѓаат во сè, од батерии за ...

Конфликт меѓу авганистанските Талибанци и соседниот Пакистан изгледаше незамислив кога радикалната исламистичка група, долгогодишен сојузник на Исламабад, ја презеде власта во Авганистан во 2021 година, по повлекувањето на меѓународните сили и падот на владата што ја поддржуваа. Сепак, стравувањата од тотална војна се зголемија откако викендот се случи најсмртоносниот судир меѓу талибанските борци и пакистанските трупи. „Оваа конфронтација е ...

Уште една група од 13 израелски заложници беше ослободена од заробеништвото на Хамас, кое САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација. „На пат сме кон израелската армија“, изјави висок функционер на Црвениот крст за „Тајмс оф Израел“. Израелската армија потврди, како што објавија медиумите, дека Црвениот крст ја информирал армијата дека пред некое време зела 13 заложници од Хамас во јужниот дел на Газа. Претходно, седум заложници, меѓу кои ...

Ги бараат гласовите од целиот електорат, но сите граѓани не можат да стигнат до избирачките места. За политичарите, граѓаните со попреченост се граѓани од втор ред – коментираат нивните здруженија. Тие нотираа дека во 2020 година, 76 проценти од избирачките места не биле пристапни, но и во пресрет на овие избори, ситуацијата велат не е променета. Пред неколку дена, Методи Митев од Кочани добил телефонски повик од свој сограѓанин, член на една од ...

Резиме Пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток означува нешто што може да биде пресвртница во дипломатијата во регионот. Но, дали тој успех ќе го обнови притисокот за прекин на војната на Русија против Украина? Се очекува Трамп да биде пречекан со емотивни сцени во Ерусалим, додека се среќава со семејствата на заложниците ослободени од Хамас, кој е означен како терористичка организација од страна на САД, ...

Резиме Белоруската опозициска лидерка во егзил, Светлана Циханускаја, добила известување дека мора да го напушти безбедното сместување во Вилнус поради намалување на нивото на нејзината заштита што ѝ ја обезбедуваат литванските власти - се наведува во белешката што еден од нејзините соработници ја испратил до западните амбасади. Во пораката, која Радио Слободна Европа (РСЕ) ја доби од дипломатски извор од земја членка на Европската Унија и НАТО, ...

Освен брзи ленти за автобуси и трамвај, треба да се види и БРТ како опција за јавниот превоз во Скопје, вели Скендер Реџепи Зејд, кандидат за градоначалник на Скопје од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ. Тој би ја ревитализирал левата страна од Вардар, за која смета дека е дискриминирана за разлика од општините од десната страна на Вардар. Г-н Реџепи, во вашата програма за јавниот превоз во Скопје има електрични автобуси и ...

Резиме Жестоки борби избувнаа синоќа на најмалку пет локации, при што повеќе војници беа убиени, во разгорување на насилството меѓу пакистанските и авганистанските сили во близина на напнатата граница на двете земји. Пакистански безбедносни извори во близина на граничниот регион рано на 12 октомври потврдија за Радио Машал на РСЕ/РЛ дека тројца пакистански војници и еден цивил се убиени, а пет војници се повредени во борбите и последователниот ...

Резиме Од суштинско значење е секоја активност во воздушниот простор на Косово да биде правилно координирана со мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, за да се спречат тензии и да се гарантира безбедноста, изјави за Радио Слободна Европа функционер на западната воена алијанса. На 8 октомври, косовските власти објавија дека добиле „илјадници“ борбени беспилотни летала од Турција, што предизвика силна реакција од соседна Србија. Функционерот на ...

Резиме Русија на 3 октомври го започна својот, досега најголем, напад врз украинскиот гасен сектор. Една недела подоцна, бран од дронови и ракети предизвика прекини на струја во голем дел од Киев и доведе до прекини на електрична енергија во девет региони низ целата земја. Во текот на изминатите три зими, Украинците храбро се соочуваа со чести прекини на струја и греење при ниски температури, додека Русија ги таргетираше енергетските постројки ...

„Русија на Владимир Путин има корист од тоа што Западен Балкан останува нестабилен и под влијание на Москва“, вели Валери Пери, американска експертка за Западен Балкан во интервјуто за РСЕ. „Во интерес на Путиновата Русија е Западен Балкан да остане нестабилен и под влијание на Москва, бидејќи тоа ѝ олеснува да ја дестабилизира Европа и да испрати сигнал дека демократијата не носи резултати и дека луѓето треба да се откажат од надежта во неа.“ ...

Проблемот со дивоградбите бара системски и инклузивен пристап, кој не смее да биде дискриминаторски, туку да ги опфати сите општини со целосна анализа на состојбата и јасни финансиски импликации, вели во интервју за РСЕ кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата ВЛЕН, Башким Бакиу. Господине Бакиу, кој е вашиот главен приоритет од проектите што прв ќе го започнете и би го реализирале во мандатот од четири години? Mислам дека треба брза ...

И по половина година од трагедијата со пожарот во Кочани, сѐ повеќе луѓе бараат психијатриско-психолошка помош. Некои од оние кои се обраќаат до професионалците од оваа област биле повредени во пожарот кој во март се случи во кочанската дискотека „Пулс“, но некои биле индиректно засегнати. Ова денеска го посочи директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова која рече дека било очекувано луѓето да не бараат помош веднаш по трагичниот ...

Резиме Големата индустрија во Северна Македонија добива уште две години за да се усогласи со европските стандарди за контрола на загадувањето. Собранието минатиот месец го изгласа Законот за контрола на индустриските емисии кој ја транспонира европската Директива 2010/75/ЕУ. Поставени се построги правила за фабриките, термоцентралите и другите индустриски постројки, но Владата предложила примената на законот да биде две години од денот на ...

Градоначалничкиот мандат трае четири години, а кандидатите нудат проекти за кои се потребни децении. Граѓани велат - доволно е само да го исчистат ѓубрето од улиците. Пораките до гласачите некогаш се надвор од овластувањета на локалната самоуправа, но и надвор од капацитетите на институциите да ги спроведат предизборните програми, вели комуникологот Сеад Џигал. Во еден мандат ќе завршат се што не е сработено години наназад, но и ќе се постават ...

Руски напад со беспилотни летала и ракети рано наутро на 10 октомври предизвика пожар во висока станбена зграда во центарот на Киев и ги погоди украинските енергетски објекти, соопштија официјални лица. Дрон запали станови на 6-тиот и 7-миот кат од висока зграда во централниот округ, изјави Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на Киев, додавајќи дека во нападот биле распоредени и беспилотни летала и ракети. Слики објавени на ...

Турската испорака на камикази беспилотни летала на Косово „го засени“ „златното доба“ во односите меѓу Србија и Турција. Белград - кој не ја признава независноста на Косово - дури и ја обвини Турција, една од најмоќните членки на НАТО, дека „повторно сонува за обнова на Отоманската империја“. Српскиот претседател Александар Вучиќ направи паралела со поранешната Отоманска империја, која се простирала на три континенти и опфаќала значајни делови ...

Министерството за енергетика се брани во четири судски процеси, а паралелно води и свои постапки за наплата на долгови од концесионери. Освен секторот рударство, под лупа се и фотоволтаичните централи – дел од компаниите изгубија државни премии поради нереализација на обврските. Од јануари до 1 октомври 2025 година, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини раскинало вкупно 46 концесии во рударството. Од нив, 35 се еднострано ...

Македонскиот Митрополит Петар учествуваше на литургија близу Москва началствувана од рускиот патријарх Кирил на која беше изразена и поддршка за рускиот претседател и руската војска додека трае руската инвазија врз Украина. Ова е прва посета на член на Синодот откако Руската православна Црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА во 2022, во време кога руските црковни достоинственици се изолирани од останатите православни цркви. Порака на единство ...

Примената на американските санкции против Српската нафтена индустрија (НИС) започна во четврток, 9 октомври, објави Радио-телевизија на Србија. Од НИС се огласија за новата ситуација, нагласувајќи дека „приоритети, како и досега, остануваат редовното снабдување на домашниот пазар со нафтени деривати, како и зачувувањето на социјалната стабилност на вработените“. „НИС во овој момент обезбеди доволно залихи на нафта за преработка, додека ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1023
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
47%
1028
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.04
87%
1024
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
1.3
89%
1023
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
73%
1022
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.79
95%
1023
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
93%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599