Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Кертис Џонс е нов фудбалер на Интер, потврди италијанскиот гигант. Англискиот репрезентативец по седум години во првиот тим на Ливерпул реши да направи нов чекор во кариерата и за првпат ќе игра надвор од Англија. Џонс е дете на школата на Ливерпул, во која пристигна уште на шестгодишна возраст. За сениорскиот тим дебитираше во 2019 година, а во периодот на „Енфилд“ запиша 228 настапи и постигна 22 гола. Со клубот освои две титули во Премиер ...
Од 40 минути до еден час се чека на граничниот премин Табановце за влез и излез од државата и на граничниот премин Богородица за излез од државата, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања, соопшти утрово АМСМ. АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена ...
Додавањето парчиња туна во познатиот италијански класичен „аглио е олио“ го претвора тоа скромно јадење во заситен и здрав ручек за кој не ви требаат многу пари. Иако туната од маслиново масло ќе даде посебна полнота на вкус, одлично ќе послужи и туната од саламура. Тајната на одличниот вкус лежи во едноставниот кулинарски трик за маринирање на рибата во сок од лимон, што ќе го неутрализира специфичниот мирис од конзервата. Овој брз и ...
1485 – Англискиот крал Ричард III загинал во Битката кај Босворт, во судир со силите на Хенри Тјудор. Неговата смрт го означила крајот на владеењето на династијата Јорк, а Хенри Тјудор го презел престолот како Хенри VII, првиот англиски крал од династијата Тудор. Битката се смета за пресвртница во Војната на розите. 1642 – Англискиот крал Чарлс I го кренал кралскиот стандард во Нотингем, настан што традиционално се смета за почеток на ...
Актуелниот шампион на Англија, Арсенал, со убедлив триумф ја отвори новата сезона во Премиерлигата. Тимот на Микел Артета на домашен терен славеше со 3-0 против Ковентри, кој оваа сезона се врати во елитата. „Топчиите“ од самиот почеток ја презедоа иницијативата и постојано ја контролираа играта. Притисокот вроди со плод во 15. минута, кога Каи Хаверц ја затресе мрежата за водство на домаќините. Арсенал продолжи да напаѓа, а во 23. минута ...
Германската полиција денес уапси 26-годишен маж под сомнение дека ги убил своите мајка и татко, кои биле пронајдени мртви со бројни убодни рани во својот стан во градот Бад Нојенар-Арвајлер, објави весникот „Вестервалд курир“. Осомничениот рано во средата сам се јавил во полиција и пријавил дека неговата мајка е повредена, а за татко му рекол дека „спие“. Кога полицајците пристигнале на местото, ги пронашле 55-годишниот маж и неговата ...
Температури над 40 степени Целзиусови најавува за денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), а на цела територија важи жолт метеоаларм за високи темепратури. Според најавите, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната ...
Една недела откако властите им препорачаа на жителите на Демир Капија да не ја пијат водата од градскиот водовод, таа сега е прогласена за чиста и исправна за пиење и подготовка на храна. Јавното комунално претпријатие „Бошава“ попладнето информираше дека најновата лабораториска анализа покажала дека водата е здравствено исправна и безбедна за употреба. Врз основа на добиените резултати, надлежниот инспектор од Агенцијата за храна и ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 22 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Денес ќе имате доволно енергија да завршите обврска што ви задаваше главоболки во изминатите денови. На работа не реагирајте импулсивно на туѓите забелешки и држете се до фактите. Во љубовта, искрен разговор ќе ви помогне да расчистите една дилема. Внимавајте на заморот и најдете време за квалитетен одмор. Бик Финансиско или деловно ...
Замрзнувањето свежи домати е лесно. Научете како правилно да ги замрзнете, да го зачувате нивниот вкус и да ги користите по одмрзнувањето. Замрзнувањето свежи домати може да биде одлично решение кога ги имате повеќе отколку што можете да ги потрошите, но многумина се откажуваат по првиот обид бидејќи доматите стануваат меки и водени по одмрзнувањето. Добрата вест е дека за да ги замрзнете не мора да ги бланширате, лупите и готвите. Ако ...
Патниците кои стануваат веднаш штом ќе се исклучи знакот за безбедносниот појас по слетувањето на авионот, можат да предизвикаат метеж и да го зголемат ризикот од повреда во авионот. Оваа сцена се повторува редовно и на кратки и на долги летови: патниците стануваат пред да се отворат вратите, ги земаат своите куфери од преградите над седиштата и се задржуваат во тесниот ходник додека не се отвори излезот. Таквото однесување не го забрзува ...
Сезоната на Девицата започнува на 23 август и носи една од најпотребните промени на ритамот ова лето. По интензивната сезона на Лавот и затемнувањето на Сонцето, кое отвори големи прашања поврзани со идентитетот, односите и идните одлуки, вниманието се насочува кон она што ни дава чувство на сигурност: работа што има смисла, односи што не нè исцрпуваат, пари со кои можеме добро да управуваме и секојдневие во кое повторно чувствуваме дека ...
Често се зборува дека кога партнерите ќе станат премногу опуштени еден покрај друг, тоа е знак дека врската ја изгубила возбудата. Но, експертите велат дека чувството на удобност во врската не треба да се меша со рамнодушноста и земањето на партнерот здраво за готово. Напротив, тоа може да биде еден од најважните „зелени сигнали“ за здрава врска, пишува „Вајс“. Самото тоа што некој се чувствува удобно покрај партнерот не значи дека ќе ...
Двајца жители на кумановското село Отља се уапсени откако биле пријавени дека ја малтретирале својата 18-годишна ќерка, соопшти МВР без да открие кој ги пријавил родителите. „На 20.08.2026 во 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.Ј.(43) и Х.И.(53) од село Отља, липковско, затоа што психички и физички ја малтретирале нивната 18-годишна ќерка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање ...
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Жозеп Марија Берокал го објави списокот за августовскиот ФИБА прозорец. Во составот се најде речиси најдоброто со кое Македонија располага, а по подолга пауза во репрезентацијата се враќа Ненад Димитријевиќ. За првпат се очекува да настапи и Мозес Рајт, кој од новата сезона ќе биде член на Олимпија Милано. Повикани се и Андреј Јакимовски, Андреј Мекиќ, Лејсон Зеќири и Кристијан Николов, а ...
Вардар е првиот финалист на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако во директниот дуел за првото место во групата А го совлада Тримо Требње со 28-26. По израмнетото прво полувреме (11-11), „црвено-црните“ во продолжението успеаја да го скршат отпорот на словенечкиот тим и да стигнат до важна победа. Со триумфот Вардар стигна до шест бода и го обезбеди врвот во групата, со што обезбеди пласман во големото финале. Противник на ...
Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами. Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит. Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис. Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, но по две сезони двете страни решија да ја ...
Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан, е прогласен за способен за работа и е вратен во затвор откако бил прегледан преку ноќ од тим лекари во болница, изјави министерот за информации на земјата, пренесе „Ројтерс“ Болничката посета заврши многу порано отколку што очекуваа неговите поддржувачи, а неговата партија вели дека со ова бил прекршена наредбата на Врховниот суд. Кан бил прегледан во државната болница на Пакистанскиот институт за ...
Полска вклучува војници од сè повеќе земји членки на НАТО во зајакнувањето на источната граница, а американски, британски и француски војници ќе помогнат во изградбата на одбранбени позиции долж границите со Русија и со Белорусија, објави „Френс 24“. Полски и германски војници пет недели работеа на границата, каде што копаа ровови, поставуваа бодликава жица и распоредуваа долги редици бетонски противтенковски пречки, познати како „ежови“. ...
Француските агенции за здравство и за заштита на потрошувачите издадоа официјално предупредување за десетици илјади потенцијално небезбедни кондоми кои се продаваат во аптеките, продавниците и преку интернет. Здравствените власти веќе повлекоа околу 260.000 кондоми откако лабораториските тестови покажаа дека кај два производа постои сериозен ризик од пукање или присуство на микроскопски дупки, пренесува „Ројтерс“. Француската агенција за ...
Брегалница се врати на победите во ПМФЛ со убедлив триумф од 3-0 против Башкими на домашен терен во Штип. Домашните го отворија резултатот во 23. минута преку Глигоров, кој ја искористи асистенцијата од Стојанов и донесе предност за својот тим. Брегалница продолжи во ист ритам и на стартот од второто полувреме. Калпачки зголеми на 2-0, по одличната акција на Максимов. Башкими се обиде да се врати во натпреварот, но голот на Стефан Ристовски ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека очекувала односите со американскиот претседател Доналд Трамп да бидат полесни поради нивните слични ставови, но дека работите се развиле поинаку, пренесуваат италијанските медиуми. „Јасно е дека мислев дека со Доналд Трамп работите ќе бидат полесни, со оглед на тоа што имаме заеднички ставови за миграцијата и ‘воук’ културата. Работите се одвиваа поинаку“, изјави Мелони во интервју за ...
Ракометната федерација на Македонија потврди дека Гевгелија ќе биде домаќин на првиот официјален натпревар во новата сезона. Во борбата за трофејот во Супер Купот ќе се соочат Вардар и Охрид, а дуелот ќе се одигра на 2 септември во салата „26 Април“, со почеток од 19:00 часот. За Гевгелија ова ќе биде вторпат да биде домаќин на натпревар за Супер Купот. ГРК Охрид го совлада Вардар и ја одбрани титулата на струшкиот турнир Ракометната ...
Гламурозниот брак меѓу Ричард Бартон и Елизабет Тејлор беше вистинска сапуница која се одвиваше на светската сцена. Бартон, кој е роден пред еден век, често беше обвинуван дека го „удавил“ својот природен талент во алкохол и лоши одлуки, пишува „Би-би-си“. Во 1966 година, за време на едно интервју за „Би-би-си“, бесната Тејлор застана во одбрана на својот сопруг. Во моментот кога беа на врвот како супер-двојка во Холивуд, тие направија ...
Филип Клемон не е професор по географија, ниту стендап-комичар. Тој е менаџер на Норич, а на прес-конференцијата пред натпреварот со Милвол на необичен начин го изрази незадоволството поради отсуството на ВАР во Чемпионшип. Норич во првото коло доживеа голема неправда и загуби од ВБА по контроверзниот гол на Хегебо, кој беше постигнат со рака. Бидејќи во пониските англиски лиги нема ВАР технологија, Клемон реши на свој начин да покаже колку ...
Меѓу препораките што Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги издаде до Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, кои доаѓаат еден месец по големата епидемија предизвикана од фекалии во градскиот водовод, е и да се провери дали персоналот вработен во критичните места на системот е соодветно стручно подготвен и дали вработените ги имаат основните знаења за безбедност на водата за пиење, која е спроведена од страна на овластени правни ...
Јапонија утрово погуби 58-годишен маж осуден за убиство на петмина во пожар во салон за игри на среќа во Осака, објави „Јапонија тајмс“. Сунао Таками беше осуден на смрт откако во јули 2009 година истури бензин и запали салон за игри на среќа во близина на неговиот дом во Осака. Во пожарот загинаа четворица посетители и еден вработен, а уште 10 луѓе беа повредени. Таками беше уапсен следниот ден, откако самиот се пријави во полиција. ...
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека поради исклучително тешката состојба со пожарите во земјата, Србија го активирала Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, пренесува „Данас“. Преку механизмот на ЕУ е активиран сателитски систем за следење на пожарите, а Србија побарала помош и од Русија со големиот противпожарен авион „Иљушин-76“. Дачиќ рече дека најтешка е ситуацијата во природниот резерват ...
Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која беше дипломатски претставник на нејзината земја во Македонија четири години, преку проштална порака објави дека го завршува својот мандат. Таа им се заблагодари на колегите и пријателите со кои соработувала за време на престојот во земјава. „Едно поглавје се затвора, а ново започнува. По речиси четири години дојде време со голема почит да се збогувам со моите прекрасни колеги и со сите наши ...
На денешен ден е родена Хејден Панетиер која почина овој 16 август. Познатата актерка денеска ќе наполнеше 37 години, а со емотивна објава за нејзиниот роденден се огласи и поранешниот вереник, Владимир Кличко, пренесува „Холивуд репортер“. Некогашниот боксерски шампион на социјалните ѝ оддаде чест на Панетиер, која ненадејно почина во неделата на 36-годишна возраст. Тој им се заблагодари на сите нејзини обожаватели и пријатели за огромната ...