Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Франко Барези почина минатиот месец, а неговиот Милан одлучи да му ја посвети целата сезона 2026/27. Првиот тим, но и сите останати клупски селекции, на секој натпревар ќе носат посебен амблем со натписот „6 засекогаш“, во чест на легендарниот капитен на „росонерите“, кој токму тој број го носеше на дресот. Амблемот ќе биде на левиот ракав, околу кој тој со години ја носеше капитенската лента, како избран, сакан и почитуван лидер на тимот. ...
МВР информира дека денеска во 13:15 часот, на граничниот премин „Табановце“, при излез од Македонија, полицајци запреле автомобил „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија. „При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно ...
Постојат одредени однесувања кои подготвено ги толерираме кај луѓето само затоа што долго ги познаваме, ги сакаме или сме емотивно поврзани со нив. На непознат човек би му свртеле грб по само еден непријатен разговор, додека постапките на блиските со месеци ги оправдуваме со изговори дека се уморни или дека немале лоша намера. Сепак, блискоста не значи дека треба да прифатиме сè, а одредени граници не смеат да се преминат без оглед дали ...
Судењето на здравствените работници обвинети за смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона доби целосно неочекуван пресврт. Процесот во Буенос Аирес е прекинат на една недела поради сомнеж дека дел од медицинската документација презентирана пред судот воопшто не му припаѓа на Марадона, туку на неговиот татко, пишуваат светските медиуми Седум здравствени работници се обвинети за несовесно постапување во текот на ...
Вториот дел од биографскиот филм за Мајкл Џексон , „Мајкл“ е сè поблиску до почетокот на снимањето, главната ѕвезда Џафар Џексон потврди дека остварувањето ќе се осврне на сите критики и обвинувања за злоупотреба на деца со кои пејачот се соочуваше во деведесеттите години. Внукот на легендарниот музичар во интервју за „Џи-Кју Мидл Ист“, изјави дека, иако нема големо влијание врз пишувањето на сценариото, искрено се надева дека продолжението ...
68-годишен возач со автомобилот удрил во мотоцикл во Свети Николе, на кој освен мотоциклистот, се возела и 22-годишна девојка како сопатничка, соопшти МВР. Во несреќата се повредени луѓето на моторот, но не и пијаниот возач. „На 20.08.2026 во 22:31 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Филип втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ светиниколски регистарски ознаки управувано од Љ.Д.(68) ...
Финското Министерство за одбрана соопшти дека постои сомнение дека руско летало вчера го нарушило финскиот воздушен простор, објави „Јле њуз“. „Секое сомнително нарушување на територијалниот интегритет го сфаќаме сериозно. Во тек е истрага“, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хекенен. Финската гранична стража соопшти дека руско извидувачко летало „Ил-20“ било забележано јужно од островот Уто, во Финскиот Залив, и се задржало околу три ...
Турција денес побара од Интерпол да издаде меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на истрагата за пресретнувањето на флотила со активисти која пловела кон Газа, објави „Анадолија“. Турскиот министер за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека за нападот врз активисти од хуманитарната флотила „Глобал сумуд“ која превезувала помош за Газа. „Нема да дозволиме злосторствата извршени во Газа да бидат прикриени, ниту ...
Светскиот број 1, Јаник Синер, нема да настапи на овогодишниот УС Опен, кој ќе се одржи од 30 август до 13 септември. Италијанецот ја потврди одлуката да се повлече од последниот Гренд слем во сезоната поради проблемите со десното колено, откако повторно започна со тренинзи на тврда подлога во Монте Карло. Ова е голем удар за Синер, кој се надеваше на враќање во Њујорк по освојувањето на титулата во 2024 година. Синер преку својот профил на ...
Скопје и Тиквеш одиграа 1-1 во првиот натпревар од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот на комплексот на ФФМ донесе борбена игра, неколку интересни ситуации и по еден гол на двете страни, но и двете екипи на крајот мораа да се задоволат со по еден бод. Натпреварот се одигра во исклучително тешки услови, со температура над 40 степени Целзиусови, што дополнително влијаеше врз темпото и интензитетот на играта. Тиквеш ...
Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“ последниве денови на Инстаграм објавува видеа во рубриката „Ајде да не се лажеме“, во кои преку сопственото долгогодишно искуство зборува за музиката, животот, успехот и за реалноста зад сцената. Во најновото видео, насловено „Дали победува талентот или оној што подобро се продава“, музичарот зборува за талентот и успехот во музичката индустрија, но и на разликата меѓу оние кои работат за да бидат ...
Руските сили денес извршија два напади со дронови врз трговски центар во Криви Рих, при што загинаа најмалку шест луѓе, а повеќе од 100 се повредени, меѓу кои 11 деца, објави „Киев индепендент“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вториот напад следувал околу половина час по првиот. „Русите извршија циничен и гнасен напад врз обичен трговски центар во Криви Рих“, изјави Зеленски. Олександар Вилкул, шеф на Советот за ...
До 18 часот денеска, во Македонија се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои осум се активни и попладнево, еден е ставен под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари: Општина Прилеп: село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река – ниска вегетација. Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер – мешана ...
Барселона го продаде 19-годишниот Томи Маркес на португалска Брага за фиксни 11 милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне 12 милиони. Младиот фудбалер потекнува од академијата на каталонскиот гигант, но за првиот тим доби минимална шанса – само два настапи и вкупно девет минути. Маркес сега потпиша договор со Брага до 2030 година, каде што ќе има можност за поголема минутажа и развој. Барселона, сепак, не се откажа целосно од ...
Осумдесет и двегодишен маж од Велес е уапсен бидејќи ја истепал сопругата. Според пријавата тој веќе подолго време си ја тепал сопругата, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Б.(82) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, ваквите настани се случувале ...
Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста, ...
Насилник вооружен со меч денеска изврши напад во средно училиште во Шведска и повреди неколку луѓе, објави „Ројтерс“. Полицијата соопшти дека добила дојава за сериозен насилен инцидент во училиштето во општината Фагерста, во централниот дел на земјата, и веднаш испратила екипи на местото. „Добивме дојава за тековен случај на насилство во училиште во Фагерста. Полицијата излезе на терен, а еден осомничен е приведен“, соопшти полицијата. ...
Од хорор-авантурите со зомбија и генетски модифицирани супервојници, преку историски драми и документарци, па сè до продолжението на култната „Практична магија“, овие 10 филмови пристигнуваат во кината овој септември и задолжително треба да ги погледнете, пишува „Би-би-си“. 1. „Resident Evil“ Новиот рестарт на популарната франшиза, во режија на Зак Крегер, го следи Брајан, медицински курир кој добива задача да достави пакет до оддалечена ...
Само 34 дена по завршувањето на возбудливото Светско првенство, се враќа Премиер лигата, а Арсенал и Ковентри ја отвораат новата сезона вечерва во 21 часот на „Емиратите“. „Топчиите“ влегуваат во сезоната со јасна цел – да ја одбранат титулата и да ја потврдат својата позиција како водечка сила во англискиот фудбал. Тимот на Микел Артета постепено напредуваше во секоја сезона откако Шпанецот седна на клупата, а континуираниот прогрес конечно ...
Македонскиот фудбал доби уште една голема приказна. Дитмир Хоџа стана првиот македонски фудбалер кој директно од домашниот фудбал се пресели во Англија. Младиот напаѓач, кој неодамна наполни 18 години, потпиша четиригодишен договор со Лидс. Хоџа е младински репрезентативец на Македонија, а минатата сезона настапуваше за Работнички. Иако не добиваше голема минутажа, на 19 натпревари во сите натпреварувања постигна шест гола, од кои четири во ...
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар се најде во центарот на политички скандал по тврдењата за нејзини наводни врски со руски разузнавачки служби, јавува „Горењски глас“. Словенечките медиуми објавија информации за нејзината долгогодишна пријателка Викторија Криволуцка, која има руско и словенечко државјанство. Случајот привлече внимание по сообраќајната несреќа во тунелот Кастелец кон крајот на јули, во која беше повредена Пирц ...
На целата територија на државата утре ќе важи жолт метеоаларм за високи температури, со дневни максимуми кои во одделни региони ќе го надминат прагот од 40 Целзиусови степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурите ќе почнат постепено да паѓаат од недела, кога се очекуваат локална нестабилност и пороен дожд, грмежи и можен град. Утре, во сабота, ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. ...
Најистакнат претставник на Македонија на саботниот Охридски пливачки маратон е Александар Илиевски (36), искусен ас на отворени води, кој во силна конкуренција од 11 пливачи од осум земји се надева да се пласира во топ-пет маратонци. – Не сакам предвреме да кажувам ништо за мојата форма и пласман. Само посакувам мирно езеро, добри услови за пливање и успешно да стигнам и да ја завршам трката… Но, сепак сакам да уживам, сакам да се покажам во ...
Пејачката Ребека Јанковска-Ристески искрено зборуваше за животните лекции што ги стекнала со годините, за луѓето што останале покрај неа, за семејството и децата, но и за тоа како се менувале нејзините животни приоритети. Таа вели дека денес најмногу го цени времето поминато со своите деца и дека научила оти секој момент и секој ден се скапоцени. Ребека во интервју за „Sweet 40“ откри дека низ различни периоди од животот имала различни ...
ФИФА изрече сериозни санкции по инцидентите кои се случија по финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија. Најтешко помина Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари поради учеството во конфликтот меѓу фудбалерите по завршувањето на натпреварот. Неговиот репрезентативен колега Нахуел Молина е казнет со седум натпревари, исто така поради вмешаност во инцидентите. Санкции доби и Аргентинската фудбалска асоцијација. АФА ...
Најголемиот филмски фестивал во Црна Гора и еден од најзначајните во регионот на Југоисточна Европа ќе се одржи од 22 до 28 август во Херцег Нови. Годинашното мото на меѓународниот филмски фестивал во Херцег Нови е „Сите бои на филмот“ и во текот на седумте фестивалски денови публиката ја очекува богата филмска програма во која се вклучени најновите филмски остварувања од регионот, избор на најдобрите филмови од европската кинематографија, ...
Во борбата со големиот пожар во Мариово недостига 24-часовно присуство на Итната медицинска помош помеѓу организираните групи кои делуваат на огнената стихија, како и помеѓу локалното население кое самоиницијативно се впушта во ризик, вели за „Слободен печат“ пожарникарот Методија Костоски од Прилеп, со кој разговараме подетално за оваа ситуација. Тој е пожарникар на бродоградилишта низ Европа, а изминатите години е активен доброволец во ...
КК Партизан донесе одлука да им оддаде трајна почит на две големи имиња од историјата на клубот. Од претстојната сезона, две централни трибини во „Белградска арена“ ќе ги носат имињата на Душко Вујошевиќ и Дражен Далипагиќ. Одлуката ја потврди претседателот на клубот Остоја Мијаловиќ, кој истакна дека и двајцата оставиле огромна трага во историјата и идентитетот на црно-белите. Вујошевиќ е најтрофејниот тренер во историјата на Партизан, ...
Принцот Хари и група од уште шест познати личности добија судска наредба да му исплатат 9,54 милиони фунти, односно околу 11 милиони евра, на издавачот на медиумот „Дејли мејл“ откако го изгубија судскиот процес за нарушување на приватноста пред Високиот суд во Лондон. Меѓу тужителите што го изгубија овој спор се наоѓаат и пејачот ср Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, актерката Лиз Харли, дизајнерката Седи Фрост, поранешниот политичар ...
Организаторите на фестивалот „Арт ум“ во Гевгелија објавија дека оваа година главната ѕвезда ќе биде Дејан Милиќевиќ, еден од најистакнатите регионални техно-диџеи. „Со големо задоволство го најавуваме Дејан Милиќевиќ, еден од пионерите и најзначајните имиња на регионалната техно сцена, како главен хедлајнер на третото издание на ART UM FESTIVAL 2026! Со повеќе од 20 години интернационална кариера, настапи на 4 континенти и појавувања на ...